плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plati/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 13:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plati/ 32 32 Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-upraven-odbor-na-aek-ke-ja-stopira-odlukata-za-pokachuvane-na-platite-za-20-protsenti/ Thu, 28 Nov 2024 13:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=842811

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој наведе дека со предложениот финансиски план за 2025 година ова тело предвидува приходи од 9,3 милиони денари, што е за 31 отсто помалку во однос на оваа година.

Јас тоа го дознав од новото раководство во Агенцијата за електронски комуникации, кое што беше избрано во Парламентот пред отприлика две недели, дека раководството на одење потпишало Колективен договор заедно со директорот, кој што е кадар на Демократската унија за интеграција, овие кои што се грижат за стандардот и се загрижени многу кој е легитимен, кој не е легитимен. Потпишале ваков Колективен договор кој претходно никогаш не бил потпишан, ниту имало потреба од него, кога сите знаеме колкави и какви се примањата во Агенцијата за електронски комуникации. Добрата вест е што новото раководство, новиот Управен одбор прво што ќе направи е да ја стопира оваа одлука и ќе ги преземе сите механизми што стојат на располагање да биде овој колективен договор ништовен. Колективниот договор, ќе повторам, го потпишало претходното раководство каде што членот, односно претседателот на Управниот одбор е од СДСМ, а директорот кој што во моментот сѐ уште ја извршува таа позиција е од редовите на ДУИ - истакна Мицкоски.

The post Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти appeared first on Република.

]]>

Стојаноска: Покачувањата на платите се одговор на домаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-pokachuvanata-na-platite-se-odgovor-na-domakinskoto-rabotene-na-vmro-dpmne/ Tue, 19 Nov 2024 19:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=839700

„Се покачија платите во образование, веќе вработените ги примија покачените плати. Со овој буџет ќе се покачат платите и на административците и на полицајците и еве денес како што излезе и веста ќе се покачат и на здравствените работници“ , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде за почеток се зборуваше за поднесените 200 амандмани од СДС меѓу кои  се бара и покачување на плати.

Стојаноска посочи дека заклучно со завршување на мандатот предвидено е да се зголемува процентот во однос на покачување на платите. Напомена дека иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекнала празна каса на буџет, успешно успеале да ги сервисираат долговите.

„До крајот на мандатот предвидено е до 40% зголемување, а до крај на 2024 година сите здравствени работници ќе примат плус 2 450 денари, а средниот медицински персонал 3 850 денари до крајот на оваа година што за мене е добар знак. Е малку но е добро, ако во ова време навреме начекавме речиси празна каса на буџет со ребалансот се обидовме да изнајдеме средства, да се исплатат тие неисплатени плати од претходната влада во заминување“ , децидна беше Стојаноска.

Стојаноска јасно даде до знаење дека ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи во делот на зголемување на процентот на висина на плати, да се создадат услови за истото затоа што граѓаните се на прво место.

„Со овој буџет предвидени се вакви покачувања на плати и тоа за мене е добар сигнал и сметам дека потребно е сите постепено да стануваат задоволни. Ние како ВМРО-ДПМНЕ дел од извршната власт и во иднина ќе се трудиме да не биде толку. Дај боже да биде и повеќе од 40% до крајот на мандатот“, заклучи Стојаноска.

The post Стојаноска: Покачувањата на платите се одговор на домаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Димитриеска-Кочоска: Треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-treba-da-porasnat-platite-na-srednomeditsinskiot-personal-no-treba-da-se-napravat-promeni-i-kaj-opshtite-lekari/ Mon, 11 Nov 2024 20:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=836526

Сè уште стојам на ставот дека треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари. Тие се со пониски плати, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Одговарајќи на прашањето чии плати во јавниот сектор ќе растат во 2025 година, освен во ресорот образование, министерката за финансии вели друг таков сектор е здравство, иако таму сè уште се чека постигнување конечен договор.

„Имаше различни предлози, ќе видиме на крај што ќе излезе како финален договор. Стојам уште на ставот (за раст на платите на средномедицинскиот персонал. н.з.), со тоа што треба да се види генерално во делот на општите лекари. Тие се малку со пониски плати. И за капитацијата треба да се види и други работи да се променат. Зборувам за младите лекари кои завршуваат и се вработуваат“,

најави Димитриеска-Кочоска.

Таа дополни дека веќе е во процедура најавеното вработување на околу 600 специјализанти.

„Тоа е во процедура. Тоа е резултат на она што го зборуваат, дека имаме недостиг на лекари од одредени области. Значи, не е тоа дека имаме недостиг на лекари од секоја област“, потврди министерката.

Прашана за медицинските работници кои со години работат со договор на дело, за кои Таравари рече дека се околу 2 500, Димитриеска-Кочоска рече дека таа располага со помала бројка и дека за нив ќе треба да реши Фондот за здравствено осигурување.

Кога е во прашање состојбата со законската минимална плата, министерката за финансии рече дека во моментот тоа е предмет на расправа во Економско-социјалниот совет.

„Да видиме. Сега разговараат на Економско-социјалниот совет. Имаме предвидено така како што е предвидено во законот, а што ќе договорат, откако ќе договорат, тоа го води министерот за економија, нека завршат со разговорите и потоа ќе видиме што ќе правиме ние. Ние сега во моментов, законската обврска ја имаме предвидено и испланирано“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска.

Во предлог-буџетот за 2025 г. во ставката плати се предвидени дополнителни 57 милиони евра од кои дел ќе бидат за зголемувањето на платите во образованието, а дел за зголемување на минималната плата.

