писател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisatel/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 11:20:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png писател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisatel/ 32 32 Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvane-i-razgovor-so-pisatelot-sunil-man-vo-bukva/ Wed, 24 Jul 2024 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=799831

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“.

Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“. Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“. Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Почина Алек Попов, еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели и автор на романите „Мисија Лондон“, „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ и „Црната кутија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-alek-popov-eden-od-najvazhnite-i-najpoznatite-sovremeni-bugarski-pisateli-i-avtor-na-romanite-misija-london-sestrite-palaveevi-vo-burata-na-istorijata-i-tsrnata-kutija/ Fri, 22 Mar 2024 11:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=757410

Почина Алек Попов е еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели. Автор е на романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“ (и неговата втора верзија: „Црната кутија: кучиња што летаат ниско“), „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“, како и на неколку збирки раскази.

Попов е познат како мајстор на спојот на комичното и сериозното преку вешто ситуирање на животот на Балканецот во неговата матична и нематична средина. Како автор од европски ранг, Попов е преведен на повеќе од 15 јазици. Член е на најважните писателски институции во Бугарија и е награден со многу домашни и меѓународни признанија.

Во 2019 година, Попов беше во Македонија каде му беше врачена наградата „Прозарт“ која фестивалот „Про-За Балкан“ му ја додели за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.

Тука, на Балканот, а и не само тука, не можеме да опстанеме без хумор и иронија. Шегата е тест на интелигенцијата на кој би требало да сме подложни секој ден. Бидејќи без интелигенција – нема толеранција. А без толеранција сме загубени. Колку и банално да звучи ова. Ви благодарам за честа да бидам во друштво со првокласни писатели од Балканот и од Европа, рече тогаш Попов, заблагодарувајќи се за наградата „Прозарт“ која фестивалот „Про-За Балкан“ му ја додели за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.

Наградата на Попов му ја врачи уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев, кого го врзуваат години пријателство со лауреатот како преведувач на неговите романи „Мисија Лондон“ и „Сестри Палавееви“. По повод наградата Попов прочита извадок од „Сестри Палавееви“, а и кус расказ под наслов „Гласот на Старата чаршија“ за мало девојче кое во еден момент станува господарка на светот, и додаде:

Ја прифаќам оваа награда како израз на признанието на нешто што многу често се занемарува во литературните кругови кои имаат високи претензии – барем во мојата земја. Иронијата, парадоксот, хуморот, трансвестијата, карневалот. Дистинктивни карактеристики не само на мојот стил и гледање на светот, туку, генерално, на целата наша балканска култура. Тоа е можеби најсуштинскиот дел од оваа култура. Снобизмот, не само во литературата, е одвратен, а резултатот од него е мизеријата – идејна и творечка. Не случајно решив да ви раскажам приказна од периферијата и да се фокусирам точно на закачката и намигнувањето. Некои од нашите интелектуалци болно се возбудуваат во врска со прашањето на „центарот и на периферијата“. Мислам дека треба да го земат примерот од тоа мало девојче во Чаршијата. За него ова прашање не постои. Со едно магично намигнување тоа станува центар на универзумот. Големата господарка!

Бугарските медиуми ја објавија веста за загубата на 58 годишниот, чии романи беа филмувани и преведувани ширум светот.

Алек Попов (роден во Софија, 1966 год.) е и одличен автор на куси раскажувачки форми, неговите раскази од збирките „Мрсни сништа“ и „Ниво за напреднати“ се влезени во многу национални и меѓународни антологии на раскази. Попов е и драматург и есеист. На нашата публика ѝ е познат и како косценарист на популарната ТВ-серија „Преспав“. Неговиот прв роман, кој доживеа огромен успех, комичната сатира „Мисија Лондон“, се базира на неговото искуство како аташе за култура на Бугарија во Лондон и е преведен на 16 јазици. Романот на македонски го издаде редакцијата „Детска радост“ во превод на Александар Прокопиев. Според книгата бугарскиот режисер Димитар Митовски сними филм во 2010 година кој стана најпопуларниот бугарски филм во поновата кинематографија, за кој „Вараети“ напиша дека е „феномен“. Во 2011 година филмот во кој нашиот Огнен Антов беше копродуцент ја доби наградата „Unbribable Award” на програмата на „Транспаренси интернешенл“ на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска.

Вториот роман на Попов – „Црната кутија“ исто така е добитник на награди. Во 2007 година ја доби наградата „Елијас Канети“. Досега е објавуван на шест јазици, вклучително и на англиски. Изданието на германски јазик е бестселер, исто како и оригиналот на бугарски. Третиот роман е „Сестрите Палавееви: во бурата на историјата“. Во 2013 година ја доби наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга, а е преведен на германски и на српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година. „Сестрите Палавееви“ наскоро ќе излезе од печат во издание на „Прозарт медиа“.

Попов е добитник на многу литературни награди, меѓу кои: наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга на годината во 2002 и во 2013 година, Чудмировата награда за сатирична фантастика, наградата „The Reading Man Prize“, националната награда „Иван Радоев“ за драма, награда за современ бугарски роман на Фондацијата „Елизабета Костова“ и „Питер Овен паблишерс“.

Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста.

The post Почина Алек Попов, еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели и автор на романите „Мисија Лондон“, „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ и „Црната кутија“ appeared first on Република.

