питање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pitanje/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Apr 2024 10:38:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png питање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pitanje/ 32 32 Татко монструм: Ги носел децата во Скопје и Велес, ги терал да питаат, а потоа парите ги трошел во казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-monstrum-gi-nosel-detsata-vo-skopje-i-veles-gi-teral-da-pitaat-a-potoa-parite-gi-troshel-vo-kazino/ Tue, 09 Apr 2024 08:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=764096

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во Општина Чашка за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 03.04.2024 година, осомничениот татко со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ги запуштил сопствените две деца и од користољубие ги навел на питање. Тој ги носел децата на различни локации во Скопје и Велес, ги терал да бараат пари, а потоа паричните средства им ги земал и ги трошел во казино.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повторува кривичното дело или да влијае врз оштетените деца.

The post Татко монструм: Ги носел децата во Скопје и Велес, ги терал да питаат, а потоа парите ги трошел во казино appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во Општина Чашка за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 03.04.2024 година, осомничениот татко со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ги запуштил сопствените две деца и од користољубие ги навел на питање. Тој ги носел децата на различни локации во Скопје и Велес, ги терал да бараат пари, а потоа паричните средства им ги земал и ги трошел во казино. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повторува кривичното дело или да влијае врз оштетените деца.

The post Татко монструм: Ги носел децата во Скопје и Велес, ги терал да питаат, а потоа парите ги трошел во казино appeared first on Република.

]]>
Го тепале ако не соберел 1.000 денари дневно со питање: Истрага против мајка и очув за трговија со дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-tepale-ako-ne-soberel-1-000-denari-dnevno-so-pitanje-istraga-protiv-majka-i-ochuv-za-trgovija-so-dete/ Fri, 11 Mar 2022 15:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=471391

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот. Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја конзумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото.

Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО.

Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

The post Го тепале ако не соберел 1.000 денари дневно со питање: Истрага против мајка и очув за трговија со дете appeared first on Република.

]]>

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈО, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот. Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја конзумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото. Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО. Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

The post Го тепале ако не соберел 1.000 денари дневно со питање: Истрага против мајка и очув за трговија со дете appeared first on Република.

]]>