платежни картички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platezni-kartichki/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 10:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png платежни картички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platezni-kartichki/ 32 32 Величковски: Се очекува раст на конкуренцијата на пазарот на платежни услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/velichkovski-se-ochekuva-rast-na-konkurentsijata-na-pazarot-na-platezhni-uslugi/ Sat, 15 Jun 2024 10:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=787792

Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски во гостување на „Блумберг Адрија“. Тој посочи дека една од значајните придобивки на новата правна рамка во платежната сфера е отворањето на пазарот за влез на нови даватели на платежни услуги, односно покрај банките, платежни услуги може да даваат и штедилниците, а како нови учесници на пазарот може да се јават и платежните институции и институциите за електронски пари.

Новите институции треба да добијат дозвола за давање платежни услуги и/или издавање електронски пари од Народната банка, за што треба да исполнат соодветни услови коишто се јасно пропишани со новата правна рамка. Во изминатиот период, поголем број субјекти се обратија до Народната банка со цел да го почнат процесот за добивање дозвола за давање платежни услуги, при што пет трговски друштва коишто даваа одредени видови платежни услуги (брз трансфер на пари или издавање кредитни картички), во согласност со претходната правна рамка, поднесоа официјално барање со потребната документација во согласност со новата правна рамка и беа позитивно оценети. Покрај тоа, Народната банка му издаде дозвола на постоечкиот оператор на платниот систем-КИБС, којшто овозможува порамнување трансакции со кредитни трансфери, при што беше лиценциран за првпат во согласност со новите законски барања коишто ги следат практиките во земјите од Европската Унија. Во однос на интересот на новите небанкарски даватели на поширока лепеза платежни услуги, Величковски истакнува дека во моментов Народната банка е во активна комуникација со повеќе субјекти, од кои еден дел веќе даваат платежни услуги на пазарот во Европската Унија и во регионот. „Очекуваме дека овие субјекти, доколку ги исполнат пропишаните услови, ќе донесат иновативни решенија за плаќања на македонскиот пазар во согласност со глобалниот тренд поврзан со финтек-услугите“, рече Величковски.

Покрај зајакнувањето на конкуренцијата преку навлегувањето на нови даватели на платежни услуги на домашниот пазар, коишто би обезбедиле поевтини, побрзи и поудобни плаќања за граѓаните и компаниите, новата правна рамка создаде основа за поедноставување и поевтинување и на прекуграничните плаќања. „Ова би го постигнале со пристапувањето во СЕПА (Единствена област за плаќања во евра). Народната банка и релевантните државни институции со заеднички напори ја пополнија апликацијата за пристапување на нашата земја во СЕПА и на крајот на април годинава, Народната банка ја достави апликацијата до Европската комисија за добивање неформално мислење. Откако ќе го добиеме неформалното мислење и откако соодветно ќе постапиме според него, апликацијата ќе биде формално поднесена до Европскиот совет за плаќања за добивање формална оцена и одлучување за пристапот во СЕПА“, посочи Величковски.

The post Величковски: Се очекува раст на конкуренцијата на пазарот на платежни услуги appeared first on Република.

]]>

Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски во гостување на „Блумберг Адрија“. Тој посочи дека една од значајните придобивки на новата правна рамка во платежната сфера е отворањето на пазарот за влез на нови даватели на платежни услуги, односно покрај банките, платежни услуги може да даваат и штедилниците, а како нови учесници на пазарот може да се јават и платежните институции и институциите за електронски пари. Новите институции треба да добијат дозвола за давање платежни услуги и/или издавање електронски пари од Народната банка, за што треба да исполнат соодветни услови коишто се јасно пропишани со новата правна рамка. Во изминатиот период, поголем број субјекти се обратија до Народната банка со цел да го почнат процесот за добивање дозвола за давање платежни услуги, при што пет трговски друштва коишто даваа одредени видови платежни услуги (брз трансфер на пари или издавање кредитни картички), во согласност со претходната правна рамка, поднесоа официјално барање со потребната документација во согласност со новата правна рамка и беа позитивно оценети. Покрај тоа, Народната банка му издаде дозвола на постоечкиот оператор на платниот систем-КИБС, којшто овозможува порамнување трансакции со кредитни трансфери, при што беше лиценциран за првпат во согласност со новите законски барања коишто ги следат практиките во земјите од Европската Унија. Во однос на интересот на новите небанкарски даватели на поширока лепеза платежни услуги, Величковски истакнува дека во моментов Народната банка е во активна комуникација со повеќе субјекти, од кои еден дел веќе даваат платежни услуги на пазарот во Европската Унија и во регионот. „Очекуваме дека овие субјекти, доколку ги исполнат пропишаните услови, ќе донесат иновативни решенија за плаќања на македонскиот пазар во согласност со глобалниот тренд поврзан со финтек-услугите“, рече Величковски. Покрај зајакнувањето на конкуренцијата преку навлегувањето на нови даватели на платежни услуги на домашниот пазар, коишто би обезбедиле поевтини, побрзи и поудобни плаќања за граѓаните и компаниите, новата правна рамка создаде основа за поедноставување и поевтинување и на прекуграничните плаќања. „Ова би го постигнале со пристапувањето во СЕПА (Единствена област за плаќања во евра). Народната банка и релевантните државни институции со заеднички напори ја пополнија апликацијата за пристапување на нашата земја во СЕПА и на крајот на април годинава, Народната банка ја достави апликацијата до Европската комисија за добивање неформално мислење. Откако ќе го добиеме неформалното мислење и откако соодветно ќе постапиме според него, апликацијата ќе биде формално поднесена до Европскиот совет за плаќања за добивање формална оцена и одлучување за пристапот во СЕПА“, посочи Величковски.

The post Величковски: Се очекува раст на конкуренцијата на пазарот на платежни услуги appeared first on Република.

]]>
Продавач сликал картички од купувачи, оштетил 17 граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodavach-slikal-kartichki-od-kupuvachi-oshtetil-17-gragjani/ Tue, 29 Mar 2022 12:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=480341

СВР Скопје– Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(23) и А.Ѓ(25), двајцата од с.Рашче, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274 Б од Кривичниот законик.

Првопријавениот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификациските податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока.

На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела, стои во соопштението од МВР.

The post Продавач сликал картички од купувачи, оштетил 17 граѓани appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје– Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(23) и А.Ѓ(25), двајцата од с.Рашче, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274 Б од Кривичниот законик. Првопријавениот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификациските податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока. На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела, стои во соопштението од МВР.

The post Продавач сликал картички од купувачи, оштетил 17 граѓани appeared first on Република.

]]>