]]>

Почина Алек Попов е еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели. Автор е на романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“ (и неговата втора верзија: „Црната кутија: кучиња што летаат ниско“), „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“, како и на неколку збирки раскази. Попов е познат како мајстор на спојот на комичното и сериозното преку вешто ситуирање на животот на Балканецот во неговата матична и нематична средина. Како автор од европски ранг, Попов е преведен на повеќе од 15 јазици. Член е на најважните писателски институции во Бугарија и е награден со многу домашни и меѓународни признанија. Во 2019 година, Попов беше во Македонија каде му беше врачена наградата „Прозарт“ која фестивалот „Про-За Балкан“ му ја додели за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.
Тука, на Балканот, а и не само тука, не можеме да опстанеме без хумор и иронија. Шегата е тест на интелигенцијата на кој би требало да сме подложни секој ден. Бидејќи без интелигенција – нема толеранција. А без толеранција сме загубени. Колку и банално да звучи ова. Ви благодарам за честа да бидам во друштво со првокласни писатели од Балканот и од Европа, рече тогаш Попов, заблагодарувајќи се за наградата „Прозарт“ која фестивалот „Про-За Балкан“ му ја додели за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.
Наградата на Попов му ја врачи уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев, кого го врзуваат години пријателство со лауреатот како преведувач на неговите романи „Мисија Лондон“ и „Сестри Палавееви“. По повод наградата Попов прочита извадок од „Сестри Палавееви“, а и кус расказ под наслов „Гласот на Старата чаршија“ за мало девојче кое во еден момент станува господарка на светот, и додаде:
Ја прифаќам оваа награда како израз на признанието на нешто што многу често се занемарува во литературните кругови кои имаат високи претензии – барем во мојата земја. Иронијата, парадоксот, хуморот, трансвестијата, карневалот. Дистинктивни карактеристики не само на мојот стил и гледање на светот, туку, генерално, на целата наша балканска култура. Тоа е можеби најсуштинскиот дел од оваа култура. Снобизмот, не само во литературата, е одвратен, а резултатот од него е мизеријата – идејна и творечка. Не случајно решив да ви раскажам приказна од периферијата и да се фокусирам точно на закачката и намигнувањето. Некои од нашите интелектуалци болно се возбудуваат во врска со прашањето на „центарот и на периферијата“. Мислам дека треба да го земат примерот од тоа мало девојче во Чаршијата. За него ова прашање не постои. Со едно магично намигнување тоа станува центар на универзумот. Големата господарка!
Бугарските медиуми ја објавија веста за загубата на 58 годишниот, чии романи беа филмувани и преведувани ширум светот. Алек Попов (роден во Софија, 1966 год.) е и одличен автор на куси раскажувачки форми, неговите раскази од збирките „Мрсни сништа“ и „Ниво за напреднати“ се влезени во многу национални и меѓународни антологии на раскази. Попов е и драматург и есеист. На нашата публика ѝ е познат и како косценарист на популарната ТВ-серија „Преспав“. Неговиот прв роман, кој доживеа огромен успех, комичната сатира „Мисија Лондон“, се базира на неговото искуство како аташе за култура на Бугарија во Лондон и е преведен на 16 јазици. Романот на македонски го издаде редакцијата „Детска радост“ во превод на Александар Прокопиев. Според книгата бугарскиот режисер Димитар Митовски сними филм во 2010 година кој стана најпопуларниот бугарски филм во поновата кинематографија, за кој „Вараети“ напиша дека е „феномен“. Во 2011 година филмот во кој нашиот Огнен Антов беше копродуцент ја доби наградата „Unbribable Award” на програмата на „Транспаренси интернешенл“ на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска. Вториот роман на Попов – „Црната кутија“ исто така е добитник на награди. Во 2007 година ја доби наградата „Елијас Канети“. Досега е објавуван на шест јазици, вклучително и на англиски. Изданието на германски јазик е бестселер, исто како и оригиналот на бугарски. Третиот роман е „Сестрите Палавееви: во бурата на историјата“. Во 2013 година ја доби наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга, а е преведен на германски и на српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година. „Сестрите Палавееви“ наскоро ќе излезе од печат во издание на „Прозарт медиа“. Попов е добитник на многу литературни награди, меѓу кои: наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга на годината во 2002 и во 2013 година, Чудмировата награда за сатирична фантастика, наградата „The Reading Man Prize“, националната награда „Иван Радоев“ за драма, награда за современ бугарски роман на Фондацијата „Елизабета Костова“ и „Питер Овен паблишерс“. Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста.

The post Почина Алек Попов, еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели и автор на романите „Мисија Лондон“, „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“ и „Црната кутија“ appeared first on Република.

]]>
Државната награда „23 Октомври“ за тимот на трансплантација на црн дроб, проф. д-р Африм Османи, визуениот уметник Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzhavnata-nagrada-23-oktomvri-za-timot-na-transplantatsija-na-tsrn-drob-prof-d-r-afrim-osmani-vizueniot-umetnik-robert-jankulovski-i-pisatelot-blazhe-minovski/ Tue, 17 Oct 2023 12:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=692132

Тимот на трансплантација на црн дроб кој го предводи проф. д-р Зоран Караџов, а во кој се уште и проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и професорот д-р Африм Османи се годинашни добитници на државата награда „23 Октомври“ во областа на на науката и образованието, соопштија од Министерството за култура.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и писателот Блаже Миневски.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Македонија.

The post Државната награда „23 Октомври“ за тимот на трансплантација на црн дроб, проф. д-р Африм Османи, визуениот уметник Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миновски appeared first on Република.

]]>

Тимот на трансплантација на црн дроб кој го предводи проф. д-р Зоран Караџов, а во кој се уште и проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и професорот д-р Африм Османи се годинашни добитници на државата награда „23 Октомври“ во областа на на науката и образованието, соопштија од Министерството за култура. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и писателот Блаже Миневски. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Македонија.

The post Државната награда „23 Октомври“ за тимот на трансплантација на црн дроб, проф. д-р Африм Османи, визуениот уметник Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миновски appeared first on Република.

