плаќање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plakjanje/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 09:57:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плаќање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plakjanje/ 32 32 СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sepa-ke-donese-zashteda-od-16-milioni-evra-godishno-za-iselenitsite-i-nivnite-semejstva/ Fri, 20 Sep 2024 09:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=818116

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“. Таа изрази благодарност до високиот гостин, Масимилијано Паолучи, директорот на Светската банка во земјава и неговиот тим, кои посветено ги поддржуваат напорите на централната банка во трансформацијата на платежната инфраструктура, поставувајќи ги основите во финансиската сфера на патот кон ЕУ.

Економските врски на нашата земја со членките на СЕПА се силни и постојано растат. Над две третини од нашата надворешна трговија се врши со земјите од СЕПА, што е еквивалентно на 101% од нашиот БДП. Покрај тоа, 87% од нашите вкупни одливи и 77% од вкупните приливи се извршуваат во евра. Со пристапувањето кон СЕПА ќе ги поедноставиме и ќе ги намалиме трошоците за овие плаќања, обезбедувајќи значителни придобивки за нашата економија и зајакнување на нашите врски со Европа, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што порача дека напорите на централната банка резултираа со поднесено барање за пристапување во СЕПА, на 10 јули годинава.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна и дека „поевтиниот, побрз и поефикасен платен систем ќе придонесе за поголема конкурентност на нашиот корпоративен сектор и негова понатамошна интеграција во ЕУ, особено на микро-, малите и средните претпријатија, коишто се столбот на нашата економија и вработуваат околу 75% од сите вработени и создаваат околу 70% од додадената вредност“. Таа нагласи дека нашиот финансиски систем значително се трансформира и ги зајакнува своите капацитети за обезбедување подобра услуга за домаќинствата и компаниите, што се гледа преку постојаното зголемување на финансиското посредување коешто достигнува 89% од БДП.

На работилницата беше истакнато дека придобивките од модернизацијата на плаќањата ќе бидат особено значајни и во делот на дознаките, коишто пристигнуваат преку банкарските канали, како и намалувањето на сивата економија.

Со оглед на фактот што приливот од дознаки сочинува 3,1 отсто од БДП, намалувањето на трошоците од 3 отсто за трансакциите со дознаки ќе придонесе за годишна заштеда од 16 милиони евра за иселениците и нивните семејства. Студиите на Светската банка покажуваат дека со префрлување на 10 отсто од плаќањата извршени во готовина во дигитални плаќања може да се намали сивата економија за приближно 2 отсто, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка за земјава и за Косово.

Со приклучувањето на земјава кон СЕПА не само што ќе се намалат трошоците за трансакции во евра, туку ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, преку подобрено управување со готовинскиот тек, зајакнат пристап до пазарите во ЕУ, како и подобри односи со деловните партнери, овозможено преку побрзо порамнување на плаќањата, оцени вицегувернерката Емилија Нацевска, обединувајќи ги заклучоците од дискусиите на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“, при што истакна дека целта на Народната банка е да ги трансформира идеите и стратегиите за коишто се разговара во конкретни акции за натамошна модернизација на платежните системи, усогласувајќи ги со стандардите на ЕУ и обезбедувајќи поинтегрирана иднина за нашата економија.

Работилницата којашто се организира на иницијатива на Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на плаќањата на Западен Балкан, беше поддржана и од Европската комисија, како и Регионалниот совет за соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Европската централна банка и од Европскиот совет за плаќања.

The post СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства appeared first on Република.