Во однос на пензиите, тие во март ќе бидат линеарно покачени за 2 500 денари. Но, нејасно е за колку ќе бидат зголемени во септември 2025 година.

„Не сме одлучиле, јас стојам на ставот дека треба повторно да биде линеарно, колку и да излезе зголемувањето на вкупниот износ, ќе се распредели по пензионер. Но, ќе биде под 2 500 денари затоа што параметрите кои се преземаат во пресметката се многу ниски“, вели министерката за финансии.

The post Димитриеска-Кочоска: Треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари appeared first on Република.

]]>

Сè уште стојам на ставот дека треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари. Тие се со пониски плати, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Одговарајќи на прашањето чии плати во јавниот сектор ќе растат во 2025 година, освен во ресорот образование, министерката за финансии вели друг таков сектор е здравство, иако таму сè уште се чека постигнување конечен договор.
„Имаше различни предлози, ќе видиме на крај што ќе излезе како финален договор. Стојам уште на ставот (за раст на платите на средномедицинскиот персонал. н.з.), со тоа што треба да се види генерално во делот на општите лекари. Тие се малку со пониски плати. И за капитацијата треба да се види и други работи да се променат. Зборувам за младите лекари кои завршуваат и се вработуваат“, најави Димитриеска-Кочоска.
Таа дополни дека веќе е во процедура најавеното вработување на околу 600 специјализанти.
„Тоа е во процедура. Тоа е резултат на она што го зборуваат, дека имаме недостиг на лекари од одредени области. Значи, не е тоа дека имаме недостиг на лекари од секоја област“, потврди министерката.
Прашана за медицинските работници кои со години работат со договор на дело, за кои Таравари рече дека се околу 2 500, Димитриеска-Кочоска рече дека таа располага со помала бројка и дека за нив ќе треба да реши Фондот за здравствено осигурување. Кога е во прашање состојбата со законската минимална плата, министерката за финансии рече дека во моментот тоа е предмет на расправа во Економско-социјалниот совет.
„Да видиме. Сега разговараат на Економско-социјалниот совет. Имаме предвидено така како што е предвидено во законот, а што ќе договорат, откако ќе договорат, тоа го води министерот за економија, нека завршат со разговорите и потоа ќе видиме што ќе правиме ние. Ние сега во моментов, законската обврска ја имаме предвидено и испланирано“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска.
Во предлог-буџетот за 2025 г. во ставката плати се предвидени дополнителни 57 милиони евра од кои дел ќе бидат за зголемувањето на платите во образованието, а дел за зголемување на минималната плата. Во однос на пензиите, тие во март ќе бидат линеарно покачени за 2 500 денари. Но, нејасно е за колку ќе бидат зголемени во септември 2025 година.
„Не сме одлучиле, јас стојам на ставот дека треба повторно да биде линеарно, колку и да излезе зголемувањето на вкупниот износ, ќе се распредели по пензионер. Но, ќе биде под 2 500 денари затоа што параметрите кои се преземаат во пресметката се многу ниски“, вели министерката за финансии.

The post Димитриеска-Кочоска: Треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари appeared first on Република.

]]>
Во Србија протест на вработените во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-protest-na-vrabotenite-vo-obrazovanieto/ Fri, 01 Nov 2024 13:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=833115

Вработените во образованието во Србија собрани на протестот пред српското Собрание уште еднаш ја отфрлија понудата на српската Влада за зголемување на платите за 11 отсто и повторија дека нема да се откажат од претходно постигнатиот договор, јави Бета.

Марина Миленковиќ од Образовниот синдикат на Србија на средбата рече дека високото образование никогаш не било тема на дијалог и праша зошто основицата на платите во високото образование е за 14 отсто помала од онаа во основните и средните училишта.

Дијалог за високото образование никогаш не постоел иако неколку категории... добиваат помалку од минималната плата - рече Миленковиќ.

Таа рече дека иако од Министерството за финансии велат дека образованието е голем трошок, треба да знаат дека високото образование е инвестиција во иднината.

Просветните работници се упатија во колона кон Владата на Србија.

Синдикалците го најавија денешниот протест бидејќи понудата на Владата на Србија за зголемување на платите ја сметаат за недостојна за професијата што ја практикуваат и инсистираат платите на просветните работници да бидат еднакви со националниот просек.

Последната понуда на Владата на Србија е платите на сите вработени во системот на предучилишно, основно, средно и високо образование да се зголемат за 11 отсто од 1 јануари 2025 година.

The post Во Србија протест на вработените во образованието appeared first on Република.

]]>

Вработените во образованието во Србија собрани на протестот пред српското Собрание уште еднаш ја отфрлија понудата на српската Влада за зголемување на платите за 11 отсто и повторија дека нема да се откажат од претходно постигнатиот договор, јави Бета. Марина Миленковиќ од Образовниот синдикат на Србија на средбата рече дека високото образование никогаш не било тема на дијалог и праша зошто основицата на платите во високото образование е за 14 отсто помала од онаа во основните и средните училишта.
Дијалог за високото образование никогаш не постоел иако неколку категории... добиваат помалку од минималната плата - рече Миленковиќ.
Таа рече дека иако од Министерството за финансии велат дека образованието е голем трошок, треба да знаат дека високото образование е инвестиција во иднината. Просветните работници се упатија во колона кон Владата на Србија. Синдикалците го најавија денешниот протест бидејќи понудата на Владата на Србија за зголемување на платите ја сметаат за недостојна за професијата што ја практикуваат и инсистираат платите на просветните работници да бидат еднакви со националниот просек. Последната понуда на Владата на Србија е платите на сите вработени во системот на предучилишно, основно, средно и високо образование да се зголемат за 11 отсто од 1 јануари 2025 година.