]]>
Српски писател го воодушеви регионот: „Го нудам станот во Белград бесплатно, но имам еден услов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-pisatel-go-voodushevi-regionot-go-nudam-stanot-vo-belgrad-besplatno-no-imam-eden-uslov/ Fri, 29 Sep 2023 08:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=686275

Младиот белградски писател Стефан Симиќ остави многумина без зборови кога во јануари објави дека им го отстапува станот кај Калемегдан на студенти.

Сега повторно им понуди сместување на студентите. Не бара ништо за возврат, но има само еден услов.

- Драги пријатели, двајца студенти се иселуваат од мојот стан до крајот на ноември, имаа одличен просек, а ќе бидат во студентски дом. Бидејќи цените на становите во Белград не паѓаат, барем двајца млади луѓе можат да живеат во една студентска година, без да имаат никакви трошоци поврзани со станот - објави Стефан на својот профил на Фејсбук.

Тој додава дека студентите нема да имаат никакви обврски, освен учтиво да се однесуваат.

- Бесмислено е да се плаќаат по 400 евра месечно за станови, доволно е да им се обезбедат услови за работа. Калемегдан, театарот, шеталиштето, реката се карши од мене - вели Симиќ. Додава дека и како студент живеел со многу луѓе.

- И денес на моите турнеи посакувам да им пренесам барем дел од тоа на некои од нив, од година во година...... Во 90 проценти од случаите сум бил сместен кај луѓе, приватно, имам искуство и сакам тоа да се пренесе понатаму, не мора се да се плати и наплати - вели Стефан.

24sata

Младиот писател претходно изјави дека постојано им помага на другите, како што и нему му помагале.

- Ги молам сите што имаат можност да го направат тоа. Младите да ги пронајдат постарите на кои им е потребна помош и да создадат посилна човечка врска која ќе биде од општа корист – заклучи Стефан.

The post Српски писател го воодушеви регионот: „Го нудам станот во Белград бесплатно, но имам еден услов“ appeared first on Република.

]]>

Младиот белградски писател Стефан Симиќ остави многумина без зборови кога во јануари објави дека им го отстапува станот кај Калемегдан на студенти. Сега повторно им понуди сместување на студентите. Не бара ништо за возврат, но има само еден услов. - Драги пријатели, двајца студенти се иселуваат од мојот стан до крајот на ноември, имаа одличен просек, а ќе бидат во студентски дом. Бидејќи цените на становите во Белград не паѓаат, барем двајца млади луѓе можат да живеат во една студентска година, без да имаат никакви трошоци поврзани со станот - објави Стефан на својот профил на Фејсбук. Тој додава дека студентите нема да имаат никакви обврски, освен учтиво да се однесуваат. - Бесмислено е да се плаќаат по 400 евра месечно за станови, доволно е да им се обезбедат услови за работа. Калемегдан, театарот, шеталиштето, реката се карши од мене - вели Симиќ. Додава дека и како студент живеел со многу луѓе. - И денес на моите турнеи посакувам да им пренесам барем дел од тоа на некои од нив, од година во година...... Во 90 проценти од случаите сум бил сместен кај луѓе, приватно, имам искуство и сакам тоа да се пренесе понатаму, не мора се да се плати и наплати - вели Стефан. 24sata Младиот писател претходно изјави дека постојано им помага на другите, како што и нему му помагале. - Ги молам сите што имаат можност да го направат тоа. Младите да ги пронајдат постарите на кои им е потребна помош и да создадат посилна човечка врска која ќе биде од општа корист – заклучи Стефан.

The post Српски писател го воодушеви регионот: „Го нудам станот во Белград бесплатно, но имам еден услов“ appeared first on Република.

]]>
Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odamna-sfativ-deka-sum-osakaten-za-se-drugo-osven-za-pishuvane/ Thu, 14 Sep 2023 08:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=681755

Одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување, вели во интервју за „Република“ хрватскиот писател Ренато Баретиќ (60) кој годинава е еден од гостите на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој ќе се одржи во Скопје од 17 до 19 септември.

Баретиќ веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Повремено работи како филмски и телевизиски косценарист и составувач на прашања за најпознатите тв-квизови како „Квискотека“ и „Кој сака да биде милионер“. Во новинарство го минал целиот развоен пат, од почетник во градска рубрика, преку репортер, телевизиски критичар и политички колумнист во поголем број хрватски весници „Вечерњи лист“, „Недељна Далмација“, „Слободна далмација“, „Ферал трибјун“, „Глобус“, „Национал“... Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели.

Во 2003 година го објави романот „Осмиот повереник“ за кој ги доби престижните книжевни награди „Владимир Назор“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Август Шеноа“, „Ксавер Шандор Гјалски“ „Киклоп“ - награда на Саемот на книга во Пула. „Осмиот повереник“ ја објави „Култура“ на македонски јазик, а подоцна беше снимен и филм кој беше хрватски кандидат за „Оскар“. Потоа следеа романите „Зборувај ми за неа“ (2006), „Хотел Гранд“ (2008) и „Последна рака“ (2021). Објавувал и збирки поезија и избор од ТВ-колумни.

Кај нас, во Македонија, е многу тешко, па скоро и невозможно, еден писател да живее исклучиво од пишување. Како Вам ви успева сиве овие години?  

БАРЕТИЌ: Во Хрватска тоа не е тешко, туку е невозможно. Нема писател или писателка, кои не работат некоја друга, 'главна’ работа. Некој од нас е новинар, некој е професор во училиште или на факултет. Секој од нас пред сè е нешто друго, а потоа поет или белетрист. Јас одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување. Токму овие денови, на 13 септември, се навршуваат 40 години, откако почнав да работам како новинар и оттогаш живеам исклучиво од пишување. Се обидов да работам и некои други професии, но се покажа дека само во пишувањето може да бидам доволно способен и со тоа да ги плаќам сметките, да имам пари за храна, школување на децата...