]]>

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“. Таа изрази благодарност до високиот гостин, Масимилијано Паолучи, директорот на Светската банка во земјава и неговиот тим, кои посветено ги поддржуваат напорите на централната банка во трансформацијата на платежната инфраструктура, поставувајќи ги основите во финансиската сфера на патот кон ЕУ. Економските врски на нашата земја со членките на СЕПА се силни и постојано растат. Над две третини од нашата надворешна трговија се врши со земјите од СЕПА, што е еквивалентно на 101% од нашиот БДП. Покрај тоа, 87% од нашите вкупни одливи и 77% од вкупните приливи се извршуваат во евра. Со пристапувањето кон СЕПА ќе ги поедноставиме и ќе ги намалиме трошоците за овие плаќања, обезбедувајќи значителни придобивки за нашата економија и зајакнување на нашите врски со Европа, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што порача дека напорите на централната банка резултираа со поднесено барање за пристапување во СЕПА, на 10 јули годинава. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна и дека „поевтиниот, побрз и поефикасен платен систем ќе придонесе за поголема конкурентност на нашиот корпоративен сектор и негова понатамошна интеграција во ЕУ, особено на микро-, малите и средните претпријатија, коишто се столбот на нашата економија и вработуваат околу 75% од сите вработени и создаваат околу 70% од додадената вредност“. Таа нагласи дека нашиот финансиски систем значително се трансформира и ги зајакнува своите капацитети за обезбедување подобра услуга за домаќинствата и компаниите, што се гледа преку постојаното зголемување на финансиското посредување коешто достигнува 89% од БДП. На работилницата беше истакнато дека придобивките од модернизацијата на плаќањата ќе бидат особено значајни и во делот на дознаките, коишто пристигнуваат преку банкарските канали, како и намалувањето на сивата економија. Со оглед на фактот што приливот од дознаки сочинува 3,1 отсто од БДП, намалувањето на трошоците од 3 отсто за трансакциите со дознаки ќе придонесе за годишна заштеда од 16 милиони евра за иселениците и нивните семејства. Студиите на Светската банка покажуваат дека со префрлување на 10 отсто од плаќањата извршени во готовина во дигитални плаќања може да се намали сивата економија за приближно 2 отсто, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка за земјава и за Косово. Со приклучувањето на земјава кон СЕПА не само што ќе се намалат трошоците за трансакции во евра, туку ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, преку подобрено управување со готовинскиот тек, зајакнат пристап до пазарите во ЕУ, како и подобри односи со деловните партнери, овозможено преку побрзо порамнување на плаќањата, оцени вицегувернерката Емилија Нацевска, обединувајќи ги заклучоците од дискусиите на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“, при што истакна дека целта на Народната банка е да ги трансформира идеите и стратегиите за коишто се разговара во конкретни акции за натамошна модернизација на платежните системи, усогласувајќи ги со стандардите на ЕУ и обезбедувајќи поинтегрирана иднина за нашата економија. Работилницата којашто се организира на иницијатива на Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на плаќањата на Западен Балкан, беше поддржана и од Европската комисија, како и Регионалниот совет за соработка, Секретаријатот на ЦЕФТА, Европската централна банка и од Европскиот совет за плаќања.

The post СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства appeared first on Република.

]]>
И тие решија да поминат на евро: Официјално се укинува националната валута во оваа земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-tie-reshija-da-pominat-na-evro-ofitsijalno-se-ukinuva-natsionalnata-valuta-vo-ovaa-zemja/ Fri, 09 Aug 2024 13:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=804985

Пратениците во бугарскиот парламент го усвоија Законот за преминување на еврото како национална валута, објавија локалните медиуми.

Со него се уредуваат принципите, рамката и процедурите за пуштање на еврото во оптек во Бугарија, се утврдуваат прописите за транзицијата и се воведува транзициски период кој на граѓаните ќе им овозможи време да се прилагодат на новата валута.

Сè уште не е познат датумот на пуштање на еврото во оптек во Бугарија, бидејќи тоа треба да го утврди Европскиот совет.

Бугарските медиуми посочуваат дека, по стапувањето во сила на законот, режимот на користење на две валути, бугарскиот лев и еврото, ќе остане во Бугарија еден месец. На крајот на преодниот рок бугарскиот лев треба целосно да се повлече од оптек.

Цените на стоките и услугите ќе бидат означени во две валути за една година.

