ПИОМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piom/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 15:17:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПИОМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piom/ 32 32 ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/piom-e-uzurpiran-i-vo-katastrofalna-sostojba-so-nad-400-tuzhbi-od-vrabotenite-i-krivichni-protiv-prethodni-direktori/ Mon, 04 Nov 2024 15:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=834085

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот.  Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија, има помалку од потребниот број вработени за минимум функционирање на филијалите, рече денеска директорот на оваа институција, Никола Мемов.

Тој обелодени и дека се издадени голем број овластувања за прераспределувања на вработените на несоодветни работни места што резултирало со над 400 тужби против ПИОМ од вработените.

Поднесени се и кривични пријави против претходни дриектори, а бил спроведуван и проект за фотонапонска централа вредна 200 000 евра без претходно да се обезбеди лиценца за продажба на струјата. За проектот, Мемов, како што истакна, веќе дал наредба да се стопира.

-Побаравме согласнот од Министерството за финансии за вработувања со договор на дело, во секој град да има миним услови за решавање на барањата за остварување на правото на пензии. Засега работиме со постојните ресурси, нема промена во раководниот кадар. Направивме прераспоредување во Битола и Велес и веќе има видливи резултати. Одземени се сите овластувања за обезбедување соодветно работно место за тие вработени кои се несосодветно распределни. Финансиски е веројатно исто како во другите институции, постапките за завршени, договорите се реализирани до јуни и средствата се потрошени, остануваме без средства до крајот на годината, рече Мемов на настанот Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што го организира Владата.

Директорот најави модернизација и трансформација на Фондот особено во насока на многу поголема транспарентност. Рече дека институцијата ќе гарантира исплата и остварување на права на пензии во законските рокови од 30 и 60 дена. Секој што ќе поднесе барање за пензија, за 30 дена ќе мора да добие, подвлече Мемов.

Според него, само за октомври - од 1 893 барања со заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети, а активни остануваат уште 2 500 барања.

-Секој месец има нови барања. Буџетот е 135 милијарди денари или 2,2 милијарди евра од кои 1,7 милијарди се за исплата на пензиите, 180 милиони евра се планирани трансфери по основ на здравствено осигурување на пензионерите и околу 250 милиони евра трансфери во Вториот пензиски столб. Клучната цел на ПИОМ е да се зголеми транспарентноста кон осигурениците и крајните корисници на пензиите. Јавноста засега нема никаква достапност или какви било информации, мора лично да дојде во Фондот за да извади листинг за стаж. Во план ни е да се направи нов систем за транспрентост, сигурност на базите на податоци и достапност на сите услуги преку веб сервис, потенцира дикректорот и додадека дека во ПИОМ има преку 170 деловни процеси што треба да функционираат.

https://www.youtube.com/watch?v=_2VGOmUBdas&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

The post ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори appeared first on Република.

