пиво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pivo/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 19:44:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pivo/ 32 32 Најубаво „фала“: Бесплатно пиво на следниот меч против Комо за навивачите на Наполи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/najubavo-fala-besplatno-pivo-na-sledniot-mech-protiv-komo-za-navivachite-na-napoli/ Tue, 08 Oct 2024 19:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=824292

Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо објави дека поради пријатното гостување во Неапол, секој навивач на Наполи ќе го почести со пиво кога овие два тима повторно ќе се сретнат во првенството.

Комо минатата недела гостуваше во Неапол, во рамките на 8. коло од Серија А, а лидерот Наполи победи со 3-1.

Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Комо биле воодушевени од пречекот во Неапол и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде домашните навивачи им аплаудираа на своите играчи, но и на противниците.

Комо сака да ја изрази својата искрена благодарност до Наполи и неговите навивачи за прекрасниот пречек во спортски дух. Атмосферата на стадионот беше ненадмината, објави Комо и најави дека ќе му се заблагодари на спортскиот ривал на својот стадион „Џузепе Синигалија“.

Комо и Наполи ќе играат повторно на 23 февруари идната година, а Комо најави дека заедно со топлото добредојде, секој навивач на гостинскиот тим ќе биде почестен со пиво.

Комо сезонава по 21 година се врати во Серија А и во моментов е на 14. место на табелата.

The post Најубаво „фала“: Бесплатно пиво на следниот меч против Комо за навивачите на Наполи appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо објави дека поради пријатното гостување во Неапол, секој навивач на Наполи ќе го почести со пиво кога овие два тима повторно ќе се сретнат во првенството. Комо минатата недела гостуваше во Неапол, во рамките на 8. коло од Серија А, а лидерот Наполи победи со 3-1. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Комо биле воодушевени од пречекот во Неапол и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде домашните навивачи им аплаудираа на своите играчи, но и на противниците.
Комо сака да ја изрази својата искрена благодарност до Наполи и неговите навивачи за прекрасниот пречек во спортски дух. Атмосферата на стадионот беше ненадмината, објави Комо и најави дека ќе му се заблагодари на спортскиот ривал на својот стадион „Џузепе Синигалија“.
Комо и Наполи ќе играат повторно на 23 февруари идната година, а Комо најави дека заедно со топлото добредојде, секој навивач на гостинскиот тим ќе биде почестен со пиво. Комо сезонава по 21 година се врати во Серија А и во моментов е на 14. место на табелата.

The post Најубаво „фала“: Бесплатно пиво на следниот меч против Комо за навивачите на Наполи appeared first on Република.

]]>
Само по две пива со помалку алкохол за навивачите на Србија и Англија на мечот во Гелзенкирхен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/samo-po-dve-piva-so-pomalku-alkohol-za-navivachite-na-srbija-i-anglija-na-mechot-vo-gelzenkirhen/ Sat, 15 Jun 2024 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=787756

Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен.

Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол.

Продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице.

Организаторите ги објаснија рестрикциите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија.

Англија и Србија се сместени во групата Ц на Европското првенство, каде ривали им се Данска и Словенија.

Натпреварот меѓу Англија и Србија е закажан за в недела од 21 часот.

The post Само по две пива со помалку алкохол за навивачите на Србија и Англија на мечот во Гелзенкирхен appeared first on Република.

]]>

Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен. Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол. Продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице. Организаторите ги објаснија рестрикциите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија. Англија и Србија се сместени во групата Ц на Европското првенство, каде ривали им се Данска и Словенија. Натпреварот меѓу Англија и Србија е закажан за в недела од 21 часот.  

The post Само по две пива со помалку алкохол за навивачите на Србија и Англија на мечот во Гелзенкирхен appeared first on Република.

]]>
Откако му помогнал, братот на убиецот на Данка нарачал пиво во локалната кафеана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkako-mu-pomognal-bratot-na-ubietsot-na-danka-narachal-pivo-vo-lokalnata-kafeana/ Tue, 09 Apr 2024 16:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=764196

Братот на Дејан Драгијевиќ нарачал чаша пиво во кафеана откако помонал девојчето да биде сокриено.

Далибор Драгијевиќ, братот на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), починал во полициската станица ноќта меѓу 6 и 7 април.

[caption id="attachment_762939" align="aligncenter" width="427"] Фото: srpskainfo.com[/caption]

Инаку, тој му помогнал на својот брат во страотно злосторство со тоа што го преместил телото на несреќното девојче.

Според мештаните од ова место, кога Дејан бил уапсен, неговиот брат пиел. - Кога го уапсија Дејан Драгијевиќ, брат му нарачал чашка пиво во кафана - вели мештанка.

Братот на убиецот почина пред неколку дена во келијата во притворското одделение.

The post Откако му помогнал, братот на убиецот на Данка нарачал пиво во локалната кафеана appeared first on Република.

Убијците на малата Данка откако ја закопале заминале на пиво https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubijtsite-na-malata-danka-otkako-ja-zakopale-zaminale-na-pivo/ Fri, 05 Apr 2024 09:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=762553

Психологот Бранислава Стевиќ, анализирајќи го однесувањето на осомничените за убиството на малата Данка Илиќ, за РТС изјави дека еден потег ги шокирал сите.

