плати на функционери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plati-na-funktsioneri/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 19:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плати на функционери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plati-na-funktsioneri/ 32 32 Растат платите на функционерите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rastat-platite-na-funktsionerite/ Thu, 22 Feb 2024 19:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=747162

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото пресметување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Инаку, вакво зголемување пристига и откако лани платите само на функционерите пораснаа за неверојатни 78%.

The post Растат платите на функционерите! appeared first on Република.

]]>

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра. Со новото пресметување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра. Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери. Инаку, вакво зголемување пристига и откако лани платите само на функционерите пораснаа за неверојатни 78%.

The post Растат платите на функционерите! appeared first on Република.

]]>
Нема да се намалуваат платите на функционерите, кажа премиерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-namaluvaat-platite-na-funktsionerite-kazha-premierot/ Thu, 23 Nov 2023 18:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=715624

Нема да се намалуваат функционерските плати. Се закон примањата на судиите, обвинителите и пратениците не смеат да се корегораат надолу, а тие се речиси 800 од вкупно 1. 060 избрани и именувани функционери , вели премиерот Ковачевски. Работната група која требаше да најде начин како да се скратат покачуватањата за 78% се уште нема доставено предлог, бидејќи со закон одредени плати не можат да се намалат, објави Сител.

Платите кај судиите се регулирани со закон, каде пишува дека не смеат да се намалат. Кај пратениците со Закон за плати, така да, се работи за комплексно решение кое треба да донесе правичност во плаѓањето на трудот соодветно на надлежностите и одговорностите. Ние бевме во ситуација кога претседател на држава беше помалку платен од секретарка во Агенцијата за електронски комуникации, изјави Димитар Ковачевски, премиер

Зголемени плати бараат вработените во правосудството и Фондот за здравство. Незадоволни од покачувањето кои го добија нивните надредени, а платите кои тие ги земаат им тапкаат во место – утре излегуваат на протест.

Но премиерот вели – легитимно е правото на штрајк, но дали има основ за истотото., кога граѓаните што им даваат плата не ги добиваат саканите услуги од нив.

Вработените во судството и обвинителството бараат зголемување на платите од 78%, од Фондот за здравство – изедначување со примањата на нивните колеги од државните клиники – или 150 евра плус.

Додека од народниот правобранител на улица излегуваат поради игнорантскиот однос на министерствата, Владата и Собранието.

The post Нема да се намалуваат платите на функционерите, кажа премиерот appeared first on Република.

]]>

Нема да се намалуваат функционерските плати. Се закон примањата на судиите, обвинителите и пратениците не смеат да се корегораат надолу, а тие се речиси 800 од вкупно 1. 060 избрани и именувани функционери , вели премиерот Ковачевски. Работната група која требаше да најде начин како да се скратат покачуватањата за 78% се уште нема доставено предлог, бидејќи со закон одредени плати не можат да се намалат, објави Сител. Платите кај судиите се регулирани со закон, каде пишува дека не смеат да се намалат. Кај пратениците со Закон за плати, така да, се работи за комплексно решение кое треба да донесе правичност во плаѓањето на трудот соодветно на надлежностите и одговорностите. Ние бевме во ситуација кога претседател на држава беше помалку платен од секретарка во Агенцијата за електронски комуникации, изјави Димитар Ковачевски, премиер Зголемени плати бараат вработените во правосудството и Фондот за здравство. Незадоволни од покачувањето кои го добија нивните надредени, а платите кои тие ги земаат им тапкаат во место – утре излегуваат на протест. Но премиерот вели – легитимно е правото на штрајк, но дали има основ за истотото., кога граѓаните што им даваат плата не ги добиваат саканите услуги од нив. Вработените во судството и обвинителството бараат зголемување на платите од 78%, од Фондот за здравство – изедначување со примањата на нивните колеги од државните клиники – или 150 евра плус. Додека од народниот правобранител на улица излегуваат поради игнорантскиот однос на министерствата, Владата и Собранието.

The post Нема да се намалуваат платите на функционерите, кажа премиерот appeared first on Република.

]]>
Иран најави дека размената на петмина американски затвореници со САД ќе трае два месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/iran-najavi-deka-razmenata-na-petmina-amerikanski-zatvorenitsi-so-sad-ke-trae-dva-mesetsi/ Mon, 21 Aug 2023 15:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=674246

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани, порача дека процесот на ослободување на американските затвореници во Иран ќе трае до два месеци.

Надлежните органи најавија конкретна временска рамка и ќе бидат потребни најмногу два месеци за да се заврши овој процес, појасни Канаани.

