Платеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platenici/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 12:45:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Платеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platenici/ 32 32 Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-10-platenitsi-so-germansko-drzhavjanstvo-zaginale-vo-ukraina/ Sat, 16 Nov 2024 18:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=837906

Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина.

Овој податок стана познат од одговорот на германската влада на парламентарната истрага на пратеникот на Бундестагот од левичарската партија „Сара Вагенкнехт унија“, Андреј Гунко.

Гунко во интервју за „Франкфуртер Рундшау“ нагласува дека федералната влада мора да преземе мерки за да го спречи учеството на германските граѓани во конфликтот и ги повика германските власти поактивно да го промовираат почетокот на мировните преговори меѓу Киев и Москва.

The post Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина appeared first on Република.

]]>

Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина. Овој податок стана познат од одговорот на германската влада на парламентарната истрага на пратеникот на Бундестагот од левичарската партија „Сара Вагенкнехт унија“, Андреј Гунко. Гунко во интервју за „Франкфуртер Рундшау“ нагласува дека федералната влада мора да преземе мерки за да го спречи учеството на германските граѓани во конфликтот и ги повика германските власти поактивно да го промовираат почетокот на мировните преговори меѓу Киев и Москва.

The post Најмалку 10 платеници со германско државјанство загинале во Украина appeared first on Република.

]]>
Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата да станат дел од украинските вооружени сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sheeset-cheshki-drzhavjani-dobile-dozvola-od-drzhavata-da-stanat-del-od-ukrainskite-vooruzheni-sili/ Sun, 03 Nov 2024 14:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=833771

Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека на 60 чешки државјани им е дозволено да се приклучат на вооружените сили на Украина.

Како што објавуваат чешки медиуми, вкупно, повеќе од 180 Чеси се пријавиле да се приклучат на украинската армија.

Барањата ги разгледале МНР, МВР и Министерството за одбрана на Чешка, а потоа и претседателите, прво Милош Земан, а потоа и Петр Павел кој го наследи на функцијата.

Постојат и такви чешки граѓани кои се приклучуваат на украинските силк без да добијат официјална дозвола за тоа, кои во таков случај, според чешкиот закон, може да се соочат со затворска казна за платеник - до пет години. Сепак, во март 2022 година, Чешка одлучи да не ги казнува оние граѓани кои одат да се борат во Украина без дозвола од државата.

The post Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата да станат дел од украинските вооружени сили appeared first on Република.

]]>

Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека на 60 чешки државјани им е дозволено да се приклучат на вооружените сили на Украина. Како што објавуваат чешки медиуми, вкупно, повеќе од 180 Чеси се пријавиле да се приклучат на украинската армија. Барањата ги разгледале МНР, МВР и Министерството за одбрана на Чешка, а потоа и претседателите, прво Милош Земан, а потоа и Петр Павел кој го наследи на функцијата. Постојат и такви чешки граѓани кои се приклучуваат на украинските силк без да добијат официјална дозвола за тоа, кои во таков случај, според чешкиот закон, може да се соочат со затворска казна за платеник - до пет години. Сепак, во март 2022 година, Чешка одлучи да не ги казнува оние граѓани кои одат да се борат во Украина без дозвола од државата.

The post Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата да станат дел од украинските вооружени сили appeared first on Република.

]]>
Триесет македонски државјани загинале како платеници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trieset-makedonski-drzhavjani-zaginale-kako-platenitsi-vo-ukraina/ Thu, 14 Mar 2024 20:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=754912

Министерството за одбрана на Русија продолжува да ги следи сите странски платеници кои пристигнуваат во Украина за да учествуваат во воените дејствија.

Според податоците на руското министерство, од 24 февруари 2022 година, вкупниот број на странски платеници кои пристигнале во Украина изнесува 13.387. Истовремено, до денес е потврдено уништувањето на 5.962 странски платеници.

Во објавените податоци се наведува дека имало 90 државјани на Македонија коишто дошле да се борат во Украина, од кои загинале 30.

Неспорен лидер по бројот на пристигнати и на убиени платеници е Полска (пристигнале 2960, а убиени се 1497).

Од Грузија пристигнале 1042 платеници, од кои 561 загинале.

1.113 „војници на среќата“ пристигнале од САД, а Американците имаат 491 убиен платеник.

Загинати се повеќе од 40% од пристагнатите канадски платеници (422 од 1005).

Од 822 платеници кои пристигнале од Велика Британија, 360 се убиени.

Од Романија пристигнале 784 платеници, а елиминирани се 349.

Бројките за Германија се 235 пристагнати и 88 загинати платеници.

Во однос на Франција, која на сите нивоа го негира присуството на свои платеници на територијата на Украина, загинати се 147 од 356 пристигнати француски војници.

