пиперки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piperki/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 07:22:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиперки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piperki/ 32 32 Мезе за лижење на прсти: Кремаста салата од пиперки – ајварки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/meze-za-lizhene-na-prsti-kremasta-salata-od-piperki-ajvarki/ Thu, 10 Oct 2024 13:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=824665

Во време кога пазарите тежат од црвени пиперки за подготвување на ајвар, искористете ги и за оваа вкусна кремаста салата која ќе ви ја размрда трпезата и понудата за гости.

Состојки:

6 или 7 црвени пиперки
100 гр мајонез
200 гр кисела павлака
1 чешне лук
малку сечкани листови магдонос
2-3 лажици јаболков оцет (може да користите и лимон или алкохолен оцет - користете помалку)
сол (1 лажичка или по вкус)
бибер
малку шеќер (1 лажичка или по вкус)

Подготовка:

https://youtu.be/u5hibnNGUXs?si=FyG2sJCOK_8rrqJ4

The post Мезе за лижење на прсти: Кремаста салата од пиперки – ајварки appeared first on Република.

]]>

Во време кога пазарите тежат од црвени пиперки за подготвување на ајвар, искористете ги и за оваа вкусна кремаста салата која ќе ви ја размрда трпезата и понудата за гости.

Состојки:

6 или 7 црвени пиперки 100 гр мајонез 200 гр кисела павлака 1 чешне лук малку сечкани листови магдонос 2-3 лажици јаболков оцет (може да користите и лимон или алкохолен оцет - користете помалку) сол (1 лажичка или по вкус) бибер малку шеќер (1 лажичка или по вкус)

Подготовка:

https://youtu.be/u5hibnNGUXs?si=FyG2sJCOK_8rrqJ4

The post Мезе за лижење на прсти: Кремаста салата од пиперки – ајварки appeared first on Република.

]]>
Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opasni-piperki-od-albanija-otkrieni-na-slovenechkata-granitsa-visokoto-nivo-na-hemikalii-mozhe-da-dovede-do-paraliza-i-smrt/ Tue, 01 Oct 2024 12:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=821442

Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната.

Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем.

Нелегални хемикалии откриени на словенечката граница. Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска.

Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот и на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми.

Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката. Односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот.

Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлица.

The post Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт appeared first on Република.

]]>

Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната. Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем. Нелегални хемикалии откриени на словенечката граница. Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска. Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот и на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми. Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката. Односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот. Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт. Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлица.

The post Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40, а прва/втора класа за 30 денари по килограм https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-postignat-e-dogovor-za-otkupnata-tsena-na-tsrvenata-piperka-prvata-klasa-za-40-a-prva-vtora-klasa-za-30-denari-po-kilogram/ Sat, 27 Jul 2024 11:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=800744

Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите  и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат:

прва класа - 40 денари за килограм

прва/втора класа - 30 денари за килограм

втора класа - 20 денари за килограм

трета класа - 12 денари за килограм. - соопшти Трипуниовски.

Министерот Трипуновски во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што глава тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.

Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството. - заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40, а прва/втора класа за 30 денари по килограм appeared first on Република.

Во Хрватска се увезени пиперки од Македонија со забранет токсичен пестицид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-hrvatska-se-uvezeni-piperki-od-makedonija-so-zabranet-toksichen-pestitsid/ Thu, 21 Sep 2023 08:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=683692

Во пиперката од Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, јавуваат хрватските медиуми. Присуството на забранетиот токсичен пестицид вчера веднаш е пријавено во европскиот систем за брзо алармирање во трговијата со храна, пренесува сајтот Даница.

Пестицидот е откриен со анализа на примероци од пиперки на хрватскиот пазар, а тоа значи дека пратката не била вратена од граница.

Пестицидот форметанат е исклучително ефикасен инсектицид што се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Форметанатот е акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Бројни научни студии докажаа дека форматенатот може да биде токсичен преку инхибиција на холинестеразата. Активноста на холинестеразата е примарно одредена кај заболувања на црниот дроб, сомнително труење со пестициди и атипична форма на ензимот.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, повраќање, кашлање и абнормална тишина.

Пестицидот форматенат е потенцијално невротоксичен токму поради неговата способност да ја инхибира холинестеразата.

The post Во Хрватска се увезени пиперки од Македонија со забранет токсичен пестицид appeared first on Република.

]]>

Во пиперката од Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, јавуваат хрватските медиуми. Присуството на забранетиот токсичен пестицид вчера веднаш е пријавено во европскиот систем за брзо алармирање во трговијата со храна, пренесува сајтот Даница. Пестицидот е откриен со анализа на примероци од пиперки на хрватскиот пазар, а тоа значи дека пратката не била вратена од граница. Пестицидот форметанат е исклучително ефикасен инсектицид што се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето. Форметанатот е акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата. Бројни научни студии докажаа дека форматенатот може да биде токсичен преку инхибиција на холинестеразата. Активноста на холинестеразата е примарно одредена кај заболувања на црниот дроб, сомнително труење со пестициди и атипична форма на ензимот. Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, повраќање, кашлање и абнормална тишина. Пестицидот форматенат е потенцијално невротоксичен токму поради неговата способност да ја инхибира холинестеразата.