Како што изјави, еден осомничен на покана на неговиот директор тргнал во потрага по Данка.

https://republika.mk/vesti/balkan/danka-se-razbudila-vo-kolata-ja-zadavile-pa-ja-frlile/

„Можам да заклучам дека се работи за целосен недостаток на емпатија, тој психолошки профил треба да се провери“, рече Стевиќ.

Биле ладни како шприцер“ а по убиството дури отишле на пиво

The post Убијците на малата Данка откако ја закопале заминале на пиво appeared first on Република.

]]>

Психологот Бранислава Стевиќ, анализирајќи го однесувањето на осомничените за убиството на малата Данка Илиќ, за РТС изјави дека еден потег ги шокирал сите. Како што изјави, еден осомничен на покана на неговиот директор тргнал во потрага по Данка. https://republika.mk/vesti/balkan/danka-se-razbudila-vo-kolata-ja-zadavile-pa-ja-frlile/
„Можам да заклучам дека се работи за целосен недостаток на емпатија, тој психолошки профил треба да се провери“, рече Стевиќ.
Биле ладни како шприцер“ а по убиството дури отишле на пиво

The post Убијците на малата Данка откако ја закопале заминале на пиво appeared first on Република.

]]>
„Тотално би се оженил со неа“: Келнерка на Октоберфест стана апсолутен хит https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/totalno-bi-se-ozhenil-so-nea-kelnerka-na-oktoberfest-stana-apsoluten-hit/ Sat, 23 Sep 2023 16:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=683247

На ТикТок се прошири видео од млада германска келнерка со неверојатни вештини. Русокосата девојка во рацете држи 15 литри пиво и сама ги носи кај гостите.

Момчето кое го објави видеото вели дека снимката е направена на Октоберфест, додека некои тврдат дека девојката уште работела и на Хербстфест во Розенхајм. Серпак, најмалку е важно каде е снимено видеото, а поважно е пораката што ја доби девојката.

Омажи се за мене“, напиша момчето кое го објави видеото на TikTok.

Таквиот негов коментар, но и самиот видео доби огромен број лајкови, но и голем број коментари.

„Тотално би се оженил со неа“, „Можно ли е ова“, „Носи 15 литри пиво“, „Можно ли е да е толку силна“, пишуваат луѓето што ја виделе снимката.

Видеото за кратко време доби преку 1,7 милиони пати.

@mr..best.of.fun Marry me 😂 #viral #foryou #fyp #funny #viralvideo #oktoberfest #wiesn #wiesn2023 ♬ Originalton - Mr. Best of FUN

The post „Тотално би се оженил со неа“: Келнерка на Октоберфест стана апсолутен хит appeared first on Република.

]]>

На ТикТок се прошири видео од млада германска келнерка со неверојатни вештини. Русокосата девојка во рацете држи 15 литри пиво и сама ги носи кај гостите. Момчето кое го објави видеото вели дека снимката е направена на Октоберфест, додека некои тврдат дека девојката уште работела и на Хербстфест во Розенхајм. Серпак, најмалку е важно каде е снимено видеото, а поважно е пораката што ја доби девојката.
Омажи се за мене“, напиша момчето кое го објави видеото на TikTok.
Таквиот негов коментар, но и самиот видео доби огромен број лајкови, но и голем број коментари.
„Тотално би се оженил со неа“, „Можно ли е ова“, „Носи 15 литри пиво“, „Можно ли е да е толку силна“, пишуваат луѓето што ја виделе снимката.
Видеото за кратко време доби преку 1,7 милиони пати.
@mr..best.of.fun Marry me 😂 #viral #foryou #fyp #funny #viralvideo #oktoberfest #wiesn #wiesn2023 ♬ Originalton - Mr. Best of FUN

The post „Тотално би се оженил со неа“: Келнерка на Октоберфест стана апсолутен хит appeared first on Република.

]]>
„Не бидете идиоти“: Овој Тик ток тренд за сончање остава трајни лоши последици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-bidete-idioti-ovoj-tik-tok-trend-za-sonchane-ostava-trajni-loshi-posleditsi/ Mon, 03 Jul 2023 15:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=657797

Не бидете идиоти, алармираат експертите за новиот тренд кој се шири преку „Тик ток“, а во кој корисници тврдат дека со истурање и мачкање на пиво на кожата се добива најдобриот тен. Доктори за британскиот „Сан“ предупредуваат дека овој метод е многу опасен, зошто пивото изложува на ризик од топлотен удар и рак на кожата.

Ова е уште еден тренд со сериозни последици. Оштетувањето од сонцето е неповратно и предизвикува до 90 проценти од најчестите видови на рак во Велика Британија. Луѓето се изложени на сериозен ризик да развијат сите видови на рак на кожата, а изгорениците на кожата се силно поврзани со развојот на меланом, вели Кетрин Клифорд, ко-основач на добротворната организација за подигање на свеста за ракот на кожата, а други експерти се согласуваат.

Нанесувањето пиво на кожата и потоа изложувањето на сонце без претходна заштита значително го зголемува ризикот од изгореници, топлотен удар и предвремено стареење. Имено, без заштитен фактор, потребни се само 10 минути на сонце за да изгори. Со текот на времето, ова предизвикува ризик од рак на кожата, а во 70 проценти од случаите предизвикува оштетување на сонцето, додава д-р Стефано Пиетрини.

