писатели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisateli/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 08:01:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png писатели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisateli/ 32 32 Петнаесетта македонска книжевна визита во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petnaesetta-makedonska-knizhevna-vizita-vo-sofija/ Thu, 06 Jun 2024 08:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=785145

Со учество на 11 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од 6-ти до 8 јуни во Софија ќе се одржи 15-тото издание на „Македонската книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски.

Организатор на оваа традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од македонското министерството за култура.

Годинашната „Петнаeсетта македонска книжевна визита“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист, есеист, преведувач, универзитетски професор, академик Влада Урошевиќ, за чие поетско творештво ќе говори универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска. На овој настан ќе бидат презентирани  стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а поздравна беседа ќе имаат и претставници на Сојузот на бугарските писатели и на Друштвото на писателите на Македонија.

Втората клучна содржина на Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија е големиот бугарско-македонски поетски митинг на кој оваа година ќе земат учество: Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, Тихомир Јанчовски, Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Диме Ратајкоски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов.

Во знак на одбележување на 15-годишниот јубилеј на Македонската книжевна визита во Софија, манифестација која придонесе значајно во зближувањето на макаедонската и бугарската литература, со иницирани и остварени над 100 книги преведени во двете земји и на двата јазика, како и учество на речиси стотина македонски поети, есеисти и преведувачи на сите досегашни изданија, ќе биде премиерно прикажан и мини-документарен филм „15 години Македонска книжевна визита во Софија“ во продукција на Книгоиздателството Макавеј.

Традиционално и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор со непореклив книжевен интегритет, кој значајно придонесол за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е неодамна починатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своите дела е одамна омилен меѓу читателлите и во Бугарија и во Македонија.

Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Петнаесетта македонска книжевна визита во Софија appeared first on Република.

]]>

Со учество на 11 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од 6-ти до 8 јуни во Софија ќе се одржи 15-тото издание на „Македонската книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски. Организатор на оваа традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од македонското министерството за култура. Годинашната „Петнаeсетта македонска книжевна визита“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист, есеист, преведувач, универзитетски професор, академик Влада Урошевиќ, за чие поетско творештво ќе говори универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска. На овој настан ќе бидат презентирани  стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а поздравна беседа ќе имаат и претставници на Сојузот на бугарските писатели и на Друштвото на писателите на Македонија. Втората клучна содржина на Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија е големиот бугарско-македонски поетски митинг на кој оваа година ќе земат учество: Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, Тихомир Јанчовски, Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Диме Ратајкоски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов. Во знак на одбележување на 15-годишниот јубилеј на Македонската книжевна визита во Софија, манифестација која придонесе значајно во зближувањето на макаедонската и бугарската литература, со иницирани и остварени над 100 книги преведени во двете земји и на двата јазика, како и учество на речиси стотина македонски поети, есеисти и преведувачи на сите досегашни изданија, ќе биде премиерно прикажан и мини-документарен филм „15 години Македонска книжевна визита во Софија“ во продукција на Книгоиздателството Макавеј. Традиционално и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор со непореклив книжевен интегритет, кој значајно придонесол за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е неодамна починатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своите дела е одамна омилен меѓу читателлите и во Бугарија и во Македонија. Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Петнаесетта македонска книжевна визита во Софија appeared first on Република.

]]>
Невозможно е ДПМ да продолжи со нормална работа, писателите бараат Вонредно изборно Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nevozmozhno-e-dpm-da-prodolzhi-so-normalna-rabota-pisatelite-baraat-vonredno-izborno-sobranie/ Mon, 16 Oct 2023 08:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=691546

Зад реакцијата и јавниот повик упатени од македонските писатели по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат уште писатели – членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Санде Стојчевски, Љубинка Донева, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Ана Мартиноска, Игор Анѓелков, Диме Ратајкоски, Снежана Младеновска Анѓелков, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Јулијана Величковска и Милена Ристова-Михајловска.

