Плацови на Водно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/placovi-na-vodno/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 07:37:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Плацови на Водно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/placovi-na-vodno/ 32 32 Денеска пресуда за „Плацовите на Водно“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-presuda-za-placovite-na-vodno/ Thu, 21 Apr 2022 07:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=491525

Основниот кривичен суд Скопје денеска попладне треба да ја изрече пресудата за случајот „Плацови на Водно“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинети се уште пет други лица: Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева, за која обвинителството во завршните зборови се откажа од кривичен прогон поради застарување на делото.

На Груевски на товар му се ставаат делата перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Во случајот обвинителството тврди дека Груевски со пари кои биле донација за ВМРО-ДПМНЕ прибавил 1,3 милиони евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал имот. Обвинението опфаќа плацови на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување имот, според обвинителството, се вклучени и офшор фирми, односно била искористена компанијата „Сирах лимитед“ од Белизе во сопственост на обвинетиот Јосифовиќ, и преку неа се отворила фирма-ќерка во Македонија, „Сирах инженеринг“, за чиј управител бил назначен кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски. Тој, според обвинението, за експремиерот го купил и земјиштето во Крушево.

The post Денеска пресуда за „Плацовите на Водно“ appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје денеска попладне треба да ја изрече пресудата за случајот „Плацови на Водно“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Обвинети се уште пет други лица: Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева, за која обвинителството во завршните зборови се откажа од кривичен прогон поради застарување на делото. На Груевски на товар му се ставаат делата перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Во случајот обвинителството тврди дека Груевски со пари кои биле донација за ВМРО-ДПМНЕ прибавил 1,3 милиони евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал имот. Обвинението опфаќа плацови на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување имот, според обвинителството, се вклучени и офшор фирми, односно била искористена компанијата „Сирах лимитед“ од Белизе во сопственост на обвинетиот Јосифовиќ, и преку неа се отворила фирма-ќерка во Македонија, „Сирах инженеринг“, за чиј управител бил назначен кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски. Тој, според обвинението, за експремиерот го купил и земјиштето во Крушево.

The post Денеска пресуда за „Плацовите на Водно“ appeared first on Република.

]]>