The post „Не бидете идиоти“: Овој Тик ток тренд за сончање остава трајни лоши последици appeared first on Република.

Две пива во стариот дел на Охрид 450 денари https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/dve-piva-vo-stariot-del-na-ohrid-450-denari/ Sun, 25 Jun 2023 11:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=654918

И покрај заложбите на локалната власт Охрид да биде вистински туристички центар, привлечен за секој граѓанин, угостителите на секој начин се трудат да ги одвратат гостите да доаѓаат.

Па така, читател на „Република“ ни испрати фискална сметка од еден од локалите од стариот дел на градот.

Гостите за две пива „Златен даб“ точено и мало платиле 450 денари. Човек да се запраша дали е на Миконос, во Дубровник или во Охрид.

The post Две пива во стариот дел на Охрид 450 денари appeared first on Република.

]]>

И покрај заложбите на локалната власт Охрид да биде вистински туристички центар, привлечен за секој граѓанин, угостителите на секој начин се трудат да ги одвратат гостите да доаѓаат. Па така, читател на „Република“ ни испрати фискална сметка од еден од локалите од стариот дел на градот. Гостите за две пива „Златен даб“ точено и мало платиле 450 денари. Човек да се запраша дали е на Миконос, во Дубровник или во Охрид.  

The post Две пива во стариот дел на Охрид 450 денари appeared first on Република.

]]>
Растот на инфлацијата го намали процентот на алкохол во пивото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rastot-na-inflatsijata-go-namali-protsentot-na-alkohol-vo-pivoto/ Wed, 21 Jun 2023 09:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=653638

Поради инфлацијата, производителите на пиво во Велика Британија почнаа да го намалуваат процентот на алкохол во пивото, притоа, задржувајќи ја истата цена.

Компанијата „Green King“, голем британски производител на пиво и сопственик на синџир пабови, го намали процентот на алкохол во своето популарно пиво „Old Speckled Hen“ од пет отсто на 4,8 отсто, изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен.

Најстариот британски производител на пиво „Shepherd’s Name“ беше принуден на овој чекор во март, кога го намали процентот на алкохол во пивата „Spitfire“ – од 4,5 проценти на 4,2 проценти и „Bishop’s Finger“ – од 5,4 проценти на 5,2 проценти. проценти, изјави нивниот портпарол.

На овој начин компаниите реагираат на поскапувањето на суровините, енергијата и трошоците за пакување, без да се менуваат цените или количината на напитокот од хмељ.

Пиварите се соочија со зголемување на цените во текот на изминатите две години и делумно ги апсорбираа зголемените трошоци за да избегнат клиентите да платат за нив преку повисоки цени на пивото, рече Ема Мекларкин, шеф на Британската асоцијација за пиво и пабови.

Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија во април достигна 8,7 отсто, потсетува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.

The post Растот на инфлацијата го намали процентот на алкохол во пивото appeared first on Република.

]]>

Поради инфлацијата, производителите на пиво во Велика Британија почнаа да го намалуваат процентот на алкохол во пивото, притоа, задржувајќи ја истата цена. Компанијата „Green King“, голем британски производител на пиво и сопственик на синџир пабови, го намали процентот на алкохол во своето популарно пиво „Old Speckled Hen“ од пет отсто на 4,8 отсто, изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен. Најстариот британски производител на пиво „Shepherd’s Name“ беше принуден на овој чекор во март, кога го намали процентот на алкохол во пивата „Spitfire“ – од 4,5 проценти на 4,2 проценти и „Bishop’s Finger“ – од 5,4 проценти на 5,2 проценти. проценти, изјави нивниот портпарол. На овој начин компаниите реагираат на поскапувањето на суровините, енергијата и трошоците за пакување, без да се менуваат цените или количината на напитокот од хмељ. Пиварите се соочија со зголемување на цените во текот на изминатите две години и делумно ги апсорбираа зголемените трошоци за да избегнат клиентите да платат за нив преку повисоки цени на пивото, рече Ема Мекларкин, шеф на Британската асоцијација за пиво и пабови. Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија во април достигна 8,7 отсто, потсетува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.

The post Растот на инфлацијата го намали процентот на алкохол во пивото appeared first on Република.

]]>
Комарците сакаат пиво и џин-тоник https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/komartsite-sakaat-pivo-i-dhin-tonik/ Tue, 13 Jun 2023 07:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=650705

Ново научно истражување открива дека пивото може да ги направи луѓето „посебно попривлечни“ за комарците, но и џин-тоникот не ни прави никаква услуга.

Пиењето алкохол генерално нè прави попривлечни за комарците, нагласува британскиот професор Џејмс Логан.

Тоа се потврдува и во напис во списанието „Журнал на Американското здружение за контрола на комарците“, според којшто вносот на алкохол значително ги привлекува комарците. Испитувајќи 12 мажи и една жена на возраст меѓу 20 и 58 години, истражувачите ја измериле содржината на алкохол во потта на учесниците кои испиле или не испиле 350 милилитри пиво. Исто така, биле набљудувани и количината пот и температурата на кожата на доброволците пред и по алкохолниот пијалак. Повеќе комарци отишле кај луѓето кои пијат пиво.

