пластични кеси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plastichni-kesi/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 17:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пластични кеси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plastichni-kesi/ 32 32 Црна Гора: Стапи во сила забраната за пластични кеси и пластика за еднократна употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-stapi-vo-sila-zabranata-za-plastichni-kesi-i-plastika-za-ednokratna-upotreba/ Mon, 21 Oct 2024 17:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=829549

Во Црна Гора стапи во сила забраната за употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, согласно Законот за управување со отпад, а за непочитување на оваа законска одредба се предвидени казни од 1.000 до 40.000 евра.

Законот за управување со отпад стапи во сила на 20 април, а примената на неговите одредби беше предвидена шест месеци од влегувањето во сила, пренесуваат црногорските медиуми. Освен пластичните кеси, се забрануваат и пластичните сламки, како и приборот за јадење и одредени кутиите за пакување храна.

Продавачите кои нема да го почитуваат законот можат да бидат казнети со 1.000 до 40.000 евра, додека казните за физички лица се од 500 до 2.000 евра.

The post Црна Гора: Стапи во сила забраната за пластични кеси и пластика за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>

Во Црна Гора стапи во сила забраната за употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, согласно Законот за управување со отпад, а за непочитување на оваа законска одредба се предвидени казни од 1.000 до 40.000 евра. Законот за управување со отпад стапи во сила на 20 април, а примената на неговите одредби беше предвидена шест месеци од влегувањето во сила, пренесуваат црногорските медиуми. Освен пластичните кеси, се забрануваат и пластичните сламки, како и приборот за јадење и одредени кутиите за пакување храна. Продавачите кои нема да го почитуваат законот можат да бидат казнети со 1.000 до 40.000 евра, додека казните за физички лица се од 500 до 2.000 евра.

The post Црна Гора: Стапи во сила забраната за пластични кеси и пластика за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>
Црна Гора ги забрани за употреба пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-gi-zabrani-za-upotreba-plastichnite-kesi-i-plastikata-za-ednokratna-upotreba/ Sun, 20 Oct 2024 15:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=829163

Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад.

За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти агенцијата МИНА.

Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи.

За кеси со дебелина на ѕидот поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра.

Покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластични прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна.

Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.

The post Црна Гора ги забрани за употреба пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>

Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад. За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти агенцијата МИНА. Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи. За кеси со дебелина на ѕидот поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра. Покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластични прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна. Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.  

The post Црна Гора ги забрани за употреба пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>
Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-prodazhbata-na-plastichni-kesi-sobrani-rechisi-dva-milioni-evra-ke-se-nabavat-nad-7-000-kontejneri/ Sun, 10 Sep 2023 06:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=680444

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра.

Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од МЖСПП за МИА велат дека собраните средства од наплата на пластични кеси се распределуваат согласно донесена Програма и истите ќе се искористат за набавка на садови за собирање отпад - контејнери и еден дел за кампања за подигање на јавната свест за потребата од селекција и можностите за рециклирање.

Од МЖСПП посочуваат дека целта на мерката не е да се наплаќаат кесите, туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба и дека податоците што ги имаат укажуваат на виден ефект во таа насока.

Податоците и собраната сума укажуваат на виден ефект, особено во големите ланци на маркети, особено што во некои целосно се заменети со еколошки торби за транспорт на купената стока. Целта на мерката не е да се наплаќаат кесите туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба. И овде имаме примена на принципот загадувачот плаќа, а собраните средства се враќаат во проекти за намалување на отпадот и воспоставување на системот на регионално управување со отпад, велат од МЖСПП за МИА.

Целосната забрана за употреба на пластични и оксо-биоразградливи кеси на пазарите во земјава првично требаше да стапи на сила од 1 јуни годинава, но пред овој рок од МЖСПП информираа дека таа ќе стапи на сила од 1 јуни 2024 година.

На прашањето од МИА зошто се одложи целосната забрана за пуштање во промет на пластични кеси од МЖСПП, велат дека „вакви мерки мора да го имаат предвид и социјалниот момент и влијанието врз производителите кои мора да се приспособат на новите законски обврски“.

Согласно годишната Програмата за распределба на собраните средства за 2023, донесена во февруари годинава, 105 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, а останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад.

Така 105 милиони денари ќе се користат за набавка на 7 190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини во Република Македонија. Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува МЖСПП, по што тие ќе бидат поделени на општините.

Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери. Согласно податоците од Пописот 2021 година низ 80 општини треба да бидат поделени 7 169 контејнери.

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Македонија.

Според појаснувањето објавено од МЖСПП, дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Сл весник на РСМ“ 265/2021).

Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи. Ова се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети.

- Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни. По 1 јуни 2024 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса - стандардМКС EN ISO 17556: 2020), појаснуваат од МЖСПП.

Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односно оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример.

Исклучок од овие забрани се пластичните кеси за ѓубре и кесите кои се подебели од 50 микрони и може да се користат повеќе пати.

Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси. Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки, се вели во појаснувањето од МЖСПП.

The post Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери appeared first on Република.

]]>

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра. Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од МЖСПП за МИА велат дека собраните средства од наплата на пластични кеси се распределуваат согласно донесена Програма и истите ќе се искористат за набавка на садови за собирање отпад - контејнери и еден дел за кампања за подигање на јавната свест за потребата од селекција и можностите за рециклирање. Од МЖСПП посочуваат дека целта на мерката не е да се наплаќаат кесите, туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба и дека податоците што ги имаат укажуваат на виден ефект во таа насока.
Податоците и собраната сума укажуваат на виден ефект, особено во големите ланци на маркети, особено што во некои целосно се заменети со еколошки торби за транспорт на купената стока. Целта на мерката не е да се наплаќаат кесите туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба. И овде имаме примена на принципот загадувачот плаќа, а собраните средства се враќаат во проекти за намалување на отпадот и воспоставување на системот на регионално управување со отпад, велат од МЖСПП за МИА.
Целосната забрана за употреба на пластични и оксо-биоразградливи кеси на пазарите во земјава првично требаше да стапи на сила од 1 јуни годинава, но пред овој рок од МЖСПП информираа дека таа ќе стапи на сила од 1 јуни 2024 година. На прашањето од МИА зошто се одложи целосната забрана за пуштање во промет на пластични кеси од МЖСПП, велат дека „вакви мерки мора да го имаат предвид и социјалниот момент и влијанието врз производителите кои мора да се приспособат на новите законски обврски“. Согласно годишната Програмата за распределба на собраните средства за 2023, донесена во февруари годинава, 105 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, а останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад. Така 105 милиони денари ќе се користат за набавка на 7 190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини во Република Македонија. Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува МЖСПП, по што тие ќе бидат поделени на општините. Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери. Согласно податоците од Пописот 2021 година низ 80 општини треба да бидат поделени 7 169 контејнери. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Македонија. Според појаснувањето објавено од МЖСПП, дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Сл весник на РСМ“ 265/2021). Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи. Ова се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети. - Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни. По 1 јуни 2024 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса - стандардМКС EN ISO 17556: 2020), појаснуваат од МЖСПП. Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односно оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример. Исклучок од овие забрани се пластичните кеси за ѓубре и кесите кои се подебели од 50 микрони и може да се користат повеќе пати. Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси. Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки, се вели во појаснувањето од МЖСПП.  

The post Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери appeared first on Република.

]]>
Една година 15 денари ќеса – Законот како да не постои, употребата не е намалена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/edna-godina-15-denari-kjesa-zakonot-kako-da-ne-postoi-upotrebata-ne-e-namalena/ Thu, 01 Dec 2022 09:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=580395

Се навршува една година од стапувањето во сила на повторната забрана на пластичните кеси. Како и при првата забрана од 2013, и по забраната од 2021, употребата на пластичните кеси продолжи. Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика, се наведува во соопштението од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.

Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони, а ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо, како што стои во соопштението, продолжи и оваа година.

Според Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси кои се продаваат на каса.

Иако продолжи употребата и на овие кеси, намалувањето е очигледно. Тоа се должи, покрај на цената што се наплаќа за нив, и на знаењето на граѓаните дека постои алтернатива за користењето пластични кеси, имено, платнените торби, се посочува во соопштението.

Но, ваквото подобрување, како што велат од Иницијативата, не се отсликува кај употребата на останатите пластични кеси.

По краткотрајното почитување на законот со пуштање во промет на хартиени кеси за овошје и зеленчук, набрзо следуваше враќање на забранетите пластични кеси, често придружено со трагикомичниот обид за изигрување на законот преку сечење на рачките. На овој начин, дури и се зголеми вкупното количество на пластични кеси, бидејќи ваквите кеси се непрактични, полесно се кинат, па многу граѓани едноставно ги фрлаат, создавајќи дополнително пластично ѓубре, се наведува во соопштението.

Од Иницијативата сметаат дека гл авната причина за кршењето на законот е непознавањето одржлива алтернатива на пластичните кеси при пазарењето овошје и зеленчук.