На почетокот на јуни бугарските медиуми, повикувајќи се на извори во Брисел, објавија дека Бугарија не ги исполнила сите неопходни критериуми за премин кон еврото и дека нема да влезе во еврозоната до 1 јануари, што е најмалку една година подолго од планираното.

The post И тие решија да поминат на евро: Официјално се укинува националната валута во оваа земја appeared first on Република.

]]>

Пратениците во бугарскиот парламент го усвоија Законот за преминување на еврото како национална валута, објавија локалните медиуми. Со него се уредуваат принципите, рамката и процедурите за пуштање на еврото во оптек во Бугарија, се утврдуваат прописите за транзицијата и се воведува транзициски период кој на граѓаните ќе им овозможи време да се прилагодат на новата валута. Сè уште не е познат датумот на пуштање на еврото во оптек во Бугарија, бидејќи тоа треба да го утврди Европскиот совет. Бугарските медиуми посочуваат дека, по стапувањето во сила на законот, режимот на користење на две валути, бугарскиот лев и еврото, ќе остане во Бугарија еден месец. На крајот на преодниот рок бугарскиот лев треба целосно да се повлече од оптек. Цените на стоките и услугите ќе бидат означени во две валути за една година. На почетокот на јуни бугарските медиуми, повикувајќи се на извори во Брисел, објавија дека Бугарија не ги исполнила сите неопходни критериуми за премин кон еврото и дека нема да влезе во еврозоната до 1 јануари, што е најмалку една година подолго од планираното.

The post И тие решија да поминат на евро: Официјално се укинува националната валута во оваа земја appeared first on Република.

]]>
Потсетник од УЈП: Данок треба да платат и лица што остваруваат приход од продажба на бижутерија, рачни изработки, крофни, торти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potsetnik-od-ujp-danok-treba-da-platat-i-litsa-shto-ostvaruvaat-prihod-od-prodazhba-na-bizhuterija-rachni-izrabotki-krofni-torti/ Wed, 24 Jul 2024 12:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=799861

Физички лица што остваруваат приход да платат данок, вработени во УЈП денеска беа на средба со претставници на членки на регионална Стопанска комора со седиште во Кавадарци.

Целта беше да им се објасни за правата и обврските на даночните обврзници во делот на издавање под закуп на недвижен имот, апартмани, соби, викендички, како на пример, на Тиквешко езеро и друг имот од рекреативен карактер. Истото важи и за физичките лица што ивршуваат стопанска дејност од времен карактер како продавачи на производи на подвижни штандови. Се мисли на продажба на бижутерија, рачна изработка, крофни, пуканки, изработка на торти и слично. Тие што на ваков начин стекнуваат приход, да се запознаат со правата и обврските, појасни Мухедин Авдиќ, раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци.

Тој нагласи дека целта е да се подигне свеста за доброволно усогласување на обврските.

Сами да пријават и платат соодветно што треба, согласно на законските одредби. Ова се таканаречени меки мерки на УЈП. Тука сме да потсетиме, да имаме партнерски мерки со даночните обврзници. Дел од нив добиваат решенија за работа од општината и ги задолжуваме. Тие вторите сакаме да ги опфатиме, тие што не фигурираат никаде а остваруваат приход, да не бидат нелојална конкуренција на пазарот - подвлече Авдиќ.

Засега, додаде тој, се оди само на потсетување за правата и обврските. Доколку ваквите потсетувања не вродат со плод, па ваквите приходи и понатаму останат неоданочени, во иднина ќе следат контроли на терен. Со единствена цел, законите да важат за сите.

 

The post Потсетник од УЈП: Данок треба да платат и лица што остваруваат приход од продажба на бижутерија, рачни изработки, крофни, торти appeared first on Република.