Претходно овој месец, Техеран и Вашингтон постигнаа договор според кој петмина американски државјани затворени во Иран ќе бидат ослободени, додека шест милијарди долари вреден ирански имот замрзнат во Јужна Кореја ќе биде ослободен.

Иранските средства што беа замрзнати во Јужна Кореја се префрлени на Швајцарската централна банка минатата недела заради размена и трансфер во Иран, соопштија јужнокорејските медиуми.

Вашингтон, исто така, ќе ослободи некои Иранци од американските затвори, информираат од официјален Техеран.

Иран дозволи четворица приведени американски државјани да бидат преместени во домашен притвор од затворот Евин во Техеран, изјави адвокат.

Петтиот веќе беше во домашен притвор.

Советот за национална безбедност на Белата куќа го потврди ослободувањето на американските државјани Сијамак Намази, Морад Тахбаз, Емад Шарки и уште двајца Американци кои сакаат да останат неименувани.

The post Иран најави дека размената на петмина американски затвореници со САД ќе трае два месеци appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани, порача дека процесот на ослободување на американските затвореници во Иран ќе трае до два месеци.
Надлежните органи најавија конкретна временска рамка и ќе бидат потребни најмногу два месеци за да се заврши овој процес, појасни Канаани.
Претходно овој месец, Техеран и Вашингтон постигнаа договор според кој петмина американски државјани затворени во Иран ќе бидат ослободени, додека шест милијарди долари вреден ирански имот замрзнат во Јужна Кореја ќе биде ослободен.
Иранските средства што беа замрзнати во Јужна Кореја се префрлени на Швајцарската централна банка минатата недела заради размена и трансфер во Иран, соопштија јужнокорејските медиуми.
Вашингтон, исто така, ќе ослободи некои Иранци од американските затвори, информираат од официјален Техеран.
Иран дозволи четворица приведени американски државјани да бидат преместени во домашен притвор од затворот Евин во Техеран, изјави адвокат.
Петтиот веќе беше во домашен притвор. Советот за национална безбедност на Белата куќа го потврди ослободувањето на американските државјани Сијамак Намази, Морад Тахбаз, Емад Шарки и уште двајца Американци кои сакаат да останат неименувани.

The post Иран најави дека размената на петмина американски затвореници со САД ќе трае два месеци appeared first on Република.

]]>
Ќе гласаат ли пратениците против себе? ССМ поднесе предлог-закон до Собранието за намалување на функционерските плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-glasaat-li-pratenitsite-protiv-sebe-ssm-podnese-predlog-zakon-do-sobranieto-za-namaluvane-na-funktsionerskite-plati/ Mon, 21 Aug 2023 09:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=674124

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на функционерските плати, односно наместо 78 отсто покачување, нивните плати да се пресметуваат според општиот колективен договор.

Во член 13 од Општиот колекективен договор за јавен сектор се предвидува дека Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор е составена од: -просечна бруто плата и – коефициент на сложеност на работното место, а начинот на пресметување на бруто платата согласно член 13 од овој колективен договор, започнува да се применува од 01.03.2025 година.
Имајќи во предвид дека револтот на работниците, граѓаните, пензионерите е огромен поради зголемувањето на платите на функционерите за 78% согласно Одлуката на Уставниот суд, сметаме дека е потребно да се извршат итни измени на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, стои во отвореното писмо од Синдикатот до работниците.
Нечовечки е толку да се зголемст платите, во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, алармираст од синдикатот. Од таму додаваат дека функционерите не сработеле ништо, со што го заслужиле покачувањето.

Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период апелираше до сите избрани и именувани функционери и им укажуваше дека несвојствено, нелогично и нечовечки е толку драстично да се зголемат платите на функционерите особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочени со справување со последиците од економската, здравствената и воената криза, зголемените трошоци за живот – инфлацијата, големиот раст на Синдикалната минимална кошница која ги отсликува само основните потреби на едно четиричлено семејно домакинство и тоа само за преживување.
Укажувавме дека фукционерите наместо да мислат на ранливите категории на граѓани, работниците и пензионерите размислуваат единствено за себе и за своите потреби и си овозможија без реални и оправдани причини за својот ангажман и работење, енормно зголемени плати за 78% наеднаш, а што не е познато ниту во нашето опкружување ниту пак во друга држава во светот.

Ние синдикалците и граѓаните не гледаме испорачани резултати од страна на функционерите на планот на подобрувањето на општествениот и економскиот развој, ниту пак видовме зголемен ангажман и зголемена продуктивност на функционерите за 78% за потоа да добијат ваквото енормно зголемување на платите од 78%, се вели во писмото.
ССМ предлага порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација согласно договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат подеднакво за функционерите.

Доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10% од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите по принципот просечна бруто плата и коефициент на сложеност на работното место, но започнувајќи од 1 март 2025 година за работниците, истиот принцип функционерите треба да ги применат и за себе и затоа ССМ го дава овој предлог токму во таа насока на примена на еднакви принципи за платите на сите вработени во јавен сектор и избрани и именувани функционери без оглед дали тоа е на централно или на локално ниво, се вели во писмото

The post Ќе гласаат ли пратениците против себе? ССМ поднесе предлог-закон до Собранието за намалување на функционерските плати appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на функционерските плати, односно наместо 78 отсто покачување, нивните плати да се пресметуваат според општиот колективен договор.
Во член 13 од Општиот колекективен договор за јавен сектор се предвидува дека Основната бруто плата на вработените во јавниот сектор е составена од: -просечна бруто плата и – коефициент на сложеност на работното место, а начинот на пресметување на бруто платата согласно член 13 од овој колективен договор, започнува да се применува од 01.03.2025 година. Имајќи во предвид дека револтот на работниците, граѓаните, пензионерите е огромен поради зголемувањето на платите на функционерите за 78% согласно Одлуката на Уставниот суд, сметаме дека е потребно да се извршат итни измени на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, стои во отвореното писмо од Синдикатот до работниците. Нечовечки е толку да се зголемст платите, во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, алармираст од синдикатот. Од таму додаваат дека функционерите не сработеле ништо, со што го заслужиле покачувањето. Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период апелираше до сите избрани и именувани функционери и им укажуваше дека несвојствено, нелогично и нечовечки е толку драстично да се зголемат платите на функционерите особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочени со справување со последиците од економската, здравствената и воената криза, зголемените трошоци за живот – инфлацијата, големиот раст на Синдикалната минимална кошница која ги отсликува само основните потреби на едно четиричлено семејно домакинство и тоа само за преживување. Укажувавме дека фукционерите наместо да мислат на ранливите категории на граѓани, работниците и пензионерите размислуваат единствено за себе и за своите потреби и си овозможија без реални и оправдани причини за својот ангажман и работење, енормно зголемени плати за 78% наеднаш, а што не е познато ниту во нашето опкружување ниту пак во друга држава во светот.
Ние синдикалците и граѓаните не гледаме испорачани резултати од страна на функционерите на планот на подобрувањето на општествениот и економскиот развој, ниту пак видовме зголемен ангажман и зголемена продуктивност на функционерите за 78% за потоа да добијат ваквото енормно зголемување на платите од 78%, се вели во писмото. ССМ предлага порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација согласно договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат подеднакво за функционерите. –
Доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10% од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите по принципот просечна бруто плата и коефициент на сложеност на работното место, но започнувајќи од 1 март 2025 година за работниците, истиот принцип функционерите треба да ги применат и за себе и затоа ССМ го дава овој предлог токму во таа насока на примена на еднакви принципи за платите на сите вработени во јавен сектор и избрани и именувани функционери без оглед дали тоа е на централно или на локално ниво, се вели во писмото

The post Ќе гласаат ли пратениците против себе? ССМ поднесе предлог-закон до Собранието за намалување на функционерските плати appeared first on Република.

]]>
Покачените плати на функционерите ќе не чинат 80 милиони денари месечно, информира Бесими https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokachenite-plati-na-funktsionerite-ke-ne-chinat-80-milioni-denari-mesechno-informira-besimi/ Fri, 05 May 2023 17:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=637419

Mинистерот за финансии, Фатмир Бесими, оценува дека државата ќе мора секој месец да наоѓа приближно 80 милиони денари месечно за да ги исплати новите покачени плати на функционерите, објавува „Макфакс“.

Бесими вели дека покачувањата ќе бидат за речиси илјада функционери, меѓу кои политичари, обвинители, директори, пратеници.

Не сме имале начин како да дознаеме за одлуката на Уставен суд. Речиси илјада функционери се во прашање. Приближно 80 милиони денари на месечно ниво, на годишно се 960 милиони денари, вели Бесими.

Тој вели дека парите се непланирани. Ќе се крати од други места, но не се кажува од кои буџетски ставки.

Се врши пренамена од други позиции. До крајот на годината, во однос на ова законско решение, ќе треба да го примениме законот. Секоја институција треба да си направи пресметка. Овие пари ги нема во буџетот бидејќи не е план на Владата, туку одлука на Уставниот суд, вели Бесими.

Иако постоеја најави дека ќе има напори платите да не се зголемат 78 отсто со одлуката на Уставниот суд, тоа не се случи.

Досега во Собранието нема предложени измени на законот, со кој ќе се спречи енормното зголемување на платите за избраните и именуваните функционери.

