планинарски марш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planinarski-marsh/ За подобро да се разбереме Sat, 07 May 2022 13:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png планинарски марш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planinarski-marsh/ 32 32 Одржан Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odrzan-tradicionalniot-planinarski-marsh-do-vodno-po-povod-evropskiot-den-na-znameto/ Sat, 07 May 2022 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=499058

Европското движење на Република Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ и оваа година го одржа Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето, при што порачаа дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во нашата држава да бидат значително поразвиени, отколку што се во моментов, поради планинскиот карактер на нашата држава.

Евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ во Скопје ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022“.

Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ се упатија кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

На планинарскиот марш се приклучија бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Гир изрази задоволство што присуствува на традиционалниот марш.

Ѓуровска истакна дека настанот претставува навистина убава традиција што ја одржуваат секоја година во чест на денот на Европа и оти таа секогаш има некој симболичен аспект во сето она што го прават.

Тоа значи дека патот до Европската Унија не е така едноставен и лисен, така што ова е еден симболичен начин дека треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Меѓутоа има и една друга порака овој марш на планинарите и на граѓаните –  Македонија има многу планини, пораката е дека треба многу многу повеќе да ги посетуваме и да уживаме во нивната убавина, рече Ѓуровска.

Таа посочи дека останува оваа заложбата на двете страни дека членството во ЕУ е нашата иднина и дека останува да работиме понатаму на овој пат којшто е веќе наш.

Никола Чамовски, еден од учесниците на настанот, истакна дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот во нашата држава, планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на повисоко ниво.

 

The post Одржан Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето appeared first on Република.

]]>

Европското движење на Република Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ и оваа година го одржа Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето, при што порачаа дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во нашата држава да бидат значително поразвиени, отколку што се во моментов, поради планинскиот карактер на нашата држава. Евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ во Скопје ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022“. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ се упатија кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња. На планинарскиот марш се приклучија бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани. Гир изрази задоволство што присуствува на традиционалниот марш. Ѓуровска истакна дека настанот претставува навистина убава традиција што ја одржуваат секоја година во чест на денот на Европа и оти таа секогаш има некој симболичен аспект во сето она што го прават.
Тоа значи дека патот до Европската Унија не е така едноставен и лисен, така што ова е еден симболичен начин дека треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Меѓутоа има и една друга порака овој марш на планинарите и на граѓаните –  Македонија има многу планини, пораката е дека треба многу многу повеќе да ги посетуваме и да уживаме во нивната убавина, рече Ѓуровска.
Таа посочи дека останува оваа заложбата на двете страни дека членството во ЕУ е нашата иднина и дека останува да работиме понатаму на овој пат којшто е веќе наш. Никола Чамовски, еден од учесниците на настанот, истакна дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот во нашата држава, планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на повисоко ниво.  

The post Одржан Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето appeared first on Република.

]]>