Македонските писатели, меѓу другото, гласно порачуваат:

По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.

Писателите и нагласуваат дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото. Притоа и порачуваат дека лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница. ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата.

Потписници на реакцијата и повикот упатени вчера, најпрво беа членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Димитрие Дурацовски, Славе Ѓорѓо Димоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски, Румена Бужаровска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Антоновски, Михајло Свидерски и Никола Илијовски.

Во продолжение ви го испраќаме и интегралниот текст на реакцијата и повикот на членови на ДПМ и Ве замолуваме за него да ја известите јавноста, имајќи ја предвид важноста на ДПМ за македонската култура и држава.

РЕАКЦИЈА И ПОВИК

По неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), ние, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по обраќањето на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека:

- ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата;

- Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото;

- Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница;

- Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови.

- Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси;

- Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик;

- Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека „работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“;

- По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.

 

The post Невозможно е ДПМ да продолжи со нормална работа, писателите бараат Вонредно изборно Собрание appeared first on Република.

]]>

Зад реакцијата и јавниот повик упатени од македонските писатели по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат уште писатели – членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Санде Стојчевски, Љубинка Донева, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Ана Мартиноска, Игор Анѓелков, Диме Ратајкоски, Снежана Младеновска Анѓелков, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Јулијана Величковска и Милена Ристова-Михајловска. Македонските писатели, меѓу другото, гласно порачуваат: По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот. Писателите и нагласуваат дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото. Притоа и порачуваат дека лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница. ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата. Потписници на реакцијата и повикот упатени вчера, најпрво беа членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Димитрие Дурацовски, Славе Ѓорѓо Димоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски, Румена Бужаровска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Антоновски, Михајло Свидерски и Никола Илијовски. Во продолжение ви го испраќаме и интегралниот текст на реакцијата и повикот на членови на ДПМ и Ве замолуваме за него да ја известите јавноста, имајќи ја предвид важноста на ДПМ за македонската култура и држава. РЕАКЦИЈА И ПОВИК По неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), ние, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по обраќањето на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека: - ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата; - Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото; - Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница; - Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови. - Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси; - Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик; - Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека „работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“; - По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.  

The post Невозможно е ДПМ да продолжи со нормална работа, писателите бараат Вонредно изборно Собрание appeared first on Република.

]]>
Писатели како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски досега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pisateli-kako-petar-andonovski-gordana-mihailova-boshnakovska-i-blazhe-minevski-dosega-dobivale-i-ke-dobivaat-poddrshka-od-ministerstvoto-na-konkursite-za-literatura-i-izdavachkata-dejnost/ Wed, 15 Feb 2023 14:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=609349

На денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска демантираше дека новиот роман на Петар Андоновски, министерството не го поддржало поради освета.

Министерството за култура оваа година одлучи дека неговото дело „Страв од варвари“ треба да се преведе на албански јазик, да се зголеми бројот на публиката. Значи еден проект поддржала, а друг не. Тој е долги години поддржуван од министерството, но овој пат така одлучила комисијата, која немала влијание од мене. Што значи дека не е лична одмазда, дека министерката некаде го слушала и сега му се одмаздува, рече Костадиновска-Стојчевска.

Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во однос на нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела.

The post Писатели како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски досега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност appeared first on Република.

]]>

На денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска демантираше дека новиот роман на Петар Андоновски, министерството не го поддржало поради освета.
Министерството за култура оваа година одлучи дека неговото дело „Страв од варвари“ треба да се преведе на албански јазик, да се зголеми бројот на публиката. Значи еден проект поддржала, а друг не. Тој е долги години поддржуван од министерството, но овој пат така одлучила комисијата, која немала влијание од мене. Што значи дека не е лична одмазда, дека министерката некаде го слушала и сега му се одмаздува, рече Костадиновска-Стојчевска. Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во однос на нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела.

