пластика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plastika/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 17:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пластика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plastika/ 32 32 Студија: Сè повеќе пластика се натрупува во човечкиот мозок https://arhiva3.republika.mk/zivot/studija-se-poveke-plastika-se-natrupuva-vo-chovechkiot-mozok/ Tue, 27 Aug 2024 17:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=810687

Во примероци на човечки мозок собрани на обдукции на почетокот на 2024 година се пронајдени повеќе ситни парчиња пластика во споредба со примероците собрани осум години претходно.

- Концентрациите што ги видовме во мозочното ткиво на нормални поединци, кои имаа просечна возраст од околу 45 или 50 години, изнесуваа 4.800 микрограми по грам, или 0,5 проценти по тежина, вели Метју Кампен, професор по фармацевтски науки на Универзитетот во Ново Мексико.

- Во споредба со обдукциските примероци од мозокот од 2016 година, тоа е зголемување за околу 50 проценти. Тоа би значело дека нашиот мозок денес е 99,5 проценти мозок, а остатокот е пластика, изјави Кампен.

Ова зголемување само покажува изложеност и не дава информации за оштетување на мозокот, истакна Фиби Стејплтон, вонреден професор по фармакологија и токсикологија на Универзитетот Рутгерс во Пискатавеј, Њу Џерси.

- Нејасно е дали овие честички во животот се течни, влегуваат и излегуваат од мозокот, или се собираат во невролошкото ткиво и предизвикуваат болести. Потребни се понатамошни истражувања за да се разбере како честичките можат да стапат во интеракција со клетките и дали тоа има токсиколошки последици, додаде таа.

Примероците од мозокот содржеле 7 до 30 пати повеќе ситни парчиња пластика отколку примероците од бубрезите и црниот дроб, се вели во нацртот на студијата.

The post Студија: Сè повеќе пластика се натрупува во човечкиот мозок appeared first on Република.

]]>

Во примероци на човечки мозок собрани на обдукции на почетокот на 2024 година се пронајдени повеќе ситни парчиња пластика во споредба со примероците собрани осум години претходно.
- Концентрациите што ги видовме во мозочното ткиво на нормални поединци, кои имаа просечна возраст од околу 45 или 50 години, изнесуваа 4.800 микрограми по грам, или 0,5 проценти по тежина, вели Метју Кампен, професор по фармацевтски науки на Универзитетот во Ново Мексико.
- Во споредба со обдукциските примероци од мозокот од 2016 година, тоа е зголемување за околу 50 проценти. Тоа би значело дека нашиот мозок денес е 99,5 проценти мозок, а остатокот е пластика, изјави Кампен. Ова зголемување само покажува изложеност и не дава информации за оштетување на мозокот, истакна Фиби Стејплтон, вонреден професор по фармакологија и токсикологија на Универзитетот Рутгерс во Пискатавеј, Њу Џерси.
- Нејасно е дали овие честички во животот се течни, влегуваат и излегуваат од мозокот, или се собираат во невролошкото ткиво и предизвикуваат болести. Потребни се понатамошни истражувања за да се разбере како честичките можат да стапат во интеракција со клетките и дали тоа има токсиколошки последици, додаде таа.
Примероците од мозокот содржеле 7 до 30 пати повеќе ситни парчиња пластика отколку примероците од бубрезите и црниот дроб, се вели во нацртот на студијата.

The post Студија: Сè повеќе пластика се натрупува во човечкиот мозок appeared first on Република.

]]>
Се повлекува „милка орео“ од 37 грама поради пластика https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-povlekuva-milka-oreo-od-37-grama-poradi-plastika/ Fri, 08 Mar 2024 10:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=752583

Од продавниците се повлекува чоколаден бар „милка орео“ од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД „Нелт“.

Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024 година.

 

The post Се повлекува „милка орео“ од 37 грама поради пластика appeared first on Република.

]]>

Од продавниците се повлекува чоколаден бар „милка орео“ од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД „Нелт“. Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024 година.  

The post Се повлекува „милка орео“ од 37 грама поради пластика appeared first on Република.

]]>
Од 2030 година ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во рестораните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-2030-godina-eu-ke-zabrani-plastichna-ambalazha-vo-restoranite/ Tue, 05 Mar 2024 08:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=751321

ЕУ постигна договор за забрана на пластична амбалажа на овошје и зеленчук во супермаркетите, мини пакувања кечап во рестораните и мали шишиња со шампон во хотелите во обид да се намали отпадот од пакувањето.

Согласно договорот, до 2030 година треба целосно да биде забранета употребата на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството.

