пластични операции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plastichni-operacii/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Feb 2022 13:52:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пластични операции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plastichni-operacii/ 32 32 Сакав само малку да ги намалам брчките – сега не можам ни да ги затоврам очите, ни да се смеам https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/sakav-samo-malku-da-gi-namalam-brchkite-sega-ne-mozam-ni-da-gi-zatovram-ochite-ni-da-se-smeam/ Wed, 23 Feb 2022 13:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=462514

Руската манекенка Јулија Тарасевич (43) откри низ каков кошмар поминува поради пластична операција по која повеќе не може да ги затвора очите, па дури ни да се насмее, пренесува „Дејли мејл“.

Јулија беше второпласирана на меѓународен избор за мис пред две години, а набргу потоа се одлучи да направи неколку поситни кореции во клиника во Краснодар, јужна Русија.

Оваа мајка на две деца вели дека нејзиното лице отекло и се воспалило по операциите вредни 3.600 eвра, кои вклучувале лифтинг на лицето, блефаропластика (естетска корекција на очните капаци) и мини-липосукција.

Дојдов таму со убаво, здраво лице. Сакав само да поправам некои ситници предизвикани од стареењето. Но, за жал, го изгубив здравјето, вели Русинката.

Јулија сега не може ни да помрдне делови од лицето или да ги затвори очите и покрај тоа што се опоравила од првата операција, а потрошила и додатни 24.000 евра на обиди да се поправат овие грешки, но безуспешно.

Сега поднела кривична пријава против двајцата лекари кои ги извршиле операциите, но тие тврдат дека компликациите настанале како последица на редок генетски дефект.

Имам лузни на образите, кои се создоа откако ми го отстранија ткивото. Очите не ми се затвораат и не можам да се насмеам. Не можам да ја подигнам горната усна и воопшто не чувствувам цел еден дел од лицето. Отидов на операција откако направив темелни провекри и сите мои претходни тестови беа во ред. Дополнително, пред ова имав една пластична операција, ринопластика која помина совршено и без никакви генетски абнормалности, додала манекенката.

The post Сакав само малку да ги намалам брчките – сега не можам ни да ги затоврам очите, ни да се смеам appeared first on Република.

]]>

Руската манекенка Јулија Тарасевич (43) откри низ каков кошмар поминува поради пластична операција по која повеќе не може да ги затвора очите, па дури ни да се насмее, пренесува „Дејли мејл“. Јулија беше второпласирана на меѓународен избор за мис пред две години, а набргу потоа се одлучи да направи неколку поситни кореции во клиника во Краснодар, јужна Русија. Оваа мајка на две деца вели дека нејзиното лице отекло и се воспалило по операциите вредни 3.600 eвра, кои вклучувале лифтинг на лицето, блефаропластика (естетска корекција на очните капаци) и мини-липосукција.
Дојдов таму со убаво, здраво лице. Сакав само да поправам некои ситници предизвикани од стареењето. Но, за жал, го изгубив здравјето, вели Русинката.
Јулија сега не може ни да помрдне делови од лицето или да ги затвори очите и покрај тоа што се опоравила од првата операција, а потрошила и додатни 24.000 евра на обиди да се поправат овие грешки, но безуспешно. Сега поднела кривична пријава против двајцата лекари кои ги извршиле операциите, но тие тврдат дека компликациите настанале како последица на редок генетски дефект.