]]>

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот.  Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија, има помалку од потребниот број вработени за минимум функционирање на филијалите, рече денеска директорот на оваа институција, Никола Мемов. Тој обелодени и дека се издадени голем број овластувања за прераспределувања на вработените на несоодветни работни места што резултирало со над 400 тужби против ПИОМ од вработените. Поднесени се и кривични пријави против претходни дриектори, а бил спроведуван и проект за фотонапонска централа вредна 200 000 евра без претходно да се обезбеди лиценца за продажба на струјата. За проектот, Мемов, како што истакна, веќе дал наредба да се стопира. -Побаравме согласнот од Министерството за финансии за вработувања со договор на дело, во секој град да има миним услови за решавање на барањата за остварување на правото на пензии. Засега работиме со постојните ресурси, нема промена во раководниот кадар. Направивме прераспоредување во Битола и Велес и веќе има видливи резултати. Одземени се сите овластувања за обезбедување соодветно работно место за тие вработени кои се несосодветно распределни. Финансиски е веројатно исто како во другите институции, постапките за завршени, договорите се реализирани до јуни и средствата се потрошени, остануваме без средства до крајот на годината, рече Мемов на настанот Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што го организира Владата. Директорот најави модернизација и трансформација на Фондот особено во насока на многу поголема транспарентност. Рече дека институцијата ќе гарантира исплата и остварување на права на пензии во законските рокови од 30 и 60 дена. Секој што ќе поднесе барање за пензија, за 30 дена ќе мора да добие, подвлече Мемов. Според него, само за октомври - од 1 893 барања со заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети, а активни остануваат уште 2 500 барања. -Секој месец има нови барања. Буџетот е 135 милијарди денари или 2,2 милијарди евра од кои 1,7 милијарди се за исплата на пензиите, 180 милиони евра се планирани трансфери по основ на здравствено осигурување на пензионерите и околу 250 милиони евра трансфери во Вториот пензиски столб. Клучната цел на ПИОМ е да се зголеми транспарентноста кон осигурениците и крајните корисници на пензиите. Јавноста засега нема никаква достапност или какви било информации, мора лично да дојде во Фондот за да извади листинг за стаж. Во план ни е да се направи нов систем за транспрентост, сигурност на базите на податоци и достапност на сите услуги преку веб сервис, потенцира дикректорот и додадека дека во ПИОМ има преку 170 деловни процеси што треба да функционираат. https://www.youtube.com/watch?v=_2VGOmUBdas&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

The post ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори appeared first on Република.

]]>
Никола Мемов е нов директор на ПИОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikola-memov-e-nov-direktor-na-piom/ Wed, 25 Sep 2024 07:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=819426

Портпаролот на партијата За наша Македонија - ЗНАМ, Никола Мемов, е именуван за директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда. Мемов доаѓа на местото на Арсим Хасани од Алијанса за Албанците, кој со институцијата како В Д директор раководеше од март минатата година.

The post Никола Мемов е нов директор на ПИОМ appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на партијата За наша Македонија - ЗНАМ, Никола Мемов, е именуван за директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје. Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда. Мемов доаѓа на местото на Арсим Хасани од Алијанса за Албанците, кој со институцијата како В Д директор раководеше од март минатата година.

The post Никола Мемов е нов директор на ПИОМ appeared first on Република.

]]>
Eдна третина од пензиите се исплаќаат од Буџетот, ама тоа не е единствениот проблем во ПИОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/edna-tretina-od-penziite-se-isplakaat-od-budhetot-ama-toa-ne-e-edinstveniot-problem-vo-piom/ Thu, 06 Jun 2024 12:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=785265

Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции, истите се покриваат со одвојување на средства од Буџетот и учествуваат со 33,58 проценти во вкупните приходи на Фондот, констатирал Државниот завод за ревизија во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Ревизорите утврдиле дека и во 2022 година не се надминати утврдените состојби од претходните години за кои ревизорот во континуитет известува, а се однесуваат на недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство и перманентниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија, што влијае на развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирање на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни контроли.

Во извештајот се наведува дека е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2022 година кај Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2022 година.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2022 година, се додава, изразено е мислење со резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Во објавениот ревизорски извештај ревизорите утврдиле слабости во делот на пописот и евидентирање во деловните книги на постојаните средства добиени по основ затворени стечајни постапки кои не се спроведени и на земјиштето за кое Фондот има сопственост/право на користење, како и бришење од сметководствената евиденцијата без одлука на Влада на расходуваните движните ствари.

Се наведува дека Фондот и понатаму не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акции, како и решение за основот за повлекување на средства од сметката од страна на МФ, со што не може да ја потврди точноста и целосноста на наплатените приходи.

Ревизорите утврдиле дека постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки на ИТ, тековно одржување и изведување на градежно занатски работи на деловни објекти на Фондот, како и за набавка и плаќање за поставување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за кој не е навремено обезбедена документација за сопственоста на објектот и не извршен технички прием.

- Слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција и недовршен процес на индексирање и дигитализирање на микрофилмови и скенираните документи кои го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО. Не се надминати состојбите во однос на не распоредени средства на уплатната сметка од наплатен придонес за ПИО кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО, се посочува во соопштението од  Државниот завод за ревизија.