Испитувањата потврдија дека луѓето кои пијат алкохол треба да бидат внимателни бидејќи се изложени на поголема опасност од каснување од комарец, а со тоа и од болестите коишто ги пренесуваат, се вели во истражувањето.

Според наводите, за заштита од овие мали „крвопијци“ најдобро е да се користи делотворно средство против комарци, и тоа секогаш кога човекот е на отворено. Советот гласи - почесто мачкање, слично како крема за сончање.

The post Комарците сакаат пиво и џин-тоник appeared first on Република.

Како може пиењето пиво да ви помогне да изгубите тежина? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kako-moze-pienjeto-pivo-da-vi-pomogne-da-izgubite-tezina/ Mon, 24 Oct 2022 21:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=564943

Луѓето можат да пијат пиво, а сепак да ослабат, тврдат научниците во новото истражување, но само ако грицкаат храна богата со протеини како јаткастите плодови заедно со алкохолот.

Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеинот има ефект на заситување, па луѓето јадат помалку.

Студијата покажала дека оние кои најчесто грицкале храна богата со протеини со пиво консумирале вкупно помалку калории во споредба со оние кои јаделе масни производи.

Во истражувањето, две третини од учесниците избрале храна со висок процент на протеини, но со низок процент на јаглени хидрати и масти.

Тие консумирале во просек 1.749 калории дневно – вклучувајќи ги и оние од алкохол. Тоа беше 577 калории помалку од потребното за одржување на моменталната тежина.

Друга третина избрала солена храна со ниска содржина на протеини како што се колбаси, чипс и бисквити и консумирала во просек 3.051 калории – 813 повеќе од потребното.

Водечкиот автор на студијата д-р Аманда Греч од австралискиот универзитет во Сиднеј рече:

„Сакавме да откриеме дали луѓето избираат солена храна со поголема содржина на протеини кога пијат алкохол, и ако го прават тоа, дали нивниот ефект на ситост води до помалку калории во целина“.

Најновата студија е првата која ги зема предвид другите компоненти на исхраната. Наодите се засноваат на 9.341 лице од Австралиското национално истражување за исхрана и физичка активност.

Д-р Греч додаде: „Кога пиете алкохол и кога вашиот апетит е зголемен, погрижете се да изберете поздрави посни п

ротеини“.

The post Како може пиењето пиво да ви помогне да изгубите тежина? appeared first on Република.

]]>

Луѓето можат да пијат пиво, а сепак да ослабат, тврдат научниците во новото истражување, но само ако грицкаат храна богата со протеини како јаткастите плодови заедно со алкохолот. Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеинот има ефект на заситување, па луѓето јадат помалку. Студијата покажала дека оние кои најчесто грицкале храна богата со протеини со пиво консумирале вкупно помалку калории во споредба со оние кои јаделе масни производи. Во истражувањето, две третини од учесниците избрале храна со висок процент на протеини, но со низок процент на јаглени хидрати и масти. Тие консумирале во просек 1.749 калории дневно – вклучувајќи ги и оние од алкохол. Тоа беше 577 калории помалку од потребното за одржување на моменталната тежина. Друга третина избрала солена храна со ниска содржина на протеини како што се колбаси, чипс и бисквити и консумирала во просек 3.051 калории – 813 повеќе од потребното. Водечкиот автор на студијата д-р Аманда Греч од австралискиот универзитет во Сиднеј рече:
„Сакавме да откриеме дали луѓето избираат солена храна со поголема содржина на протеини кога пијат алкохол, и ако го прават тоа, дали нивниот ефект на ситост води до помалку калории во целина“.
Најновата студија е првата која ги зема предвид другите компоненти на исхраната. Наодите се засноваат на 9.341 лице од Австралиското национално истражување за исхрана и физичка активност.
Д-р Греч додаде: „Кога пиете алкохол и кога вашиот апетит е зголемен, погрижете се да изберете поздрави посни п
ротеини“.

The post Како може пиењето пиво да ви помогне да изгубите тежина? appeared first on Република.

]]>
Нема пиво во Русија поради војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nema-pivo-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 23 Aug 2022 12:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=543286

Пиварите од германската покраина Баварија, поради војната во Украина, речиси и да не испорачуваат пиво во Русија.

Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е целосно запрен.

Портпаролот Лотар Еберц за „Билд“ информираше оти во јануари извезени се околу 77.477, а во февруари 78.797 хектолитри пиво во Русија.

– По почетокот на војната во Украина, значително опадна извозот на пиво во Русија. Во март на околу 47.313, а во јуни на 23.249 хектолитри, наведе Еберц.

За пиварите, запрен извоз во Русија е посебен проблем затоа што taa dr\ava, по Италија, е најголема извозна дестинација за пиво од Баварија.

Минатата година Баварија извезе околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

The post Нема пиво во Русија поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Пиварите од германската покраина Баварија, поради војната во Украина, речиси и да не испорачуваат пиво во Русија. Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е целосно запрен. Портпаролот Лотар Еберц за „Билд“ информираше оти во јануари извезени се околу 77.477, а во февруари 78.797 хектолитри пиво во Русија. – По почетокот на војната во Украина, значително опадна извозот на пиво во Русија. Во март на околу 47.313, а во јуни на 23.249 хектолитри, наведе Еберц. За пиварите, запрен извоз во Русија е посебен проблем затоа што taa dr\ava, по Италија, е најголема извозна дестинација за пиво од Баварија. Минатата година Баварија извезе околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.  