Кога последен пат бевте во Скопје? Што обично правите кога ќе дојдете кај нас?

БАРЕТИЌ: Последен пат бев многу одамна, во 2017 година. Но тогаш бев цел јуни, четири недели. Дојдов како стипендист на Меѓународната фондација „Традуки“ и бев гостин на „Блесок“. Тогаш, за жал, имав многу работа во Хрватска, која морав да ја завршам и не успеав да стекнам никаков приватен скопски ритуал.
Претходно, бев четири пати, главно само на три дена. Тогаш научив дека најдобро е однапред да им се најавам на моите скопски пријатели и да им дозволам да ме прошетаат таму каде што мислат дека мене би ми одговарало. Но, најтешко ми е што сите, секојпат се разочарани кога ќе видат колку малку може да изедам.

Вашиот последен роман, „Последна рака“, поставува прашања за темелите на книжевноста и на светот, за моралните избори кои ги правиме. Каква е состојбата денес во хрватското општество?

БАРЕТИЌ: Прецизен одговор на ова прашање може да се добие во најмалку двесте редови. Јас ќе се обидам да одговорам со еден збор, а тоа е апатија. Главниот јунак во „Последна рака“ (иако тој е новинар и писател, но романот не е автобиографски) е апатичен до коска, а единствен излез од таа состојба гледа во симболично, професионално самоубиство и да се продаде на капитализмот. Или навистина да се убие, бидејќи трета можност едноставно не постои, нема. Но, на патот до изборот (да не ја уплашам потенцијална пубика), му се случуваат многу бизарни, па и забавни работи.

Каков е вашиот однос кон книжевноста и литературата?

БАРЕТИЌ: На децата им се гади читањето (да ги тргнеме на страна мобилните телефони, интернетот и останата технологија) затоа што и ден-денес во школските лектири ги гњават со книги стари повеќе од 150 години, кои се пишувани на јазик на кој и јас, пред половина век не можев целосно да го разберам.
Министерството за култура се обидува да создаде атмосфера во која сака да прикаже дека многу се грижи за современата книжевност, но тоа е само привидно. Јас пишувам што ми се пишува и кога ми се пишува, но како набљудувач од страна гледам дека на таа сцена постојат премногу конкурентски фракции, картели и други интересни групи.
И за ова прашање би ми требало многу простор за да можам вистински да одговорам, но бидејќи со сета сила се држам до мојата аутсајдерска позиција, ќе кажам дека имам свој уредник, своја лекторка и две издавачки куќи. Тоа се моите луѓе од доверба на кои им верувам и на кои сум им верен, а за сè друго баш и не ми е многу гајле.

[caption id="attachment_681762" align="alignnone" width="1365"] фото: Тоне Стојко[/caption]

Каков е статусот на литературното и на новинарското пишување?

БАРЕТИЌ: Сè ми се чини дека искрено, слободно и во склад со сопствените убедувања единствно уште пишуваат само идеалистичните диносауруси од мојата генерација. Иако, мора да признаам, има уште некои помлади колеги кои успеавме да ги заразиме со нашиот вирус, ние, диносаурусите. Им посакувам среќа, иако знам дека нема да ја доживеат.

Може ли денешното одговорно новинарство да го преживее притисокот на кликовите на порталите? Дали денес има публика за такво новинарство?

БАРЕТИЌ: Од мојата матична редакција, хрватскиот „Тпортал“, каде што одамна пишувам коментари, пред неколку години, многу внимателно прашаа дали смеат, место мене, тие да ставаат наслови на моите колумни. Текстовите се одлични, велат, но насловите се или прекратки или премногу 'каламбурни' за денешната публика. А јас, насловите ги ставав така како што учев со години додека работев во „Слободна Далмација“, „Ферал Трибјун“ и другите весници за коишто пишував. Океј, им реков, ајде да видиме што ќе биде со вашите наслови на моите колумни.
Оттогаш ретко во целост се согласувам со секој наслов (и поднаслов и меѓунаслов) кој тие ќе го стават, но читаноста на моите колумни нагло порасна. Читаноста толку многу скокна што јас и безмалку трема ќе побарам и одма ќе добијам зголемување на хонорарот.
А текстовите се исти како и претходно што сум ги пишувал, пишувани се од истата глава, со исти ставови. Очигледно, на читачката публика денес и е потребен некој поинаков магнет, импулс кој е поинаков од оној од пред 20 или 30 години. И кога сме веќе кај публиката: Своевремено бев меѓу најгласните кој бараше читателите слободно да оставаат коментари под текстовите. За две години прв барав таа опција да се укине. Сфатив, во меѓувреме, дека премногу идиоти живеат меѓу нас, премногу будали, а сите имаат право на глас.

Вие предавате и креативно пишува. Дали има телентирани луѓе? Дали се сериозни во намерата да станат писатели и да живеат од пишување или пак тоа го сфаќаат како хоби?

БАРЕТИЌ: Кога беше формирана сплитската „Куќа на креативно пишување“ им реков дека ќе им се придружам, само ако бидам портир, оној кој работи на приземје и контролира кој може да влезе. Оттогаш до денес, еве скоро десет години, работам исклучуво во тоа „приземје“. Се обидувам да им објаснам не луѓето што сè може да се постигне со зборови, со користење на некои синоними, падежи, глаголи, со поинаков распоред на зборовите...Им отоврам огромна кутија со алат за кој дотогаш не биле свесни, а го носеле со себе цел живот. Најголем комплимент кој сум го добил, а сум го чул двапати од различни луѓе, поранешни посетители на школата е: Знаете, јас и понатаму пишувам онака како што вам не ви се допаѓа, но ЧИТАМ на сосема друг начин. Па зарем има ли подобар комплимент од тоа за еден учител?
Меѓу посетителите на моите курсеви „Дисциплина на фантазијата“ има многу телентирани луѓе. Поголемиот дел, се разбира се просечни и без талент. Некои од нив подоцна ќе објават и книги, па веднаш ќе сфатат дека нема леб во пишувањето и одат на курс по едрење на пример, или керамика, готвење...