The post Писатели како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски досега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност appeared first on Република.

]]>
Отворено 10. издание на литератураниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-10-izdanie-na-literaturaniot-festival-pro-za-balkan-denes-ima-se-povekje-pisateli-a-nema-chitateli/ Mon, 19 Sep 2022 10:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=552156

Петмина врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 10. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Добар дел од нив веќе познати за неа, преведени и на македонски јазик.

На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко.

Броња Жакељ и го доближи на нашата публика нејзиниот дебитантски роман „Бело се пере на деведесет“, што е издаден на македонски јазик и од „Арс Ламина“ . Станува збор за книга која е бестселер во Словенија, особено популарна и кај младата публика. Жакељ истакна дека приказната е автобиографска.

Споделив нешто вистинско и искрено. Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката. Мислите на публиката станаа и мои мисли. Според книгата ќе снимаме и филм во режија на Марко Набершник. Јас не сакав да пишувам книга за времето на Југославија, но тоа чувство се провејува низ животот на едно семејство застапено во приказната – вели Жакељ.

[caption id="attachment_552167" align="alignnone" width="1000"] Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката, вели Жакељ[/caption]

За делото на Владислав Бајац, првиот добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот, зборуваше Александар Прокопиев, кој е негов голем познавач. Тој ја преведе и неговата последна „Хроника на сомнежот“ на македонски јазик. Прокопиев истакна дека книгите на Бајац секогаш се со мајсторски постапки.

[caption id="attachment_552169" align="alignnone" width="1000"] Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи, вели Бајац[/caption]

Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи. Всушност за писателите сите книги се такви. Долго време тлееше во мене, некако како да се плашев од моето време, од спомените. Но, интересни ми беа реакциите на читателите и на моите блиски пријатели кога поверуваа дека се во книгата е точно. Тоа е таа моќ на книжевноста – рече Бајац.

Дамир Каракаш е хрватски писател со бројна публика, интересен автор поминал низ многу професии пред да се занимава со пишувањето. Лафазановски го нарече Каракаш тотален писател. Тој неодамна ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“. Каракаш истакна дека е балкански писател кој во својата лична изградба како автор имал големо влијание од руската литература, a омилен автор му е Франц Кафка.

Пораснав во село во Лика каде што немаше библиотека, немаше книги. Имаше полско веце и наместо тоалетна хартија, ставаа книги од Достоевски, Толстој заковани на шајка. Јас ги кинев тие листови и ги читав. Сум ја прочитал можеби најкратката верзија од „Ана Каренина“, на само 14 страници – вели Каракаш.

[caption id="attachment_552172" align="alignnone" width="1000"] Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги, вели Каракаш[/caption]

Тој додава дека многу ја почитува поезијата и дека дури и лоша поезија е подобра од животот.

Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги. Членувам во многу жирија на литературни награди и добивам впечаток дека дури ниту самите автори не си ги читаат своите книги – дециден е Каракаш.

Елена Алексиева е популарна авторка во Бугарија. Со своите 15 објавени книги, главно романи, таа е специфична појава на книжевноста на Балканот. Прокопиев посочи дека нејзината непостојаност во пишувањето и како ги гради ликовите и дејствата во романите ја прават посебен автор.

За мене литературата и животот се два света. Мојот живот е амалгам од тие два света - во реалноста кога не се снаоѓам добро ми помага литературата, и како писател и како читател. Јас ги оставам моите ликови да се градат самите, никогаш не ги планирам од почеток до крај како ќе се развиваат. По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.

[caption id="attachment_552173" align="alignnone" width="750"] По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.[/caption]

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ секогаш обрнува внимание и на застапеноста на македонските автори. Покрај годинешната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, меѓу гостите е и Томислав Османли, еден од нашите најистакнати автори, преведени на повеќе јазици. Лафазановски потсети на неговата книга од 1981 година „Филмот и политиката“ и го праша како на неа гледа од денешна перспектива.

Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега. Ни се протнува како што јагула плива, а за тоа големо влијание имаат медиумите – вели тој.

На прашањето каква ни е поновата литература, Османли вели дека сепак се определува повеќе кон нашите повозрасни автори, како што е Оливера Николова, Влада Урошевиќ, како и Прокопиев и Лафазановски.

[caption id="attachment_552176" align="alignnone" width="1000"] Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега, вели Османли[/caption]

Денеска на програмата на фестивалот се неколку настани. Во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски.

Во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски.

Во 21 часот ќе следува музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“, во издание на „Прозарт медиа“.

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

 

 

The post Отворено 10. издание на литератураниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели appeared first on Република.

]]>

Петмина врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 10. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Добар дел од нив веќе познати за неа, преведени и на македонски јазик. На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко. Броња Жакељ и го доближи на нашата публика нејзиниот дебитантски роман „Бело се пере на деведесет“, што е издаден на македонски јазик и од „Арс Ламина“ . Станува збор за книга која е бестселер во Словенија, особено популарна и кај младата публика. Жакељ истакна дека приказната е автобиографска.
Споделив нешто вистинско и искрено. Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката. Мислите на публиката станаа и мои мисли. Според книгата ќе снимаме и филм во режија на Марко Набершник. Јас не сакав да пишувам книга за времето на Југославија, но тоа чувство се провејува низ животот на едно семејство застапено во приказната – вели Жакељ.
[caption id="attachment_552167" align="alignnone" width="1000"] Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката, вели Жакељ[/caption] За делото на Владислав Бајац, првиот добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот, зборуваше Александар Прокопиев, кој е негов голем познавач. Тој ја преведе и неговата последна „Хроника на сомнежот“ на македонски јазик. Прокопиев истакна дека книгите на Бајац секогаш се со мајсторски постапки. [caption id="attachment_552169" align="alignnone" width="1000"] Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи, вели Бајац[/caption]
Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи. Всушност за писателите сите книги се такви. Долго време тлееше во мене, некако како да се плашев од моето време, од спомените. Но, интересни ми беа реакциите на читателите и на моите блиски пријатели кога поверуваа дека се во книгата е точно. Тоа е таа моќ на книжевноста – рече Бајац.
Дамир Каракаш е хрватски писател со бројна публика, интересен автор поминал низ многу професии пред да се занимава со пишувањето. Лафазановски го нарече Каракаш тотален писател. Тој неодамна ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“. Каракаш истакна дека е балкански писател кој во својата лична изградба како автор имал големо влијание од руската литература, a омилен автор му е Франц Кафка.
Пораснав во село во Лика каде што немаше библиотека, немаше книги. Имаше полско веце и наместо тоалетна хартија, ставаа книги од Достоевски, Толстој заковани на шајка. Јас ги кинев тие листови и ги читав. Сум ја прочитал можеби најкратката верзија од „Ана Каренина“, на само 14 страници – вели Каракаш.
[caption id="attachment_552172" align="alignnone" width="1000"] Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги, вели Каракаш[/caption] Тој додава дека многу ја почитува поезијата и дека дури и лоша поезија е подобра од животот.
Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги. Членувам во многу жирија на литературни награди и добивам впечаток дека дури ниту самите автори не си ги читаат своите книги – дециден е Каракаш.
Елена Алексиева е популарна авторка во Бугарија. Со своите 15 објавени книги, главно романи, таа е специфична појава на книжевноста на Балканот. Прокопиев посочи дека нејзината непостојаност во пишувањето и како ги гради ликовите и дејствата во романите ја прават посебен автор.
За мене литературата и животот се два света. Мојот живот е амалгам од тие два света - во реалноста кога не се снаоѓам добро ми помага литературата, и како писател и како читател. Јас ги оставам моите ликови да се градат самите, никогаш не ги планирам од почеток до крај како ќе се развиваат. По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.
[caption id="attachment_552173" align="alignnone" width="750"] По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.[/caption] Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ секогаш обрнува внимание и на застапеноста на македонските автори. Покрај годинешната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, меѓу гостите е и Томислав Османли, еден од нашите најистакнати автори, преведени на повеќе јазици. Лафазановски потсети на неговата книга од 1981 година „Филмот и политиката“ и го праша како на неа гледа од денешна перспектива.
Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега. Ни се протнува како што јагула плива, а за тоа големо влијание имаат медиумите – вели тој.
На прашањето каква ни е поновата литература, Османли вели дека сепак се определува повеќе кон нашите повозрасни автори, како што е Оливера Николова, Влада Урошевиќ, како и Прокопиев и Лафазановски. [caption id="attachment_552176" align="alignnone" width="1000"] Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега, вели Османли[/caption] Денеска на програмата на фестивалот се неколку настани. Во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски. Во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски. Во 21 часот ќе следува музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“, во издание на „Прозарт медиа“. Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020). Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.    