The post Покачените плати на функционерите ќе не чинат 80 милиони денари месечно, информира Бесими appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за финансии, Фатмир Бесими, оценува дека државата ќе мора секој месец да наоѓа приближно 80 милиони денари месечно за да ги исплати новите покачени плати на функционерите, објавува „Макфакс“. Бесими вели дека покачувањата ќе бидат за речиси илјада функционери, меѓу кои политичари, обвинители, директори, пратеници.
Не сме имале начин како да дознаеме за одлуката на Уставен суд. Речиси илјада функционери се во прашање. Приближно 80 милиони денари на месечно ниво, на годишно се 960 милиони денари, вели Бесими.
Тој вели дека парите се непланирани. Ќе се крати од други места, но не се кажува од кои буџетски ставки.
Се врши пренамена од други позиции. До крајот на годината, во однос на ова законско решение, ќе треба да го примениме законот. Секоја институција треба да си направи пресметка. Овие пари ги нема во буџетот бидејќи не е план на Владата, туку одлука на Уставниот суд, вели Бесими.
Иако постоеја најави дека ќе има напори платите да не се зголемат 78 отсто со одлуката на Уставниот суд, тоа не се случи. Досега во Собранието нема предложени измени на законот, со кој ќе се спречи енормното зголемување на платите за избраните и именуваните функционери.

The post Покачените плати на функционерите ќе не чинат 80 милиони денари месечно, информира Бесими appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-pokachuvaneto-od-78-e-golema-shlakanitsa-za-site-segashni-i-idni-mladi-lekari-spetsijalizanti-koi-dobivaat-honorar-od-26-000-denari/ Thu, 04 May 2023 06:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=636415

12 до 15 лекари месечно ја напуштаат Македонија.
Вчерашното покачување од 78% на плати за функционери е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари и задолжителни 4 пати месечно БЕСПЛАТНО по 24 часа дежурства. Немаат трудничко.
Затоа ќе нема здравство, порача доктор Ненад Лазаров.

The post Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари appeared first on Република.

]]>

12 до 15 лекари месечно ја напуштаат Македонија. Вчерашното покачување од 78% на плати за функционери е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари и задолжителни 4 пати месечно БЕСПЛАТНО по 24 часа дежурства. Немаат трудничко. Затоа ќе нема здравство, порача доктор Ненад Лазаров.

The post Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари appeared first on Република.

]]>
Владата да направи сè што е во нејзина моќ платите на функционерите да останат исти, апелира Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-napravi-se-shto-e-vo-nejzina-mok-platite-na-funktsionerite-da-ostanat-isti-apelira-pendarovski/ Thu, 06 Apr 2023 09:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=627856

Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд со која се овозможува зголемување на платите на државните функционери за 78 проценти.

Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело. Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, нагласи Пендаровски.

Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката, покрај премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции, се опфатени и уставните судии.

The post Владата да направи сè што е во нејзина моќ платите на функционерите да останат исти, апелира Пендаровски appeared first on Република.

Бектеши арогантен во свој стил: Тој што сака да ја донира повисоката плата, не треба да се фали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-aroganten-vo-svoj-stil-toj-shto-saka-da-ja-donira-povisokata-plata-ne-treba-da-se-fali/ Mon, 03 Apr 2023 16:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=626817

Министерот за економија Крешник Бектеши не открива дали во Владата се размислува да се воведе дополнителна одлука со која ќе се стопира значителното зголемување на платите на функционерите, согласно одлуката на Уставниот суд и тоа во време кога постојано се говори дека треба да се штити стандардот на граѓаните.

Јас сум еден од членовите и не можам да зборувам во име на Владата за ова прашање. Тоа е одлука на Уставниот суд, а никаква одлука не е донесена од страна на Владата. Во неа не се опфатени само членовите на Владата, во овој случај министрите и заменик министрите, туку сите именувани лица во државата. Ќе поддржам секаква одлука која ќе ја донесе Владата“, рече Бектеши.

Тој рече дека оние политичари што се пофалија дека ако им се зголемат платите ќе ги даруваат во хуманитарни цели тоа не треба да го прават јавно.

Гледам во јавноста излегуваат политичари за да се покажат како хумани, солидарни, ќе донираат процент од платата или она што е зголемување. Тој што сака да донира не треба да го направи тоа јавно, секој може да поддржи одредени категории граѓани. Да не користиме вакви моменти да се покажеме хумани за да добиеме политички поени. Да почекаме Владата да донесе одлука која ќе биде колективна, додаде Бектеши.

The post Бектеши арогантен во свој стил: Тој што сака да ја донира повисоката плата, не треба да се фали appeared first on Република.