]]>

Физички лица што остваруваат приход да платат данок, вработени во УЈП денеска беа на средба со претставници на членки на регионална Стопанска комора со седиште во Кавадарци. Целта беше да им се објасни за правата и обврските на даночните обврзници во делот на издавање под закуп на недвижен имот, апартмани, соби, викендички, како на пример, на Тиквешко езеро и друг имот од рекреативен карактер. Истото важи и за физичките лица што ивршуваат стопанска дејност од времен карактер како продавачи на производи на подвижни штандови. Се мисли на продажба на бижутерија, рачна изработка, крофни, пуканки, изработка на торти и слично. Тие што на ваков начин стекнуваат приход, да се запознаат со правата и обврските, појасни Мухедин Авдиќ, раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци. Тој нагласи дека целта е да се подигне свеста за доброволно усогласување на обврските.
Сами да пријават и платат соодветно што треба, согласно на законските одредби. Ова се таканаречени меки мерки на УЈП. Тука сме да потсетиме, да имаме партнерски мерки со даночните обврзници. Дел од нив добиваат решенија за работа од општината и ги задолжуваме. Тие вторите сакаме да ги опфатиме, тие што не фигурираат никаде а остваруваат приход, да не бидат нелојална конкуренција на пазарот - подвлече Авдиќ.
Засега, додаде тој, се оди само на потсетување за правата и обврските. Доколку ваквите потсетувања не вродат со плод, па ваквите приходи и понатаму останат неоданочени, во иднина ќе следат контроли на терен. Со единствена цел, законите да важат за сите.  

The post Потсетник од УЈП: Данок треба да платат и лица што остваруваат приход од продажба на бижутерија, рачни изработки, крофни, торти appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-graganite-koi-imaat-vazhechka-lichna-karta-ne-treba-da-plakaat-za-nova-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/ Tue, 22 Aug 2023 17:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=674769

Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки.

Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.

Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – Реагира Зибери.

Целиот текст овде.

The post Народен правобранител: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки. Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – Реагира Зибери.
Целиот текст овде.

The post Народен правобранител: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет appeared first on Република.

]]>
НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-graganite-se-poveke-gi-prifakaat-digitalnite-plakana/ Wed, 05 Apr 2023 08:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=627415

Дигиталните платформи и канали за извршување на плаќањата сѐ почесто се користат од граѓаните на нашата земја, за што говорат и податоците за последниот квартал од 2022 година, како и за целата година, коишто Народната банка редовно ги обработува и ги објавува.

На крајот од 2022 година во оптек беа 2,1 милион платежни картички, од коишто 70 отсто засновани на бесконтактна технологија. Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 30.011 уреди на физичките места на продажба, кај 13.359 трговци во земјата, од кои дури 86 проценти ја поддржуваат бесконтактната технологија. Според овие податоци, граѓаните во земјата можеа на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2021 година) од 1 отсто односно 3 отсто. Годишен раст од 16 проценти во однос на 2021 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата, се наведува во соопштението од Народна банка.

Во четвртиот квартал од 2022 година и натаму се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 11 отсто и 16 проценти, соодветно.

Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат раст од 6 отсто и 2 проценти, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (74%), податоците за последниот квартал од годината ја потврдуваат и сѐ поголемата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 12 отсто кај бројот и 14 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани електронски и раст од 21 отсто кај бројот и 25 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани со употреба на мобилните апликации, велат од Народна банка.

Менувањето на навиките на граѓаните, како што е наведено во соопштението, поточно сѐ почестото користење на дигиталните канали за извршување на плаќањата, до крајот на 2022 година, доведе до годишен раст од 13 отсто на плаќањата со платежни картички во трговијата и годишен раст од 8 проценти на плаќањата со кредитни трансфери иницирани електронски.

За извршувањето на плаќањата со прифаќање на платежните картички, според најновите податоци за 2022 година, трговците плаќале просечен надоместок во висина од 1,13 отсто од вредноста на прометот, што е помалку за 0,06 п.п. во споредба со 2021 година. Најголемо намалување се забележува кај надоместот за плаќањата на бензинските станици (за 0,19 п.п.), на јавните и комуналните услуги (за 0,19 п.п.) и во електронската трговија (за 0,14 п.п.), се наведува во соопштението.