А таква алтернатива постои. Не мора да се купува овошје и зеленчук во пластични или хартиени кеси. Може за таа намена повеќекратно да се користат мрежи за овошје и зеленчук. Но, ваквите мрежи речиси воопшто ги нема на македонскиот пазар. Вината за ваквата состојба првенствено ја лоцираме кај Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е должно, со парите што се добиени од продажбата на пластичните кеси, да преземе мерки, како за информирање на граѓаните за алтернативата со мрежите за овошје и зеленчук, така и за поттикнување на производство на овие мрежи, се посочува во соопштението.

Од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, истакнуваат дека проблемот на загадувањето со пластика е сериозен проблем.

Не се рециклира целата пластика. Глобално, само 9 отсто од пластиката се рециклира, а дополнителни 12 проценти се гори. Останатите 79 отсто се трупаат на ѓубриштата или завршуваат во водите. Кај нас процентите се многукратно попоразителни. Оттука, апелираме до граѓаните да го намалат своето користење на еднократна пластика, вклучително и пластични кеси, а од Министерството за животна средина и просторно планирање бараме да се ангажира да го обезбеди спроведувањето на законот со кој се забрануваат пластичните кеси и да покаже поголема активност во борбата против останатите видови еднократна пластика, се наведува во соопштението од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.

The post Една година 15 денари ќеса – Законот како да не постои, употребата не е намалена appeared first on Република.

]]>

Се навршува една година од стапувањето во сила на повторната забрана на пластичните кеси. Како и при првата забрана од 2013, и по забраната од 2021, употребата на пластичните кеси продолжи. Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика, се наведува во соопштението од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика. Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони, а ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо, како што стои во соопштението, продолжи и оваа година. Според Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси кои се продаваат на каса.
Иако продолжи употребата и на овие кеси, намалувањето е очигледно. Тоа се должи, покрај на цената што се наплаќа за нив, и на знаењето на граѓаните дека постои алтернатива за користењето пластични кеси, имено, платнените торби, се посочува во соопштението.
Но, ваквото подобрување, како што велат од Иницијативата, не се отсликува кај употребата на останатите пластични кеси.
По краткотрајното почитување на законот со пуштање во промет на хартиени кеси за овошје и зеленчук, набрзо следуваше враќање на забранетите пластични кеси, често придружено со трагикомичниот обид за изигрување на законот преку сечење на рачките. На овој начин, дури и се зголеми вкупното количество на пластични кеси, бидејќи ваквите кеси се непрактични, полесно се кинат, па многу граѓани едноставно ги фрлаат, создавајќи дополнително пластично ѓубре, се наведува во соопштението.
Од Иницијативата сметаат дека гл авната причина за кршењето на законот е непознавањето одржлива алтернатива на пластичните кеси при пазарењето овошје и зеленчук.
А таква алтернатива постои. Не мора да се купува овошје и зеленчук во пластични или хартиени кеси. Може за таа намена повеќекратно да се користат мрежи за овошје и зеленчук. Но, ваквите мрежи речиси воопшто ги нема на македонскиот пазар. Вината за ваквата состојба првенствено ја лоцираме кај Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е должно, со парите што се добиени од продажбата на пластичните кеси, да преземе мерки, како за информирање на граѓаните за алтернативата со мрежите за овошје и зеленчук, така и за поттикнување на производство на овие мрежи, се посочува во соопштението.
Од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, истакнуваат дека проблемот на загадувањето со пластика е сериозен проблем. Не се рециклира целата пластика. Глобално, само 9 отсто од пластиката се рециклира, а дополнителни 12 проценти се гори. Останатите 79 отсто се трупаат на ѓубриштата или завршуваат во водите. Кај нас процентите се многукратно попоразителни. Оттука, апелираме до граѓаните да го намалат своето користење на еднократна пластика, вклучително и пластични кеси, а од Министерството за животна средина и просторно планирање бараме да се ангажира да го обезбеди спроведувањето на законот со кој се забрануваат пластичните кеси и да покаже поголема активност во борбата против останатите видови еднократна пластика, се наведува во соопштението од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.

The post Една година 15 денари ќеса – Законот како да не постои, употребата не е намалена appeared first on Република.

]]>
Ковачевски пазареше во најлон кеси: Обезбедивме храна, струја и енергенси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pazareshe-vo-najlon-kesi-obezbedivme-hrana-struja-i-energensi/ Sat, 22 Oct 2022 17:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=564397

Премиерот Димитар Ковачевски беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров.

На пазарот во Ѓорче, Ковачевски директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.

Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски рече дека има голема почит за трудот на земјоделците и дека Владата веќе воведе нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираме да произведуваат повеќе храна. Од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, па се до европски фондови и вложување во човечки ресурси.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, додаде дека владата којашто ја предводи навреме презеде соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.

Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме, рече Ковачевски.

По средбите со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров претседателот на СДСМ ќе одржи и работен состанок со членовите и симпатизерите на СДСМ од оваа населба во локалното седиште на партијата.

The post Ковачевски пазареше во најлон кеси: Обезбедивме храна, струја и енергенси appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров. На пазарот во Ѓорче, Ковачевски директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.
Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме, рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски рече дека има голема почит за трудот на земјоделците и дека Владата веќе воведе нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираме да произведуваат повеќе храна. Од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, па се до европски фондови и вложување во човечки ресурси. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, додаде дека владата којашто ја предводи навреме презеде соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.
Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме, рече Ковачевски.
По средбите со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров претседателот на СДСМ ќе одржи и работен состанок со членовите и симпатизерите на СДСМ од оваа населба во локалното седиште на партијата.

The post Ковачевски пазареше во најлон кеси: Обезбедивме храна, струја и енергенси appeared first on Република.

]]>
Каде завршуваат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kade-zavrshuvaat-parite-od-plastichnite-kesi-koi-vleguvaat-vo-fondot-za-zivotna-sredina/ Fri, 27 May 2022 14:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=507692

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на вчерашната собраниската седница за поставување на пратенички прашања, постави прашања за што се трошат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина, нагласувајќи дека законот се применува неколку месеци а никој не знае каде одат парите, односно како што рече тој само 1 или 2 денари остануваат во маркетите, останатите одат во фондот за животна средина.

Имам две пратенички прашања. Првото прашање е до премиерот какви се фондовите за животната средина. Она што многу малку се дискутира е како се делат тие 15 денари? Од тие 15 денари 1 или 2 се за маркетите, остатокот влегува во фондот за животна средина. На месечно ниво тоа се 200.000 евра, а законот се применува веќе неколку месеци што значи дека влегуваат неколку милиони евра во фонд за кој што не знаеме како се трошат парите. И ова не го велам јас како пратеник од опозицијата туку луѓе навлезени во оваа проблематика кои кажуваат дека не можат да добијат информации како се трошат парите, згрозени од нетранспарентноста на владата и министерството. Затоа каде одат парите, како се искористуваат истите пари, праша Јаревски.

Во однос на безбедноста, Јаревски истакна дали граѓаните може да се чувствуваат безбедни на улиците кога две униформирани лица односно заменик началник се пука по улиците со началник.

Второто прашање ми е по однос на нашата безбедност. Дали премиерот или министерот за внатрешни работи се чувствува безбеден. Дали ние се чувствуваме безбедни кога имаме во 20 часот 200 повици кои ни кажуваат дека на километар два или три од местото на нашето живеалиште се пука, дали се чувствувате безбедно кога ќе ви кажат дека се пукал заменик началник со началник, две униформирани лица, праша Јаревски.

https://youtu.be/b-4q3uxQei8

The post Каде завршуваат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина? appeared first on Република.

За десет пати намалено користењето пластични кеси, а од нивното поскапување собрани 235.000 евра за еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-deset-pati-namaleno-koristenjeto-plastichni-kesi-a-od-nivnoto-poskapuvanje-sobrani-235-000-evra-za-eden-mesec/ Thu, 27 Jan 2022 12:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=450259

Со новиот закон кој стапи на сали од 1 декември 2021, државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра со поскапувањето на пластичните кеси во трговијата на 15 денари.

Наедно за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако на сила стапи новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Министерот за животна средина Насер Нуредини е задоволен од резултатите. Вели дека се одлични и дека граѓаните сè повеќе пазарат со торби.

„Во декември, од продажбата на пластични ќеси се собрани 235.000 евра кои одат во еколошкиот фонд. Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства“, изјави денеска Нуредини.

Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.

The post За десет пати намалено користењето пластични кеси, а од нивното поскапување собрани 235.000 евра за еден месец appeared first on Република.

]]>

Со новиот закон кој стапи на сали од 1 декември 2021, државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра со поскапувањето на пластичните кеси во трговијата на 15 денари. Наедно за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако на сила стапи новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Министерот за животна средина Насер Нуредини е задоволен од резултатите. Вели дека се одлични и дека граѓаните сè повеќе пазарат со торби. „Во декември, од продажбата на пластични ќеси се собрани 235.000 евра кои одат во еколошкиот фонд. Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства“, изјави денеска Нуредини. Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.

The post За десет пати намалено користењето пластични кеси, а од нивното поскапување собрани 235.000 евра за еден месец appeared first on Република.

]]>