The post Во Србија протест на вработените во образованието appeared first on Република.

]]>
Да не се зголемуваат платите на функционерите, а другите да добијат повисоки плати – е мерка на која се фокусира премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-se-zgolemuvaat-platite-na-funktsionerite-a-drugite-da-dobijat-povisoki-plati-e-merka-na-koja-se-fokusira-premierot-mitskoski/ Sat, 26 Oct 2024 13:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=831264

Фокусиран сум на мерката да не бидат зголемени платите на функционерите, а да бидат зголемени платите на вработените во администрацијата и други сектори, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став за зголемување на минималната плата. Посочи дека за мерката да не растат платите на функционерите ќе разговараат внатре во Владата, а еден од начините е намалување на коефициентите.

Ние со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, за да дојдеме до процент еднаков на нула - изјави Мицкоски при денешната посета на општина Аеродром.

Потсети дека во изминатите четири месеци зголемени се пензиите кои веќе ги добија првите 2.500 денари, а следните ќе го добијат во март.

Со образованието исто така постигнавме договор на подолг рок, сега се работи на здравствените работници. Чекор по чекор се испорачува, она што го очекуваат граѓаните. Sе извинувам што овие четири месеци не успеавме се да направиме, но во овие барем година дена да направиме најголем дел од работите, коишто години i децении недостасуваа да се направат - рече Мицкоски.

Посочи дека во Буџетот за 2025 година ќе биде на седница на Влада во вторник, а според него, оваа Влада се темели на стимулирање на инвестициите што ќе ја зголемат продуктивноста.

Со зголемената продуктивност ќе има поголемо производство, а со поголемо производство ќе има поголем Бруто домашен производ (БДП). Тоа е филозофијата на оваа Влада. Не е филозофијата на оваа Влада да ги зголеми 10 проценти, а да ја качи инфлацијата 20 проценти и практично платите да бидат безвредни. Туку нашата интенција е да ги зголемиме 10 проценти, ама инфлацијата да остане два проценти, односно да бидат вредни тие плати, коишто ги добиваат работниците. Тоа е она што е наша цел - изјави Мицкоски.

Што се однесува до мерката есенска потрошувачка кошничка и до реакциите дека намалувањето на цените на прехранбените производи е минимално, Мицкоски рече дека е подобро да има намалување, отколку зголемување.

Математички ако гледаме е повеќе од нула, а е подобро да е намалено, отколку да е зголемено, како што беше случајот до пред неколку месеци. Замислете што се случува во овие четири месеци од оваа Влада. Платите повторно растат со истата динамика, како што растеа и претходно со таа разлика што сега Народната банка двапати ја намалува референтната каматна стапка, а инфлацијата се движи на ниво меѓу 2 и 2,5 проценти, нешто што беше мисловна именка за претходната Влада, бидејќи бевме рекордери во инфлација во Европа, имавме инфлација над 20 проценти - рече Мицкоски.

Според него, охрабрувачки индикатор е што имаме раст на платите, а инфлацијата е за десет пати намалена.

Дали е доволно? Не е, ќе работиме за уште повеќе, следниот месец да биде 1.500, па 2.000 итн, се додека не бидеме сите задоволни - истакна Мицкоски при денешната посета на Општина Аеродром.

The post Да не се зголемуваат платите на функционерите, а другите да добијат повисоки плати – е мерка на која се фокусира премиерот Мицкоски appeared first on Република.

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-postignavme-istoriski-dogovor-za-pokachuvane-na-platite-na-nastavnitsite-za-najmalku-46-protsenti/ Thu, 17 Oct 2024 19:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=828214

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.

Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.

Четиригодишен договор којшто за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега.

Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти appeared first on Република.

]]>

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.
Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.
Четиригодишен договор којшто за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега.   Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти appeared first on Република.

]]>
Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-platite-vo-obrazovanieto-do-2028-godina-ke-porasnat-minimum-46-pochnuvame-vednash-so-pokachuvane-od-oktomvriskata-plata/ Mon, 14 Oct 2024 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=826560

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година.

Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи.

The post Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата appeared first on Република.

]]>

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година. Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %. Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот. Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања. Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи.    

The post Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-zgolemuvane-na-platite-za-pet-otsto-ke-dobijat-i-drugite-kadri-vo-obrazovniot-sistem/ Sun, 13 Oct 2024 13:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=826149

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие и другиот кадар во образовниот систем.

Во изјава за МИА, Јаневска вели дека постигнатата спогодба за покачување е оптимална и е направена врз основа на можностите на Буџетот, бидејќи, како што рече, претходната власт го оставила Буџетот во крајно незавидна состојба.

И другиот кадар во образовниот систем ќе добие зголемување од пет проценти. Постигнавме спогодба, која всушност Буџетот во овој момент ја овозможува, тоа беше оптимална спогодба, затоа што повеќе пати кажавме дека Буџетот кој ни го остави претходната власт беше во крајно незавидна состојба. Искрено се надевам дека наставниците и останатиот персонал во училиштето ќе биде задоволен од заложбите кои ги направивме, затоа што тоа беа сериозни напори, рече Јаневска.

