Платформа за родова еднаквост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platforma-za-rodova-ednakvost/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 13:53:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Платформа за родова еднаквост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platforma-za-rodova-ednakvost/ 32 32 Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш овој ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-se-bide-zhena-vo-makedonija-znachi-da-se-budish-sekoe-utro-vo-strav-i-da-se-prashuvash-kako-i-dali-ke-go-prezhiveesh-ovoj-den/ Mon, 06 Mar 2023 13:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=616467

Да се биде жена или девојка во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш овој ден, секојдневно да се соочуваш со ново прашање за преживување, дали ќе преживеам возење со такси, дали ќе го преживеам месецов, дали ќе преживеам брак или заедница, дали ќе го преживеам породувањето, дали ќе ја преживеам операцијата. Да се биде жена во Македонија значи да се плашиш и постојано да се прашуваш дали ќе преживеам. Затоа слоганот на годинашниот 8 Март е: „Ќе преживеат ли жените овде?“, рече Јана Коцевска од Платформата за родова еднаквост, која на 8 март од 18 часот седми пат ќе организира марш во Скопје за да потсети на проблемите кои секојдневно ги имаат жените во земјава.

Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат доволно нивните потреби, институциите не ги заштитуваат доволно. Горечки проблем во државава се насилството и мизогинијата, сметаат од Платформата за родова еднаквост.

Организаторите велат дека маршот ќе биде израз на „протест на колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед - од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените“.

Коцевска на прес-конференција денеска соопшти дека целта на маршот, насловен „Ќе преживеат ли жените овде?“, е да се изборат за менување на политиките за да се подобрат условите во општеството, зашто во 2023 година кај нас, како што рече, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани и немаат докрај остварени права и можности дома, на работа, во политиката и во социјалниот живот.

Таа смета дека не постојат конкретни, туку само декларативни заложби за подобрување на статусот на жената во општеството и дека и натаму жените остануваат жртви на насилство и живеат во економска несигурност.

Има напредок во донесување закони, иако некои се заглавени, но клучно е дека проблем е имплементацијата на политиките, институциите не ги спроведуваат како што е пропишано. Тука е најголемата грешка, како да нема евалуација, залудно е што декларативно имаме документи, кога нема промени, рече Коцевска.

Како пример посочи дека градоначалниците на општините не одговориле на апелите да не се исклучува уличното осветлување кое, рече таа, е опасно за безбедноста на жените кога ноќе се движат во јавниот простор.

Градоначалниците и натаму се глуви по тоа прашање, светлата повторно се гасат. Како да нема волја за вистинско менување на тие политики. Затоа сметаме дека е крајно време нешто да се преземе, додаде Коцевска.

Повика на маршот задутре да се придружат што поголем број жени, а да се солидаризираат и мажите, зашто родовата еднаквост е придобивка за целото општество.

Маршот ќе почне во 18 часот на плоштадот „Филип Втори“, ќе продолжи по мостот „Гоце Делчев“, пред Владата до улица „Рузвелтова“ и потоа по булеварот „Партизански одреди“ ќе заврши во паркот „Жена борец“

The post Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш овој ден appeared first on Република.

]]>

Да се биде жена или девојка во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш овој ден, секојдневно да се соочуваш со ново прашање за преживување, дали ќе преживеам возење со такси, дали ќе го преживеам месецов, дали ќе преживеам брак или заедница, дали ќе го преживеам породувањето, дали ќе ја преживеам операцијата. Да се биде жена во Македонија значи да се плашиш и постојано да се прашуваш дали ќе преживеам. Затоа слоганот на годинашниот 8 Март е: „Ќе преживеат ли жените овде?“, рече Јана Коцевска од Платформата за родова еднаквост, која на 8 март од 18 часот седми пат ќе организира марш во Скопје за да потсети на проблемите кои секојдневно ги имаат жените во земјава.
Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат доволно нивните потреби, институциите не ги заштитуваат доволно. Горечки проблем во државава се насилството и мизогинијата, сметаат од Платформата за родова еднаквост.
Организаторите велат дека маршот ќе биде израз на „протест на колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед - од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените“. Коцевска на прес-конференција денеска соопшти дека целта на маршот, насловен „Ќе преживеат ли жените овде?“, е да се изборат за менување на политиките за да се подобрат условите во општеството, зашто во 2023 година кај нас, како што рече, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани и немаат докрај остварени права и можности дома, на работа, во политиката и во социјалниот живот. Таа смета дека не постојат конкретни, туку само декларативни заложби за подобрување на статусот на жената во општеството и дека и натаму жените остануваат жртви на насилство и живеат во економска несигурност.
Има напредок во донесување закони, иако некои се заглавени, но клучно е дека проблем е имплементацијата на политиките, институциите не ги спроведуваат како што е пропишано. Тука е најголемата грешка, како да нема евалуација, залудно е што декларативно имаме документи, кога нема промени, рече Коцевска.
Како пример посочи дека градоначалниците на општините не одговориле на апелите да не се исклучува уличното осветлување кое, рече таа, е опасно за безбедноста на жените кога ноќе се движат во јавниот простор.
Градоначалниците и натаму се глуви по тоа прашање, светлата повторно се гасат. Како да нема волја за вистинско менување на тие политики. Затоа сметаме дека е крајно време нешто да се преземе, додаде Коцевска.
Повика на маршот задутре да се придружат што поголем број жени, а да се солидаризираат и мажите, зашто родовата еднаквост е придобивка за целото општество. Маршот ќе почне во 18 часот на плоштадот „Филип Втори“, ќе продолжи по мостот „Гоце Делчев“, пред Владата до улица „Рузвелтова“ и потоа по булеварот „Партизански одреди“ ќе заврши во паркот „Жена борец“