Според извештајот, и понатаму не е воспоставена електронска поврзаност на архивата на Комисијата за оцена на работната способност во Фондот со Комисијата за ревизија во МТСП, а пополнувањето на испразнетите работни места со лекари специјалисти е отежнато кое не обезбедува навремено и компетентно извршување на надлежностите на Комисијата.

Констатирано е дека не се надминати констатираните состојби од претходни години а се однесуваат на недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство и перманентниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија што влијае на развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирање на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни контроли.

- Системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена. Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесите поради што постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право, стои во соопштението.

Ревизорскиот извештај упатува и на прашања на неизвесност и континуитет и тоа за неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија и преземените активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување, како и за тоа дека структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења.

Во извештајот стои дека вкупните остварени приходи на Фондот во 2022 година изнесуваат 91.410.6541 илјади денари.

- Изворните приходи т.е. приходите од наплатен придонес за ПИО во 2022 година се зголемени за 11,63% во однос на претходната 2021 година и во 2022 година изнесуваат 54.943.420 илјади денари, што претставува учество од 64.54% од вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година. Имено, расходите за социјални бенефиции (исплата на пензиските примања заедно со придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, трансферите до вториот пензиски столб и инвалиднината) во 2022 година изнесуваат 87.607.370 илјади денари за вкупно 335.743 корисници на пензиски примања односно заклучно со декември 2022 година исплатите се за 9,8% повисоки во однос на 2021 година, се појаснува во извештајот.

Фондот и покрај зголемување на приходите по основ на придонеси од ПИО, оцениле ревизорите, има недостаток (дефицит) на средства за исплата на расходите за социјални бенефиции, поради што во 2022 година се трансферирани средства од Буџетот на Република Македонија во висина од 31.022.110 илјади денари. Учеството на овие средства во вкупните приходи на Фондот за последните три години има тенденција на стагнација, односно намалување во однос на 2021 година и изнесува 33,58% од кој 22% се за покривање на тековниот дефицит за исплата на пензии.

Ревизијата го истакнува влијанието на неповолната демографска структура на населението во РСМ кои беа потврдени со спроведениот попис на населението, како и влијанието на тековните инфлаторни движења со кои е зафатена земјата и светот и нивното влијание врз работењето на Фондот со оглед на законската обврска да се изврши усогласување на висината на пензиските примања со индексот на трошоци на животот и порастот на платите.

Како резултат на наведеното се очекува и подолгорочно гледано, финансиското работење на Фондот да продолжи да биде оптоварено со тековниот проблем на зголемен дефицит, кој се покрива со трансфери од Буџетот на РСМ.

- Потребно е Фондот да преземе активности во соработка со надлежните институции за обезбедување на потребните кадровски капацитети за непречено функционирање на единицата за внатрешна ревизија и Секторот за ИТ. Да се преземат активности за развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети преку координирани активности за носење на законски решенија кои ќе придонесат кон намалување на масата на пари за исплата на расходите за социјални бенефиции како и во делот на утврдување на придонесот од ПИО и целосна наплата на истиот како еден од сегментите за стабилизација на пензискиот систем што ќе има влијание на намалување на учеството на трансферите од Буџетот на РСМ во вкупните приходи на Фондот, препорачуваат во извештајот од ДЗР.

The post Eдна третина од пензиите се исплаќаат од Буџетот, ама тоа не е единствениот проблем во ПИОМ appeared first on Република.