Вие сте роден загрепчанин, а живеете во Сплит. Како ви се погоди Сплит?

БАРЕТИЌ: Оваа година имам многу јубилеи. Освен 40 години новинарство, тука е и 35 години од излегување на првата збирка поезија, 20 години од првиот роман и 15 години од третиот, а одбележувам и 30 години од преселбата од Загреб во Сплит. Тоа е пола живот. Догодина значи повеќе ќе бидам сплиќанец од загрепчанец, отколку загрепчанец во Сплит.
Ако не ми беше убаво овде, веројатно одамна ќе се вратев или ќе заминев на друго место. Има работи на кои во Сплит уште не успеав да се навикнам и веројатно никогаш и нема, но такви работи има и во Загреб. Одамна, во Сплит ме најде една девојка, создадовме прекрасно семејство, имаме свој стан и во него имам мала работна соба од која дословно, како што пее Оливер Драгојевиќ „С понистре се види Шолта“, така што јас немам друго што да барам. Загреб и понатаму е во моето срце, кое е точно на средина поделено меѓу овие два града. И тоа секогаш ќе биде така, без разлика на годините 'стаж'.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување appeared first on Република.

]]>

Одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување, вели во интервју за „Република“ хрватскиот писател Ренато Баретиќ (60) кој годинава е еден од гостите на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој ќе се одржи во Скопје од 17 до 19 септември. Баретиќ веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Повремено работи како филмски и телевизиски косценарист и составувач на прашања за најпознатите тв-квизови како „Квискотека“ и „Кој сака да биде милионер“. Во новинарство го минал целиот развоен пат, од почетник во градска рубрика, преку репортер, телевизиски критичар и политички колумнист во поголем број хрватски весници „Вечерњи лист“, „Недељна Далмација“, „Слободна далмација“, „Ферал трибјун“, „Глобус“, „Национал“... Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели. Во 2003 година го објави романот „Осмиот повереник“ за кој ги доби престижните книжевни награди „Владимир Назор“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Август Шеноа“, „Ксавер Шандор Гјалски“ „Киклоп“ - награда на Саемот на книга во Пула. „Осмиот повереник“ ја објави „Култура“ на македонски јазик, а подоцна беше снимен и филм кој беше хрватски кандидат за „Оскар“. Потоа следеа романите „Зборувај ми за неа“ (2006), „Хотел Гранд“ (2008) и „Последна рака“ (2021). Објавувал и збирки поезија и избор од ТВ-колумни. Кај нас, во Македонија, е многу тешко, па скоро и невозможно, еден писател да живее исклучиво од пишување. Како Вам ви успева сиве овие години?   БАРЕТИЌ: Во Хрватска тоа не е тешко, туку е невозможно. Нема писател или писателка, кои не работат некоја друга, 'главна’ работа. Некој од нас е новинар, некој е професор во училиште или на факултет. Секој од нас пред сè е нешто друго, а потоа поет или белетрист. Јас одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување. Токму овие денови, на 13 септември, се навршуваат 40 години, откако почнав да работам како новинар и оттогаш живеам исклучиво од пишување. Се обидов да работам и некои други професии, но се покажа дека само во пишувањето може да бидам доволно способен и со тоа да ги плаќам сметките, да имам пари за храна, школување на децата... Кога последен пат бевте во Скопје? Што обично правите кога ќе дојдете кај нас? БАРЕТИЌ: Последен пат бев многу одамна, во 2017 година. Но тогаш бев цел јуни, четири недели. Дојдов како стипендист на Меѓународната фондација „Традуки“ и бев гостин на „Блесок“. Тогаш, за жал, имав многу работа во Хрватска, која морав да ја завршам и не успеав да стекнам никаков приватен скопски ритуал. Претходно, бев четири пати, главно само на три дена. Тогаш научив дека најдобро е однапред да им се најавам на моите скопски пријатели и да им дозволам да ме прошетаат таму каде што мислат дека мене би ми одговарало. Но, најтешко ми е што сите, секојпат се разочарани кога ќе видат колку малку може да изедам. Вашиот последен роман, „Последна рака“, поставува прашања за темелите на книжевноста и на светот, за моралните избори кои ги правиме. Каква е состојбата денес во хрватското општество? БАРЕТИЌ: Прецизен одговор на ова прашање може да се добие во најмалку двесте редови. Јас ќе се обидам да одговорам со еден збор, а тоа е апатија. Главниот јунак во „Последна рака“ (иако тој е новинар и писател, но романот не е автобиографски) е апатичен до коска, а единствен излез од таа состојба гледа во симболично, професионално самоубиство и да се продаде на капитализмот. Или навистина да се убие, бидејќи трета можност едноставно не постои, нема. Но, на патот до изборот (да не ја уплашам потенцијална пубика), му се случуваат многу бизарни, па и забавни работи. Каков е вашиот однос кон книжевноста и литературата? БАРЕТИЌ: На децата им се гади читањето (да ги тргнеме на страна мобилните телефони, интернетот и останата технологија) затоа што и ден-денес во школските лектири ги гњават со книги стари повеќе од 150 години, кои се пишувани на јазик на кој и јас, пред половина век не можев целосно да го разберам. Министерството за култура се обидува да создаде атмосфера во која сака да прикаже дека многу се грижи за современата книжевност, но тоа е само привидно. Јас пишувам што ми се пишува и кога ми се пишува, но како набљудувач од страна гледам дека на таа сцена постојат премногу конкурентски фракции, картели и други интересни групи. И за ова прашање би ми требало многу простор за да можам вистински да одговорам, но бидејќи со сета сила се држам до мојата аутсајдерска позиција, ќе кажам дека имам свој уредник, своја лекторка