Она што е важно, додаде, е дека со договорот се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците и останатиот персонал, а истиот ќе биде дел од Колективниот договор кој треба да се потпише во февруари.

Во овој наш договор, всушност, зборуваме за повеќегодишен договор во кој се обезбедува континуирано покачување на платите на наставниците и останатиот персонал, кое е во времетраење од четири години, и ќе биде дел од Колективниот договор, кој ќе го потпишеме во февруари. Останува уште да се заблагодарам на премиерот и на министерката за финансии, кои направија сериозни напори за да можеме ова да го оствариме. На наставниците им пожелувам со здравје да си ги трошат средствата кои ќе ги добијат со октомвриската плата, рече министерката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pet-po-pet-posto-platite-na-nastavnitsite-za-chetiri-godini-ke-se-zgolemat-za-50-protsenti/

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера, по средбата со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, посочи дека платите на наставниците и професорите со октомвриската плата се зголемуваат за пет проценти, додека до крајот на мандатот ќе пораснат за минимум 46 проценти. Рече дека е постигнат „историски договор“, којшто е во насока на подобрување на финансиската состојба на наставниците и професорите и најави ново покачување од 7 проценти во март 2025 година.

Во зависност од состојбата на Буџетот, тој нагласи дека во 2026 и 2027 година платите на наставниците и професорите ќе се зголемат за 7,5 до 10 проценти, додека во 2028 година за 10 до 12,5 проценти.

The post Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие и другиот кадар во образовниот систем. Во изјава за МИА, Јаневска вели дека постигнатата спогодба за покачување е оптимална и е направена врз основа на можностите на Буџетот, бидејќи, како што рече, претходната власт го оставила Буџетот во крајно незавидна состојба.
И другиот кадар во образовниот систем ќе добие зголемување од пет проценти. Постигнавме спогодба, која всушност Буџетот во овој момент ја овозможува, тоа беше оптимална спогодба, затоа што повеќе пати кажавме дека Буџетот кој ни го остави претходната власт беше во крајно незавидна состојба. Искрено се надевам дека наставниците и останатиот персонал во училиштето ќе биде задоволен од заложбите кои ги направивме, затоа што тоа беа сериозни напори, рече Јаневска.
Она што е важно, додаде, е дека со договорот се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците и останатиот персонал, а истиот ќе биде дел од Колективниот договор кој треба да се потпише во февруари.
Во овој наш договор, всушност, зборуваме за повеќегодишен договор во кој се обезбедува континуирано покачување на платите на наставниците и останатиот персонал, кое е во времетраење од четири години, и ќе биде дел од Колективниот договор, кој ќе го потпишеме во февруари. Останува уште да се заблагодарам на премиерот и на министерката за финансии, кои направија сериозни напори за да можеме ова да го оствариме. На наставниците им пожелувам со здравје да си ги трошат средствата кои ќе ги добијат со октомвриската плата, рече министерката.
https://republika.mk/vesti/makedonija/pet-po-pet-posto-platite-na-nastavnitsite-za-chetiri-godini-ke-se-zgolemat-za-50-protsenti/ Премиерот Христијан Мицкоски, вчера, по средбата со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, посочи дека платите на наставниците и професорите со октомвриската плата се зголемуваат за пет проценти, додека до крајот на мандатот ќе пораснат за минимум 46 проценти. Рече дека е постигнат „историски договор“, којшто е во насока на подобрување на финансиската состојба на наставниците и професорите и најави ново покачување од 7 проценти во март 2025 година. Во зависност од состојбата на Буџетот, тој нагласи дека во 2026 и 2027 година платите на наставниците и професорите ќе се зголемат за 7,5 до 10 проценти, додека во 2028 година за 10 до 12,5 проценти.

The post Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем appeared first on Република.

]]>
Пет по пет посто, платите на наставниците за четири години ќе се зголемат за 50 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-po-pet-posto-platite-na-nastavnitsite-za-chetiri-godini-ke-se-zgolemat-za-50-protsenti/ Sun, 13 Oct 2024 08:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=826064

Koга се сака може да се најде решение. Во ситуација кога државната каса е празна и кога минатата власт остави буџет за да се истурка едвај половина од годинава, државата најде начин да ги зголеми платите на наставниците во основните и средните училишта.

На прв поглед може да се каже дека пет посто е малку, но ако се размисли во каква финансиска состојба е државата и ова е добар чекор.

Успешно завршија преговорите меѓу владата и СОНК. Она што е важно е дека покачувањето на платите ќе оди скалесто па така од октомвриската плата  која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе има покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе има покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%.

Планирано е  во март 2027 година да има помеѓу 7,5 и 10% а во март 2028 година  помеѓу 10 и 12,5 посто покачување на платата.

Кога сето ова ќе се пресмета излегува дека за четири години од сега зголемувањето за наставниците ќе биде близу 50 проценти. 

Затоа премиерот Мицкоски овој договор го нарече „исторски“. Зголемувањето на платите СДСМ не го поздрави. Наместо, тоа пред неколку недели организираа т.н протест пред министерството за образование кој не го поддржа ниту еден наставник освен партиските „учители“

Во нивно време платите на наставниците народски кажано не мрднаа и затоа сега за опозицијата е тешко да признае дека друг ги решава наталожените проблеми како во образованието така и во другите сектори.

The post Пет по пет посто, платите на наставниците за четири години ќе се зголемат за 50 проценти appeared first on Република.