The post Отворено 10. издание на литератураниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели appeared first on Република.

]]>
Најпреценети писатели во светската литература https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/najpreceneti-pisateli-vo-svetskata-literatura/ Wed, 29 Jun 2022 07:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=520938

Отсекогаш имало писатели кои треба да се читаат и што се културно значајни. Нивното место во светот и авторитетот ретко се оспоруваат, но дали навистина се дотолку исклучителни? Интернет-страницата „Старс инсидер“ нуди поинаков поглед на некои од најценетите писатели во историјата на литературата.

Ден Браун

Ден Браун е автор на „Дигитална тврдина“ (роман, 1998), натаму – „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“, „Инферно“ и други приказни од ова илјадалетие, во кои глуми Роберт Ленгдон – професор по „Симбологија“ на Харвард… Но, „фората“ е во тоа што предмет „Симбологија“ на Харвард едноставно – не постои.

А, некои критичари го опишаа пишувањето на Браун како „несмасно“ и полно со непотребни подробност, па дека дури и процесот на издавање и објавување е често проследен со драматичен пресврт…

Мари-Анри Бејл, со псевдоним „Стендал“

Стендал живеел и творел во првата половина од 19. век. Тој е еден од оние автори со кои сите се фалат дека прочитале нешто од нив, а во суштина, ретко кој прочитал барем една книга… Но сепак, дали некој може да се сети на приказната и кој може да го одбрани своето восхитување од стилот на авторот, прашуваат критичарите, со оглед на неговата практика да црпи инспирација од читањето на „Граѓанскиот законик“ пред да пишува…

Џејмс Патерсон

Овој автор ја откри тајната на „беспрекорното“ создавање „книги на подвижна лента“. Тој всушност не ги пишува своите дела, според познавачите, туку ги дава своите белешки на уредниците и коавторите, а тие ја вршат работата наместо него, обидувајќи се да објават што е можно повеќе книги за што покусо време. Досега Патерсон има издадено повеќе од 200 книги.

Пауло Коељо

Пауло Коељо тврди дека историјата на светот и нашите сопствени животни приказни се напишани со иста рака… Тој, исто така, пишува дека храброста е клучот за разбирањето на јазикот на светот. Некои критичари велат дека сложените реченици на Коељо често ги тераат читателите да се сомневаат во нивното значење и смислата на кажаното…

Чарлс Буковски

Тој уште од почетокот признава дека секогаш пишувал пијан. Освен што го фали алкохолизмот и развратот, тој ги претставува жените единствено како средство за задоволување на своите сексуални нагони. Според книжевната критичарка Кјара Марфи, коментирајќи ја „Жените“ на Буковски (роман, 1978), „суровиот и интензивен јазик и бруталниот опис на телата, ликовите, сексуалните дејствија на женските ликови понекогаш се мизогинични и навредливи“. Не е изненадувачки што за многумина Буковски е „идеалниот алфа-мажјак“, кој во истовреме, на многу жени им е одбивен и одвратен.

