писатели на Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisateli-na-srbija/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 17:54:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png писатели на Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisateli-na-srbija/ 32 32 Договор за соработка на писателите од Србија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dogovor-za-sorabotka-na-pisatelite-od-srbija-i-makedonija/ Fri, 09 Sep 2022 19:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=549261

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески и в.д. претседателот на Здружението на писателите на Србија Милош Јанковиќ, договорија на манифестациите и фестивалите да учествуваат писателите од Србија и Македонија, да се објавуваат нивни текстови во списанијата Књижевне новине и Стожер, да се публикуваат, преведени книги и на двата јазика, да се доделуваат награди и признанија и друго.

Исто така, при потпишувањето на Спогодбата за соработка и размена, од двете страни беше нагласено дека што поскоро во Белград и во Скопје треба да се отворат и Културно-информативните центри, исто така да се отвори Лекторатот за македонски јазик во Белград и да се води грижа за културата, уметноста и информирањето на српското и македонското малцинство во двете држави.

-Ја поздравувам и поддржувам соработката и размената на писателите од Србија и Македонија и нивните дела и творби. Српските и македонските писатели од секогаш комуницирале, создавале и заеднички настапувале. Така ќе биде и во иднина, зашто не само што сме соседи, туку и нашите култури се многу блиски. Па, на тој план и во таа смисла, ќе продолжиме да иницираме, креираме и реализираме нови и бројни активности за што денес уште еднаш и поконкретно разговаравме и се договоривме. До крајот на оваа година и во наредниот период предвидени се повеќе форми и начини за заедничка книжевна размена и соработка, изјави проф.д-р Христо Петрески.

Спогодбата за соработка и размена меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Здружението на писателите на Србија ќе ја потпишат претседателот на ДПМ, Христо Петрески и в.д претседателот на Здружението на писателите на Србија, Милош Јанковиќ. Оваа соработка и спогодба е во рамките на процесите на Отворен Балкан и иницијативата за поврзување, размена и соработка на писателите од балканските држави.

The post Договор за соработка на писателите од Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески и в.д. претседателот на Здружението на писателите на Србија Милош Јанковиќ, договорија на манифестациите и фестивалите да учествуваат писателите од Србија и Македонија, да се објавуваат нивни текстови во списанијата Књижевне новине и Стожер, да се публикуваат, преведени книги и на двата јазика, да се доделуваат награди и признанија и друго. Исто така, при потпишувањето на Спогодбата за соработка и размена, од двете страни беше нагласено дека што поскоро во Белград и во Скопје треба да се отворат и Културно-информативните центри, исто така да се отвори Лекторатот за македонски јазик во Белград и да се води грижа за културата, уметноста и информирањето на српското и македонското малцинство во двете држави. -Ја поздравувам и поддржувам соработката и размената на писателите од Србија и Македонија и нивните дела и творби. Српските и македонските писатели од секогаш комуницирале, создавале и заеднички настапувале. Така ќе биде и во иднина, зашто не само што сме соседи, туку и нашите култури се многу блиски. Па, на тој план и во таа смисла, ќе продолжиме да иницираме, креираме и реализираме нови и бројни активности за што денес уште еднаш и поконкретно разговаравме и се договоривме. До крајот на оваа година и во наредниот период предвидени се повеќе форми и начини за заедничка книжевна размена и соработка, изјави проф.д-р Христо Петрески. Спогодбата за соработка и размена меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Здружението на писателите на Србија ќе ја потпишат претседателот на ДПМ, Христо Петрески и в.д претседателот на Здружението на писателите на Србија, Милош Јанковиќ. Оваа соработка и спогодба е во рамките на процесите на Отворен Балкан и иницијативата за поврзување, размена и соработка на писателите од балканските држави.

The post Договор за соработка на писателите од Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>