The post Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш овој ден appeared first on Република.

]]>
Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhenite-vo-makedonija-umiraat-poradi-kontinuirana-sistemska-negrizha-za-zdravjeto/ Fri, 24 Feb 2023 09:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=612676

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.

Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација.

Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:

- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп;
- Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата;
- Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.

Организации-членки:

1. Tiiiit! Inc.
2. Бори се женски
3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
4. Здружение женски форум
5. Здружение за еднакви можности Семпер
6. Здружение за локален рурален развој
7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ
10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС
11. Институтот за општествени и хуманистички науки
12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
13. ЛезФем
14. Мрежа за заштита од дискриминација
15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
16. Националниот совет за родова рамноправност
17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
18. Организација на жените на општина Свети Николе
19. Организација на жените “Кумановка“
20. Реактор – Истражување во акција
21. Рурална Коалиција
22. Стела
23. ТАКТ
24. Хелсиншки комитет за човекови права
25. Х.Е.Р.А.
26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
27. Хуманитарно Здружение „Мајка“
28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.
Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.
Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:
- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; - Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; - Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.
Организации-членки: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. Х.Е.Р.А. 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)  

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>
Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaznata-za-lekarot-e-sramna-asani-dobi-uslovna-kazna-od-dve-godini-i-ne-ja-izgubi-nitu-litsentsata-za-rabota/ Fri, 03 Feb 2023 10:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=604218

Платформата за родова еднаквост, која обединува 28 здруженија на граѓани и невладини организации, е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Условната казна за струшкиот гинеколог  Мухамед Асани, кој со години работел на црно, покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни пет пари. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора – реагираат невладини организации обединети во Платформа за родова еднаквост.

Во своето заедничко соопштение тие велат дека се згрозени од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително фрапира фактот, велат невладините, што Судот со оваа пресуда не изрече ниту споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик.

„И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

– Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

– Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

– Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

– Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

– Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина – укажува Платформата за родова еднаквост.

The post Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост, која обединува 28 здруженија на граѓани и невладини организации, е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Условната казна за струшкиот гинеколог  Мухамед Асани, кој со години работел на црно, покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни пет пари. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора – реагираат невладини организации обединети во Платформа за родова еднаквост. Во своето заедничко соопштение тие велат дека се згрозени од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително фрапира фактот, велат невладините, што Судот со оваа пресуда не изрече ниту споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. „И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник. Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа. Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари. Оттука, Платформата за родова еднаквост бара: – Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик; – Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна; – Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; – Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот; – Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”. Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина – укажува Платформата за родова еднаквост.  

The post Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа appeared first on Република.

]]>
Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mora-da-se-odzeme-litsentsata-na-asani-inaku-za-kasapnitsite-souchesnitsi-se-site-nadlezhni-institutsii/ Fri, 03 Feb 2023 10:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=604210

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик.

И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

· Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

· Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

· Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

· Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

· Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина!

Членки на Платформата:

1. Tiiiit! Inc.

2. Бори се женски

3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

4. Здружение женски форум

5. Здружение за еднакви можности Семпер

6. Здружение за локален рурален развој

7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска

9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ

10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС

11. Институтот за општествени и хуманистички науки

12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

13. ЛезФем

14. Мрежа за заштита од дискриминација

15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

16. Националниот совет за родова рамноправност

17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)

18. Организација на жените на општина Свети Николе

19. Организација на жените “Кумановка“

20. Реактор – Истражување во акција

21. Рурална Коалиција

22. Стела

23. ТАКТ

24. Хелсиншки комитет за човекови права

25. ХЕРА

26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

27. Хуманитарно Здружение „Мајка“

28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции appeared first on Република.

