планините Мукос и Бабуна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planinite-mukos-i-babuna/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 16:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png планините Мукос и Бабуна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planinite-mukos-i-babuna/ 32 32 Пожарите на планините Мукос и Бабуна го загадија воздухот во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharite-na-planinite-mukos-i-babuna-go-zagadija-vozduhot-vo-veles/ Thu, 05 Sep 2024 16:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=813618

Актуелните пожари во велешко, на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, како и ветрот што непрекинато дува во изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес, иако се на 20- тина и повеќе километри од градот. Мерните инструменти на Министерството за животна средина покажуваат високи вредности на ПМ 10 честичките во воздухот, дури и до четири пати повисоки од максимално дозволените 50 мг/м3, соопштија попладнево од Општина Велес.

Појаснуваат дека сите ресурси се вклучени во гаснење на пожарите и дека се прават натчовечки напори да се стават под контрола.

Општина Велес ја следи состојбата и е во постојана координација со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица.

Од општината апелираат до граѓаните да се воздржат од неаргументирани коментари на социјалните мрежи, а доколку можат да престојуваат во затворени простори и да не излегуваат на отворено без потреба.

Воздухот во Велес е посебно загаден навечер и наутро, мириса на изгорено, што кај некои граѓани предизвикува кашлање и проблеми со дишењето.

 

The post Пожарите на планините Мукос и Бабуна го загадија воздухот во Велес appeared first on Република.

]]>

Актуелните пожари во велешко, на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, како и ветрот што непрекинато дува во изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес, иако се на 20- тина и повеќе километри од градот. Мерните инструменти на Министерството за животна средина покажуваат високи вредности на ПМ 10 честичките во воздухот, дури и до четири пати повисоки од максимално дозволените 50 мг/м3, соопштија попладнево од Општина Велес. Појаснуваат дека сите ресурси се вклучени во гаснење на пожарите и дека се прават натчовечки напори да се стават под контрола. Општина Велес ја следи состојбата и е во постојана координација со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица. Од општината апелираат до граѓаните да се воздржат од неаргументирани коментари на социјалните мрежи, а доколку можат да престојуваат во затворени простори и да не излегуваат на отворено без потреба. Воздухот во Велес е посебно загаден навечер и наутро, мириса на изгорено, што кај некои граѓани предизвикува кашлање и проблеми со дишењето.  

The post Пожарите на планините Мукос и Бабуна го загадија воздухот во Велес appeared first on Република.

]]>