Британскиот активист и адвокат, Питер Стефанович, го критикуваше Борис Џонсон дека ги обвинува светските цени на енергијата за поскапувањето на пилешкото во Велика Британија.
Тој ги сподели фактите на Твитер откако премиерот се појави на програмата „Добро утро, Британија“ за прв пат по повеќе од пет години.
Повикувајќи се на студија изработена од Британскиот совет за живинарство, Стефанович порача дека зголемувањето на цените, кое погодува милиони потрошувачи ширум земјата, воопшто не е поврзано со глобалните цени на енергијата, туку со трговските бариери наметнати по Брегзит и недостатокот на работна сила.
https://twitter.com/PeterStefanovi2/status/1522499589051490304?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522499589051490304%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3927977%2Fbritanski-aktivista-demaskirao-dzonsonove-lazi-premijer-za-rast-cene-hrane-okrivio-energente-a-prava-istina-je-ovo-video
The post Британски адвокат ги разоткри лагите на Борис Џонсон кој ги обвини енергенсите за поскапувањето на храната во Британија appeared first on Република.
]]>The post Британски адвокат ги разоткри лагите на Борис Џонсон кој ги обвини енергенсите за поскапувањето на храната во Британија appeared first on Република.
]]>