The post Триесет македонски државјани загинале како платеници во Украина appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија продолжува да ги следи сите странски платеници кои пристигнуваат во Украина за да учествуваат во воените дејствија. Според податоците на руското министерство, од 24 февруари 2022 година, вкупниот број на странски платеници кои пристигнале во Украина изнесува 13.387. Истовремено, до денес е потврдено уништувањето на 5.962 странски платеници. Во објавените податоци се наведува дека имало 90 државјани на Македонија коишто дошле да се борат во Украина, од кои загинале 30. Неспорен лидер по бројот на пристигнати и на убиени платеници е Полска (пристигнале 2960, а убиени се 1497). Од Грузија пристигнале 1042 платеници, од кои 561 загинале. 1.113 „војници на среќата“ пристигнале од САД, а Американците имаат 491 убиен платеник. Загинати се повеќе од 40% од пристагнатите канадски платеници (422 од 1005). Од 822 платеници кои пристигнале од Велика Британија, 360 се убиени. Од Романија пристигнале 784 платеници, а елиминирани се 349. Бројките за Германија се 235 пристагнати и 88 загинати платеници. Во однос на Франција, која на сите нивоа го негира присуството на свои платеници на територијата на Украина, загинати се 147 од 356 пристигнати француски војници.

The post Триесет македонски државјани загинале како платеници во Украина appeared first on Република.

]]>
Триесет македонски државјани загинале меѓу платениците во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trieset-makedonski-drzhavjani-zaginale-megu-platenitsite-vo-ukraina/ Thu, 14 Mar 2024 18:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=754867

Министерството за одбрана на Русија продолжува да ги следи сите странски платеници кои пристигнуваат во Украина за да учествуваат во воените дејствија.

Според податоците на руското министерство, од 24 февруари 2022 година, вкупниот број на странски платеници кои пристигнале во Украина изнесува 13.387. Истовремено, до денес е потврдено уништувањето на 5.962 странски платеници.

Во објавените податоци се наведува дека имало 90 државјани на Македонија коишто дошле да се борат во Украина, од кои загинале 30.

Неспорен лидер по бројот на пристигнати и на убиени платеници е Полска (пристигнале 2960, а убиени се 1497).

Од Грузија пристигнале 1042 платеници, од кои 561 загинале.

1.113 „војници на среќата“ пристигнале од САД, а Американците имаат 491 убиен палтеник.

Загинати се повеќе од 40% од пристагнатите канадски платеници (422 од 1005).

Од 822 платеници кои пристигнале од Велика Британија, 360 се убиени.

Од Романија пристигнале 784 платеници, а елиминирани се 349.

Бројките за Германија се 235 пристагнати и 88 загинати платеници.

Во однос на Франција, која на сите нивоа го негира присуството на свои платеници на територијата на Украина, загинати се 147 од 356 пристигнати француски војници.

The post Триесет македонски државјани загинале меѓу платениците во Украина appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија продолжува да ги следи сите странски платеници кои пристигнуваат во Украина за да учествуваат во воените дејствија. Според податоците на руското министерство, од 24 февруари 2022 година, вкупниот број на странски платеници кои пристигнале во Украина изнесува 13.387. Истовремено, до денес е потврдено уништувањето на 5.962 странски платеници. Во објавените податоци се наведува дека имало 90 државјани на Македонија коишто дошле да се борат во Украина, од кои загинале 30. Неспорен лидер по бројот на пристигнати и на убиени платеници е Полска (пристигнале 2960, а убиени се 1497). Од Грузија пристигнале 1042 платеници, од кои 561 загинале. 1.113 „војници на среќата“ пристигнале од САД, а Американците имаат 491 убиен палтеник. Загинати се повеќе од 40% од пристагнатите канадски платеници (422 од 1005). Од 822 платеници кои пристигнале од Велика Британија, 360 се убиени. Од Романија пристигнале 784 платеници, а елиминирани се 349. Бројките за Германија се 235 пристагнати и 88 загинати платеници. Во однос на Франција, која на сите нивоа го негира присуството на свои платеници на територијата на Украина, загинати се 147 од 356 пристигнати француски војници.  

The post Триесет македонски државјани загинале меѓу платениците во Украина appeared first on Република.

]]>
Американски воен експерт: Прецизните удари на Русија го „намалуваат ентузијазмот“ на платениците што се борат за украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-voen-ekspert-pretsiznite-udari-na-rusija-go-namaluvaat-entuzijazmot-na-platenitsite-shto-se-borat-za-ukrainskite-sili/ Fri, 26 Jan 2024 21:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=737304

Прецизните напади на руските сили врз објектите во кои се сместени странски платеници во Украина ќе го „намалат ентузијазмот“ на таквите „борци за изнајмување“, вели пензионираниот потполковник на американските воздухопловни сили, Карен Квјатковски.