]]>

Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции, истите се покриваат со одвојување на средства од Буџетот и учествуваат со 33,58 проценти во вкупните приходи на Фондот, констатирал Државниот завод за ревизија во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Ревизорите утврдиле дека и во 2022 година не се надминати утврдените состојби од претходните години за кои ревизорот во континуитет известува, а се однесуваат на недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство и перманентниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија, што влијае на развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирање на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни контроли. Во извештајот се наведува дека е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2022 година кај Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2022 година. Со извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2022 година, се додава, изразено е мислење со резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. Во објавениот ревизорски извештај ревизорите утврдиле слабости во делот на пописот и евидентирање во деловните книги на постојаните средства добиени по основ затворени стечајни постапки кои не се спроведени и на земјиштето за кое Фондот има сопственост/право на користење, како и бришење од сметководствената евиденцијата без одлука на Влада на расходуваните движните ствари. Се наведува дека Фондот и понатаму не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акции, како и решение за основот за повлекување на средства од сметката од страна на МФ, со што не може да ја потврди точноста и целосноста на наплатените приходи. Ревизорите утврдиле дека постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки на ИТ, тековно одржување и изведување на градежно занатски работи на деловни објекти на Фондот, како и за набавка и плаќање за поставување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за кој не е навремено обезбедена документација за сопственоста на објектот и не извршен технички прием.
- Слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција и недовршен процес на индексирање и дигитализирање на микрофилмови и скенираните документи кои го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО. Не се надминати состојбите во однос на не распоредени средства на уплатната сметка од наплатен придонес за ПИО кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО, се посочува во соопштението од  Државниот завод за ревизија.
Според извештајот, и понатаму не е воспоставена електронска поврзаност на архивата на Комисијата за оцена на работната способност во Фондот со Комисијата за ревизија во МТСП, а пополнувањето на испразнетите работни места со лекари специјалисти е отежнато кое не обезбедува навремено и компетентно извршување на надлежностите на Комисијата. Констатирано е дека не се надминати констатираните состојби од претходни години а се однесуваат на недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство и перманентниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија што влијае на развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирање на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни контроли. - Системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена. Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесите поради што постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право, стои во соопштението. Ревизорскиот извештај упатува и на прашања на неизвесност и континуитет и тоа за неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија и преземените активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување, како и за тоа дека структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења. Во извештајот стои дека вкупните остварени приходи на Фондот во 2022 година изнесуваат 91.410.6541 илјади денари. - Изворните приходи т.е. приходите од наплатен придонес за ПИО во 2022 година се зголемени за 11,63% во однос на претходната 2021 година и во 2022 година изнесуваат 54.943.420 илјади денари, што претставува учество од 64.54% од вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година. Имено, расходите за социјални бенефиции (исплата на пензиските примања заедно со придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, трансферите до вториот пензиски столб и инвалиднината) во 2022 година изнесуваат 87.607.370 илјади денари за вкупно 335.743 корисници на пензиски примања односно заклучно со декември 2022 година исплатите се за 9,8% повисоки во однос на 2021 година, се појаснува во извештајот. Фондот и покрај зголемување на приходите по основ на придонеси од ПИО, оцениле ревизорите, има недостаток (дефицит) на средства за исплата на расходите за социјални бенефиции, поради што во 2022 година се трансферирани средства од Буџетот на Република Македонија во висина од 31.022.110 илјади денари. Учеството на овие средства во вкупните приходи на Фондот за последните три години има тенденција на стагнација, односно намалување во однос на 2021 година и изнесува 33,58% од кој 22% се за покривање на тековниот дефицит за исплата на пензии. Ревизијата го истакнува влијанието на неповолната демографска структура на населението во РСМ кои беа потврдени со спроведениот попис на населението, како и влијанието на тековните инфлаторни движења со кои е зафатена земјата и светот и нивното влијание врз работењето на Фондот со оглед на законската обврска да се изврши усогласување на висината на пензиските примања со индексот на трошоци на животот и порастот на платите. Како резултат на наведеното се очекува и подолгорочно гледано, финансиското работење на Фондот да продолжи да биде оптоварено со тековниот проблем на зголемен дефицит, кој се покрива со трансфери од Буџетот на РСМ. - Потребно е Фондот да преземе активности во соработка со надлежните институции за обезбедување на потребните кадровски капацитети за непречено функционирање на единицата за внатрешна ревизија и Секторот за ИТ. Да се преземат активности за развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети преку координирани активности за носење на законски решенија кои ќе придонесат кон намалување на масата на пари за исплата на расходите за социјални бенефиции како и во делот на утврдување на придонесот од ПИО и целосна наплата на истиот како еден од сегментите за стабилизација на пензискиот систем што ќе има влијание на намалување на учеството на трансферите од Буџетот на РСМ во вкупните приходи на Фондот, препорачуваат во извештајот од ДЗР.