и две издавачки куќи. Тоа се моите луѓе од доверба на кои им верувам и на кои сум им верен, а за сè друго баш и не ми е многу гајле. [caption id="attachment_681762" align="alignnone" width="1365"] фото: Тоне Стојко[/caption] Каков е статусот на литературното и на новинарското пишување? БАРЕТИЌ: Сè ми се чини дека искрено, слободно и во склад со сопствените убедувања единствно уште пишуваат само идеалистичните диносауруси од мојата генерација. Иако, мора да признаам, има уште некои помлади колеги кои успеавме да ги заразиме со нашиот вирус, ние, диносаурусите. Им посакувам среќа, иако знам дека нема да ја доживеат. Може ли денешното одговорно новинарство да го преживее притисокот на кликовите на порталите? Дали денес има публика за такво новинарство? БАРЕТИЌ: Од мојата матична редакција, хрватскиот „Тпортал“, каде што одамна пишувам коментари, пред неколку години, многу внимателно прашаа дали смеат, место мене, тие да ставаат наслови на моите колумни. Текстовите се одлични, велат, но насловите се или прекратки или премногу 'каламбурни' за денешната публика. А јас, насловите ги ставав така како што учев со години додека работев во „Слободна Далмација“, „Ферал Трибјун“ и другите весници за коишто пишував. Океј, им реков, ајде да видиме што ќе биде со вашите наслови на моите колумни. Оттогаш ретко во целост се согласувам со секој наслов (и поднаслов и меѓунаслов) кој тие ќе го стават, но читаноста на моите колумни нагло порасна. Читаноста толку многу скокна што јас и безмалку трема ќе побарам и одма ќе добијам зголемување на хонорарот. А текстовите се исти како и претходно што сум ги пишувал, пишувани се од истата глава, со исти ставови. Очигледно, на читачката публика денес и е потребен некој поинаков магнет, импулс кој е поинаков од оној од пред 20 или 30 години. И кога сме веќе кај публиката: Своевремено бев меѓу најгласните кој бараше читателите слободно да оставаат коментари под текстовите. За две години прв барав таа опција да се укине. Сфатив, во меѓувреме, дека премногу идиоти живеат меѓу нас, премногу будали, а сите имаат право на глас. Вие предавате и креативно пишува. Дали има телентирани луѓе? Дали се сериозни во намерата да станат писатели и да живеат од пишување или пак тоа го сфаќаат како хоби? БАРЕТИЌ: Кога беше формирана сплитската „Куќа на креативно пишување“ им реков дека ќе им се придружам, само ако бидам портир, оној кој работи на приземје и контролира кој може да влезе. Оттогаш до денес, еве скоро десет години, работам исклучуво во тоа „приземје“. Се обидувам да им објаснам не луѓето што сè може да се постигне со зборови, со користење на некои синоними, падежи, глаголи, со поинаков распоред на зборовите...Им отоврам огромна кутија со алат за кој дотогаш не биле свесни, а го носеле со себе цел живот. Најголем комплимент кој сум го добил, а сум го чул двапати од различни луѓе, поранешни посетители на школата е: Знаете, јас и понатаму пишувам онака како што вам не ви се допаѓа, но ЧИТАМ на сосема друг начин. Па зарем има ли подобар комплимент од тоа за еден учител? Меѓу посетителите на моите курсеви „Дисциплина на фантазијата“ има многу телентирани луѓе. Поголемиот дел, се разбира се просечни и без талент. Некои од нив подоцна ќе објават и книги, па веднаш ќе сфатат дека нема леб во пишувањето и одат на курс по едрење на пример, или керамика, готвење... Вие сте роден загрепчанин, а живеете во Сплит. Како ви се погоди Сплит? БАРЕТИЌ: Оваа година имам многу јубилеи. Освен 40 години новинарство, тука е и 35 години од излегување на првата збирка поезија, 20 години од првиот роман и 15 години од третиот, а одбележувам и 30 години од преселбата од Загреб во Сплит. Тоа е пола живот. Догодина значи повеќе ќе бидам сплиќанец од загрепчанец, отколку загрепчанец во Сплит. Ако не ми беше убаво овде, веројатно одамна ќе се вратев или ќе заминев на друго место. Има работи на кои во Сплит уште не успеав да се навикнам и веројатно никогаш и нема, но такви работи има и во Загреб. Одамна, во Сплит ме најде една девојка, создадовме прекрасно семејство, имаме свој стан и во него имам мала работна соба од која дословно, како што пее Оливер Драгојевиќ „С понистре се види Шолта“, така што јас немам друго што да барам. Загреб и понатаму е во моето срце, кое е точно на средина поделено меѓу овие два града. И тоа секогаш ќе биде така, без разлика на годините 'стаж'. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување appeared first on Република.

]]>
Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-pisatelot-i-fotograf-vladimir-plavevski/ Wed, 05 Jul 2023 12:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=658384

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови.

Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од 2000 година е член и на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на ТВ-филмот „Мултиплеј“ (2008).

За Македонското радио има подготвено девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002).

Во 2013 година ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“.

Во 2020 година ја добива наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ (издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“).

Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на многубројни групни изложби e активен во периодот од 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото-клубот „Вардар“ од Скопје (1978-1990) како и претседател на Фото-сојузот на Македонија (1982-1986). Член бил на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот „Фотографија“ на Факултетот за драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија.

