платена пракса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platena-praksa/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 18:28:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png платена пракса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/platena-praksa/ 32 32 Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/veke-imame-postapeno-za-shestmesechnata-platena-praksa-na-mladite-lekari-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 07 Mar 2024 18:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=752390

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има околу шестмесечната платена пракса на младите лекари што треба да бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат преку соопштение од ресорното министерство.

Реакцијата од Министерството доаѓа откако денеска млади лекари реагираа оти веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса за која од Министерството за здравство се со закон обврзани заради нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.

Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека за заклучокот на националната Комисија за имунизација веќе била информирана Владата. Исто така, додаваат од Здравство, заклучокот бил испратен до Министерството за финансии, а се чека одговор и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи се работи за предизборен период.

https://republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/

The post Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има околу шестмесечната платена пракса на младите лекари што треба да бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат преку соопштение од ресорното министерство. Реакцијата од Министерството доаѓа откако денеска млади лекари реагираа оти веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса за која од Министерството за здравство се со закон обврзани заради нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.
Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека за заклучокот на националната Комисија за имунизација веќе била информирана Владата. Исто така, додаваат од Здравство, заклучокот бил испратен до Министерството за финансии, а се чека одговор и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи се работи за предизборен период. https://republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/

The post Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>