The post Eдна третина од пензиите се исплаќаат од Буџетот, ама тоа не е единствениот проблем во ПИОМ appeared first on Република.

]]>
Поранешниот директор на ПИОМ со татко му и сестра му осомничени за проневера на 600 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-direktor-na-piom-so-tatko-mu-i-sestra-mu-osomnicheni-za-pronevera-na-600-iljadi-evra/ Tue, 14 May 2024 06:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=777776

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против три лица од Тетово, информира МВР.

Кривичната пријава против Д.Б. (45) од Тетово е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, на 22.02.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници. Во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот.

На 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка.

Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.

Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ, се вели во соопштението од МВР.

Против Д.Б. беше понесена кривична пријава и во март

Како што соопшти МВР тогаш, кривичната е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25, став1, од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот, соопшти тогаш МВР.

The post Поранешниот директор на ПИОМ со татко му и сестра му осомничени за проневера на 600 илјади евра appeared first on Република.

]]>

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против три лица од Тетово, информира МВР. Кривичната пријава против Д.Б. (45) од Тетово е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, на 22.02.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници. Во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот. На 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка. Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.
Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ, се вели во соопштението од МВР.

Против Д.Б. беше понесена кривична пријава и во март

Како што соопшти МВР тогаш, кривичната е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25, став1, од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.
Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот, соопшти тогаш МВР.

The post Поранешниот директор на ПИОМ со татко му и сестра му осомничени за проневера на 600 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Иако Трајче Начаров е жив и здрав, ПИОМ „го умрел“ и му ја дал отпремнината на трето лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/iako-trajche-nacharov-e-zhiv-i-zdrav-piom-go-umrel-i-mu-ja-dal-otpremninata-na-treto-litse/ Thu, 29 Feb 2024 14:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=749716

Велешанецот Трајче останал без пензија, отпремнината била исплатена на трето лице откако административно во подрачната единица на ПИОМ бил заведен како починат.

Приказната на ТВ 24 е доказ дека административна грешка може да чини здравје на еден човек и да предизвика измешани чувства. Во сторијата се истакнува дека од ПИОМ признале дека е направена голема грешка.

– Чувството дека те прогласиле за мртов, а ти си жив е навистина непријатно, вели тој за ТВ24.

Оваа сторија го отвора и едно од клучните прашања: дали ваквите административни грешки се исклучок и дали воопшто некој сносува одговорност за истите?

https://youtu.be/Ph_vYY-3IIs?si=vUORc5TvHaK1J2DO

The post Иако Трајче Начаров е жив и здрав, ПИОМ „го умрел“ и му ја дал отпремнината на трето лице appeared first on Република.

]]>

Велешанецот Трајче останал без пензија, отпремнината била исплатена на трето лице откако административно во подрачната единица на ПИОМ бил заведен како починат. Приказната на ТВ 24 е доказ дека административна грешка може да чини здравје на еден човек и да предизвика измешани чувства. Во сторијата се истакнува дека од ПИОМ признале дека е направена голема грешка. – Чувството дека те прогласиле за мртов, а ти си жив е навистина непријатно, вели тој за ТВ24. Оваа сторија го отвора и едно од клучните прашања: дали ваквите административни грешки се исклучок и дали воопшто некој сносува одговорност за истите? https://youtu.be/Ph_vYY-3IIs?si=vUORc5TvHaK1J2DO

The post Иако Трајче Начаров е жив и здрав, ПИОМ „го умрел“ и му ја дал отпремнината на трето лице appeared first on Република.