]]>

Koга се сака може да се најде решение. Во ситуација кога државната каса е празна и кога минатата власт остави буџет за да се истурка едвај половина од годинава, државата најде начин да ги зголеми платите на наставниците во основните и средните училишта. На прв поглед може да се каже дека пет посто е малку, но ако се размисли во каква финансиска состојба е државата и ова е добар чекор. Успешно завршија преговорите меѓу владата и СОНК. Она што е важно е дека покачувањето на платите ќе оди скалесто па така од октомвриската плата  која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе има покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе има покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%. Планирано е  во март 2027 година да има помеѓу 7,5 и 10% а во март 2028 година  помеѓу 10 и 12,5 посто покачување на платата. Кога сето ова ќе се пресмета излегува дека за четири години од сега зголемувањето за наставниците ќе биде близу 50 проценти.  Затоа премиерот Мицкоски овој договор го нарече „исторски“. Зголемувањето на платите СДСМ не го поздрави. Наместо, тоа пред неколку недели организираа т.н протест пред министерството за образование кој не го поддржа ниту еден наставник освен партиските „учители“ Во нивно време платите на наставниците народски кажано не мрднаа и затоа сега за опозицијата е тешко да признае дека друг ги решава наталожените проблеми како во образованието така и во другите сектори.

The post Пет по пет посто, платите на наставниците за четири години ќе се зголемат за 50 проценти appeared first on Република.

]]>
Успех во преговорите на СОНК со Владата: Наставниците ќе добијат зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uspeh-vo-pregovorite-na-sonk-so-vladata-nastavnitsite-ke-dobijat-zgolemuvane-na-platite/ Sat, 12 Oct 2024 12:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=825880

На денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.

Тоа значи дека од овој месец, односно од октомвриската плата, вработените во основното и средно образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти. Задоволството е уште поголемо што се договоривме за континуиран раст на платите во основно и средно образование во период од четири години, каде според нашите заеднички математики, конечно вработените во основно и средно образование, носителите на дејност наставниците и професорите ќе имаат плата во висина од просечна или нешто над просечна плата - рече Неделков.

Како што додаде, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференцијата посочи дека после неколку неделни преговори и анализи, и врз основа на она што го имаат како информација како се полни буџетот и кои се проекциите за годините кои следат, сакале да постигнат договор кој ќе биде долгорочен и ќе биде во насока на подобрување на финансиска состојба на наставниците.

The post Успех во преговорите на СОНК со Владата: Наставниците ќе добијат зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

На денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.
Тоа значи дека од овој месец, односно од октомвриската плата, вработените во основното и средно образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти. Задоволството е уште поголемо што се договоривме за континуиран раст на платите во основно и средно образование во период од четири години, каде според нашите заеднички математики, конечно вработените во основно и средно образование, носителите на дејност наставниците и професорите ќе имаат плата во висина од просечна или нешто над просечна плата - рече Неделков.
Како што додаде, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференцијата посочи дека после неколку неделни преговори и анализи, и врз основа на она што го имаат како информација како се полни буџетот и кои се проекциите за годините кои следат, сакале да постигнат договор кој ќе биде долгорочен и ќе биде во насока на подобрување на финансиска состојба на наставниците.

The post Успех во преговорите на СОНК со Владата: Наставниците ќе добијат зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-dogovor-megu-mon-i-sonk-za-platite-na-nastavnitsite/ Mon, 07 Oct 2024 11:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=823779

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава.

На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции.

Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година.

Се уште сме во фаза на преговори. Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време. Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука.

Соопшти дека МОН прави анализи како да продолжи градењето на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на УКИМ и дека до крајот на мандатот „ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради“.

Стручните служби ни велат дека овој процес нема да биде релативно брзо завршен затоа што таму имаше проблеми кои не зависат во моментот од Министерството. Една фирма банкротирала, па ја нема, па надзорот...Во комуникација сме со Министерството за транспорт кое исто така треба да се вклучи во овој процес. Тој е почнат и планираме до крајот на овој мандат ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради, рече Јаневска.

The post Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава. На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции.
Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година.
Се уште сме во фаза на преговори. Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време. Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука.
Соопшти дека МОН прави анализи како да продолжи градењето на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на УКИМ и дека до крајот на мандатот „ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради“.
Стручните служби ни велат дека овој процес нема да биде релативно брзо завршен затоа што таму имаше проблеми кои не зависат во моментот од Министерството. Една фирма банкротирала, па ја нема, па надзорот...Во комуникација сме со Министерството за транспорт кое исто така треба да се вклучи во овој процес. Тој е почнат и планираме до крајот на овој мандат ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради, рече Јаневска.

The post Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-predvideni-se-pari-za-rast-na-platite-vo-javnata-administratsija-za-narednata-godina/ Tue, 24 Sep 2024 10:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=819239

Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме - изјави Мицкоски.

Тој потсети дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус 200 милиони евра и сега како што посочи се приближува кон позитивна нула и очекува веќе од октомври да биде плус, бидејќи дел од долговите се враќаат и како што нагласи, заборавените обврски се исполнуваат.

Можам да ви кажам еве денеска, пред да дојдам тука имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, таму некаде долгувањата се околу пет милијарди, некако ова петка им станувала заштитен знак, пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн., итн. Долгови се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика,таа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти - рече премиерот.

The post Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година appeared first on Република.

