платежни услуги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platezni-uslugi/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Nov 2022 09:10:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png платежни услуги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platezni-uslugi/ 32 32 Новини во платежната сфера од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novini-vo-plateznata-sfera-od-1-januari/ Sat, 26 Nov 2022 08:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=578432

Советот на Народната банка усвои сет подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера која ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1 јануари 2023 година.

Примената на новата правна рамка се очекува да ја засили конкуренцијата на пазарот на платежни услуги со тоа што ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги кои ќе треба да добијат соодветна дозвола од Народната банка. Така, од почетокот на следната година, покрај банките платежни услуги ќе може да даваат и платежни институции, штедилниците, како и институции за електронски пари. Новото конкурентно окружување се очекува да ги мотивира постоечките и новите даватели на платежни услуги и оператори на платни системи да им понудат на клиентите иновативни решенија за извршување на побрзи, поудобни и поевтини плаќања, информираат од Народна банка.

Оттаму посочуваат дека за извршување на платежните трансакции, граѓаните и бизнисите, односно правните и физичките лица, ќе може да отвораат сметки кај платежни институции и институции за електронски пари. Паричните средства на правните и физичките лица на овие сметки нема да претставуваат депозити и на нив нема да се пресметува и исплатува камата. Исто така, паричните средства кај платежните институции и институциите за електронски пари ќе бидат заштитени, со тоа што ќе се чуваат на посебни сметки во Народната банка, во деловните банки или штедилници, а нема да влегуваат ниту во стечајната или ликвидационата маса во случај на престанок со работа на институцијата или на банката и штедилницата каде што се чуваат.

Новата регулатива, како што е наведено во соопштението од Народна банка, ќе овозможи и поголема заштита на правата на корисниците на платежни услуги, а особено на физичките лица кои се потрошувачи, преку стандардизирање на содржината на рамковните договори кои ги склучуваат со давателите на платежни услуги и обврзување на давателите на платежни услуги да им даваат целосни, јасни и навремени информации за платежните услуги кои ги нудат и условите за нивно извршување.

Особено значајна новина за потрошувачите ќе биде олеснетото споредување на надоместоците за услугите поврзани со платежната сметка. За оваа цел, Народната банка ќе објави листа на 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка кои потрошувачите најчесто ги користат. Со цел појасно претставување на понудените услуги на потрошувачите и нивна споредливост, давателите на платежни услуги ќе бидат должни, пред склучувањето на рамковен договор за користење на платежни услуги, да му дадат на потрошувачот информативен документ за надоместоците на услугите, според стандардизираните термини и дефиниции од листата на најрепрезентативните услуги. Воедно, ќе бидат должни да ги достават до Народната банка и податоците за надоместоците за најрепрезентативните услуги што ќе ги нудат на потрошувачите. Тие податоци ќе бидат објавени веб-страницата на Народната Банка, што ќе им помогне на потрошувачите на лесен начин да да ги споредат надоместоците што ги нудат различни даватели на ваквите услуги. На овој начин, се очекува да се зголеми информираноста на потрошувачите и да се олесни донесувањето на одлуки од нивна страна за користење на платежни услуги од конкретен давател на платежни услуги. Споредбата на надоместоците на веб-страната на Народната банка се очекува да биде овозможена најдоцна до 30 септември 2023 година.

На оваа седница Советот на Народната банка, како што се наведува во соопштението, усвои и други подзаконски акти со кои подетално се регулираат прашањата поврзани со капиталните барања за новите даватели на платежни услуги, стандардите за работење на платните системи, известувањето до Народната банка и надзорот кој ќе го спроведува Банката над нивното работење.

