плати на советници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plati-na-sovetnitsi/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 07:42:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плати на советници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plati-na-sovetnitsi/ 32 32 Половина милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати, пресмета Левица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/polovina-milion-evra-za-sovetnitsite-na-kovachevski-i-negovite-potsekretarijati-presmeta-levitsa/ Tue, 31 Jan 2023 07:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=602820

Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати.

Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите. Иако СДС ветуваше намалување на бројот на советниците на премиерот, очигледно преку манипулативно прераспределување, сепак овие лица останале на платен список на државата.

Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно.

Највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски. Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти”, бизнисмени и новинари.

Јасно е дека ќе се одвојуваат значајни средства од Буџетот на Република Македонија за лица кои имаат единствена задача како облигација на нивната ангажираност во Владата, а тоа е хвалоспевот на власта и клеветење на опозицијата. Овие лица се дел од политичкиот поткуп на власта во нејзината квинслиншка и врховистичка политика и работат против интересите на македонскиот народ.

The post Половина милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати, пресмета Левица appeared first on Република.

]]>

Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати. Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите. Иако СДС ветуваше намалување на бројот на советниците на премиерот, очигледно преку манипулативно прераспределување, сепак овие лица останале на платен список на државата. Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно. Највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски. Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти”, бизнисмени и новинари. Јасно е дека ќе се одвојуваат значајни средства од Буџетот на Република Македонија за лица кои имаат единствена задача како облигација на нивната ангажираност во Владата, а тоа е хвалоспевот на власта и клеветење на опозицијата. Овие лица се дел од политичкиот поткуп на власта во нејзината квинслиншка и врховистичка политика и работат против интересите на македонскиот народ.

The post Половина милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати, пресмета Левица appeared first on Република.

]]>