планови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planovi/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Apr 2023 07:14:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png планови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planovi/ 32 32 Украина ги менува воените планови по протекувањето на податоците од Пентагон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-gi-menuva-voenite-planovi-po-protekuvaneto-na-podatotsite-od-pentagon/ Mon, 10 Apr 2023 07:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=629263

По минатонеделното објавување на десетиците доверливи документи на Пентагон, Украина смени некои од своите воени планови.

Во документите што добија јавност се проценува силата на руската воена машинерија, но и се навестуваат критичните недостатоци на украинската армија.

Додека украинските власти ги отфрлија документите како „лажни“, американските власти и за „Њујорк Тајмс“ и за Си-ен-ен потврдија дека документите се легитимни, иако некои од нив се чини дека се изменети.

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, на Телеграм изјави дека верува оти документите се „темелени на големо количество измислени информации“ и немаат „никаква врска со вистинските планови на Украина. ”

Документите, исто така, откриваат дека САД го шпионирале претседателот Зеленски, што длабоко ги фрустрирало украинските власти, за Си-ен-ен изјави извор близок до претседателот.

The post Украина ги менува воените планови по протекувањето на податоците од Пентагон appeared first on Република.

]]>

По минатонеделното објавување на десетиците доверливи документи на Пентагон, Украина смени некои од своите воени планови. Во документите што добија јавност се проценува силата на руската воена машинерија, но и се навестуваат критичните недостатоци на украинската армија. Додека украинските власти ги отфрлија документите како „лажни“, американските власти и за „Њујорк Тајмс“ и за Си-ен-ен потврдија дека документите се легитимни, иако некои од нив се чини дека се изменети. Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, на Телеграм изјави дека верува оти документите се „темелени на големо количество измислени информации“ и немаат „никаква врска со вистинските планови на Украина. ” Документите, исто така, откриваат дека САД го шпионирале претседателот Зеленски, што длабоко ги фрустрирало украинските власти, за Си-ен-ен изјави извор близок до претседателот.

The post Украина ги менува воените планови по протекувањето на податоците од Пентагон appeared first on Република.

]]>