The post Новини во платежната сфера од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Советот на Народната банка усвои сет подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера која ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1 јануари 2023 година.
Примената на новата правна рамка се очекува да ја засили конкуренцијата на пазарот на платежни услуги со тоа што ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги кои ќе треба да добијат соодветна дозвола од Народната банка. Така, од почетокот на следната година, покрај банките платежни услуги ќе може да даваат и платежни институции, штедилниците, како и институции за електронски пари. Новото конкурентно окружување се очекува да ги мотивира постоечките и новите даватели на платежни услуги и оператори на платни системи да им понудат на клиентите иновативни решенија за извршување на побрзи, поудобни и поевтини плаќања, информираат од Народна банка.
Оттаму посочуваат дека за извршување на платежните трансакции, граѓаните и бизнисите, односно правните и физичките лица, ќе може да отвораат сметки кај платежни институции и институции за електронски пари. Паричните средства на правните и физичките лица на овие сметки нема да претставуваат депозити и на нив нема да се пресметува и исплатува камата. Исто така, паричните средства кај платежните институции и институциите за електронски пари ќе бидат заштитени, со тоа што ќе се чуваат на посебни сметки во Народната банка, во деловните банки или штедилници, а нема да влегуваат ниту во стечајната или ликвидационата маса во случај на престанок со работа на институцијата или на банката и штедилницата каде што се чуваат. Новата регулатива, како што е наведено во соопштението од Народна банка, ќе овозможи и поголема заштита на правата на корисниците на платежни услуги, а особено на физичките лица кои се потрошувачи, преку стандардизирање на содржината на рамковните договори кои ги склучуваат со давателите на платежни услуги и обврзување на давателите на платежни услуги да им даваат целосни, јасни и навремени информации за платежните услуги кои ги нудат и условите за нивно извршување. Особено значајна новина за потрошувачите ќе биде олеснетото споредување на надоместоците за услугите поврзани со платежната сметка. За оваа цел, Народната банка ќе објави листа на 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка кои потрошувачите најчесто ги користат. Со цел појасно претставување на понудените услуги на потрошувачите и нивна споредливост, давателите на платежни услуги ќе бидат должни, пред склучувањето на рамковен договор за користење на платежни услуги, да му дадат на потрошувачот информативен документ за надоместоците на услугите, според стандардизираните термини и дефиниции од листата на најрепрезентативните услуги. Воедно, ќе бидат должни да ги достават до Народната банка и податоците за надоместоците за најрепрезентативните услуги што ќе ги нудат на потрошувачите. Тие податоци ќе бидат објавени веб-страницата на Народната Банка, што ќе им помогне на потрошувачите на лесен начин да да ги споредат надоместоците што ги нудат различни даватели на ваквите услуги. На овој начин, се очекува да се зголеми информираноста на потрошувачите и да се олесни донесувањето на одлуки од нивна страна за користење на платежни услуги од конкретен давател на платежни услуги. Споредбата на надоместоците на веб-страната на Народната банка се очекува да биде овозможена најдоцна до 30 септември 2023 година. На оваа седница Советот на Народната банка, како што се наведува во соопштението, усвои и други подзаконски акти со кои подетално се регулираат прашањата поврзани со капиталните барања за новите даватели на платежни услуги, стандардите за работење на платните системи, известувањето до Народната банка и надзорот кој ќе го спроведува Банката над нивното работење.

The post Новини во платежната сфера од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Со Законот за платежни услуги влез на нови даватели на услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-zakonot-za-platezni-uslugi-vlez-na-novi-davateli-na-uslugi-poniski-troshoci-i-zashtita-na-potroshuvachite/ Tue, 19 Apr 2022 09:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=490395

Од утре стапува во сила Законот за платежни услуги и платни системи со кој се овозможува либерализација на финансискиот пазар со влез на нови даватели на платежни услуги, нови платежни услуги и намалување на надоместот за трансакциите. Овие новини ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите од 1 јануари 2023 година.

Со либерализацијата на пазарот се овозможува, покрај банките, кои досега имаа монопол во давањето платежни услуги, на пазарот да се појават и платежни институции, односно трговски друштва кои врз основа на дозвола од Народната банка, ќе даваат платежни услуги.

Услугата за иницирање плаќање ќе им овозможи на корисниците да иницираат трансакции за плаќање преку интернет или преку мобилни апликации на товар на нивната банкарска сметка. Оваа услуга ќе биде особено корисна во сферата на електронската трговија, односно наместо со платежна картичка, на интернет продажните места ќе може да се плати и со користење електронско банкарство.

Услугaта за давање информации за платежни сметки, пак, ќе овозможи полесно следење на извршените трансакции и состојбата на сметките. Дополнително, за корисникот тоа ќе го олесни процесот за аплицирање со цел добивање кредитни продукти од банки и други финансиски институции.

Во овој контекст, значајна улога се очекува да одиграат финтек компаниите што имаат знаење, искуство и технологии за воспоставување брз, ефикасен и безбеден електронски пристап до даватели на услуги, односно реализација на платежни трансакции. Влезот, пак, на пазарот на овие финтек компании ќе се стимулира преку олеснети барања во однос на критериумите за започнување со вршење платежни услуги, а со цел да се привлечат финтек компаниите што треба да бидат двигатели на иновативни и дигитализирани платежни услуги и да ја засилат конкуренцијата на пазарот што ќе значи подобри платежни услуги по пониски цени, појаснуваат од Министерството за финансии.

Оттаму нагласуваат дека со Законот особено внимание се посветува на заштитата на потрошувачите, со тоа што се воведуваат задолжителни преддоговорни и договорни информации, што давателите на платежни услуги се должни да му ги дадат на потрошувачот со цел тој да може да донесе правилен избор и одлука дали да прифати користење услуги од тој давател.

Исто така, јавно ќе бидат објавени и информациите за надоместоците што ги наплатуваат за платежните трансакции, за услугата на продавачот и слично. Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ја пренесат платежната сметка од еден кај друг давател на услугата. За ранливите категории (корисници на законски права) се воведуваат и бесплатни услуги, односно нема да се наплатува надоместок за најмалку пет трансакции што се порамнуваат интерно кај самиот давател на платежни услуги на месечна основа. Исто така, ќе може да се отвори платежна сметка со основни функции за потрошувачите со законско живеалиште и престојувалиште во Република Македонија, барател на азил и потрошувач на кој му е одбиено барање за престој и чие напуштање на Република Македонија не е можно поради правни или други практични причини (право на невраќање), велат од Министерството за финансии.

