Пирин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pirin/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Jan 2023 18:42:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пирин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pirin/ 32 32 Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин, не е на македонски државјанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/identifikuvano-i-vtoroto-od-dvete-pronajdeni-tela-na-pirin-ne-e-na-makedonski-drzhavjanin/ Mon, 02 Jan 2023 18:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=592902

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.

Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови

The post Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин, не е на македонски државјанин appeared first on Република.

]]>

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин. Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин. На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека. Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови

The post Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин, не е на македонски државјанин appeared first on Република.

]]>
Пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело за кое се претпоставува дека е македонски државјанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-teloto-na-plamen-hristov-do-nego-ushte-edno-telo-za-koe-se-pretpostavuva-deka-e-makedonski-drzhavjanin/ Mon, 02 Jan 2023 12:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=592785

По неколкудневна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист Пламен Христов, кој исчезна пред една недела. Телото е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, Бугарија, а до него е пронајдено уште едно тело на маж, кое не е идентификувано, но се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи како него се пронајдени македонски денари.

Информацијата ја објави електронското издание „24 часа“. Полицијата ги проверува хотелите во Банско и Сандански. Ниту еден маж од областа не е пријавен за исчезнат во локалната полиција.

Телата ги пронашле планинските спасувачи од Банско, Разлог и Сандански. Едното тело е на Пламен Христов, а се претпоставува дека вториот човек го видел паднатиот бугарски турист и се обидел да му помогне.

Засега не може да се користи хеликоптер за да се извлечат двете тела бидејќи постои опасност за летање во тој реон. Во моментот, се подготвуваат 20 планинарски спасувачи да реализираат акција за извлекување на телата за што ќе бидат потребни најмалку 15 часа.

МИА го контактираше македонското Министерство за надворешни работи, но оттаму не информираа дека засега немаат информација за починат македонски државјанин во Бугарија.

The post Пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело за кое се претпоставува дека е македонски државјанин appeared first on Република.

]]>

По неколкудневна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист Пламен Христов, кој исчезна пред една недела. Телото е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, Бугарија, а до него е пронајдено уште едно тело на маж, кое не е идентификувано, но се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи како него се пронајдени македонски денари. Информацијата ја објави електронското издание „24 часа“. Полицијата ги проверува хотелите во Банско и Сандански. Ниту еден маж од областа не е пријавен за исчезнат во локалната полиција. Телата ги пронашле планинските спасувачи од Банско, Разлог и Сандански. Едното тело е на Пламен Христов, а се претпоставува дека вториот човек го видел паднатиот бугарски турист и се обидел да му помогне. Засега не може да се користи хеликоптер за да се извлечат двете тела бидејќи постои опасност за летање во тој реон. Во моментот, се подготвуваат 20 планинарски спасувачи да реализираат акција за извлекување на телата за што ќе бидат потребни најмалку 15 часа. МИА го контактираше македонското Министерство за надворешни работи, но оттаму не информираа дека засега немаат информација за починат македонски државјанин во Бугарија.

The post Пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело за кое се претпоставува дека е македонски државјанин appeared first on Република.

]]>