]]>
МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-penziskiot-fond-e-stabilen-redovnata-neprechena-isplata-na-penziite-go-potvrduva-toa/ Wed, 09 Aug 2023 10:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=670325

Го демантираме и го отфрламе тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките, велат во писмено соопштение од Фондот.

Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување  во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година  – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.

Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите.

Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.

Пензионерите се приоритет на Владата на Република Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

 

The post МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа appeared first on Република.

]]>

Го демантираме и го отфрламе тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките, велат во писмено соопштение од Фондот.
Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите. Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување  во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година  – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.
Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите. Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите. Пензионерите се приоритет на Владата на Република Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму. Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.  

The post МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа appeared first on Република.

]]>
Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име, својата жртва ја нашла низ документите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vrabotena-vo-piom-aplitsirala-za-brzi-krediti-na-tugo-ime-svojata-zhrtva-ja-nashla-niz-dokumentite/ Mon, 20 Mar 2023 19:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=621732

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.

The post Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име, својата жртва ја нашла низ документите appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.

The post Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име, својата жртва ја нашла низ документите appeared first on Република.

]]>
Алтетернатива се подготвува за изборите во Тетово: 50 Албанци од локалниот огранок примени во ПИОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alteternativa-se-podgotvuva-za-izborite-vo-tetovo-50-albanci-od-lokalniot-ogranok-primeni-vo-piom/ Fri, 29 Jul 2022 12:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=534685

Дали најмалиот албански коалициски партнер започна со кампања за изборите на Советот на Општина Тетово. Ваков впечаток се стекнува откако денеска директорот во Фондот за пензиско и инвалидско Дритан Беџети  додели решенија за вработување на 50 партиски кадри токму од органокот во Тетово.

Албанските медиуми пренесуваат дека ова предизвикало неописливи емоции кај вработените во Фондот, кои како никогаш досега беа исклучително задоволни од историската акција на Алтернативната рамка кон вработените Албанци.

Со големо задоволство денеска примив 50 Албанци кои потпишаа договори за вработување.
На сите млади професионалци, ви посакувам здравје и успех во работата.Да продолжиме..-истакнал Беџети на примот на новите кадри.

Директорот истовремено е и раководител на тетовската подружница од Алтернатива.

The post Алтетернатива се подготвува за изборите во Тетово: 50 Албанци од локалниот огранок примени во ПИОМ appeared first on Република.

]]>

Дали најмалиот албански коалициски партнер започна со кампања за изборите на Советот на Општина Тетово. Ваков впечаток се стекнува откако денеска директорот во Фондот за пензиско и инвалидско Дритан Беџети  додели решенија за вработување на 50 партиски кадри токму од органокот во Тетово. Албанските медиуми пренесуваат дека ова предизвикало неописливи емоции кај вработените во Фондот, кои како никогаш досега беа исклучително задоволни од историската акција на Алтернативната рамка кон вработените Албанци. Со големо задоволство денеска примив 50 Албанци кои потпишаа договори за вработување. На сите млади професионалци, ви посакувам здравје и успех во работата.Да продолжиме..-истакнал Беџети на примот на новите кадри. Директорот истовремено е и раководител на тетовската подружница од Алтернатива.

The post Алтетернатива се подготвува за изборите во Тетово: 50 Албанци од локалниот огранок примени во ПИОМ appeared first on Република.

]]>
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување исплаќал пензии на починати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-penzisko-i-invalidsko-osiguruvanje-isplakjal-penzii-na-pochinati/ Thu, 17 Mar 2022 22:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=474671

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и натаму продолжува да исплатува пензии на починати лица, поради што оваа важна финансиска институција за државата, и натаму трпи огромни финансиски штети. Од друга страна, Фондот нема доволно контролни механизми како тоа да го спречи, ниту присилни механизми како да си ги наплати штетите настанати по овој основ.

