Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, Пламенка Трајковска – гудачки квартет, ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“. Концертот ќе се реализира на 21 ноември (четврток) со почеток во 20.00 часот во Музеј на македонската борба.
Во гудачкиот квартет ќе учествуваат следните музичарки: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Пламенка Трајковска.
Концертот „Балканско патување“ претставува музички истражувачки проект во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот, а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.
Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики кои имаат само еден наслов – балканска композиција.
Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во музичката ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.
Пламенка Трајковска и членовите на гудачкиот квартет имаат реализирано повеќе проекти во кои обработуваат теми на светското музичко наследство. До сега Пламенка Трајковска има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе, Ламенто вело и други.
Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Дирекција за култура и уметност, Скопје, Музеј на Македонската борба и Здружение Пламенка Трајковска – МКС, Скопје.
The post Концерт на Пламенка Трајковска гудачки квартет во Скопје appeared first on Република.
]]>The post Концерт на Пламенка Трајковска гудачки квартет во Скопје appeared first on Република.
]]>Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, Пламенка Трајковска – гудачки квартет, ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“. Концертот ќе се реализира на 21 ноември (четврток) со почеток во 20.00 часот во Музеј на македонската борба.
Во гудачкиот квартет ќе учествуваат следните музичарки: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Пламенка Трајковска.
Концертот „Балканско патување“ претставува музички истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.
Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет,заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики кои имаат само еден наслов – балканска композиција.
Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во музичката ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.
Пламенка Трајковска и членовите на гудачкиот квартет имаат реализирано повеќе проекти во кои обработуваат теми на светското музичко наследство. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе , Ламенто вело и други.
Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Дирекција за култура и уметност, Скопје, Музеј на Македонската борба и Здружение Пламенка Трајковска – МКС, Скопје.
The post Концерт „Балканско патување“ – Пламенка Трајковска – гудачки квартет appeared first on Република.
]]>The post Концерт „Балканско патување“ – Пламенка Трајковска – гудачки квартет appeared first on Република.
]]>Нашата македонска виолинистка Пламенка Трајковска, ќе настапи на концерт на престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март. Таа ќе ја изведе својата композиција со наслов „Ламенто вело’ за соло виолина.
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Жените од светот“, се реализира програма за композиција и продукција на дигитална музика со наслов „Мојот град мојот глас“ во која учествуваат одбрани музичарки од Турција, Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Проектот се реализира со помош на Британскиот совет, организацијата „Beats by girls“ и „Brighter sound“ од Турција.
Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“, која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори.
„Ламенто вело„ се снимаше во Белград во студиото „Шум“ и е сниман и видео материјал.
За композицијата миксот и мастерингот го прави компанија од Истанбул. Композицијата „Ламенто вело“ ќе биде дистрибурана на сите музички платформи на почетокот од април.
Пламенка Трајковска како композитор досега го има издадено албумот во кросовер „Апасионато“, музичкиот албум за деца „Карневалот на животните“, синглот „Светулки“, композициите „Твојот допир“, „Феникс“, „Воздишка за тебе“ и многу други остварувања.
Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција Танзанија и Турција.
Пламенка редовно работи во Филхармонија и со организацијата „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концерни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.
The post Mакедонска виолинистка Пламенка Трајковска викендов настапува на фестивалот „Жените од светот“ во Истанбул appeared first on Република.
]]>The post Mакедонска виолинистка Пламенка Трајковска викендов настапува на фестивалот „Жените од светот“ во Истанбул appeared first on Република.
]]>