Според договорот, низа „формати на пластична амбалажа за еднократна употреба“, вклучително и употребата на фолии за заштита за куфери на аеродромите, ќе бидат забранети од 2030 година.

И натаму ќе бидат дозволено пакувања од хартија или картон.

Европратениците синоќа се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта за намалување на обемот на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година.

Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции (ПФАС) во амбалажата на храната, кои се штетни „вечни загадувачи“.

The post Од 2030 година ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во рестораните appeared first on Република.

]]>

ЕУ постигна договор за забрана на пластична амбалажа на овошје и зеленчук во супермаркетите, мини пакувања кечап во рестораните и мали шишиња со шампон во хотелите во обид да се намали отпадот од пакувањето. Согласно договорот, до 2030 година треба целосно да биде забранета употребата на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството. Според договорот, низа „формати на пластична амбалажа за еднократна употреба“, вклучително и употребата на фолии за заштита за куфери на аеродромите, ќе бидат забранети од 2030 година. И натаму ќе бидат дозволено пакувања од хартија или картон. Европратениците синоќа се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта за намалување на обемот на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година. Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции (ПФАС) во амбалажата на храната, кои се штетни „вечни загадувачи“.

The post Од 2030 година ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во рестораните appeared first on Република.

]]>
Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istrazhuvane-kolichinata-na-plastika-vo-okeanite-e-mnogu-pomala-otkolku-shto-se-pretpostavuvashe/ Mon, 07 Aug 2023 13:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=669673

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше.

Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. Тие своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации, каде што вршеле мерења.

Претходните процени за количината на пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика произведена годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 50-тите години од 20 век, од кои само шест отсто се рециклираат и повторно се користат.

The post Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше appeared first on Република.

]]>

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше. Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. Тие своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации, каде што вршеле мерења. Претходните процени за количината на пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика произведена годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 50-тите години од 20 век, од кои само шест отсто се рециклираат и повторно се користат.

The post Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше appeared first on Република.

]]>
Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ezerata-ima-srazmerno-poveke-mikroplastika-otkolku-vo-okeanite/ Mon, 24 Jul 2023 12:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=664745

Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини - навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика.

Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно со Истражувачката група за водна екологија и управување со водите од Универзитетот на Милано-Бикока во Италија зедоа примероци од 23 езера од 38 земји. Езерата се избрани така што нивните хидроморфолошки одлики како длабочина, должина на брегот, зафатнина, но и присуството на пречистителни станици, густина на населеност со луѓе - покажуваат најголема разновидност и се географски дисперзирани. Затоа, примероците може да се сметаат за глобално репрезентативни.

Земени се, на пр. и примероци од единственото езеро во Австрија - Лунцер Си, релативно мало езеро, чиј брег е ретко населен, спаѓа во помалку загадените езера со помалку од една пластична честичка на кубен метар.

Пластиката во примероците вода потоа е групирана по облик, боја и големина. Сѐ тоа говори дека речиси 94 отсто од пластичните честички во водата се микропластика. Тие го анализирале и хемискиот состав на честичките и дошле до изненадувачки заклучок дека повеќето од нив се полиестер, полипропилен или полиетилен.

Последните два материјали сочинуваат повеќе од половина од светското производство на пластика. Така, два вида езера се особено загрозени - оние густо населени, урбанизирани области и оние со големи водени површини, објаснува Атермаер.

Истражувањето покажа и дека езерата Лугано, Лаго Маџоре и Тахо се веќе позагадени и од најзагадените суптропски океански струи во светот. Покрај тоа, пластични честички се пронајдени дури и во водите навидум „недопрени“ од човековото влијание. Научниот труд укажува дека езерата можат да бидат добар показател за степенот на загадување со пластика на светско ниво, а и езерата, и реките треба да се земаат предвид во борбата против микропластиката.

The post Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните appeared first on Република.