The post Нема пиво во Русија поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Поради војната во Украина, пиварите од Баварија речиси и да не испорачуваат пиво во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-vojnata-vo-ukraina-pivarite-od-bavarija-rechisi-i-da-ne-isporachuvaat-pivo-vo-rusija/ Tue, 23 Aug 2022 12:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=543280

Пиварите од германската покраина Баварија, поради војната во Украина, речиси и да не испорачуваат пиво во Русија.

Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е целосно запрен.

Портпаролот Лотар Еберц за „Билд“ информираше оти во јануари извезени се околу 77.477, а во февруари 78.797 хектолитри пиво во Русија.

По почетокот на војната во Украина, значително опадна извозот на пиво во Русија. Во март на околу 47.313, а во јуни на 23.249 хектолитри, наведе Еберц.

За пиварите, запрен извоз во Русија е посебен проблем затоа што taa dr\ava, по Италија, е најголема извозна дестинација за пиво од Баварија.

Минатата година Баварија извезе околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

The post Поради војната во Украина, пиварите од Баварија речиси и да не испорачуваат пиво во Русија appeared first on Република.

]]>

Пиварите од германската покраина Баварија, поради војната во Украина, речиси и да не испорачуваат пиво во Русија. Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е целосно запрен. Портпаролот Лотар Еберц за „Билд“ информираше оти во јануари извезени се околу 77.477, а во февруари 78.797 хектолитри пиво во Русија. По почетокот на војната во Украина, значително опадна извозот на пиво во Русија. Во март на околу 47.313, а во јуни на 23.249 хектолитри, наведе Еберц. За пиварите, запрен извоз во Русија е посебен проблем затоа што taa dr\ava, по Италија, е најголема извозна дестинација за пиво од Баварија. Минатата година Баварија извезе околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

The post Поради војната во Украина, пиварите од Баварија речиси и да не испорачуваат пиво во Русија appeared first on Република.

]]>
Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nedostig-na-omilenite-namirnici-vo-svetot-nema-kompiri-pukanki-zagrozeni-i-pivopiite/ Tue, 21 Jun 2022 13:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=518088

Поради војната во Украина, светот се соочува со недостиг од популарни прехранбени производи.

Во текот на изминатите неколку месеци, многу популарни и секојдневни намирници во продавниците станаа ужасно скапи или многу тешко да се најдат, пишува „Блумберг“.

Исто така, во овој труд се наведува дека многу компании мака мачат да најдат алтернативи за производи кои не се достапни или се сè помалку на пазарот.

Проблемот се припишува на растегнатиот глобален синџир на снабдување, со голем број фактори кои се движат од неповолни временски услови и пандемијата на корона вирусот до геополитички тензии и зголемена побарувачка, кои придонесуваат за проблемот.

Во Германија луѓето што пијат пиво се соочуваат со недостиг од шишиња, делумно поради војната во Украина, која ги снабдува пиварите со стакло. Националните пиварници, кои веќе плаќаат повеќе за струја и јачмен, ги повикуваат клиентите да ги враќаат празните шишиња, пишуваат медиумите.

Во САД, пуканките станаа извор на загриженост за кинољубителите бидејќи фармерите размислуваат да се откажат од пченката во корист на попрофитабилните култури.

Проблемите не го поштедија ниту зеленчукот, а недостигот на зелена салата во Австралија го натера „КФЦ“ да става зелка во бургерите. Во Велика Британија, „Мекдоналдс“ поради недостиг, мораше да ги рационализира доматите, користејќи едно парче наместо две.

Гигантот за брза храна исто така мораше да престане да продава голем помфрит во неколку земји поради бавната испорака и глобалниот недостиг на компири.

Во меѓувреме, рестораните „КФЦ“ во Сингапур, наводно, го замениле помфритот со некаква мешавина од вафли. Во Кенија, корисниците на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на синџирот за брза храна бидејќи не користат компири од локално потекло.

Исто така, недостигот на храна ја погоди и Јапонија, што доведе до тоа рестораните да повлечат одредени јадења од своето мени.

Како што истакнува Мадхав Дурба, потпретседател за стратегија за синџирот на снабдување во „Coupa Software“, деловните лидери треба повторно да размислат од каде да увезуваат стоки.

Тој за „Блумверг“ вели дека, преку нови технологии и подобро планирање, тие можат да ги намалат потенцијалните доцнења, изгубените приходи и „постојаното гаснење пожари“ за да се справат со недостигот.

The post Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите appeared first on Република.