Поранешниот аналитичар на американското Министерство за одбрана, забележува дека ударите како оној што Русија го изврши врз Харков, „го подигаат нивото на ризик за овие војници и другите, кои се во Украина главно за пари“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-24-platenici-od-makedonija-zaginale-na-frontot-vo-ukraina/

Размислувајќи за тоа какви луѓе би биле подготвени да работат хонорарци за украинската војска, експертот вели дека има голем број поранешни учесници во војни ширум светот, за кои војувањето е работа што најдобро ја знаат.

Има луѓе, вклучително и Американци, кои се психички уништени за нормална работа и живот како резултат на 30 и повеќе години американска интервенција во Ирак, Авганистан, дури и во поранешна Југославија и многу други места. Некои се без сомнение социопати кои уживаат да пукаат луѓе, но други се обидуваат да се чувствуваат како дел од нешто што е реално, а борбата им го дава тоа“, вели американскиот експерт.

https://republika.mk/vesti/svet/kreml-vo-kramatorsk-gagavme-samo-voeni-tseli-i-mesta-na-sobirane-na-stranski-platenitsi/

Квјатковски додава дека повеќето кои директно работат за Украинците се веројатно повеќе маргиналци отколку професионалци.

Затоа што Украина е зафатена со неволји за регрутирање дома, заедно со лошото политичко и воено лидерство, секој платеник, без посебна лојалност кон Украина и со одредено искуство во битка, брзо ќе го процени односот ризик/награда и ќе избере соодветен начин на дејствување“, вели Квјатковски.

The post Американски воен експерт: Прецизните удари на Русија го „намалуваат ентузијазмот“ на платениците што се борат за украинските сили appeared first on Република.

]]>

Прецизните напади на руските сили врз објектите во кои се сместени странски платеници во Украина ќе го „намалат ентузијазмот“ на таквите „борци за изнајмување“, вели пензионираниот потполковник на американските воздухопловни сили, Карен Квјатковски.

Поранешниот аналитичар на американското Министерство за одбрана, забележува дека ударите како оној што Русија го изврши врз Харков, „го подигаат нивото на ризик за овие војници и другите, кои се во Украина главно за пари“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-24-platenici-od-makedonija-zaginale-na-frontot-vo-ukraina/ Размислувајќи за тоа какви луѓе би биле подготвени да работат хонорарци за украинската војска, експертот вели дека има голем број поранешни учесници во војни ширум светот, за кои војувањето е работа што најдобро ја знаат.
Има луѓе, вклучително и Американци, кои се психички уништени за нормална работа и живот како резултат на 30 и повеќе години американска интервенција во Ирак, Авганистан, дури и во поранешна Југославија и многу други места. Некои се без сомнение социопати кои уживаат да пукаат луѓе, но други се обидуваат да се чувствуваат како дел од нешто што е реално, а борбата им го дава тоа“, вели американскиот експерт.
https://republika.mk/vesti/svet/kreml-vo-kramatorsk-gagavme-samo-voeni-tseli-i-mesta-na-sobirane-na-stranski-platenitsi/ Квјатковски додава дека повеќето кои директно работат за Украинците се веројатно повеќе маргиналци отколку професионалци.
Затоа што Украина е зафатена со неволји за регрутирање дома, заедно со лошото политичко и воено лидерство, секој платеник, без посебна лојалност кон Украина и со одредено искуство во битка, брзо ќе го процени односот ризик/награда и ќе избере соодветен начин на дејствување“, вели Квјатковски.

The post Американски воен експерт: Прецизните удари на Русија го „намалуваат ентузијазмот“ на платениците што се борат за украинските сили appeared first on Република.

]]>
МНР нема информации дека македонски државјани се борат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-nema-informacii-deka-makedonski-drzavjani-se-borat-vo-ukraina/ Wed, 10 Aug 2022 18:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=538867

Министертво за надворешни работи нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина.

Ваквото соопштение доаѓа по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 79 наши граѓани.

Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана - велат за МИА од МНР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvajca-makedonski-platenici-zaginale-vo-ukraina-vkupnniot-broj-se-iskachi-na-26/

Властите во Москва објавија табела за странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои доаѓаат платеници во Украина е и Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Меѓу земјите од има платеници во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово.

The post МНР нема информации дека македонски државјани се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Министертво за надворешни работи нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина. Ваквото соопштение доаѓа по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 79 наши граѓани.
Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана - велат за МИА од МНР.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dvajca-makedonski-platenici-zaginale-vo-ukraina-vkupnniot-broj-se-iskachi-na-26/ Властите во Москва објавија табела за странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои доаѓаат платеници во Украина е и Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава. Меѓу земјите од има платеници во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово.

The post МНР нема информации дека македонски државјани се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Двајца македонски платеници загинале во Украина, вкупнниот број се искачи на 26 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvajca-makedonski-platenici-zaginale-vo-ukraina-vkupnniot-broj-se-iskachi-na-26/ Wed, 10 Aug 2022 17:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=538860

Нови двајца македонски државјани загинале во Украина, со што бројот на загинати платеници од Македонија, како што ги нарекува Кремљ, се искачи на 26, стои во статистиката објавена од руското министерство за одбрана.