]]>

Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини - навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика. Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно со Истражувачката група за водна екологија и управување со водите од Универзитетот на Милано-Бикока во Италија зедоа примероци од 23 езера од 38 земји. Езерата се избрани така што нивните хидроморфолошки одлики како длабочина, должина на брегот, зафатнина, но и присуството на пречистителни станици, густина на населеност со луѓе - покажуваат најголема разновидност и се географски дисперзирани. Затоа, примероците може да се сметаат за глобално репрезентативни. Земени се, на пр. и примероци од единственото езеро во Австрија - Лунцер Си, релативно мало езеро, чиј брег е ретко населен, спаѓа во помалку загадените езера со помалку од една пластична честичка на кубен метар. Пластиката во примероците вода потоа е групирана по облик, боја и големина. Сѐ тоа говори дека речиси 94 отсто од пластичните честички во водата се микропластика. Тие го анализирале и хемискиот состав на честичките и дошле до изненадувачки заклучок дека повеќето од нив се полиестер, полипропилен или полиетилен.
Последните два материјали сочинуваат повеќе од половина од светското производство на пластика. Така, два вида езера се особено загрозени - оние густо населени, урбанизирани области и оние со големи водени површини, објаснува Атермаер.
Истражувањето покажа и дека езерата Лугано, Лаго Маџоре и Тахо се веќе позагадени и од најзагадените суптропски океански струи во светот. Покрај тоа, пластични честички се пронајдени дури и во водите навидум „недопрени“ од човековото влијание. Научниот труд укажува дека езерата можат да бидат добар показател за степенот на загадување со пластика на светско ниво, а и езерата, и реките треба да се земаат предвид во борбата против микропластиката.

The post Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните appeared first on Република.

]]>
Ако се промовира повеќе реупотреба, рециклирање, враќање на пакувањето, загадувањето со пластика може да се намали за 80 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ako-se-promovira-poveke-reupotreba-retsiklirane-vrakane-na-pakuvaneto-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-otsto/ Wed, 17 May 2023 09:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=641652

Загадувањето со пластика би можело да се намали за 80 проценти до 2040 година, доколку земјите и компаниите направат длабоки промени во политиката и пазарот, соопшти Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).

За да се направи ова, треба да има повеќе повторна употреба, рециклирање и повеќе преориентирање и диверзификација на пластичните производи, велат авторите на извештајот.

Ова би вклучило владите да промовираат шишиња што повторно се полнат, диспензери на големо, шеми за враќање на депозитите и шеми за враќање на пакувањето – што би можело да намали 30 отсто од пластичниот отпад.

Дополнителни 20 проценти би можеле да се намалат доколку рециклирањето стане постабилна и попрофитабилна индустрија, додека отстранувањето на субвенциите за фосилни горива и принудувањето на дизајнерите на амбалажата да ги подобрат способностите за рециклирање на производите би значело дека количината на пластика што може да се рециклира ќе се зголеми од 21 на 50 проценти.

Употребата на алтернативи како што се хартија или материјали за компостирање наместо пластика за завиткување, кесички и амбалажа за носење, исто така може да заштеди дополнителни 17 проценти од загадувањето со пластика, наведе УНЕП.

Сето ова сепак ќе остави 100 милиони тони пластичен отпад од предмети за еднократна и краткотрајна употреба, за кој УНЕП вели дека може да се справи со поставување и имплементирање на специјално дизајнирани и безбедносни стандарди за негово отстранување, како на пример производителите да бидат одговорни за производи што содржат микропластика.

- Начинот на кој произведуваме, користиме и отстрануваме пластика ги загадува екосистемите, создава ризици за здравјето на луѓето и ја дестабилизира климата … Овој извештај на УНЕП прикажува патоказ за драматично намалување на овие ризици преку усвојување кружен пристап кој ја држи пластиката надвор од екосистемите, надвор од нашите тела и во економијата, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен.

Ако го следиме овој патоказ, вклучително и во преговорите за договорот за загадување со пластика, можеме да извојуваме големи економски, социјални и еколошки победи, додаде тој.

Извештајот насловен „Исклучување на чешмата: Како светот може да стави крај на загадувањето со пластика и да создаде циркуларна економија“, доаѓа пред вториот круг преговори во Париз за глобален договор за справување со загадувањето со пластика.

Авторите на извештајот велат дека преминувањето кон поциркуларна економија ќе резултира со заштеда од 1,27 трилиони долари, додека дополнителни 3,25 трилиони долари ќе бидат заштедени од подобреното здравје, климата, загадувањето на воздухот, морските екосистеми и трошоците поврзани со судски спорови.

Исто така, ќе создаде нето зголемување од 700.000 работни места до 2040 година, главно во земјите со ниски приходи.

УНЕП вели дека инвестициските трошоци се „значајни, но под трошоците без оваа системска промена“ – 65 милијарди долари наспроти 113 милијарди долари без промената.

Голем дел од ова би можело да се собере со користење на инвестиции кои би биле наменети за поголемо производство на пластика, или со воведување на давачка за пластични производи.

Неуспехот да се воведат овие политики навреме и одложувањето за пет години може да доведе до зголемување од 80 милиони тони пластичен отпад до 2040 година, соопшти УНЕП.

Владата на Велика Британија во јануари соопшти дека воведува шема за враќање на депозитите во 2025 година, при што пластичните шишиња ќе имаат дополнителен трошок што ќе може да се врати откако ќе се рециклираат.

