плата во плик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plata-vo-plik/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 07:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плата во плик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plata-vo-plik/ 32 32 Со „плата во плико“ работниците ќе може да бидат отпуштени во било кое време, а придонесите да им бидат само 290 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-plata-vo-pliko-rabotnitsite-ke-mozhe-da-bidat-otpushteni-vo-bilo-koe-vreme-a-pridonesite-da-im-bidat-samo-290-denari/ Wed, 31 Jan 2024 14:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=739048

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија.

Според Трендафилов, поразително е да се предлага закон со кој ќе се елиминира Законот за работни односи. Со ваквото законско решение, како што посочи, работниците стануваат модерни робови на кои ќе им се плаќаат придонеси од околу 290 денари дневно, а работодавачот ќе ги ангажира и отпушта кога сака.

Недозволиво е во Македонија во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија. Зошто? Заради тоа што сакаме се што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работни односи. Поразително е да давате изјави и да кажувате дека ваквото законско решение ќе се рашири опфатот на сите други работни места, односно на сите други дејности, изјави Трендафилов, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За ССМ е недозволиво дополнително да се усложнуваат работите во услови кога работодавачите одбиваат да издадат дури и решение за секое користење на годишен одмор на работниците.

Сакаат да дадат едно решение годишно, а сега ќе ги вработуваат на дневна основа. Патем тие работници нема да имаат договор за вработување, немаат да знаат што со нивната егзистенција, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција за нивното семејство. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како е, изјави Трендафилов.

The post Со „плата во плико“ работниците ќе може да бидат отпуштени во било кое време, а придонесите да им бидат само 290 денари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија. Според Трендафилов, поразително е да се предлага закон со кој ќе се елиминира Законот за работни односи. Со ваквото законско решение, како што посочи, работниците стануваат модерни робови на кои ќе им се плаќаат придонеси од околу 290 денари дневно, а работодавачот ќе ги ангажира и отпушта кога сака.
Недозволиво е во Македонија во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија. Зошто? Заради тоа што сакаме се што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работни односи. Поразително е да давате изјави и да кажувате дека ваквото законско решение ќе се рашири опфатот на сите други работни места, односно на сите други дејности, изјави Трендафилов, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
За ССМ е недозволиво дополнително да се усложнуваат работите во услови кога работодавачите одбиваат да издадат дури и решение за секое користење на годишен одмор на работниците.
Сакаат да дадат едно решение годишно, а сега ќе ги вработуваат на дневна основа. Патем тие работници нема да имаат договор за вработување, немаат да знаат што со нивната егзистенција, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција за нивното семејство. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како е, изјави Трендафилов.

The post Со „плата во плико“ работниците ќе може да бидат отпуштени во било кое време, а придонесите да им бидат само 290 денари appeared first on Република.

]]>
Со „плата на рака“ Владата нè враќа 10 години назад https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-plata-na-raka-vladata-ne-vraka-10-godini-nazad/ Wed, 24 Jan 2024 09:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=736216

„Гласен текстилец“ со огромно разочарување ја доби веста дека Владата подготвува предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка, велат од здружението, потсетувајќи дека со овој предлог предвидено е добивање и на плата во плик.

Како социјал демократска Влада го укинаа членот од законот кој даваше помала плата на текстилните работници од работниците во другите индустрии. Но, еве сега нè враќаат назад 10 години со овој дискриминирачки Закон. Сивата (нелегална) економија драстично расте, наместо да се изнаоѓа решение за сузбивање и намалување на истата, овде се дава амин на уште поголем процент на сива економија за која алармира и Светска банка. Овде повторно исходот е таков со оваа погрешна политика која повторно се води на штета на работникот, вели претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.

Таа додава дека со овој предлог Закон ќе се создаде нездрава бизнис клима, а нивото на нелојална конкуренција ќе расте со поддршка на Владата.

Со овој предлог Закон, домашната економија полека но сигурно изумира и тоа е навистина жално за една држава која има голем потенцијал иако е мала. Во која европска држава постои вакво нешто кое е регулирано во Закон, каде што еден работник е ставен во понеповолна положба од друг? Зошто во предлог законот на Владата, во стартот се прави дискриминација на работниците?, прашува Ампева.

Посочува дека „Гласен текстилец“ ги повикува синдикатите,работодавачите од сите останати дејности кои не се опфатени овде, да застанат рамо до рамо и да направат притисок за ова штетно решение, со цел какошто вели никогаш да не заживее и да не биде законски регулирано во ниту еден Закон и никогаш да не стапи на сила.

Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партиии дека ова законско решение не смее да се донесе,истите тие пратеници ќе треба да ги погледнат работниците во очи. Доколку земаме сите плата во плик и би помагале со тоа свесно да има пораст на сивата економија во државата,тогаш како ќе се полнат пензискиот и здравствениот фонд, буџетот на Македонија и како ќе се исплаќаат и онака големите плати на функционерите и на целата администрација, изјави Ампева.

The post Со „плата на рака“ Владата нè враќа 10 години назад appeared first on Република.