Според табелата објавена од официјална Москва, од 24 февруари до сега, во Украина за борба пристигнале 79 државјани на Македонија, од кои дваесетина се вратиле, а во моментот на боиштата во Украина има 32 платеници од земјава. Според руските податоци, елиминирани биле една третина од македонските платеници. Официјалните претставници на Украина пак, досега немаат објавено вакви податоци.

Од македонското министерство за надворешни работи за „Канал 5“ велат дека не располагаат со релевантни информации поврзани со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту, пак, за загинати наши државјани во војната.

Русија тврди дека во последните четири недели бројот на платеници се намалил за 550, па сега околу 2.000 борци од странство се вклучени во борбите во Украина. Од Москва велат дека иако се уште пристигнуваат борци на страната на Украина, таа бројка не била доволна за компензација на бројот на убиените и заминати од боиштата. Од украинска страна, пак, податоци за ова нема.

Инаку, според македонските закони, за војување во странска војска казната е неколку години затвор, а за слични дела, односно учество на боиштата во Ирак и Сирија, десетина лица се зад решетки и ја издржуваат затворската казна.

Според неофицијални информации, за војување или за извлекување на цивили како што официјално се нарекува работното место, пријавените во Украина добивале плата од илјада до две илјади долари на ден.

The post Двајца македонски платеници загинале во Украина, вкупнниот број се искачи на 26 appeared first on Република.

]]>

Нови двајца македонски државјани загинале во Украина, со што бројот на загинати платеници од Македонија, како што ги нарекува Кремљ, се искачи на 26, стои во статистиката објавена од руското министерство за одбрана. Според табелата објавена од официјална Москва, од 24 февруари до сега, во Украина за борба пристигнале 79 државјани на Македонија, од кои дваесетина се вратиле, а во моментот на боиштата во Украина има 32 платеници од земјава. Според руските податоци, елиминирани биле една третина од македонските платеници. Официјалните претставници на Украина пак, досега немаат објавено вакви податоци. Од македонското министерство за надворешни работи за „Канал 5“ велат дека не располагаат со релевантни информации поврзани со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту, пак, за загинати наши државјани во војната. Русија тврди дека во последните четири недели бројот на платеници се намалил за 550, па сега околу 2.000 борци од странство се вклучени во борбите во Украина. Од Москва велат дека иако се уште пристигнуваат борци на страната на Украина, таа бројка не била доволна за компензација на бројот на убиените и заминати од боиштата. Од украинска страна, пак, податоци за ова нема. Инаку, според македонските закони, за војување во странска војска казната е неколку години затвор, а за слични дела, односно учество на боиштата во Ирак и Сирија, десетина лица се зад решетки и ја издржуваат затворската казна. Според неофицијални информации, за војување или за извлекување на цивили како што официјално се нарекува работното место, пријавените во Украина добивале плата од илјада до две илјади долари на ден.

The post Двајца македонски платеници загинале во Украина, вкупнниот број се искачи на 26 appeared first on Република.

]]>
Во Украина се борат и платеници од Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-se-borat-i-platenici-od-avstrija/ Mon, 20 Jun 2022 11:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=517595

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во Украина, на страната на властите во Киев, се борат околу 7.000 странски платеници од 64 земји, а меѓу нив има и пет австриски државјани.

Од петтемина Австријци, двајца загинале во борбите, двајца се уште се на линијата на фронтот, а еден ја напуштил Украина, тврдат руските власти.

Ние немаме такви податоци. На почетокот на војната имаше неколку анонимни истраги за можноста за учество на австриски државјани во војната - изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Австрија, Габриела Јуен.

The post Во Украина се борат и платеници од Австрија appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во Украина, на страната на властите во Киев, се борат околу 7.000 странски платеници од 64 земји, а меѓу нив има и пет австриски државјани. Од петтемина Австријци, двајца загинале во борбите, двајца се уште се на линијата на фронтот, а еден ја напуштил Украина, тврдат руските власти.
Ние немаме такви податоци. На почетокот на војната имаше неколку анонимни истраги за можноста за учество на австриски државјани во војната - изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Австрија, Габриела Јуен.

The post Во Украина се борат и платеници од Австрија appeared first on Република.

]]>
Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-za-ukraina-se-soochuvaat-so-smrtna-kazna-vo-donjeck/ Thu, 09 Jun 2022 10:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=513067

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк.

РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели.

На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето.

На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници.

Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк. РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели. На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето. На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници. Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Генерал Конашенков: Најголем број од платеници во Украина се елиминирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/general-konashenkov-najgolem-broj-od-platenici-vo-ukraina-se-eliminirani/ Thu, 02 Jun 2022 13:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=510231

Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостатокот на искуство.

Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа на воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слабата обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гарда, во чии состав имаше платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штедеа странците - изјави Конашенков.

Тој додаде дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај.

Конашенков додаде дека руските воздушни-вселенски сили, во последните 24 часа погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните „Кракен“ и „Азов“ во областа Харков.

The post Генерал Конашенков: Најголем број од платеници во Украина се елиминирани appeared first on Република.

]]>

Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостатокот на искуство.
Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа на воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слабата обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гарда, во чии состав имаше платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штедеа странците - изјави Конашенков.
Тој додаде дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај. Конашенков додаде дека руските воздушни-вселенски сили, во последните 24 часа погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните „Кракен“ и „Азов“ во областа Харков.

The post Генерал Конашенков: Најголем број од платеници во Украина се елиминирани appeared first on Република.

]]>
Британскa функционерка: Не сакаме Британците да се борат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanska-funkcionerka-ne-sakame-britancite-da-se-borat-vo-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 12:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=495134

Британската секретарка за меѓународна трговија, Ен-Мари Тревелјан ги повика британските граѓани да не патуваат во Украина за да се борат во војната, откако беше објавено дека еден Британец загинал, а друг е исчезнат.

Британските медиуми потврдија дека 36-годишниот Скот Сибли, официјално е првиот британски државјанин кој загинал во војната во Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/

Ја разбираме искрената искрена загриженост на јавноста, но не сакаме британските граѓани да одат и да се борат - изјави Тревелјан за „Скај њуз“.

Таа додаде дека има многу начини на кои Британија може да ги поддржи луѓето во Украина, како што се донации и сместување бегалци.

The post Британскa функционерка: Не сакаме Британците да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Британската секретарка за меѓународна трговија, Ен-Мари Тревелјан ги повика британските граѓани да не патуваат во Украина за да се борат во војната, откако беше објавено дека еден Британец загинал, а друг е исчезнат. Британските медиуми потврдија дека 36-годишниот Скот Сибли, официјално е првиот британски државјанин кој загинал во војната во Украина. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/
Ја разбираме искрената искрена загриженост на јавноста, но не сакаме британските граѓани да одат и да се борат - изјави Тревелјан за „Скај њуз“.
Таа додаде дека има многу начини на кои Британија може да ги поддржи луѓето во Украина, како што се донации и сместување бегалци.

The post Британскa функционерка: Не сакаме Британците да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Полска тајно подготвува „ослободителeн поход“ во Украина!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-tajno-podgotvuva-osloboditelen-pohod-vo-ukraina/ Thu, 21 Apr 2022 22:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=492051

На социјалните мрежи се појави информација дека Полската армија планира изведување тајна акција преку полско-украинската граница, за транспортирање воена опрема, но и војници во Украина.

18-та моторизирана дивизија и 6-та воздушно-десантна бригада ги завршуваат подготовките за „мировна мисија“. Веќе е во тек операцијата за испорака на оружје, опрема и платеници преку полско-украинската граница - се наведува во објавата на социјалните мрежи.

The post Полска тајно подготвува „ослободителeн поход“ во Украина!? appeared first on Република.

Уништен центар за обука на странски платеници во Одеса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unishten-centar-za-obuka-na-stranski-platenici-vo-odesa/ Fri, 08 Apr 2022 09:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=485217

Руските сили соопштија дека го уништиле центарот за обука на странски платеници во Украина, лоциран северно од Одеса.

Претходно, украинските власти соопштија дека руски бродови ја гранатирале Одеса и дека има оштетувања на инфраструктурата.

https://twitter.com/UkrainePicture/status/1512341234769092609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512341234769092609%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F616678%2Fukrajina-rat-44-dan%2Fvest

Одеса е стратешки клучен град. Нејзиното освојување ќе им овозможи на Русите да ја отсечат Украина од пристап до Црното Море.

The post Уништен центар за обука на странски платеници во Одеса appeared first on Република.

]]>

Руските сили соопштија дека го уништиле центарот за обука на странски платеници во Украина, лоциран северно од Одеса. Претходно, украинските власти соопштија дека руски бродови ја гранатирале Одеса и дека има оштетувања на инфраструктурата. https://twitter.com/UkrainePicture/status/1512341234769092609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512341234769092609%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F616678%2Fukrajina-rat-44-dan%2Fvest Одеса е стратешки клучен град. Нејзиното освојување ќе им овозможи на Русите да ја отсечат Украина од пристап до Црното Море.

The post Уништен центар за обука на странски платеници во Одеса appeared first on Република.

