плагијаторство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plagijatorstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 12:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плагијаторство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/plagijatorstvo/ 32 32 Уште еден класичен СДСМ плагијат: Слоганот „Повеќе за сите“ украден од кампања на НЛБ Банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-klasichen-sdsm-plagijat-sloganot-poveke-za-site-ukraden-od-kampana-na-nlb-banka/ Thu, 14 Dec 2023 11:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=722871

Под слоганот „Повеќе за сите“, владејачката партија СДСМ започна нова кампања чие лого е обоено во црвено бела боја. Но, не станува збор за нов слоган туку за плагијат, слоган украден од кампања и реклама на НЛБ Банка. Слоганот е од пред 3 години, кога НЛБ Банка кога промовираше платежни картички за малите и средни претпријатија погодени од ковид-кризата.

Кампања на СДСМ „Повеќе за сите“ ја најави портпаролката Богданка Кузевска, која на прес конференција промовирајќи го деветтиот антикризен пакет рече дека со СДСМ има повеќе за сите. Потоа, истата ја продолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи кој на трибина во Гостивар изјави дека финансиска поддршка обезбедиле преку антикризниот пакет кој ќе трае само 7 месеци, односно до завршување на изборниот процес.

Кампањата „Повеќе за сите“ на СДСМ која е плагијат на кампањата на НЛБ Банка, доаѓа веднаш по завршување на кампањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која беше насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“, која беше составена од два дела - првиот, теренските посети на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а вториот организираните тематски дебати за Македонија на кои беа посочени проблемите, но и неа понудени принципи и решенија.

СДСМ уште еднаш покажа дека се крајно неиновативни и креативни, па така со оглед дека овој слоган „Повеќе за сите“ е веќе искористен од НЛБ Банка повеќе наликува дека освен што немаат свои идеи се служат и со плагијати, туку сакаат да им се додворат на гласачите како да се потрошувачи.

И ова не е прв слоган или кампања која е украдена од страна на СДСМ.

https://arhiva.republika.mk/693176

За потсетување на јавноста црвено бела боја се боите кои СДСМ ги зема од боите на Партијата на европските социјалисти во кампањата „На прав пат“ чие пак лого беше украдено од партијата на хрватската СДП од претседателските избори во 2009 година, па освен слоганот и боите, плагијат беше и графичката идентификација на логото.

Понатаму, слоганот „За живот во Македонија“ со кој СДСМ настапи на изборите во 2016 година, истото беше украден од српското движење Двери која во кампањата го користеле логото „За живот Србије“, па покрај слоганот, СДСМ ја искористи и иконографијата, па така наместо во традиционалните бои сина и жолта, настапуваа со црвена и бела, токму боите на радикалната партија Двери.

Дури и кампањата на владата на СДСМ и ДУИ за промоција на Европската унија чиј предводник беше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која од самиот почеток се потрошија 80.000 евра беше плагијат, со оглед дека истиот слоган е веќе неколку пати употребен во кампањи од други држави.

Потоа, и стиснатата тупаница која беше заштитен знак на партијата и можеше да се забележи речиси на сите протести и митинзи организирани од страна на СДСМ е плагијат украден од Парадата на гордоста во Белград каде припадниците на ЛГБТ заедницата маршираа за своите права, токму со знаме на кое беше испечатена стисната тупаница.

Освен што СДСМ копира слогани и прави плагијати, исто така ја копира и ВМРО-ДПМНЕ и не само во организирање на трибини по теркот на ВМРО-ДПМНЕ, туку ја копира и во начинот на организирање на настани. Имено, во недостиг на креативност, владата за роденденот на Македонија на 8ми Септември организираше ласерско испишување на Калето кое веќе беше направено минатата година на 18 јуни од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кога ден пред најавениот протест за промени, лидерот Мицкоски објави видео во кое се гледаше како течат подготовките пред протестот, а Кале беше осветлено и на него беше испишано „Протест за промени“.