]]>

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/ Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник. Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа. Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари. Оттука, Платформата за родова еднаквост бара: · Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик; · Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна; · Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; · Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот; · Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”. Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина! Членки на Платформата: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. ХЕРА 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции appeared first on Република.

]]>
Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство, реагираат од Платформата за родова еднаквост https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nesoodvetnata-kvalifikacija-ne-ja-otslikuva-sushtinata-na-femicidot-kako-najteshka-forma-na-rodovo-bazirano-nasilstvo-reagiraat-od-platformata-za-rodova-ednakvost/ Tue, 01 Nov 2022 13:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=568310

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. На 27 октомври 2022 година, ОЈО Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност - задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Ова значи дека за кривичното дело кое му се става на товар, на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-krvnikot-od-negotino-koj-do-smrt-ja-pretepa-soprugata/?fbclid=IwAR3gNOE5RM684n5gZzzLiqak2ynNJQDz-WPVEE3BCRsuYfZocswjST5e9Rw

Сметаме дека ваквото квалификување на делото е несоодветно имајќи предвид дека станува збор за убиство на жена при вршење семејно насилство, за кое со Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Во оваа насока, посочуваме дека вака поставената квалификација единствено би овозможила изрекување полесна санкција и нема да ги оствари целите на казнувањето ниту пак, ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство. Фемицидот е една од најчестите причини за прерана смрт кај жените, а во најголем број случаи е предизвикан од лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како во случајот на жената од Неготино што почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепа, се вели во нивната реакција.

Според Платформата за родова еднаквост, проблематично е и водењето на целата истражна постапка од страна на ОЈО Кавадарци. Во духот на Истанбулската конвенција, а и во согласност со нашето законодавство, јавното обвинителство било должно да го примени принципот на должно внимание. Сепак, од увидот во списите на предметот полномошниците на оштетените забележуваат дека целиот предмет се состоел само од фотографии од местото на настанот, вештачење за психичката состојба на обвинетиот и вештачења за крвта и отпечатоците пронајдени во станот. Поради присуство на алкохол во крвта на обвинетиот, вештото лице сметало дека во моментот на сторување на делото тој бил со битно намалена пресметливост. Во однос на намерата дали сакал да ја убие жртвата, Обвинителството се водело само од исказот на обвинетиот кој кажал дека само сакал да ја истепа. Поставениот обвинителен акт оддава впечаток дека јавното обвинителство не смета дека стореното дело е убиство како најтешка форма на семејно насилство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/celi-dva-chasa-se-izzivuval-takvi-povredi-ni-soobrakjajka-ne-pravi-kjerkata-na-pretepanata-negotinchanka-objavi-fotografija-od-ubiecot/?fbclid=IwAR13-1PZ8akICtBGItFUv39NT82cM_qWWxMtHLznfeB7p6kILURZ84ZayCA

И овој случај нѐ остави со горливото сознание дека сите напори за справување со овој проблем се недоволни ако не се придружени со соодветно институционално постапување. Ваквото постапување во случаи на семејно насилство само дополнително го зголемува и онака високиот степен на недоверба во надлежните институции, вклучително и правосудството. Сето ова значително влијае граѓаните да бидат демотивирани да го пријават насилството, што пак директно ја зголемува веројатноста насилството да кулминира со убиство.

Согласно член 338 ст.3 од Законот за кривичната постапка советот за оцена на обвинителниот акт не е врзан за правната квалификација на делото која ја навел јавниот обвинител. Оттука, бараме советот при донесување на решението за одобрување на обвинителниот акт да го преквалификува делото во Убиство од член 123 ст.2. т.2, за кое е предвидено дека со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство.

Од понатамошното постапување на правосудните органи несомнено ќе зависи и понатамошното охрабрување на жртвите за пријавување на насилството врз жените и семејното насилство, а истовремено ќе го одрази и нивото на општествена свест за родово базираното насилство и фемицидот како негова најтешка форма.