]]>

Поради војната во Украина, светот се соочува со недостиг од популарни прехранбени производи. Во текот на изминатите неколку месеци, многу популарни и секојдневни намирници во продавниците станаа ужасно скапи или многу тешко да се најдат, пишува „Блумберг“. Исто така, во овој труд се наведува дека многу компании мака мачат да најдат алтернативи за производи кои не се достапни или се сè помалку на пазарот. Проблемот се припишува на растегнатиот глобален синџир на снабдување, со голем број фактори кои се движат од неповолни временски услови и пандемијата на корона вирусот до геополитички тензии и зголемена побарувачка, кои придонесуваат за проблемот. Во Германија луѓето што пијат пиво се соочуваат со недостиг од шишиња, делумно поради војната во Украина, која ги снабдува пиварите со стакло. Националните пиварници, кои веќе плаќаат повеќе за струја и јачмен, ги повикуваат клиентите да ги враќаат празните шишиња, пишуваат медиумите. Во САД, пуканките станаа извор на загриженост за кинољубителите бидејќи фармерите размислуваат да се откажат од пченката во корист на попрофитабилните култури. Проблемите не го поштедија ниту зеленчукот, а недостигот на зелена салата во Австралија го натера „КФЦ“ да става зелка во бургерите. Во Велика Британија, „Мекдоналдс“ поради недостиг, мораше да ги рационализира доматите, користејќи едно парче наместо две. Гигантот за брза храна исто така мораше да престане да продава голем помфрит во неколку земји поради бавната испорака и глобалниот недостиг на компири. Во меѓувреме, рестораните „КФЦ“ во Сингапур, наводно, го замениле помфритот со некаква мешавина од вафли. Во Кенија, корисниците на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на синџирот за брза храна бидејќи не користат компири од локално потекло. Исто така, недостигот на храна ја погоди и Јапонија, што доведе до тоа рестораните да повлечат одредени јадења од своето мени. Како што истакнува Мадхав Дурба, потпретседател за стратегија за синџирот на снабдување во „Coupa Software“, деловните лидери треба повторно да размислат од каде да увезуваат стоки. Тој за „Блумверг“ вели дека, преку нови технологии и подобро планирање, тие можат да ги намалат потенцијалните доцнења, изгубените приходи и „постојаното гаснење пожари“ за да се справат со недостигот.

The post Недостиг на омилените намирници во светот: Нема компири, пуканки, загрозени и пивопиите appeared first on Република.

]]>
Пивото на Октоберфест поскапува за над 15 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pivoto-na-oktoberfest-poskapuva-za-nad-15-otsto/ Fri, 03 Jun 2022 11:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=510630

И пивото поскапува поради инфлацијата, што во Германија не било случај со деселетија. Па така, литарска кригла пиво на Октоберфест ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, соопшти локалната власт на Минхен.

Цените ќе бидат во просек за 15,77 отсто повисоки од претходниот Октоберфест, од 2019 година. Тогаш криглата чинеше меѓу 10,8 и 11,8 евра. Фестивалот не се одржуваше последниве две години поради пандемијата. Подобро ќе поминат посетителите кои ќе се одлучат за вода, којашто во просек ќе чини 9,67 евра за литар. Но и тоа е за 80 евроценти повеќе од 2019 година.

Градот Минхен посочува дека не одлучува за цените на пијалаците. Како организатори, оттаму само ги споредуваат цените што ги одредуваат угостителите со редовните цени на подрачјето на градот кои сега се од 6,70 до 11,20 евра за литар.

Добро е што цените на пивото не надминаа 14 евра. Но, тие сѐ уште се доста високи. Во иднина, ќе мора да се погрижиме Октоберфест да остане подостапен, изјави директорот на Октоберфест, Клеменс Баумгертнер.

Инфлацијата, повисоките трошоци за работна сила и енергијата се главните причини за тоа што забавата на Октоберфест ќе поскапи, според домаќините.

Дополнително, повисоки ќе бидат и трошоците за поставување шатори, според Петер Инселкамер, претставник на угостителите.

The post Пивото на Октоберфест поскапува за над 15 отсто appeared first on Република.

]]>

И пивото поскапува поради инфлацијата, што во Германија не било случај со деселетија. Па така, литарска кригла пиво на Октоберфест ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, соопшти локалната власт на Минхен. Цените ќе бидат во просек за 15,77 отсто повисоки од претходниот Октоберфест, од 2019 година. Тогаш криглата чинеше меѓу 10,8 и 11,8 евра. Фестивалот не се одржуваше последниве две години поради пандемијата. Подобро ќе поминат посетителите кои ќе се одлучат за вода, којашто во просек ќе чини 9,67 евра за литар. Но и тоа е за 80 евроценти повеќе од 2019 година. Градот Минхен посочува дека не одлучува за цените на пијалаците. Како организатори, оттаму само ги споредуваат цените што ги одредуваат угостителите со редовните цени на подрачјето на градот кои сега се од 6,70 до 11,20 евра за литар.
Добро е што цените на пивото не надминаа 14 евра. Но, тие сѐ уште се доста високи. Во иднина, ќе мора да се погрижиме Октоберфест да остане подостапен, изјави директорот на Октоберфест, Клеменс Баумгертнер.
Инфлацијата, повисоките трошоци за работна сила и енергијата се главните причини за тоа што забавата на Октоберфест ќе поскапи, според домаќините. Дополнително, повисоки ќе бидат и трошоците за поставување шатори, според Петер Инселкамер, претставник на угостителите.

The post Пивото на Октоберфест поскапува за над 15 отсто appeared first on Република.