Од Народна банка посочуваат дека показателите преку кои се следи финансиската вклученост на населението и натаму ја потврдуваат високата стапка на финансиска вклученост преку клучниот показател ‒ поседувањето платежна сметка. - Имено, на крајот на 2022 година граѓаните располагале во просек со 1,8 сметки по глава на жител, што е за 0,1 сметка повеќе во однос на просечниот број сметки на глава на жител кај населението во Европската Унија. Притоа, сопствениците на сметките ги користеле дигиталните услуги за увид кај околу 42 отсто од сметките, додека, пак, електронски плаќања се извршуваат кај 18 проценти од сметките, се додава во соопштението.

Според податоците за возрасната структура на имателите на сметките, во 2022 година е видлива поголема употреба на дигиталните услуги кај сите возрасни групи, во споредба со минатата година. Забележан е годишен раст на бројот на платежни сметки на активни пристапувачи и бројот на платежни сметки на активни плаќачи за 19 отсто и 9 проценти, соодветно. Притоа, најголеми корисници на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на електронските плаќања се возрасните групи од 25 до 54 години, со 2,3 сметки по глава на жител. Поголемиот дел од сметките во нивна сопственост, односно над 51 проценти им биле достапни за електронски увид, а 24 отсто за извршување електронски плаќања.

Од аспект на родовата структура, како што информираат од Народна банка, податоците посочуваат на родов јаз од 0,5 сметки повеќе во корист на мажите (2,1 сметки по глава на жител од машкиот пол, наспроти 1,6 сметки по глава на жител од женскиот пол). Сепак, во споредба со мажите, во текот на 2022 година жените биле умерено поактивни во користењето на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на плаќањата. Така, 41 отсто од сметките коишто се во сопственост на жените биле искористени за плаќање преку интернет-банкарство или мобилна платежна апликација, додека за таа намена мажите користеле 40 проценти од своите сметки. Воедно, жените направиле најмалку еден електронски увид во состојбата и промените кај 63 отсто од нивните сметки, а мажите кај 62 отсто.

Според достапноста на инфраструктурата по општини, најголема покриеност со банкомати на десет илјади жители е забележана во Маврово и Ростуше (12), Охрид, Дојран и Гевгелија (10), а најголема покриеност со уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители е евидентирана во Гевгелија (321), Охрид (285) и Скопје (269). Во рамките на Градот Скопје, најголема покриеност со банкомати и уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители имаат општините Центар, Карпош и Аеродром, посочуваат од Народна банка.

The post НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања appeared first on Република.