]]>

Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.
Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме - изјави Мицкоски.
Тој потсети дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус 200 милиони евра и сега како што посочи се приближува кон позитивна нула и очекува веќе од октомври да биде плус, бидејќи дел од долговите се враќаат и како што нагласи, заборавените обврски се исполнуваат.
Можам да ви кажам еве денеска, пред да дојдам тука имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, таму некаде долгувањата се околу пет милијарди, некако ова петка им станувала заштитен знак, пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн., итн. Долгови се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика,таа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти - рече премиерот.

The post Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година appeared first on Република.

]]>
Платите на граѓаните растат, инфлацијата паѓа, се очекува тој тренд да продолжи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platite-na-graganite-rastat-inflatsijata-paga-se-ochekuva-toj-trend-da-prodolzhi/ Sat, 21 Sep 2024 13:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=818515

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци истакна дека индикаторите во економијата во изминатите неколку месеци се позитивни, и дека очекува платите на граѓаните и натаму да растат.

Очекувам и понатаму да растат, затоа што првите индикатори во делот на екомонијата се изненадувачки позитивни. Расте БДП, се намалува инфлацијата. И тоа охрабрува. Што се однесува до платите, имаше една теза од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ платите нема да растат. Веднаш државниот завод за статистика, не само што ги демантираше, туку испорача две контра тези. Прво видовме дека платите во јули месец продолжија да растат со забрзано темпо. Разликата е што тогаш кога се ограбуваше буџетот, инфлацијата беше двоцифрена, и стигнуваше 20%, па платата која ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Платата расте и сега, но инфлацијата е најниска, изјави Мицкоски.

The post Платите на граѓаните растат, инфлацијата паѓа, се очекува тој тренд да продолжи appeared first on Република.

Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ke-ima-pokachuvane-na-platite-za-nastavnitsite-vo-osnovnite-i-srednite-uchilishta/ Fri, 20 Sep 2024 10:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=818118

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта

Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството - истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.

Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.

Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци - рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.

Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.

Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти - рече Димитриеска Кочоска.

За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.

Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет...Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно - рече Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието. Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта
Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството - истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.
Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.
Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци - рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.
Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.
Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти - рече Димитриеска Кочоска.
За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.
Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет...Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно - рече Димитриеска Кочоска.
Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>
Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/isplateni-zaostanatite-plati-vo-natsionalni-shumi-i-ad-vodostopanstvo-na-skoro-3000-vraboteni/ Sat, 24 Aug 2024 10:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=809693

„Да тоа е уште една убава вест. Во двете компании и Национални шуми и АД Водостопанство, мислам дека близу 3000 вработени се, плати кои не ги добиле изминатите 4 месеци од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари. И добро е денеска што веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник.

„Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство. Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи. Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Владата води грижа за секој граѓанин, посочувајќи дека времето на елитите заврши, односно како што рече тој е политичар од народот и му е важен секој еден граѓанин.

„Она кое што го добивам како информација од терен им се помага на производителите на слива, цените кои се за лозарите се рекордни за 25 проценти повисоки. Така што се грижиме за секој еден човек. секој еден граѓанин ни е важен бидејќи ние сме политичари кои се од народот и така ќе продолжиме да се однесуваме. Времето на политички елити заврши.“

The post Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени appeared first on Република.

]]>

„Да тоа е уште една убава вест. Во двете компании и Национални шуми и АД Водостопанство, мислам дека близу 3000 вработени се, плати кои не ги добиле изминатите 4 месеци од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари. И добро е денеска што веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски потенцираше дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник. „Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство. Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи. Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски. Мицкоски истакна дека Владата води грижа за секој граѓанин, посочувајќи дека времето на елитите заврши, односно како што рече тој е политичар од народот и му е важен секој еден граѓанин. „Она кое што го добивам како информација од терен им се помага на производителите на слива, цените кои се за лозарите се рекордни за 25 проценти повисоки. Така што се грижиме за секој еден човек. секој еден граѓанин ни е важен бидејќи ние сме политичари кои се од народот и така ќе продолжиме да се однесуваме. Времето на политички елити заврши.“

The post Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени appeared first on Република.

]]>
Ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-storime-se-platite-da-rastat-no-i-da-imaat-vrednost/ Sat, 24 Aug 2024 10:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=809666

Платите мора да растат и да имаат вредност, а ние ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност, да нема инфлација, порача премиерот Христијан Мицкоски кој денеска по посетата на Јавното претпријатие за државни патишта во Скопје одговораше на новинарско прашања за обвинувањата од СДСМ дека новата Влада не го исполнила предизборното ветување за зголемување на платите, како и за барањата на синдикатите за раст на минималната плата.

-Од друга страна тоа што го прави СДСМ е обид да манипулира и обид да го навреди граѓанинот дека има кратко помнење. Ние работиме врз основа на нашата изборна Програма. Отворете ја изборната Програма и таму можете да прочитате што има. Работиме врз основа на изборната Програма, бидејќи таа Програма на избори сме добиле близу 450.000 гласови од граѓаните и тоа е за нас се, вели Мицкоски.

Смета дека СДСМ преку соопштенија, како што вели, практично лиферуваат лаги и самите да веруваат во тие лаги.

-Но во ред, тие нека продолжат да лажат, сега се помалку ќе имаат можност да крадат, бидејќи тие што крадеа, многу скоро денеска ќе бидат изведени пред лицето на правдата или сменети. Но, тие ќе си продолжат со лагата, а ние ќе продолжиме да работиме. Тоа е нашата цел, бидејќи нас не инспирира поддршката од граѓаните, којашто ја добиваме секојдневно, вели Мицкоски.