]]>
Цената на пивото во Германија скокна до небо, суровините поскапеа за 70 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/cenata-na-pivoto-vo-germanija-skokna-do-nebo-surovinite-poskapea-za-70-otsto/ Mon, 09 May 2022 12:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=499944

Цената на пивото во последно време скокна поради вртоглавиот скок на цената на суровините, како и недостигот на некои што се потребни во производството. Неколку германски пиварници ги зголемија цените на пивото, што е прво зголемување во последните четири години.

Сите се жалат на тешкото снабдување со потребните материјали и енергија. Синџирот на снабдување се претвори во синџир на цени, пишува Biz Life.

Според Дојче веле (ДВ), цените на јачменскиот слад, кој е една од четирите суровини што се користат за производство на пиво, покрај хмељот, квасецот и водата, последнава година скокнале за 70 отсто.

Ова не е единствениот проблем за пиварниците – недостигаат и палети, а тие се претежно од украинско или руско производство, а исто така поскапе и енергијата потребна за загревање на резервоарите со пиво и работа за машината за полнење шишиња.

The post Цената на пивото во Германија скокна до небо, суровините поскапеа за 70 отсто appeared first on Република.

]]>

Цената на пивото во последно време скокна поради вртоглавиот скок на цената на суровините, како и недостигот на некои што се потребни во производството. Неколку германски пиварници ги зголемија цените на пивото, што е прво зголемување во последните четири години. Сите се жалат на тешкото снабдување со потребните материјали и енергија. Синџирот на снабдување се претвори во синџир на цени, пишува Biz Life. Според Дојче веле (ДВ), цените на јачменскиот слад, кој е една од четирите суровини што се користат за производство на пиво, покрај хмељот, квасецот и водата, последнава година скокнале за 70 отсто. Ова не е единствениот проблем за пиварниците – недостигаат и палети, а тие се претежно од украинско или руско производство, а исто така поскапе и енергијата потребна за загревање на резервоарите со пиво и работа за машината за полнење шишиња.  

The post Цената на пивото во Германија скокна до небо, суровините поскапеа за 70 отсто appeared first on Република.

]]>
Шок за Германците: Пивото може да поскапи до 30% https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shok-za-germancite-pivoto-moze-da-poskapi-do-30/ Thu, 05 May 2022 15:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=498141

Цените на пивото во Германија до крајот на годината би можеле да пораснат за 30%, пишува германски „Билд“.

Зголемувањето на трошоците ги надминува сите граници. Вакво нешто досега не сме доживеале - вели за весникот, Холгер Ајхел, генерален директор на Здружението на германски пивари.

Тој додава дека производителите на пиво во моментов се соочуваат со „огромни ценовни притисоци“.

Струјата е зголемена за 250 отсто во споредба со минатата година, сладот за 70 отсто, а европалетите за 150 отсто - вели Ајчел.

Сето ова доведува до нагло поскапување на омилениот пијалок во Германија.

До крајот на годината, цените на пивото би можеле да пораснат за 30 отсто - алармира Стефан Фрицче, потпретседател на Здружението на пивари во Берлин и Бранденбург.

Здружението на германски пивари има 1.400 германски пиварници со вкупно 6.000 брендови.

The post Шок за Германците: Пивото може да поскапи до 30% appeared first on Република.

Русија ќе остане без „Бадвајзер“: Најголемиот производител на пиво го продава својот удел и ги повлекува лиценците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-kje-ostane-bez-badvajzer-najgolemiot-proizvoditel-na-pivo-go-prodava-svojot-udel-i-gi-povlekuva-licencite/ Fri, 22 Apr 2022 16:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=492393

Белгискиот производител на пиво „Anheuser-Bush InBev“ (АБ ИнБев) ќе го продаде сопственичкиот удел во руското заедничко вложување. Тоа ќе го чини загуба од 1,1 милијарда долари, бидејќи најголемата светска пиварница се приклучи на светскиот тренд на затворање на своите подружници во Русија поради воената акција во соседна Украина.

Компанијата, со седиште во белгискиот град Лувен, објави дека ќе продаде малцински удел во заедничкото вложување „АБ ИнБев Ефес“, додавајќи дека веќе е во „активни преговори“ со турскиот партнер „Анадолу Ефес“ за купување на акции.

Во соопштението на „АБ ИнБев“ се наведува дека потенцијалниот договор ќе го вклучува и барањето за руско заедничко вложување за производство и продажба на брендот за пиво „Бадвајзер“ во Русија.

„АБ ИнБев“ претходно објави дека како малцински сопственик во таа мешовита компанија ќе претрпи загуба од 1,1 милијарда евра поради напуштање на рускиот пазар, што ќе биде наведено во финансискиот извештај за првиот квартал преку отпис на непарични средства.

The post Русија ќе остане без „Бадвајзер“: Најголемиот производител на пиво го продава својот удел и ги повлекува лиценците appeared first on Република.