Новина во Законот е и ограничувањето на висината на заменскиот надомест што се пресметува и плаќа за секоја платежна трансакција заснована на платежна картичка, односно од сегашниот просечен надомест од 1,21 процент што го наплаќаат од трговците, тој ќе се сведе на 1 процент од вредноста на платежната трансакција на 1 октомври годинава и постепено ќе се намалува до 0,2 проценти во 2025 година.

Сметките на кои 24 месеци нема никакви приливи и одливи и депозитните сметки на кои 10 години нема остварено каква било комуникација ќе имаат третман на неактивни сметки, со што давателот на платежни сметки не смее да ја намали вредноста на паричните средства на овие сметки заради пресметка и наплата на какви било надоместоци.

Со Законот ќе се воспостави и Единствен регистар на сметки кој ќе го води и одржува Централниот регистар, во кој ќе се водат платежните сметки, депозитните и други денарски и девизни сметки и сефовите.

The post Со Законот за платежни услуги влез на нови даватели на услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Од утре стапува во сила Законот за платежни услуги и платни системи со кој се овозможува либерализација на финансискиот пазар со влез на нови даватели на платежни услуги, нови платежни услуги и намалување на надоместот за трансакциите. Овие новини ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите од 1 јануари 2023 година. Со либерализацијата на пазарот се овозможува, покрај банките, кои досега имаа монопол во давањето платежни услуги, на пазарот да се појават и платежни институции, односно трговски друштва кои врз основа на дозвола од Народната банка, ќе даваат платежни услуги. Услугата за иницирање плаќање ќе им овозможи на корисниците да иницираат трансакции за плаќање преку интернет или преку мобилни апликации на товар на нивната банкарска сметка. Оваа услуга ќе биде особено корисна во сферата на електронската трговија, односно наместо со платежна картичка, на интернет продажните места ќе може да се плати и со користење електронско банкарство. Услугaта за давање информации за платежни сметки, пак, ќе овозможи полесно следење на извршените трансакции и состојбата на сметките. Дополнително, за корисникот тоа ќе го олесни процесот за аплицирање со цел добивање кредитни продукти од банки и други финансиски институции. Во овој контекст, значајна улога се очекува да одиграат финтек компаниите што имаат знаење, искуство и технологии за воспоставување брз, ефикасен и безбеден електронски пристап до даватели на услуги, односно реализација на платежни трансакции. Влезот, пак, на пазарот на овие финтек компании ќе се стимулира преку олеснети барања во однос на критериумите за започнување со вршење платежни услуги, а со цел да се привлечат финтек компаниите што треба да бидат двигатели на иновативни и дигитализирани платежни услуги и да ја засилат конкуренцијата на пазарот што ќе значи подобри платежни услуги по пониски цени, појаснуваат од Министерството за финансии. Оттаму нагласуваат дека со Законот особено внимание се посветува на заштитата на потрошувачите, со тоа што се воведуваат задолжителни преддоговорни и договорни информации, што давателите на платежни услуги се должни да му ги дадат на потрошувачот со цел тој да може да донесе правилен избор и одлука дали да прифати користење услуги од тој давател. Исто така, јавно ќе бидат објавени и информациите за надоместоците што ги наплатуваат за платежните трансакции, за услугата на продавачот и слично. Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ја пренесат платежната сметка од еден кај друг давател на услугата. За ранливите категории (корисници на законски права) се воведуваат и бесплатни услуги, односно нема да се наплатува надоместок за најмалку пет трансакции што се порамнуваат интерно кај самиот давател на платежни услуги на месечна основа. Исто така, ќе може да се отвори платежна сметка со основни функции за потрошувачите со законско живеалиште и престојувалиште во Република Македонија, барател на азил и потрошувач на кој му е одбиено барање за престој и чие напуштање на Република Македонија не е можно поради правни или други практични причини (право на невраќање), велат од Министерството за финансии. Новина во Законот е и ограничувањето на висината на заменскиот надомест што се пресметува и плаќа за секоја платежна трансакција заснована на платежна картичка, односно од сегашниот просечен надомест од 1,21 процент што го наплаќаат од трговците, тој ќе се сведе на 1 процент од вредноста на платежната трансакција на 1 октомври годинава и постепено ќе се намалува до 0,2 проценти во 2025 година. Сметките на кои 24 месеци нема никакви приливи и одливи и депозитните сметки на кои 10 години нема остварено каква било комуникација ќе имаат третман на неактивни сметки, со што давателот на платежни сметки не смее да ја намали вредноста на паричните средства на овие сметки заради пресметка и наплата на какви било надоместоци. Со Законот ќе се воспостави и Единствен регистар на сметки кој ќе го води и одржува Централниот регистар, во кој ќе се водат платежните сметки, депозитните и други денарски и девизни сметки и сефовите.

The post Со Законот за платежни услуги влез на нови даватели на услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>