Стивен Кинг

Можеби е крал на хорор-романите, но според некои критичари, и тој има неколку проблематични тенденции… Тука е, пред сѐ, неговата склоност кон отуѓување, како и навиката да им дава магична моќ на неговите црнокожи јунаци. И, тоа кулминира со портретирањето на Џон Кофи во „Зелената милја“ (роман, 1996) – црнец со „интелектуални потешкотии“, но и со натприродни моќи, кој „мора“ да умре за да го спаси главниот лик.

The post Најпреценети писатели во светската литература appeared first on Република.

]]>

Отсекогаш имало писатели кои треба да се читаат и што се културно значајни. Нивното место во светот и авторитетот ретко се оспоруваат, но дали навистина се дотолку исклучителни? Интернет-страницата „Старс инсидер“ нуди поинаков поглед на некои од најценетите писатели во историјата на литературата.

Ден Браун

Ден Браун е автор на „Дигитална тврдина“ (роман, 1998), натаму – „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“, „Инферно“ и други приказни од ова илјадалетие, во кои глуми Роберт Ленгдон – професор по „Симбологија“ на Харвард… Но, „фората“ е во тоа што предмет „Симбологија“ на Харвард едноставно – не постои. А, некои критичари го опишаа пишувањето на Браун како „несмасно“ и полно со непотребни подробност, па дека дури и процесот на издавање и објавување е често проследен со драматичен пресврт…

Мари-Анри Бејл, со псевдоним „Стендал“

Стендал живеел и творел во првата половина од 19. век. Тој е еден од оние автори со кои сите се фалат дека прочитале нешто од нив, а во суштина, ретко кој прочитал барем една книга… Но сепак, дали некој може да се сети на приказната и кој може да го одбрани своето восхитување од стилот на авторот, прашуваат критичарите, со оглед на неговата практика да црпи инспирација од читањето на „Граѓанскиот законик“ пред да пишува…

Џејмс Патерсон

Овој автор ја откри тајната на „беспрекорното“ создавање „книги на подвижна лента“. Тој всушност не ги пишува своите дела, според познавачите, туку ги дава своите белешки на уредниците и коавторите, а тие ја вршат работата наместо него, обидувајќи се да објават што е можно повеќе книги за што покусо време. Досега Патерсон има издадено повеќе од 200 книги.

Пауло Коељо

Пауло Коељо тврди дека историјата на светот и нашите сопствени животни приказни се напишани со иста рака… Тој, исто така, пишува дека храброста е клучот за разбирањето на јазикот на светот. Некои критичари велат дека сложените реченици на Коељо често ги тераат читателите да се сомневаат во нивното значење и смислата на кажаното…

Чарлс Буковски

Тој уште од почетокот признава дека секогаш пишувал пијан. Освен што го фали алкохолизмот и развратот, тој ги претставува жените единствено како средство за задоволување на своите сексуални нагони. Според книжевната критичарка Кјара Марфи, коментирајќи ја „Жените“ на Буковски (роман, 1978), „суровиот и интензивен јазик и бруталниот опис на телата, ликовите, сексуалните дејствија на женските ликови понекогаш се мизогинични и навредливи“. Не е изненадувачки што за многумина Буковски е „идеалниот алфа-мажјак“, кој во истовреме, на многу жени им е одбивен и одвратен.

Стивен Кинг

Можеби е крал на хорор-романите, но според некои критичари, и тој има неколку проблематични тенденции… Тука е, пред сѐ, неговата склоност кон отуѓување, како и навиката да им дава магична моќ на неговите црнокожи јунаци. И, тоа кулминира со портретирањето на Џон Кофи во „Зелената милја“ (роман, 1996) – црнец со „интелектуални потешкотии“, но и со натприродни моќи, кој „мора“ да умре за да го спаси главниот лик.

The post Најпреценети писатели во светската литература appeared first on Република.

]]>