]]>

Дигиталните платформи и канали за извршување на плаќањата сѐ почесто се користат од граѓаните на нашата земја, за што говорат и податоците за последниот квартал од 2022 година, како и за целата година, коишто Народната банка редовно ги обработува и ги објавува. На крајот од 2022 година во оптек беа 2,1 милион платежни картички, од коишто 70 отсто засновани на бесконтактна технологија. Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 30.011 уреди на физичките места на продажба, кај 13.359 трговци во земјата, од кои дури 86 проценти ја поддржуваат бесконтактната технологија. Според овие податоци, граѓаните во земјата можеа на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2021 година) од 1 отсто односно 3 отсто. Годишен раст од 16 проценти во однос на 2021 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата, се наведува во соопштението од Народна банка. Во четвртиот квартал од 2022 година и натаму се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 11 отсто и 16 проценти, соодветно. Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат раст од 6 отсто и 2 проценти, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (74%), податоците за последниот квартал од годината ја потврдуваат и сѐ поголемата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 12 отсто кај бројот и 14 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани електронски и раст од 21 отсто кај бројот и 25 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани со употреба на мобилните апликации, велат од Народна банка. Менувањето на навиките на граѓаните, како што е наведено во соопштението, поточно сѐ почестото користење на дигиталните канали за извршување на плаќањата, до крајот на 2022 година, доведе до годишен раст од 13 отсто на плаќањата со платежни картички во трговијата и годишен раст од 8 проценти на плаќањата со кредитни трансфери иницирани електронски. За извршувањето на плаќањата со прифаќање на платежните картички, според најновите податоци за 2022 година, трговците плаќале просечен надоместок во висина од 1,13 отсто од вредноста на прометот, што е помалку за 0,06 п.п. во споредба со 2021 година. Најголемо намалување се забележува кај надоместот за плаќањата на бензинските станици (за 0,19 п.п.), на јавните и комуналните услуги (за 0,19 п.п.) и во електронската трговија (за 0,14 п.п.), се наведува во соопштението. Од Народна банка посочуваат дека показателите преку кои се следи финансиската вклученост на населението и натаму ја потврдуваат високата стапка на финансиска вклученост преку клучниот показател ‒ поседувањето платежна сметка. - Имено, на крајот на 2022 година граѓаните располагале во просек со 1,8 сметки по глава на жител, што е за 0,1 сметка повеќе во однос на просечниот број сметки на глава на жител кај населението во Европската Унија. Притоа, сопствениците на сметките ги користеле дигиталните услуги за увид кај околу 42 отсто од сметките, додека, пак, електронски плаќања се извршуваат кај 18 проценти од сметките, се додава во соопштението. Според податоците за возрасната структура на имателите на сметките, во 2022 година е видлива поголема употреба на дигиталните услуги кај сите возрасни групи, во споредба со минатата година. Забележан е годишен раст на бројот на платежни сметки на активни пристапувачи и бројот на платежни сметки на активни плаќачи за 19 отсто и 9 проценти, соодветно. Притоа, најголеми корисници на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на електронските плаќања се возрасните групи од 25 до 54 години, со 2,3 сметки по глава на жител. Поголемиот дел од сметките во нивна сопственост, односно над 51 проценти им биле достапни за електронски увид, а 24 отсто за извршување електронски плаќања. Од аспект на родовата структура, како што информираат од Народна банка, податоците посочуваат на родов јаз од 0,5 сметки повеќе во корист на мажите (2,1 сметки по глава на жител од машкиот пол, наспроти 1,6 сметки по глава на жител од женскиот пол). Сепак, во споредба со мажите, во текот на 2022 година жените биле умерено поактивни во користењето на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на плаќањата. Така, 41 отсто од сметките коишто се во сопственост на жените биле искористени за плаќање преку интернет-банкарство или мобилна платежна апликација, додека за таа намена мажите користеле 40 проценти од своите сметки. Воедно, жените направиле најмалку еден електронски увид во состојбата и промените кај 63 отсто од нивните сметки, а мажите кај 62 отсто. Според достапноста на инфраструктурата по општини, најголема покриеност со банкомати на десет илјади жители е забележана во Маврово и Ростуше (12), Охрид, Дојран и Гевгелија (10), а најголема покриеност со уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители е евидентирана во Гевгелија (321), Охрид (285) и Скопје (269). Во рамките на Градот Скопје, најголема покриеност со банкомати и уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители имаат општините Центар, Карпош и Аеродром, посочуваат од Народна банка.

The post НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања appeared first on Република.

]]>
Денарска сметка за основни функции: Граѓаните со неа може да плаќаат комуналии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/denarska-smetka-za-osnovni-funktsii-graganite-so-nea-mozhe-da-plakaat-komunalii/ Sun, 05 Feb 2023 10:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=604960

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање комунални и разни други услуги, за купување во продавници или преку интернет, како и да внесуваат и повлекуваат готовина.