]]>
Професионалци кои не грешат, за нив „смртта е работа, а работата е добра“: Британски „Телеграф“ со репортажа за „Вагнер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/profesionalci-koi-ne-greshat-za-niv-smrtta-e-rabota-a-rabotata-e-dobra-britanski-telegraf-so-reportaza-za-vagner/ Mon, 28 Mar 2022 18:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=479911

Овие борци знаат што прават. Тие се сериозни и тоа го покажуваат; со овие унгарски пушки со голем калибар можете да погодите цел на околу еден километар. Ова оружје може да уништи секое возило и да запре секого и се.

Со ови зборови, британски „Телеграф“ ja почнува репортажата за приватната руска воена компанија „Вагнер“, чии платени војници уествувале во голем број воени конфликти ширум светот.

Веднаш штом почна руската инвазија на Украина, големт руски воен транспортен авион „Антонов“ од Централноафриканската Република донесе стотина платеници од злогласната група „Вагнер“ кои набрзо се приклучија на тим од околу 200 платеници кои веќе беа во источна Украина.

Сите овие борци пристигнаа со веќе драгоцено искуство од војување во елитните воени единици или безбедносни служби, најмногу во армиската единица за специјални намени Спецназ, Воената разузнавачка служба (ГРУ), Странската разузнавачка служба (СВР) или ФСБ, чии припадници се задолжени за заштита на Владимир Путин и Кремљ.

Некои од борците дојдоа од помалите региони каде што се присутни „вагнерите“, а тоа пристигнување беше силен сигнал дека Путин навистина планира воена инвазија на Украина - пишува „Телеграф“.

По пристигнувањето во областа контролирана од Русија, платениците тргнале да ги вршат своите задачи во специјални групи од по четворица војници, од кои едниот секогаш е снајперист.

Нивната задача е да ги елиминираат целите од највисок приоритети и со тоа да го оправдаат слоганот што понекогаш може да се види на нивните униформи, а кој гласи: „Смртта е наша работа, а работата е добра“, пишува „Телеграф“.

За потребите на репортажата, британскиот весник разговара со таканаречениот „Стариот Евреин“, човек кој живее во германско село каде што пристигнуваат бегалци од Украина уште од почетокот на војната.

Старецот бил ангажиран да помогне, делумно за да се искупи поради тоа што што кариерата ја поминал на високи позиции во една од најзлобните руски мафијашки банди. Тој раскажува како непријателите се обиделе да го ликвидираат во затвор, но тој со виљушка во вратот го избодел човекот што го испратиле да го убие. Овој старец познавал еден од борците кои пристигнале во источна Украина, а познава и еден од водачите на групата „Вагнер“ во Москва.

Тој вели дека му рекле дека во Украина биле испратени брутални платеници за да шират терор и да ги држат граѓаните во состојба на страв и паника. Бидејќи ги познава, старецот не се сомнева во нивната тактика и вештини, велејќи дека меѓу борците на „Вагнер“ има многу психопати, покрај некои од најспособните и најискусните луѓе што Путин би можел да ги избере за да ги постигне своите цели.

Овие борци се професионалци и знаат што прават. Тие се сериозни и може да се види; со овие унгарски пушки со голем калибар можете да погодите цел на околу еден километар. Овие оружја може да уништат секое возило и да запрат секого и сè. Тие не играат, и не грешат - предупредува тој.

Дека може да му се верува, докажува и морничавата репутација што ја уживаат „вагнерите“ по акциите што ги извршиле во Сирија, Либија и Централноафриканската Република.

Групата „Вагнер“ не е лојална на земјата или на идеологијата, ниту на Путин. Тие само сакаат да заработат пари - вели старецот.

Главната предност на оваа група, што се однесува до Кремљ, е тоа што тие можат да користат нелегално и недозволено оружје, но без да бидат дел од руската армија. На тој начин Кремљ би можел да избегне синџир на одговорност што се протега од Путин до касапите на „Вагнер“ на теренот - пишува „Телеграф“.

Британскиот весник вели дека таквите тактики се користеле во втората војна во Чеченија во 1999 година, кога на платениците им било кажано дека можат да прават што сакаат со секое место што го заземаат.

Она што е најстрашно од се, е што оваа војна дава многу повеќе шанси за заработка од онаа во Чеченија, што би значело дека слоганот „смртта е наша работа, а работата е добра“, испишана на униформите на „Вагнер“ може да биде многу вистинита - заклучува „Телеграф“ во својата репортажа.