Во врска со фотографијата, ги објавил книгите: „Папарацо – феномен на денешнината“ (1997) и „Фотографија“ (1998).

The post Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови. Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од 2000 година е член и на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на ТВ-филмот „Мултиплеј“ (2008). За Македонското радио има подготвено девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002). Во 2013 година ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. Во 2020 година ја добива наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ (издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“). Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на многубројни групни изложби e активен во периодот од 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото-клубот „Вардар“ од Скопје (1978-1990) како и претседател на Фото-сојузот на Македонија (1982-1986). Член бил на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот „Фотографија“ на Факултетот за драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија. Во врска со фотографијата, ги објавил книгите: „Папарацо – феномен на денешнината“ (1997) и „Фотографија“ (1998).

The post Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски appeared first on Република.

]]>
Средба со писателот Владо Јаневски во „Литература.мк“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-so-pisatelot-vlado-janevski-vo-literatura-mk/ Fri, 26 May 2023 10:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=644840

Македонскиот писател Владо Јаневски, кој живее и работи во Австралија, ќе одржи средба со читателите на 31 мај (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. На настанот ќе бидат претставени неговите книги во издание на „Арс Ламина“: романот „Мртвите знаат најдобро“ (добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година), „Смртта не е крај“ (објавен во 2022 г.) и сликовницата „Луѓето и змејовите“, која неодамна излезе од печат во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.

Владо Јаневски е мултимедијален уметник: писател, сликар, фотограф, стрип-автор, светски патник и до неодамна активен на полето за истражување и развој во водечка светска компанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Македонија, каде што завршил високо образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија. Негови објавени дела се: стрипот „Палавковците Влатко и Емче“ („Стрип квадрат“, 2023), сликовницата „Луѓето и змејовите“ („Арс Ламина“, 2023), романот „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), романот „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, 2020), романот „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, 2020), романот „Под друга капа“ („Магор“, 2019), романот „Made in Jabana“ („Слово“, 2004), збирката наградувани раскази „Нема враќање“ („Студентски збор“, 1985). Застапен е и во антологиите „Современи кратки книжевни форми“ („Инаку“, 2022), „Современи авторски бајки“ („Феникс“, 2021) и „Песни за Скопје“ („Феникс“, 2021). Кратката бајка „Папагалот и кучето“ од Јаневски е дел од збирката со раскази за деца „Детелинки-белинки“, во издание на „Арс Ламина“.

Добитник е на наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ 2021 за сценариото „Под друга капа“ и на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината за 2020 година, за ракописот „Мртвите знаат најдобро“. Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за раскази на „Студентски збор“ и „Нова Македонија“. Застапен е и со наградувани раскази во книгите „Електролит 2006“, „Електролит 2007“ и во списанијата за литература „Маргина“ („Темплум“, 2006, 2007, 2008), „Книжевни елементи“ (Скопје, 2021), „Балкански книжевен гласник“ (Белград, 2007, 2021, 2022) и „Современост“ (Скопје, 2022).

Изложувал во Сиднеј и на интернет. Неговите слики се дел од приватни колекции на повеќе места во светот. Објавувал карикатури во познатото австралиско списание „The Bulletin with Newsweek“. Неговите стрипови „Палавковците“ и „As Long As We Try“ редовно се објавуваат на „Фејсбук“ и на неколку портали и се следат од поголем број читатели. Работи и како уредник за книжевно и ликовно творештво во списанието „Везилка“, каде што претставува македонски автори кои живеат надвор од Македонија.

Книгите од Владо Јаневски се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk.

The post Средба со писателот Владо Јаневски во „Литература.мк“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот писател Владо Јаневски, кој живее и работи во Австралија, ќе одржи средба со читателите на 31 мај (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. На настанот ќе бидат претставени неговите книги во издание на „Арс Ламина“: романот „Мртвите знаат најдобро“ (добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година), „Смртта не е крај“ (објавен во 2022 г.) и сликовницата „Луѓето и змејовите“, која неодамна излезе од печат во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Владо Јаневски е мултимедијален уметник: писател, сликар, фотограф, стрип-автор, светски патник и до неодамна активен на полето за истражување и развој во водечка светска компанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Македонија, каде што завршил високо образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија. Негови објавени дела се: стрипот „Палавковците Влатко и Емче“ („Стрип квадрат“, 2023), сликовницата „Луѓето и змејовите“ („Арс Ламина“, 2023), романот „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), романот „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, 2020), романот „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, 2020), романот „Под друга капа“ („Магор“, 2019), романот „Made in Jabana“ („Слово“, 2004), збирката наградувани раскази „Нема враќање“ („Студентски збор“, 1985). Застапен е и во антологиите „Современи кратки книжевни форми“ („Инаку“, 2022), „Современи авторски бајки“ („Феникс“, 2021) и „Песни за Скопје“ („Феникс“, 2021). Кратката бајка „Папагалот и кучето“ од Јаневски е дел од збирката со раскази за деца „Детелинки-белинки“, во издание на „Арс Ламина“. Добитник е на наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ 2021 за сценариото „Под друга капа“ и на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината за 2020 година, за ракописот „Мртвите знаат најдобро“. Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за раскази на „Студентски збор“ и „Нова Македонија“. Застапен е и со наградувани раскази во книгите „Електролит 2006“, „Електролит 2007“ и во списанијата за литература „Маргина“ („Темплум“, 2006, 2007, 2008), „Книжевни елементи“ (Скопје, 2021), „Балкански книжевен гласник“ (Белград, 2007, 2021, 2022) и „Современост“ (Скопје, 2022). Изложувал во Сиднеј и на интернет. Неговите слики се дел од приватни колекции на повеќе места во светот. Објавувал карикатури во познатото австралиско списание „The Bulletin with Newsweek“. Неговите стрипови „Палавковците“ и „As Long As We Try“ редовно се објавуваат на „Фејсбук“ и на неколку портали и се следат од поголем број читатели. Работи и како уредник за книжевно и ликовно творештво во списанието „Везилка“, каде што претставува македонски автори кои живеат надвор од Македонија. Книгите од Владо Јаневски се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk.