The post Во Хрватска се увезени пиперки од Македонија со забранет токсичен пестицид appeared first on Република.

]]>
Годинава не се прави ајвар без 200 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/godinava-ne-se-pravi-ajvar-bez-200-evra/ Sun, 10 Sep 2023 16:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=680649

Овошјето и зеленчукот не биле никогаш поскапи како сега, поради тоа многу граѓани годинава не планираат да прават ајвар, лутеница, малиџано, џемови, слатка, туршии… На зелените пазари, килограм црвени пиперки ајварки се продаваат од 80 до 100, везенките по 100 денари, доматите по 80 денари, модриот патлиџан, зависно од големината, од три до пет парчиња за 100 денари, краставиците 90 денари…

Земјоделците велат дека зголемените цени на овошјето и на зеленчукот годинава се должат на климатските промени и на намаленото производство. Граѓаните коментираат дека годинава ќе останат без традиционалниот ајвар и без другите зимски специјалитети, за чија подготовка ќе им требаат 200 евра.

Претседателот на Сојузот на земјоделците од Струмица, Ристо Велков, за весникот ВЕЧЕР вели дека цените се високи бидејќи нема доволно количини, а и климатските промени си го направиле своето.

Причината за високите цени се намалените површини, климатските промени и немањето работна сила. Површините со ајварка годинава се намалени за 20 отсто поради климатските промени, родот е проретчен, а мал дел од пиперот е оштетен од дождот и од градот, вели Велков.

Тој додава дека откупната цена на ајварката во Струмица е 40 и 50 денари за килограм, а на пазарите се продава по 80 и 100 денари за килограм. Лутиот пипер се откупува по 60, а благиот по 50 денари за килограм. Ова покажува дека трговците се тие што го собираат кајмакот во државата за сметка на граѓаните и на земјоделците.

Поради малите количини, очекуваме годинава брзо да се продаде и втората берба. До крајот на септември ќе се заврши со бербата на ајварката за разлика од други години, кога имало пипер и во октомври, вели Велков.

Повеќе на Вечер

The post Годинава не се прави ајвар без 200 евра appeared first on Република.

]]>

Овошјето и зеленчукот не биле никогаш поскапи како сега, поради тоа многу граѓани годинава не планираат да прават ајвар, лутеница, малиџано, џемови, слатка, туршии… На зелените пазари, килограм црвени пиперки ајварки се продаваат од 80 до 100, везенките по 100 денари, доматите по 80 денари, модриот патлиџан, зависно од големината, од три до пет парчиња за 100 денари, краставиците 90 денари… Земјоделците велат дека зголемените цени на овошјето и на зеленчукот годинава се должат на климатските промени и на намаленото производство. Граѓаните коментираат дека годинава ќе останат без традиционалниот ајвар и без другите зимски специјалитети, за чија подготовка ќе им требаат 200 евра. Претседателот на Сојузот на земјоделците од Струмица, Ристо Велков, за весникот ВЕЧЕР вели дека цените се високи бидејќи нема доволно количини, а и климатските промени си го направиле своето.
Причината за високите цени се намалените површини, климатските промени и немањето работна сила. Површините со ајварка годинава се намалени за 20 отсто поради климатските промени, родот е проретчен, а мал дел од пиперот е оштетен од дождот и од градот, вели Велков.
Тој додава дека откупната цена на ајварката во Струмица е 40 и 50 денари за килограм, а на пазарите се продава по 80 и 100 денари за килограм. Лутиот пипер се откупува по 60, а благиот по 50 денари за килограм. Ова покажува дека трговците се тие што го собираат кајмакот во државата за сметка на граѓаните и на земјоделците.
Поради малите количини, очекуваме годинава брзо да се продаде и втората берба. До крајот на септември ќе се заврши со бербата на ајварката за разлика од други години, кога имало пипер и во октомври, вели Велков.
Повеќе на Вечер

The post Годинава не се прави ајвар без 200 евра appeared first on Република.

]]>
Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jademe-gubre-pushteni-vo-prodazhba-mlad-kromid-i-piperki-so-pestitsidi/ Tue, 30 May 2023 10:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=646104

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/

Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во  Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.

Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година. Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година, објави Трипуновски додавајќи дека овие четири документи се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен.

И наместо веднаш да се реагира, посочува Трипуновски, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.

Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна? Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас. Одговорност за ова мора да има!, порача Трипуновски.

https://youtu.be/8iN_1w81Mts

The post Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди appeared first on Република.

]]>

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/ Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во  Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.