The post Професионалци кои не грешат, за нив „смртта е работа, а работата е добра“: Британски „Телеграф“ со репортажа за „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>

Овие борци знаат што прават. Тие се сериозни и тоа го покажуваат; со овие унгарски пушки со голем калибар можете да погодите цел на околу еден километар. Ова оружје може да уништи секое возило и да запре секого и се. Со ови зборови, британски „Телеграф“ ja почнува репортажата за приватната руска воена компанија „Вагнер“, чии платени војници уествувале во голем број воени конфликти ширум светот.
Веднаш штом почна руската инвазија на Украина, големт руски воен транспортен авион „Антонов“ од Централноафриканската Република донесе стотина платеници од злогласната група „Вагнер“ кои набрзо се приклучија на тим од околу 200 платеници кои веќе беа во источна Украина.   Сите овие борци пристигнаа со веќе драгоцено искуство од војување во елитните воени единици или безбедносни служби, најмногу во армиската единица за специјални намени Спецназ, Воената разузнавачка служба (ГРУ), Странската разузнавачка служба (СВР) или ФСБ, чии припадници се задолжени за заштита на Владимир Путин и Кремљ.   Некои од борците дојдоа од помалите региони каде што се присутни „вагнерите“, а тоа пристигнување беше силен сигнал дека Путин навистина планира воена инвазија на Украина - пишува „Телеграф“.
По пристигнувањето во областа контролирана од Русија, платениците тргнале да ги вршат своите задачи во специјални групи од по четворица војници, од кои едниот секогаш е снајперист.
Нивната задача е да ги елиминираат целите од највисок приоритети и со тоа да го оправдаат слоганот што понекогаш може да се види на нивните униформи, а кој гласи: „Смртта е наша работа, а работата е добра“, пишува „Телеграф“.
За потребите на репортажата, британскиот весник разговара со таканаречениот „Стариот Евреин“, човек кој живее во германско село каде што пристигнуваат бегалци од Украина уште од почетокот на војната. Старецот бил ангажиран да помогне, делумно за да се искупи поради тоа што што кариерата ја поминал на високи позиции во една од најзлобните руски мафијашки банди. Тој раскажува како непријателите се обиделе да го ликвидираат во затвор, но тој со виљушка во вратот го избодел човекот што го испратиле да го убие. Овој старец познавал еден од борците кои пристигнале во источна Украина, а познава и еден од водачите на групата „Вагнер“ во Москва. Тој вели дека му рекле дека во Украина биле испратени брутални платеници за да шират терор и да ги држат граѓаните во состојба на страв и паника. Бидејќи ги познава, старецот не се сомнева во нивната тактика и вештини, велејќи дека меѓу борците на „Вагнер“ има многу психопати, покрај некои од најспособните и најискусните луѓе што Путин би можел да ги избере за да ги постигне своите цели.
Овие борци се професионалци и знаат што прават. Тие се сериозни и може да се види; со овие унгарски пушки со голем калибар можете да погодите цел на околу еден километар. Овие оружја може да уништат секое возило и да запрат секого и сè. Тие не играат, и не грешат - предупредува тој.
Дека може да му се верува, докажува и морничавата репутација што ја уживаат „вагнерите“ по акциите што ги извршиле во Сирија, Либија и Централноафриканската Република.
Групата „Вагнер“ не е лојална на земјата или на идеологијата, ниту на Путин. Тие само сакаат да заработат пари - вели старецот.
Главната предност на оваа група, што се однесува до Кремљ, е тоа што тие можат да користат нелегално и недозволено оружје, но без да бидат дел од руската армија. На тој начин Кремљ би можел да избегне синџир на одговорност што се протега од Путин до касапите на „Вагнер“ на теренот - пишува „Телеграф“.
Британскиот весник вели дека таквите тактики се користеле во втората војна во Чеченија во 1999 година, кога на платениците им било кажано дека можат да прават што сакаат со секое место што го заземаат.
Она што е најстрашно од се, е што оваа војна дава многу повеќе шанси за заработка од онаа во Чеченија, што би значело дека слоганот „смртта е наша работа, а работата е добра“, испишана на униформите на „Вагнер“ може да биде многу вистинита - заклучува „Телеграф“ во својата репортажа.

The post Професионалци кои не грешат, за нив „смртта е работа, а работата е добра“: Британски „Телеграф“ со репортажа за „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>
Русија: Уништен центар за обука, елиминирани 80 платеници, погодени вкупно 44 воени цели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-unishten-centar-za-obuka-eliminirani-80-platenici-pogodeni-vkupno-44-voeni-celi/ Mon, 21 Mar 2022 14:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=476153

Руското министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерска единица составена од хеликоптери Ка-52 и Ми-28Н на руските воздушни сили уништиле осум тенкови на украинската армија, четири пешадиски борбени возила и три оклопни транспортери.

Руските воздушни сили со крстосувачки ракети нападнаа центар за обука на странски платеници и украински националисти во регионот Ривне. Како резултат на овој ракетен напад, во центарот за обука се елимнирани 80 платеници и националисти - се наведува во соопштението на руското министерство.

Во него се додава дека високопрецизни крстосувачки ракети уништиле складиште со муниција и оружје, како и седиштето на механизирана воена бригада во близина на местото Селец во западна Украина.

Во текот на изминатата ноќ, руските воздухопловни сили уништиле вкупно 44 украински воени објекти, меѓу кои и шест противвоздушни ракетни системи БукзМ1.

