Питер Велч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piter-velch/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 18:57:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Питер Велч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piter-velch/ 32 32 Османи на разговор со сенаторот Велч: Резолуцијата во Сенатот на САД уште една потврда дека членството на Македонија во ЕУ нема алтернатива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-razgovor-so-senatorot-velch-rezolutsijata-vo-senatot-na-sad-ushte-edna-potvrda-deka-chlenstvoto-na-makedonija-vo-eu-nema-alternativa/ Tue, 19 Mar 2024 20:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=756426

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со американскиот сенатор, Питер Велч.

За време на разговорот, министерот Османи упати благодарност до сенаторот Велч за поднесувањето на Резолуцијата во Сенатот на САД за поддршка за членството на Македонија во ЕУ. Воедно, Osmani нагласи дека Резолуцијата, која е поддржана од сенатори од Демократската и од Републиканската партија, од една страна претставува дополнителна потврда дека нашиот евро-интегративен процес нема алтернатива, но истовремено е и охрабрување до Унијата дека треба да се забрза нашиот пат до полноправно членство.

Резолуцијата е уште една демонстрација за силната поддршката од САД за евроинтегративниот процес на Македонија и доказ за силното сојузништво меѓу двете земји во исполнувањето на споделената стратешка цел – нашето членство во ЕУ. Тоа е и на линија на нашите заеднички заложби во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, што го лансиравме со државниот секретар Блинкен во јуни 2022 гoдина“, истакна Османи

Соговорниците, осврнувајќи се на текстот на резолуцијата, го поздравија напредокот на Македонија во спроведувањето на реформската агенда, поддршката за Украина, како и долгогодишното стратешко партнерство и НАТО сојузништво меѓу двете земји. Истовремено, беше истакнато и силното лидерство на Македонија за време на претседавањето со ОБСЕ минатата година и конкретно неодамнешната посета на државниот секретар Блинкен на земјава и остварената средба со министерот Османи.

Резолуција за поддршка за влезот на Македонија во Европската Унија е спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Cеверна Каролина, Пит Рикетс и Том Тилис.

The post Османи на разговор со сенаторот Велч: Резолуцијата во Сенатот на САД уште една потврда дека членството на Македонија во ЕУ нема алтернатива appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со американскиот сенатор, Питер Велч. За време на разговорот, министерот Османи упати благодарност до сенаторот Велч за поднесувањето на Резолуцијата во Сенатот на САД за поддршка за членството на Македонија во ЕУ. Воедно, Osmani нагласи дека Резолуцијата, која е поддржана од сенатори од Демократската и од Републиканската партија, од една страна претставува дополнителна потврда дека нашиот евро-интегративен процес нема алтернатива, но истовремено е и охрабрување до Унијата дека треба да се забрза нашиот пат до полноправно членство.
Резолуцијата е уште една демонстрација за силната поддршката од САД за евроинтегративниот процес на Македонија и доказ за силното сојузништво меѓу двете земји во исполнувањето на споделената стратешка цел – нашето членство во ЕУ. Тоа е и на линија на нашите заеднички заложби во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, што го лансиравме со државниот секретар Блинкен во јуни 2022 гoдина“, истакна Османи
Соговорниците, осврнувајќи се на текстот на резолуцијата, го поздравија напредокот на Македонија во спроведувањето на реформската агенда, поддршката за Украина, како и долгогодишното стратешко партнерство и НАТО сојузништво меѓу двете земји. Истовремено, беше истакнато и силното лидерство на Македонија за време на претседавањето со ОБСЕ минатата година и конкретно неодамнешната посета на државниот секретар Блинкен на земјава и остварената средба со министерот Османи. Резолуција за поддршка за влезот на Македонија во Европската Унија е спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Cеверна Каролина, Пит Рикетс и Том Тилис.

The post Османи на разговор со сенаторот Велч: Резолуцијата во Сенатот на САД уште една потврда дека членството на Македонија во ЕУ нема алтернатива appeared first on Република.

]]>