планина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planina/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 11:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png планина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/planina/ 32 32 Утре повремени врнежи од дожд, а на планините снег https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-povremeni-vrnezi-od-dozd-a-na-planinite-sneg/ Wed, 30 Nov 2022 11:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=579996

Времето утре ќе биде облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално, особено во јужните делови, во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат пообилни, над 35 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

В петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.

The post Утре повремени врнежи од дожд, а на планините снег appeared first on Република.

]]>

Времето утре ќе биде облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално, особено во јужните делови, во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат пообилни, над 35 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. В петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.

The post Утре повремени врнежи од дожд, а на планините снег appeared first on Република.

]]>
Викендов ќе има дожд, но и снег на планините https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vikendov-kje-ima-dozd-no-i-sneg-na-planinite/ Fri, 25 Feb 2022 10:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=463743

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер во јужните делови од југоисточен, а во северните од северен правец.

Како што соопшти УХМР, под влијание на влажен и студен воздушен бран утре вечер, во текот на ноќта и во недела времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4 степени, а максималната од 1 до 10 степени.

До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 сантиметри нов снег.

В понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

The post Викендов ќе има дожд, но и снег на планините appeared first on Република.

]]>

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер во јужните делови од југоисточен, а во северните од северен правец. Како што соопшти УХМР, под влијание на влажен и студен воздушен бран утре вечер, во текот на ноќта и во недела времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4 степени, а максималната од 1 до 10 степени. До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 сантиметри нов снег. В понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

The post Викендов ќе има дожд, но и снег на планините appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии од Димитар Апостолов и концерт на „Сетстат“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-fotografii-od-dimitar-apostolov-i-koncert-na-setstat/ Thu, 27 Jan 2022 15:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=450342

Планина“ е насловот на изложбата на фотографии од Димитар Апостолов која вечерва во 20 часот ќе биде отворена на тајна локација. Местото на отворање ќе биде соопштено во текот на денот на овој ЛИНК, а ќе биде проследено со музички перформанс на „Сетстат“.

Ова е петта самостојна изложба на Апостолов. Досега учествувал на повеќе групни изложби и добитник е на бројни домашни и меѓународни награди, главно во доменот на уличната, портретната, експерименталната и пејзажната фотографија, но работи и други жанрови.

Настанот е конципиран како хибриден – ќе се одржува онлајн преку виртуелен стриминг и во живо.

The post Изложба на фотографии од Димитар Апостолов и концерт на „Сетстат“ appeared first on Република.

]]>

Планина“ е насловот на изложбата на фотографии од Димитар Апостолов која вечерва во 20 часот ќе биде отворена на тајна локација. Местото на отворање ќе биде соопштено во текот на денот на овој ЛИНК, а ќе биде проследено со музички перформанс на „Сетстат“. Ова е петта самостојна изложба на Апостолов. Досега учествувал на повеќе групни изложби и добитник е на бројни домашни и меѓународни награди, главно во доменот на уличната, портретната, експерименталната и пејзажната фотографија, но работи и други жанрови. Настанот е конципиран како хибриден – ќе се одржува онлајн преку виртуелен стриминг и во живо.

The post Изложба на фотографии од Димитар Апостолов и концерт на „Сетстат“ appeared first on Република.

]]>