Се проценува дека секоја година во Велика Британија се користат пет милиони тони пластика, од кои половината доаѓаат од пакувања.

Пластика е пронајдена во речиси секој агол на светот, вклучително и на Антарктикот, додека на почетокот на оваа година научниците за првпат забележаа болест предизвикана од пластика кај птиците – наречена пластикоза – која го воспалува дигестивниот тракт. јт/

 

The post Ако се промовира повеќе реупотреба, рециклирање, враќање на пакувањето, загадувањето со пластика може да се намали за 80 отсто appeared first on Република.

]]>

Загадувањето со пластика би можело да се намали за 80 проценти до 2040 година, доколку земјите и компаниите направат длабоки промени во политиката и пазарот, соопшти Програмата на ОН за животна средина (УНЕП). За да се направи ова, треба да има повеќе повторна употреба, рециклирање и повеќе преориентирање и диверзификација на пластичните производи, велат авторите на извештајот. Ова би вклучило владите да промовираат шишиња што повторно се полнат, диспензери на големо, шеми за враќање на депозитите и шеми за враќање на пакувањето – што би можело да намали 30 отсто од пластичниот отпад. Дополнителни 20 проценти би можеле да се намалат доколку рециклирањето стане постабилна и попрофитабилна индустрија, додека отстранувањето на субвенциите за фосилни горива и принудувањето на дизајнерите на амбалажата да ги подобрат способностите за рециклирање на производите би значело дека количината на пластика што може да се рециклира ќе се зголеми од 21 на 50 проценти. Употребата на алтернативи како што се хартија или материјали за компостирање наместо пластика за завиткување, кесички и амбалажа за носење, исто така може да заштеди дополнителни 17 проценти од загадувањето со пластика, наведе УНЕП. Сето ова сепак ќе остави 100 милиони тони пластичен отпад од предмети за еднократна и краткотрајна употреба, за кој УНЕП вели дека може да се справи со поставување и имплементирање на специјално дизајнирани и безбедносни стандарди за негово отстранување, како на пример производителите да бидат одговорни за производи што содржат микропластика. - Начинот на кој произведуваме, користиме и отстрануваме пластика ги загадува екосистемите, создава ризици за здравјето на луѓето и ја дестабилизира климата … Овој извештај на УНЕП прикажува патоказ за драматично намалување на овие ризици преку усвојување кружен пристап кој ја држи пластиката надвор од екосистемите, надвор од нашите тела и во економијата, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен.
Ако го следиме овој патоказ, вклучително и во преговорите за договорот за загадување со пластика, можеме да извојуваме големи економски, социјални и еколошки победи, додаде тој.
Извештајот насловен „Исклучување на чешмата: Како светот може да стави крај на загадувањето со пластика и да создаде циркуларна економија“, доаѓа пред вториот круг преговори во Париз за глобален договор за справување со загадувањето со пластика. Авторите на извештајот велат дека преминувањето кон поциркуларна економија ќе резултира со заштеда од 1,27 трилиони долари, додека дополнителни 3,25 трилиони долари ќе бидат заштедени од подобреното здравје, климата, загадувањето на воздухот, морските екосистеми и трошоците поврзани со судски спорови. Исто така, ќе создаде нето зголемување од 700.000 работни места до 2040 година, главно во земјите со ниски приходи. УНЕП вели дека инвестициските трошоци се „значајни, но под трошоците без оваа системска промена“ – 65 милијарди долари наспроти 113 милијарди долари без промената. Голем дел од ова би можело да се собере со користење на инвестиции кои би биле наменети за поголемо производство на пластика, или со воведување на давачка за пластични производи. Неуспехот да се воведат овие политики навреме и одложувањето за пет години може да доведе до зголемување од 80 милиони тони пластичен отпад до 2040 година, соопшти УНЕП. Владата на Велика Британија во јануари соопшти дека воведува шема за враќање на депозитите во 2025 година, при што пластичните шишиња ќе имаат дополнителен трошок што ќе може да се врати откако ќе се рециклираат. Се проценува дека секоја година во Велика Британија се користат пет милиони тони пластика, од кои половината доаѓаат од пакувања. Пластика е пронајдена во речиси секој агол на светот, вклучително и на Антарктикот, додека на почетокот на оваа година научниците за првпат забележаа болест предизвикана од пластика кај птиците – наречена пластикоза – која го воспалува дигестивниот тракт. јт/  

The post Ако се промовира повеќе реупотреба, рециклирање, враќање на пакувањето, загадувањето со пластика може да се намали за 80 отсто appeared first on Република.

]]>