пиринска македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pirinska-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 17:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиринска македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pirinska-makedonija/ 32 32 Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-pirinska-makedonija-ispratija-knigi-do-makedontsite-vo-albanija/ Mon, 20 May 2024 17:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=780237

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.

На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.

Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански.

Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.

Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.
На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.
Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански. Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.
Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
Свидетелство од 1958 година од Пловдив, народност – Македонец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svidetelstvo-od-1958-godina-od-plovdiv-narodnost-makedonec/ Wed, 10 Aug 2022 08:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=538647

Свидетелство за завршено основно образование на ученикот Георги Костадинов, по народност Македонец, во учебната 1958-59 година. Костадинов учел во Третото Основно училиште во Благоевград во пиринскиот дел на Македонија (денес под бугарска власт).

The post Свидетелство од 1958 година од Пловдив, народност – Македонец appeared first on Република.