The post Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство, реагираат од Платформата за родова еднаквост appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. На 27 октомври 2022 година, ОЈО Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност - задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Ова значи дека за кривичното дело кое му се става на товар, на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-krvnikot-od-negotino-koj-do-smrt-ja-pretepa-soprugata/?fbclid=IwAR3gNOE5RM684n5gZzzLiqak2ynNJQDz-WPVEE3BCRsuYfZocswjST5e9Rw
Сметаме дека ваквото квалификување на делото е несоодветно имајќи предвид дека станува збор за убиство на жена при вршење семејно насилство, за кое со Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Во оваа насока, посочуваме дека вака поставената квалификација единствено би овозможила изрекување полесна санкција и нема да ги оствари целите на казнувањето ниту пак, ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство. Фемицидот е една од најчестите причини за прерана смрт кај жените, а во најголем број случаи е предизвикан од лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како во случајот на жената од Неготино што почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепа, се вели во нивната реакција.
Според Платформата за родова еднаквост, проблематично е и водењето на целата истражна постапка од страна на ОЈО Кавадарци. Во духот на Истанбулската конвенција, а и во согласност со нашето законодавство, јавното обвинителство било должно да го примени принципот на должно внимание. Сепак, од увидот во списите на предметот полномошниците на оштетените забележуваат дека целиот предмет се состоел само од фотографии од местото на настанот, вештачење за психичката состојба на обвинетиот и вештачења за крвта и отпечатоците пронајдени во станот. Поради присуство на алкохол во крвта на обвинетиот, вештото лице сметало дека во моментот на сторување на делото тој бил со битно намалена пресметливост. Во однос на намерата дали сакал да ја убие жртвата, Обвинителството се водело само од исказот на обвинетиот кој кажал дека само сакал да ја истепа. Поставениот обвинителен акт оддава впечаток дека јавното обвинителство не смета дека стореното дело е убиство како најтешка форма на семејно насилство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/celi-dva-chasa-se-izzivuval-takvi-povredi-ni-soobrakjajka-ne-pravi-kjerkata-na-pretepanata-negotinchanka-objavi-fotografija-od-ubiecot/?fbclid=IwAR13-1PZ8akICtBGItFUv39NT82cM_qWWxMtHLznfeB7p6kILURZ84ZayCA И овој случај нѐ остави со горливото сознание дека сите напори за справување со овој проблем се недоволни ако не се придружени со соодветно институционално постапување. Ваквото постапување во случаи на семејно насилство само дополнително го зголемува и онака високиот степен на недоверба во надлежните институции, вклучително и правосудството. Сето ова значително влијае граѓаните да бидат демотивирани да го пријават насилството, што пак директно ја зголемува веројатноста насилството да кулминира со убиство. Согласно член 338 ст.3 од Законот за кривичната постапка советот за оцена на обвинителниот акт не е врзан за правната квалификација на делото која ја навел јавниот обвинител. Оттука, бараме советот при донесување на решението за одобрување на обвинителниот акт да го преквалификува делото во Убиство од член 123 ст.2. т.2, за кое е предвидено дека со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство. Од понатамошното постапување на правосудните органи несомнено ќе зависи и понатамошното охрабрување на жртвите за пријавување на насилството врз жените и семејното насилство, а истовремено ќе го одрази и нивото на општествена свест за родово базираното насилство и фемицидот како негова најтешка форма.

The post Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство, реагираат од Платформата за родова еднаквост appeared first on Република.

]]>
Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-na-platforma-za-rodova-ednakvost-femicidite-se-proizvod-na-molkot-na-opshtestvoto-i-nedoverbata-vo-instituciite/ Mon, 08 Aug 2022 15:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=538059

Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции, велат во писмената реакција од Платформа за родова еднаквост.

Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво, во најголем број случаи е предизвикан од страна на лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како и во случајот на неготинчанката која почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепал. Ненавременото и несоодветно постапување на надлежните институции и правосудни органи директно влијае на високиот степен на недоверба кон овие институции, што придонесува жените и девојките да бидат демотивирани или да се плашат да го пријават насилството. На тоа се надоврзува ниската свест кај граѓаните дека секој има обврска да пријави насилство, притоа доминантниот став е дека пријавување насилство од позиција на трето лице претставува мешање во туѓиот живот. И покрај тоа што новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство беше донесен пред повеќе од една година, сè уште не се усвоени сите подзаконски акти и оперативни процедури неопходни за негова успешна имплементација. Фемицидот сѐ уште не е препознаен како посебно кривично дело во нашиот Кривичен законик, како потежок облик на убиство кога е сторено при вршење на семејно насилство. Сепак, најголем проблем не е легислативата, која последниве години се усогласува со меѓународните стандарди, туку нејзината несоодветна имплементација од страна на надлежните институции. Секоја трагична смрт на жена само зашто е жена нѐ остава со горчливото сознание дека сите напори на граѓанскиот сектор за справување со овој проблем (подигнување на свеста, поддршка за жртвите на насилство и застапување за системски промени) се едноставно недоволни ако не се придружени со поширока институционална и општествена акција. Семејното и родово базираното насилство не е приватна работа. Очекуваме дека институциите соодветно ќе ја завршат својата работа во однос на понатамошното постапување по случајот, меѓутоа она на што овој и бројни случаи укажуваат на потребата институциите конечно да започнат да работат со должно внимание на обезбедување на соодветна и навремена заштита на жртвите, но и да ја зајакнат превенцијата од родово базирано насилство, со цел да не се случуваат вакви фатални завршници.

The post Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите appeared first on Република.