Тој  истакна дека убава вест е и што близу 3.000 вработени во ЈП „Национални шуми“ и АД Водостопанство добија плати, кои не им биле исплатени во изминатите четири месеци.

-Од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари и добро е што денеска веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите плати. Променета е Програмата,  во „Национални шуми“ веќе легнаа средствата на сметките на вработени. Најдоцна понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство и така ќе продолжиме во иднина. Тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милјарда денари за заостанати долгови за земјоделците, коишто претходната Влада им ги должи, вели Мицкоски.

Премиерот порача дека една милјарда денари ќе придвидат и за почетокот на наредната година, со што како што вели, покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците ќе има и средства со кои ќе се вратат долговите кои ги направила Владата на СДСМ и ДУИ. Истакна дека информациите од терен говорат дека во моментов им се помага на производителите на сливи, лозарите, кои имаат рекордни откупни цени на грозјето, односно за 25  проценти се повисоки.

Премиерот вели дека веќе се работи сериозно и за најавите за развој и регулација на криптопазарот  за што наскоро ќе се подготви законска регулатива.

- Дел од посетите што беа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема. Во следниот перид ќе излеземе со законска регулатива со која сето оваќе биде регулирано и ќе знаи повеќеприливи во Буџетот што ќе може да ги користиме за капитални проекти, рече Мицкоски

The post Ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност appeared first on Република.

]]>

Платите мора да растат и да имаат вредност, а ние ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност, да нема инфлација, порача премиерот Христијан Мицкоски кој денеска по посетата на Јавното претпријатие за државни патишта во Скопје одговораше на новинарско прашања за обвинувањата од СДСМ дека новата Влада не го исполнила предизборното ветување за зголемување на платите, како и за барањата на синдикатите за раст на минималната плата. -Од друга страна тоа што го прави СДСМ е обид да манипулира и обид да го навреди граѓанинот дека има кратко помнење. Ние работиме врз основа на нашата изборна Програма. Отворете ја изборната Програма и таму можете да прочитате што има. Работиме врз основа на изборната Програма, бидејќи таа Програма на избори сме добиле близу 450.000 гласови од граѓаните и тоа е за нас се, вели Мицкоски. Смета дека СДСМ преку соопштенија, како што вели, практично лиферуваат лаги и самите да веруваат во тие лаги. -Но во ред, тие нека продолжат да лажат, сега се помалку ќе имаат можност да крадат, бидејќи тие што крадеа, многу скоро денеска ќе бидат изведени пред лицето на правдата или сменети. Но, тие ќе си продолжат со лагата, а ние ќе продолжиме да работиме. Тоа е нашата цел, бидејќи нас не инспирира поддршката од граѓаните, којашто ја добиваме секојдневно, вели Мицкоски. Тој  истакна дека убава вест е и што близу 3.000 вработени во ЈП „Национални шуми“ и АД Водостопанство добија плати, кои не им биле исплатени во изминатите четири месеци. -Од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари и добро е што денеска веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите плати. Променета е Програмата,  во „Национални шуми“ веќе легнаа средствата на сметките на вработени. Најдоцна понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство и така ќе продолжиме во иднина. Тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милјарда денари за заостанати долгови за земјоделците, коишто претходната Влада им ги должи, вели Мицкоски. Премиерот порача дека една милјарда денари ќе придвидат и за почетокот на наредната година, со што како што вели, покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците ќе има и средства со кои ќе се вратат долговите кои ги направила Владата на СДСМ и ДУИ. Истакна дека информациите од терен говорат дека во моментов им се помага на производителите на сливи, лозарите, кои имаат рекордни откупни цени на грозјето, односно за 25  проценти се повисоки. Премиерот вели дека веќе се работи сериозно и за најавите за развој и регулација на криптопазарот  за што наскоро ќе се подготви законска регулатива. - Дел од посетите што беа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема. Во следниот перид ќе излеземе со законска регулатива со која сето оваќе биде регулирано и ќе знаи повеќеприливи во Буџетот што ќе може да ги користиме за капитални проекти, рече Мицкоски

The post Ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ja-razbiram-potrebata-za-zgolemuvane-na-platite-sindikatite-da-ne-nasednuvaat-na-politichkite-kampani-na-sdsm/ Thu, 22 Aug 2024 12:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=809067

Ја слушав изјавата на претседателот на синдикатот, можам да кажам дека од Министерството за финансии и од министерката бев информиран дека се е постапено согласно закон, во ребалансот и тука не треба да имаме никаква дилема. Мене ме зачуди фактот што веднаш претседателот на СДСМ, како да беа чудно синхронизирани, излезе со свој став во поддршка на овој претседател. Нема да навлегувам во начинот како беше избран итн. за тоа има институции, јавноста ја повикувам многу внимателно да го следи овој случај, но за помалку од 2 месеци од работа на една Влада гледам еден синхронизиран, би рекол напад спротивен и на закони и на етика и на принцип и на сѐ од страна на претседател на Сојуз на синдикати и претседател на најголема опозициска партија, и тоа мене ме доведува во ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.

Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.

Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Ја слушав изјавата на претседателот на синдикатот, можам да кажам дека од Министерството за финансии и од министерката бев информиран дека се е постапено согласно закон, во ребалансот и тука не треба да имаме никаква дилема. Мене ме зачуди фактот што веднаш претседателот на СДСМ, како да беа чудно синхронизирани, излезе со свој став во поддршка на овој претседател. Нема да навлегувам во начинот како беше избран итн. за тоа има институции, јавноста ја повикувам многу внимателно да го следи овој случај, но за помалку од 2 месеци од работа на една Влада гледам еден синхронизиран, би рекол напад спротивен и на закони и на етика и на принцип и на сѐ од страна на претседател на Сојуз на синдикати и претседател на најголема опозициска партија, и тоа мене ме доведува во ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.
Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите, истакна Мицкоски.
Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.
Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ appeared first on Република.

]]>
До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-krajot-na-godinata-nema-zgolemuvane-na-platite-vo-zdravstvoto-i-nov-kolektiven-dogovor/ Mon, 22 Jul 2024 10:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=799156

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор - рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

The post До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор appeared first on Република.

]]>

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.
Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор - рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.  

The post До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор appeared first on Република.

]]>
Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/programerite-i-vrabotenite-vo-vozduhoplovniot-transport-so-najvisoki-plati/ Wed, 24 Apr 2024 20:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=770502

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

The post Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати appeared first on Република.

]]>

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари) После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари. Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности. ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари. Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари. Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

The post Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати appeared first on Република.

]]>
Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-namesto-zamrznuvane-na-tsenite-da-se-obezbedat-podobro-plateni-rabotni-mesta/ Thu, 11 Apr 2024 12:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=764967

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка.

Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.

И покрај тоа замрзнувањето на цените помогна да се одржи животниот стандард на населението во Македонија, особено при поинтензивните поскапувања, тоа не е мерка која може да се користи на долг рок. Во тој случај би требало да преминете на некои структурни мерки кои би можеле да го подобрат стандардот. Една од тие е обезбедување поквалитетни и повисоко платени работни места, рече економистот Јоана Маџоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на редовниот Економски извештај за Западен Балкан.

Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, истакна дека сите земји во регионот, но и државите на европско ниво, воведуваа одредени ценовни контроли во 2022-ра и на почетокот на 2023 година, даваа субвенции за електрична енергија и тоа кракторочно помогна.

Но, тоа чини пари, особено кога обезбедувате универзални субвенции. Вашата земја намени многу средства за да ја задржи цената на електричната енергија на најниско ниво во регионот и ова има влијание врз буџетот. Гледаме дека дефицитот е многу поголем од други земји во Западен Балкан. Има трошок што треба да се плати за спроведување на овие мерки, но дали се тие одржливи на долг период? Најверојатно не, бидејќи чинат пари, а не го менуваат однесувањето, ниту структурата на економијата. Затоа, треба да се поддржи преминувањето кон обновливи извори на енергија, помалку потпирање на увозот и на поскапите извори на енергија. Имаше доста остро придвижување минатата година, можете да го видите однесувањето на фирмите, тие кои немаа придобивки од цените на електричната енергија, почнаа да инвестираат во соларни панели. Можеби сега е времето, кога се намалени цените на нафтата и храната, да бараме поструктурни мерки за да се подобри продуктивноста на земјоделството каде имаме компаративна предност во смисла на достапност на земјиште, доста луѓе кои се вклучени во земјоделството и на тоа како да се забрза енергетската транзиција во насока на обновливите извори, но и како да се зајакне конкуренцијата меѓу трговците, бидејќи овие ценовни трошоци доаѓаат и од зголемувањето на профитните маржи над она што би можело да се оправда, подвлече Маџаревиќ-Шујстер.

Сега, дополни, кога е во тек растот на деловниот циклус, треба да се направат соодветните реформи.

Во тек е растот на деловниот циклус. Тука се прават соодветните реформи и се оддалечуваме од краткорочните мерки кои чинат пари, а не придонесуваат за промена во однесувањето, односно на структурата на економијата, потенцира Маџаревиќ-Шујстер.

Во однос на електричната енергија, таа укажа дека цените во европските земји се зголемени, но поради тоа е сменето и однесувањето на потрошувачите. Тие водат сметка како и колку трошат струја. Таква промена, напомена, кај луѓето во Македонија нема.

Во европските земји има многу големи покачувања. Земјата каде што јас живеам имаше зголемување од преку 25 отсто само лани, мојата лична сметка за струја сега е 50 отсто поглема од онаа во 2021 година. Ние многу внимаваме како ја користиме струјата, но таква промена во однесувањето не сум видела тука. Имавме многу големо намалување на искористеноста на електричната енргија во Европа, кога било ладно не се користела енергија за греење, луѓето живееле на пониски температури, но ваква промена на однесување не сме виделе тука. Затоа не се гледаат толку многу влијанијата на глобалното намалување на цените. Ова најмногу ќе се забележи во економиите во земјите во Западна Европа кои виделе навистина големо зголемување на цените на електричната енергија во овој период. Но, она што се случува тука, е дека многу се потпираме на земјоделството како извор на раст и вработување, сепак сте доста голем увозник, посебно на зеленчук, а претходно сте биле извозници. Ако се навратиме на структурните причини, треба да се прашаме, зошто се потпираме на увоз на храна кога имаме компаративна предност храната да се произведува тука. Значи, треба да се види што може да се направи за земјоделството да биде поголем придонесувач, попродуктивен, извезувач и да се намалат на тој начин цените, наместо храната да се увезува, рече Маџаревиќ-Шујстер.

Таа се осврна и на конкуренцијата во малопродажниот сектор.

Тука имаме простор за подобрување и како резултат на тоа да се намалат цените, нагласи Маџаревиќ-Шујстер.

The post Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места appeared first on Република.

]]>

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка. Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.