Разликата со платежните сметки кои сега се користат е во тоа што преку сметките со основни функции ќе може да се вршат плаќања само до висината на сопствените средства, односно нема да биде дозволено навлегување во т.н. минусно салдо. Токму заради тоа, надоместоците што за ваквата сметка со основни функции ќе им се наплатуваат на граѓаните ќе бидат пониски, а за граѓаните кои се корисници на социјални трансфери нема да се наплатува ваков надоместок.

Вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во интервјуто дадено за МИА што денеска е објавено, истакнува дека клучната разлика во однос на постојните платежни сметки е во ограничувањето на платежната сметка со основни функции да се користи за плаќања само до висината на сопствените средства и во лимитирањето на надоместоците коишто ќе ги плаќаат граѓаните за користење на платежните услуги преку оваа сметка.

Токму заради ваквото ограничување, банката или штедилницата за услугите со платежната сметка со основни функции може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок само до разумна висина, којшто не смее да биде повисок од 0,1 процент од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во согласност со објавите од страна на Државниот завод за статистика, вака пресметаниот месечен надоместок тековно би изнесувал околу 31 денар. Овој надоместок вклучува месечно одржување на сметката, неограничен број платежни трансакции за внесување или повлекување готови пари непосредно на шалтерите во работните простории на давателот, или преку неговата мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции со кредитен трансфер, вклучувајќи и траен налог, или со директно задолжување со кои се пренесуваат парични средства на други платежни сметки на клиенти на истиот давател на платежни услуги – појаснува вицегувернерката.

Граѓаните кои сакаат да користат платежна сметка со основни функции ќе треба да ги затворат другите денарски платежни сметки што ги имаат во банката, но ќе може да користат кредитна картичка и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута.

Доколку граѓаните сакаат да отворат платежна сметка со основни функции кај банка или штедилница кај која тековно немаат платежна (трансакциска) сметка, тогаш ќе треба да ги затворат сите платежни (трансакциски) сметки во денари кај другите банки и штедилници коишто ги отвориле во минатото. Од друга страна, кај истата банка или штедилница граѓаните ќе може да користат кредитна картичка за што ќе мора да склучат одделен договор, како и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута – вели Нацевска.

The post Денарска сметка за основни функции: Граѓаните со неа може да плаќаат комуналии appeared first on Република.

]]>

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање комунални и разни други услуги, за купување во продавници или преку интернет, како и да внесуваат и повлекуваат готовина. Разликата со платежните сметки кои сега се користат е во тоа што преку сметките со основни функции ќе може да се вршат плаќања само до висината на сопствените средства, односно нема да биде дозволено навлегување во т.н. минусно салдо. Токму заради тоа, надоместоците што за ваквата сметка со основни функции ќе им се наплатуваат на граѓаните ќе бидат пониски, а за граѓаните кои се корисници на социјални трансфери нема да се наплатува ваков надоместок. Вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во интервјуто дадено за МИА што денеска е објавено, истакнува дека клучната разлика во однос на постојните платежни сметки е во ограничувањето на платежната сметка со основни функции да се користи за плаќања само до висината на сопствените средства и во лимитирањето на надоместоците коишто ќе ги плаќаат граѓаните за користење на платежните услуги преку оваа сметка. Токму заради ваквото ограничување, банката или штедилницата за услугите со платежната сметка со основни функции може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок само до разумна висина, којшто не смее да биде повисок од 0,1 процент од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во согласност со објавите од страна на Државниот завод за статистика, вака пресметаниот месечен надоместок тековно би изнесувал околу 31 денар. Овој надоместок вклучува месечно одржување на сметката, неограничен број платежни трансакции за внесување или повлекување готови пари непосредно на шалтерите во работните простории на давателот, или преку неговата мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции со кредитен трансфер, вклучувајќи и траен налог, или со директно задолжување со кои се пренесуваат парични средства на други платежни сметки на клиенти на истиот давател на платежни услуги – појаснува вицегувернерката. Граѓаните кои сакаат да користат платежна сметка со основни функции ќе треба да ги затворат другите денарски платежни сметки што ги имаат во банката, но ќе може да користат кредитна картичка и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута.
Доколку граѓаните сакаат да отворат платежна сметка со основни функции кај банка или штедилница кај која тековно немаат платежна (трансакциска) сметка, тогаш ќе треба да ги затворат сите платежни (трансакциски) сметки во денари кај другите банки и штедилници коишто ги отвориле во минатото. Од друга страна, кај истата банка или штедилница граѓаните ќе може да користат кредитна картичка за што ќе мора да склучат одделен договор, како и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута – вели Нацевска.