The post Русија: Уништен центар за обука, елиминирани 80 платеници, погодени вкупно 44 воени цели appeared first on Република.

]]>

Руското министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерска единица составена од хеликоптери Ка-52 и Ми-28Н на руските воздушни сили уништиле осум тенкови на украинската армија, четири пешадиски борбени возила и три оклопни транспортери.
Руските воздушни сили со крстосувачки ракети нападнаа центар за обука на странски платеници и украински националисти во регионот Ривне. Како резултат на овој ракетен напад, во центарот за обука се елимнирани 80 платеници и националисти - се наведува во соопштението на руското министерство.
Во него се додава дека високопрецизни крстосувачки ракети уништиле складиште со муниција и оружје, како и седиштето на механизирана воена бригада во близина на местото Селец во западна Украина. Во текот на изминатата ноќ, руските воздухопловни сили уништиле вкупно 44 украински воени објекти, меѓу кои и шест противвоздушни ракетни системи БукзМ1.

The post Русија: Уништен центар за обука, елиминирани 80 платеници, погодени вкупно 44 воени цели appeared first on Република.

]]>
Според руското МО убиени се 180 странски платеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spored-ruskoto-mo-ubieni-se-180-stranski-platenici/ Sun, 13 Mar 2022 17:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=472191

Во нападот на центрите за обука на украинските војници во Старици и на полигонот Јаворовски загинаа до 180 странски платеници, соопшти руското Министерство за одбрана.

Ниту еден од Американците не работел во центарот за обука во близина на украинскиот град Лавов, кој, според извештаите на медиумите, бил ракетиран, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Таму немаше американски војници, генерално Американците не работеа во овој објект за обука. Заминавме, како што знаете, пред неколку недели, изјави Кирби за западните медиуми.

На социјалните мрежи беше објаснето зошто руските воздухопловно-космички сили извршија масивен (околу 30 ракети на украинска страна) напад на полигонот Јаворив.

Американскиот новинар Нолан Петерсон ги откри сите мапи. Тој рече дека од 200 странски борци кои пристигнале во Украина, само 30 решиле да се борат.

Петерсон рече дека денеска е извршен ракетен напад на транзитната точка за странци. Судејќи според добиените податоци, станува збор за полигонот Јаворовски во Лавовската област.

Специјалната операција на руската армија во Украина започна пред 17 дена. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека преговорите со Украина отсега ќе се одвиваат преку видео повик, наместо во Белорусија, како што беше досега. Околу 13.000 луѓе вчера беа евакуирани од украинските градови.

The post Според руското МО убиени се 180 странски платеници appeared first on Република.

]]>

Во нападот на центрите за обука на украинските војници во Старици и на полигонот Јаворовски загинаа до 180 странски платеници, соопшти руското Министерство за одбрана. Ниту еден од Американците не работел во центарот за обука во близина на украинскиот град Лавов, кој, според извештаите на медиумите, бил ракетиран, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
Таму немаше американски војници, генерално Американците не работеа во овој објект за обука. Заминавме, како што знаете, пред неколку недели, изјави Кирби за западните медиуми.
На социјалните мрежи беше објаснето зошто руските воздухопловно-космички сили извршија масивен (околу 30 ракети на украинска страна) напад на полигонот Јаворив. Американскиот новинар Нолан Петерсон ги откри сите мапи. Тој рече дека од 200 странски борци кои пристигнале во Украина, само 30 решиле да се борат. Петерсон рече дека денеска е извршен ракетен напад на транзитната точка за странци. Судејќи според добиените податоци, станува збор за полигонот Јаворовски во Лавовската област. Специјалната операција на руската армија во Украина започна пред 17 дена. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека преговорите со Украина отсега ќе се одвиваат преку видео повик, наместо во Белорусија, како што беше досега. Околу 13.000 луѓе вчера беа евакуирани од украинските градови.

The post Според руското МО убиени се 180 странски платеници appeared first on Република.

]]>
Летонија со закон им дозволи на своите граѓани да се борат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/letonija-so-zakon-im-dozvoli-na-svoite-gragjani-da-se-borat-vo-ukraina/ Mon, 28 Feb 2022 11:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=465215

Летонскиот парламент едногласно изгласа да им дозволи на летонските граѓани да се борат во Украина доколку сакаат, се наведува во денешното соопштение на Парламентот.

Нашите граѓани кои сакаат да ја поддржат Украина и доброволно да служат таму во одбрана на украинската независност и нашата заедничка безбедност можат да го сторат тоа - изјави претседателот на парламентарната комисија за одбрана, внатрешни работи и спречување на корупција, Јурис Ранчанис.

Како што се наведува во соопштението, парламентарната комисија на Летонија веќе го подготвила законот.

The post Летонија со закон им дозволи на своите граѓани да се борат во Украина appeared first on Република.