ПИСА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisa/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 21:54:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПИСА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pisa/ 32 32 Со новата реформа ќе сме биле подобри: Шаќири не е задоволен од ПИСА резултатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-novata-reforma-ke-sme-bile-podobri-shakiri-ne-e-zadovolen-od-pisa-rezultatite/ Mon, 18 Dec 2023 21:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=724407

Резултататите од истражувањето на меѓународната студија ПИСА за 2022 година се поради старата реформа која треба да се промени, смета министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Шаќири во вечерашното гостување на Сител телевизија рече дека не е задоволен од резултатите и дека за нивно подобрување потребни се новата реформа како и мотивиран наставен кадар.

Новата реформа која започнува е заради тие резултати. Како министер не го давам оправдувањето што го даваат различни европски земји дека сме во постковид период, дека децата се неподготвени поради онлајн наставата, според мене старата реформа која ја имавме требаше конечно да се промени затоа што еве какви резулти имавме и во 2018 и 2022 година, посочи министерот.

Истакна дека наставниот кадар е клучен во креирањето на подобри резултати.

Наставниот кадар е еден од поважните елементи во креирање на резултатите, затоа во овој период кога имаме повисоки плати на наставниот кадар имаме лаборатории во кабинетите по природни и општествени науки, затоа убеден сум дека во наредниот период со повеќе мотивирани наставници, поголема вклученост и внимателност ќе имаме подобри резултати, подвлече Шаќири.

Во однос на најавената пријава од Комисијата за заштита од дискриминација поради немање книги рече дека се уште не добиле пријава и дека се работи активно на изработување на сите учебници.

-Имаме рекордна бројка од милион и шестотини илјади учебници, оваа година повикот за седмо одделение веќе е започнат во десети месец и трае, програмите се доставени до Министерството, рече Шаќири.

Министерот исто така информира дека ќе го искористи правото секој да учи на мајчиниот јазик во училиштата, истакнувајќи дека во Општина Чашка додека се работи на трајно решение не треба да има прекин во наставата.

The post Со новата реформа ќе сме биле подобри: Шаќири не е задоволен од ПИСА резултатите appeared first on Република.

]]>

Резултататите од истражувањето на меѓународната студија ПИСА за 2022 година се поради старата реформа која треба да се промени, смета министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Шаќири во вечерашното гостување на Сител телевизија рече дека не е задоволен од резултатите и дека за нивно подобрување потребни се новата реформа како и мотивиран наставен кадар. Новата реформа која започнува е заради тие резултати. Како министер не го давам оправдувањето што го даваат различни европски земји дека сме во постковид период, дека децата се неподготвени поради онлајн наставата, според мене старата реформа која ја имавме требаше конечно да се промени затоа што еве какви резулти имавме и во 2018 и 2022 година, посочи министерот. Истакна дека наставниот кадар е клучен во креирањето на подобри резултати. Наставниот кадар е еден од поважните елементи во креирање на резултатите, затоа во овој период кога имаме повисоки плати на наставниот кадар имаме лаборатории во кабинетите по природни и општествени науки, затоа убеден сум дека во наредниот период со повеќе мотивирани наставници, поголема вклученост и внимателност ќе имаме подобри резултати, подвлече Шаќири. Во однос на најавената пријава од Комисијата за заштита од дискриминација поради немање книги рече дека се уште не добиле пријава и дека се работи активно на изработување на сите учебници. -Имаме рекордна бројка од милион и шестотини илјади учебници, оваа година повикот за седмо одделение веќе е започнат во десети месец и трае, програмите се доставени до Министерството, рече Шаќири. Министерот исто така информира дека ќе го искористи правото секој да учи на мајчиниот јазик во училиштата, истакнувајќи дека во Општина Чашка додека се работи на трајно решение не треба да има прекин во наставата.

The post Со новата реформа ќе сме биле подобри: Шаќири не е задоволен од ПИСА резултатите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sds-i-dui-go-unishtija-obrazovanieto-makedonija-e-na-dnoto-na-pisa-testiraneto/ Wed, 06 Dec 2023 10:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=720273

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, кажа на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година.

За потсетување, ПИСА го мери нивото на јазична писменост, односно читање со разбирање, математичка писменост и писменост во областа на природните науки кај учениците на 15 годишна возраст, кажа Јаневска.

Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката.

Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати.

Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија.

Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири.

Секој со свои лични интереси, не водејќи грижа за тоа каде претходниот запрел. И така, постојано се случуваше се да почнува од почеток, со многу нелогичности, но и со рок на важност од околу година и 2 до 5 месеци, на колку и време Владата ги менуваше овие министри, етикетирајќи ги како некорисни, односно неефикасни и неефективни.

Дали некој ќе преземе одговорност за оваа катастрофа во образованието кај нас, е прашањето?

Како ќе ги поправиме образованието и осакатените ученички генерации? Конечно, дали има смисла овие се уште да бидат на власт? Уште колку генерации треба да уништат?

Во името на ВМРО–ДПМНЕ замолувам повеќе да престанете со преземање мерки за подобрување на образованието, за да не продолжиме да тонеме.

Многупати досега апелиравме дека ќе дојдеме до оваа катастрофа.

Предлагавме наши идеи, цела програма со квалитетни системски решенија, но попусто, кога инаетот на властодршците беше поголем и еве до каде нé донесоа.

Оставка веднаш и од премиерот и од министерот за образование и до избори ве молам ништо да не сте чепнале!, изјави Јаневска.

 

The post Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето appeared first on Република.

]]>

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, кажа на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година. За потсетување, ПИСА го мери нивото на јазична писменост, односно читање со разбирање, математичка писменост и писменост во областа на природните науки кај учениците на 15 годишна возраст, кажа Јаневска.
Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката. Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати.
Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија. Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири. Секој со свои лични интереси, не водејќи грижа за тоа каде претходниот запрел. И така, постојано се случуваше се да почнува од почеток, со многу нелогичности, но и со рок на важност од околу година и 2 до 5 месеци, на колку и време Владата ги менуваше овие министри, етикетирајќи ги како некорисни, односно неефикасни и неефективни. Дали некој ќе преземе одговорност за оваа катастрофа во образованието кај нас, е прашањето? Како ќе ги поправиме образованието и осакатените ученички генерации? Конечно, дали има смисла овие се уште да бидат на власт? Уште колку генерации треба да уништат? Во името на ВМРО–ДПМНЕ замолувам повеќе да престанете со преземање мерки за подобрување на образованието, за да не продолжиме да тонеме.
Многупати досега апелиравме дека ќе дојдеме до оваа катастрофа. Предлагавме наши идеи, цела програма со квалитетни системски решенија, но попусто, кога инаетот на властодршците беше поголем и еве до каде нé донесоа.
Оставка веднаш и од премиерот и од министерот за образование и до избори ве молам ништо да не сте чепнале!, изјави Јаневска.
 

The post Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето appeared first on Република.

]]>