The post Уште еден класичен СДСМ плагијат: Слоганот „Повеќе за сите“ украден од кампања на НЛБ Банка appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Повеќе за сите“, владејачката партија СДСМ започна нова кампања чие лого е обоено во црвено бела боја. Но, не станува збор за нов слоган туку за плагијат, слоган украден од кампања и реклама на НЛБ Банка. Слоганот е од пред 3 години, кога НЛБ Банка кога промовираше платежни картички за малите и средни претпријатија погодени од ковид-кризата. Кампања на СДСМ „Повеќе за сите“ ја најави портпаролката Богданка Кузевска, која на прес конференција промовирајќи го деветтиот антикризен пакет рече дека со СДСМ има повеќе за сите. Потоа, истата ја продолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи кој на трибина во Гостивар изјави дека финансиска поддршка обезбедиле преку антикризниот пакет кој ќе трае само 7 месеци, односно до завршување на изборниот процес. Кампањата „Повеќе за сите“ на СДСМ која е плагијат на кампањата на НЛБ Банка, доаѓа веднаш по завршување на кампањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која беше насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“, која беше составена од два дела - првиот, теренските посети на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а вториот организираните тематски дебати за Македонија на кои беа посочени проблемите, но и неа понудени принципи и решенија. СДСМ уште еднаш покажа дека се крајно неиновативни и креативни, па така со оглед дека овој слоган „Повеќе за сите“ е веќе искористен од НЛБ Банка повеќе наликува дека освен што немаат свои идеи се служат и со плагијати, туку сакаат да им се додворат на гласачите како да се потрошувачи. И ова не е прв слоган или кампања која е украдена од страна на СДСМ. https://arhiva.republika.mk/693176 За потсетување на јавноста црвено бела боја се боите кои СДСМ ги зема од боите на Партијата на европските социјалисти во кампањата „На прав пат“ чие пак лого беше украдено од партијата на хрватската СДП од претседателските избори во 2009 година, па освен слоганот и боите, плагијат беше и графичката идентификација на логото. Понатаму, слоганот „За живот во Македонија“ со кој СДСМ настапи на изборите во 2016 година, истото беше украден од српското движење Двери која во кампањата го користеле логото „За живот Србије“, па покрај слоганот, СДСМ ја искористи и иконографијата, па така наместо во традиционалните бои сина и жолта, настапуваа со црвена и бела, токму боите на радикалната партија Двери. Дури и кампањата на владата на СДСМ и ДУИ за промоција на Европската унија чиј предводник беше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која од самиот почеток се потрошија 80.000 евра беше плагијат, со оглед дека истиот слоган е веќе неколку пати употребен во кампањи од други држави. Потоа, и стиснатата тупаница која беше заштитен знак на партијата и можеше да се забележи речиси на сите протести и митинзи организирани од страна на СДСМ е плагијат украден од Парадата на гордоста во Белград каде припадниците на ЛГБТ заедницата маршираа за своите права, токму со знаме на кое беше испечатена стисната тупаница. Освен што СДСМ копира слогани и прави плагијати, исто така ја копира и ВМРО-ДПМНЕ и не само во организирање на трибини по теркот на ВМРО-ДПМНЕ, туку ја копира и во начинот на организирање на настани. Имено, во недостиг на креативност, владата за роденденот на Македонија на 8ми Септември организираше ласерско испишување на Калето кое веќе беше направено минатата година на 18 јуни од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кога ден пред најавениот протест за промени, лидерот Мицкоски објави видео во кое се гледаше како течат подготовките пред протестот, а Кале беше осветлено и на него беше испишано „Протест за промени“.

The post Уште еден класичен СДСМ плагијат: Слоганот „Повеќе за сите“ украден од кампања на НЛБ Банка appeared first on Република.

]]>
Дуа Липа обвинета за плагијаторство за нејзиниот нов хит https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/dua-lipa-obvineta-za-plagijatorstvo-za-nejziniot-nov-hit/ Fri, 04 Mar 2022 13:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=467664

Британската поп-пејачка Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права, поднесена од бендот „Артикал саунд систем“. Раперите, имено, тврдат дека таа ја искористила нивната песна „лив јуар лајф“ (Live Your Life) за нејзиниот хит „Левитејтинг“ (Levitating).

Од рап-бендот сметаат дека поп-ѕвездата и нејзиниот тим ја имале предвид нивната песна кога ја создале „копијата“. Иако во тужбата музичарите не објаснуваат зошто мислат така, стручни лица признаваат дека има сличности во двете песни, особено рефрените.

„Артикал саунд систем“ како обвинети ги именуваше и „Ворнер рекордс“, барајќи да ја добијат цела заработка од песната, како и да добијат обештетување.

Од тимот на Дуа Липа сѐ уште нема коментари.

Таа, инаку, го објави својот последен албум „Фјучр носталџиа“ (Future Nostalgia) во 2020 година, а во една прилика рече дека не очекувала „Левитејтинг“ да стане толку голем хит.

The post Дуа Липа обвинета за плагијаторство за нејзиниот нов хит appeared first on Република.

]]>

Британската поп-пејачка Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права, поднесена од бендот „Артикал саунд систем“. Раперите, имено, тврдат дека таа ја искористила нивната песна „лив јуар лајф“ (Live Your Life) за нејзиниот хит „Левитејтинг“ (Levitating). Од рап-бендот сметаат дека поп-ѕвездата и нејзиниот тим ја имале предвид нивната песна кога ја создале „копијата“. Иако во тужбата музичарите не објаснуваат зошто мислат така, стручни лица признаваат дека има сличности во двете песни, особено рефрените. „Артикал саунд систем“ како обвинети ги именуваше и „Ворнер рекордс“, барајќи да ја добијат цела заработка од песната, како и да добијат обештетување. Од тимот на Дуа Липа сѐ уште нема коментари. Таа, инаку, го објави својот последен албум „Фјучр носталџиа“ (Future Nostalgia) во 2020 година, а во една прилика рече дека не очекувала „Левитејтинг“ да стане толку голем хит.

The post Дуа Липа обвинета за плагијаторство за нејзиниот нов хит appeared first on Република.

]]>