The post Средба со писателот Владо Јаневски во „Литература.мк“ appeared first on Република.

]]>
Почина писателот Никола Кочовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-pisatelot-nikola-kochovski/ Mon, 13 Mar 2023 11:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=619091

Почина Никола Кочовски – раскажувач, романсиер, драмски писател и критичар.

Кочовски е роден на 1 декември 1933 година во Битола. По завршената Учителска школа повеќе години работеше како учител и наставник. Паралелно со неговата ангажираност како педагошки работник, студираше и заврши Педагошка академија, а потоа и Филозофски факултет – група Историја на книжевноста. Во тоа време, како што наведува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), веќе се наѕираа резултатите од неговата голема љубов кон светската и домашната литература. Неговите први литературни обиди се одликуваат со акцент на психолошкото.

Покрај непрекинатите бројни пројави во македонската литературна периодика („Разгледи“, „Современост“, „Стремеж“, „Развиток“, „Културен живот“, „Стожер“, „Наше писмо“) и во културните рубрики на речиси сите позначајни весници кај нас, забележителна е неговата библиографија со интегрално издадени дела. Издавачи на тие дела се реномирани македонски издавачки куќи – „Мисла“, „Развиток“, „Мисирков“, „Наша книга“, „Александар и Александар“, „Матица Македонска“, „Култура“. За творештвото на Кочовски пишуваа и мошне пофално се изразија – Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Доне Пановски, Цане Здравковски, Петре Димовски, Југо Павловиќ, Георги Арсовски.

Кочовски повремено се пројавува и со литературно-критичарска активност. Објавува повеќе написи за новопојавени дела на македонски автори. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1973 година. Еден е од основачите на Битолскиот книжевен круг. Извесен период беше член на Редакцијата на списанието „Развиток“ и на литературната ревија на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“. Објавени дела: „Малата Билја“ (роман – два тома, 1969, 1970), „Зарезготини“ (раскази, 1970), „Вознемирена совест“ (раскази, 1974), „Бреме“ (роман, 1981), „Дичовица млада невеста“ (драма, 1984), „Родната грутка“ (раскази, 1995), „Без свое јато“ (роман, 1999), „Исконскиот дар“ (роман, 1999), „Омразениот цвет“ (роман, 2000), „Времето на татковците“ (раскази, 2001), „Раско“ (роман, 2002). Кочовски е добитник на награди за раскази на повеќе литературни конкурси, од страна на весниците „Нова Македонија“, „Студентски збор“, „Просветен работник“, списанијата „Белези“ и „Современост“. Романот „Малата Билја“ му е награден на анонимниот конкурс од издавачот „Мисла“. Добитник е на наградата „4 Ноември“ на град Битола, за романот „Бреме“.

 

The post Почина писателот Никола Кочовски appeared first on Република.

]]>

Почина Никола Кочовски – раскажувач, романсиер, драмски писател и критичар. Кочовски е роден на 1 декември 1933 година во Битола. По завршената Учителска школа повеќе години работеше како учител и наставник. Паралелно со неговата ангажираност како педагошки работник, студираше и заврши Педагошка академија, а потоа и Филозофски факултет – група Историја на книжевноста. Во тоа време, како што наведува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), веќе се наѕираа резултатите од неговата голема љубов кон светската и домашната литература. Неговите први литературни обиди се одликуваат со акцент на психолошкото. Покрај непрекинатите бројни пројави во македонската литературна периодика („Разгледи“, „Современост“, „Стремеж“, „Развиток“, „Културен живот“, „Стожер“, „Наше писмо“) и во културните рубрики на речиси сите позначајни весници кај нас, забележителна е неговата библиографија со интегрално издадени дела. Издавачи на тие дела се реномирани македонски издавачки куќи – „Мисла“, „Развиток“, „Мисирков“, „Наша книга“, „Александар и Александар“, „Матица Македонска“, „Култура“. За творештвото на Кочовски пишуваа и мошне пофално се изразија – Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Доне Пановски, Цане Здравковски, Петре Димовски, Југо Павловиќ, Георги Арсовски. Кочовски повремено се пројавува и со литературно-критичарска активност. Објавува повеќе написи за новопојавени дела на македонски автори. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1973 година. Еден е од основачите на Битолскиот книжевен круг. Извесен период беше член на Редакцијата на списанието „Развиток“ и на литературната ревија на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“. Објавени дела: „Малата Билја“ (роман – два тома, 1969, 1970), „Зарезготини“ (раскази, 1970), „Вознемирена совест“ (раскази, 1974), „Бреме“ (роман, 1981), „Дичовица млада невеста“ (драма, 1984), „Родната грутка“ (раскази, 1995), „Без свое јато“ (роман, 1999), „Исконскиот дар“ (роман, 1999), „Омразениот цвет“ (роман, 2000), „Времето на татковците“ (раскази, 2001), „Раско“ (роман, 2002). Кочовски е добитник на награди за раскази на повеќе литературни конкурси, од страна на весниците „Нова Македонија“, „Студентски збор“, „Просветен работник“, списанијата „Белези“ и „Современост“. Романот „Малата Билја“ му е награден на анонимниот конкурс од издавачот „Мисла“. Добитник е на наградата „4 Ноември“ на град Битола, за романот „Бреме“.  

The post Почина писателот Никола Кочовски appeared first on Република.

]]>