]]>

Белгискиот производител на пиво „Anheuser-Bush InBev“ (АБ ИнБев) ќе го продаде сопственичкиот удел во руското заедничко вложување. Тоа ќе го чини загуба од 1,1 милијарда долари, бидејќи најголемата светска пиварница се приклучи на светскиот тренд на затворање на своите подружници во Русија поради воената акција во соседна Украина. Компанијата, со седиште во белгискиот град Лувен, објави дека ќе продаде малцински удел во заедничкото вложување „АБ ИнБев Ефес“, додавајќи дека веќе е во „активни преговори“ со турскиот партнер „Анадолу Ефес“ за купување на акции. Во соопштението на „АБ ИнБев“ се наведува дека потенцијалниот договор ќе го вклучува и барањето за руско заедничко вложување за производство и продажба на брендот за пиво „Бадвајзер“ во Русија. „АБ ИнБев“ претходно објави дека како малцински сопственик во таа мешовита компанија ќе претрпи загуба од 1,1 милијарда евра поради напуштање на рускиот пазар, што ќе биде наведено во финансискиот извештај за првиот квартал преку отпис на непарични средства.

The post Русија ќе остане без „Бадвајзер“: Најголемиот производител на пиво го продава својот удел и ги повлекува лиценците appeared first on Република.

]]>
Судија погоден со чаша пиво во глава на мечот Бохум-Борусија Менхенгладбах https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sudija-pogoden-so-chasha-pivo-vo-glava-na-mechot-bohum-borusija-menhengladbah/ Sat, 19 Mar 2022 09:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=475304

Натпреварот од 27. коло во германското фудбалско првенство меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах беше прекинат синоќа во 69. минута при водство на гостинскиот тим од 2-0 поради сериозен навивачки инцидент.

Незадоволни од актуелниот резултат, навивачите на Бохум предизвикаа скандалозни сцени во Бундеслигата, откако линискиот судија Кристијан Гителман беше погоден во пределот на главата со пластична чаша пиво фрлена од трибините. Гителман по кратко време се подигна на нозете по што во консултација со главниот судија натпреварот беше прекинат.

Ова беше прв натпревар од 2020 година на кој Бохум играше пред полн капацитет на својот стадион од 25.000 гледачи.

Сличен инцидент се случи и во Сент Паули во 2011 година на дуелот против Шалке 04, кога навивач од трибините во 88 минута, исто така, со чаша пиво го погоди линискиот судија во главата.

The post Судија погоден со чаша пиво во глава на мечот Бохум-Борусија Менхенгладбах appeared first on Република.

]]>

Натпреварот од 27. коло во германското фудбалско првенство меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах беше прекинат синоќа во 69. минута при водство на гостинскиот тим од 2-0 поради сериозен навивачки инцидент. Незадоволни од актуелниот резултат, навивачите на Бохум предизвикаа скандалозни сцени во Бундеслигата, откако линискиот судија Кристијан Гителман беше погоден во пределот на главата со пластична чаша пиво фрлена од трибините. Гителман по кратко време се подигна на нозете по што во консултација со главниот судија натпреварот беше прекинат. Ова беше прв натпревар од 2020 година на кој Бохум играше пред полн капацитет на својот стадион од 25.000 гледачи. Сличен инцидент се случи и во Сент Паули во 2011 година на дуелот против Шалке 04, кога навивач од трибините во 88 минута, исто така, со чаша пиво го погоди линискиот судија во главата.

The post Судија погоден со чаша пиво во глава на мечот Бохум-Борусија Менхенгладбах appeared first on Република.

]]>
И пивото може да е оружје: Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-pivoto-moze-da-e-oruzje-ukraincite-sozdadoa-dron-shto-frla-molotovi-kokteli/ Fri, 11 Mar 2022 07:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=471062

Украинската армија разви беспилотно летало што фрла Молотови коктели кон непријателот, па едно шише пиво е денес оружје, пишува денеска Њујорк пост.

Станува збор за мал дрон, развиен од единица на украинската армија. Во средината на конзолата е направено место каде Молотовиот коктел е поставен хоризонтално, пред далечински да биде фрлен врз непријателот, што беше направено во една област во Киев.

Украинците секојдневно користат Молотови коктели во борба против руската армија

The post И пивото може да е оружје: Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели appeared first on Република.

]]>

Украинската армија разви беспилотно летало што фрла Молотови коктели кон непријателот, па едно шише пиво е денес оружје, пишува денеска Њујорк пост. Станува збор за мал дрон, развиен од единица на украинската армија. Во средината на конзолата е направено место каде Молотовиот коктел е поставен хоризонтално, пред далечински да биде фрлен врз непријателот, што беше направено во една област во Киев. Украинците секојдневно користат Молотови коктели во борба против руската армија

The post И пивото може да е оружје: Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели appeared first on Република.

]]>
Нема пиво поради војната https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nema-pivo-poradi-vojnata/ Thu, 24 Feb 2022 09:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=462970

Данскиот производител на пиво „Карлсберг“ денеска го прекина производството во Украина.

Компанијата соопшти дека поради ескалацијата на конфликтот во таа земја престанала да работи во пиварниците во Киев и Запорожје.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, утрово започна воена операција од „ограничен опсег“ во Украина, со која беше прогласена воена состојба и мобилизација.

The post Нема пиво поради војната appeared first on Република.

]]>

Данскиот производител на пиво „Карлсберг“ денеска го прекина производството во Украина. Компанијата соопшти дека поради ескалацијата на конфликтот во таа земја престанала да работи во пиварниците во Киев и Запорожје. Претседателот на Русија, Владимир Путин, утрово започна воена операција од „ограничен опсег“ во Украина, со која беше прогласена воена состојба и мобилизација.

The post Нема пиво поради војната appeared first on Република.

]]>