The post Денарска сметка за основни функции: Граѓаните со неа може да плаќаат комуналии appeared first on Република.

]]>
Грција се префрлa на плаќање за рускиот гас во рубљи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-se-prefrla-na-plakjanje-za-ruskiot-gas-vo-rublji/ Wed, 25 May 2022 12:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=506763

Сите грчки компании-увозници на руски гас одлучиле да ја прифатат шемата за плаќање кон „Гаспром“ во рубљи, со што нема да има прекин на испораките на енергенси за Грција.

Сите грчки компании-купувачи се префрлија на плаќање во рубљи. Сметките се отворени, процесот на плаќање е во тек - вели извор на „Спутник“.

Европската комисија (ЕК), претходно испрати писмо до земјите-членки на ЕУ во кое објаснува дека компаниите од ЕУ, под одредени услови, можат да плаќаат за рускиот гас во рубљи, без да ги прекршат санкциите против Русија.

The post Грција се префрлa на плаќање за рускиот гас во рубљи appeared first on Република.

]]>

Сите грчки компании-увозници на руски гас одлучиле да ја прифатат шемата за плаќање кон „Гаспром“ во рубљи, со што нема да има прекин на испораките на енергенси за Грција.
Сите грчки компании-купувачи се префрлија на плаќање во рубљи. Сметките се отворени, процесот на плаќање е во тек - вели извор на „Спутник“.
Европската комисија (ЕК), претходно испрати писмо до земјите-членки на ЕУ во кое објаснува дека компаниите од ЕУ, под одредени услови, можат да плаќаат за рускиот гас во рубљи, без да ги прекршат санкциите против Русија.

The post Грција се префрлa на плаќање за рускиот гас во рубљи appeared first on Република.

]]>
Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-bara-neprijatelskite-zemji-da-plakjaat-vo-rublji-za-ruskiot-gas/ Wed, 23 Mar 2022 11:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=477205

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.

Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.

Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи - рече Путин.

Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.

Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

The post Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина. Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.
Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи - рече Путин.
Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците. Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање. Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

The post Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас appeared first on Република.

]]>
Зголемено е користењето на новите дигитални решенија и променети се корисничките навики при плаќањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemeno-e-koristenjeto-na-novite-digitalni-reshenija-i-promeneti-se-korisnichkite-naviki-pri-plakjanjata/ Tue, 04 Jan 2022 09:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=440348

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување, информираат од Народната банка на Македонија.

И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16% и 14,9%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8%), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8%, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година.

Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во третиот квартал од 2021 година, исто така е забележан висок раст кај плаќањата на граѓаните, при што годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3%, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6%.

Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2% на годишна основа кај бројот, односно за 31,4% кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9% кај бројот, односно од 30,8% кај вредноста на остварените трансакции, велат од НБМ.

The post Зголемено е користењето на новите дигитални решенија и променети се корисничките навики при плаќањата appeared first on Република.

]]>

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување, информираат од Народната банка на Македонија. И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16% и 14,9%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8%), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8%, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година. Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во третиот квартал од 2021 година, исто така е забележан висок раст кај плаќањата на граѓаните, при што годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3%, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6%. Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2% на годишна основа кај бројот, односно за 31,4% кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9% кај бројот, односно од 30,8% кај вредноста на остварените трансакции, велат од НБМ.

The post Зголемено е користењето на новите дигитални решенија и променети се корисничките навики при плаќањата appeared first on Република.

]]>