Ова го покажала ревизијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2020 година, која била правена лани од мај до септември, при што Државниот завод за ревизија ги „чешлал“ финансиските извештаи на ПИОМ, утврдувајќи серија пропусти.

Државните ревизори во својот конечен извештај навеле дека финансиските извештаи се одговорност на раководството на Фондот за ПИОМ, кој бил застапуван од Шаип Зенељи, директор од крајот на ноември 2018 година до ноември 2020 година, како и Билјана Јовановска, директор од крајот на ноември 2020 година.

„Оваа одговорност вклучува дизајнирање, имплементација и одржување на интерна контрола која што е релевантна за подготвување и објективно презентирање на финансиските извештаи, кои се ослободени од материјално погрешни прикажувања, без разлика дали се резултат на измами или грешки, избор и примена на соодветни сметководствени политики, како и правење на сметководствени проценки кои што се разумни во околностите. Раководството на субјектот е исто така одговорно за осигурување дека активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“, се вели во објаснувањето од ДЗР.

Од Фондот, сега поранешната директорка Јовановска доставила забелешки на извештајот, кои ДЗР ги ставиле во прилог на својот конечен извештај.

Што е она што го констатирале ревизорите за пензиите на починатите лица? Оттаму не даваат прецизен податок колку точно пари се исплатиле на починати лица во 2020 година, но кажуваат колку изнесуваат побарувањата од граѓани по основ на извршени претплати на пензии, и колку од нив се спорни и сомнителни побарувања.

Односно, во извештајот е наведено дека Фондот има штети по основ на претплати на пензии од 3,7 милиони евра, а од нив 2,6 милиони евра се спорни и сомнителни побарувања. Ако е за утеха, сумата е намалена за 3,5 отсто во однос на 2019 година.

„Со извршениот увид во деловните книги кои се однесуваат на побарувањата од граѓани по основ на надомест на штети за извршени претплати на пензии, ревизијата ги констатира следните состојби: по основ на штети за претплати на пензии, искажани се побарувања од граѓани – во вкупен износ од 228.470 илјади денари (3,7 милиони евра – н.з.), од кои како сомнителни и спорни побарувања во износ од 160.337 илјади денари (2,6 милиони евра – н.з.), што е намалување од 3,5 отсто во однос на 2019 година, кога вкупниот износ на побарувања по овој основ изнесува 236.701 илјада денари (3,85 милиони евра – н.з.)“, се вели во извештајот од ДЗР.

Оттаму наведуваат дека на оваа позиција се искажуваат побарувањата за штети од граѓани по основ на исплатени пензии на починати корисници, времени пензии, семејни пензии или друг вид на неосновани исплати на пензии.

Дека овој проблем се провлекува со години, покажува и фактот кој може да се види од извештајот, а тоа е дека Фондот се уште не може да си ги земе парите од стари вакви случаи кои се провлекуваат од поодамна, уште од 2012 година. Банките не соработувале со Фондот, односно не му ги враќале средствата, па тој напомош ја повикал Финансиската полиција, но се уште не се знае дали таа воопшто постапила по неговото барање.

„Во текот на 2020 година, од страна на одделението за исплата на пензиски примања креирани се 22 предмети за надомест на штети од корисници по основ на повеќе или неосновано исплатени пензии, во вкупен износ од 5.620 илјади денари (91 илјади евра –н.з) и искажани се побарувања по основ претплата на пензии во износ од 6.907 илјади денари (112 илјади евра –н.з.), кои произлегуваат од 2012 година и се однесуваат на дозначени пензии до банките, за кои не бил извршен поврат на средствата од трансакциските сметки на починати корисници. Фондот доставил писмени барања до банките во 2012 и 2013 година за поврат на средствата, но поради нивно непостапување, податоците ги доставил и до Управата за финансиска полиција. До денот на ревизијата, Фондот нема информации за преземени активности од страна на Управата“, се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизорите нагласуваат дека овие состојби не се во согласност со Законот за ПИО, а континуираното креирање на предмети за штети од граѓани и нискиот процент на наплата на овие побарувања упатува на неизвесност за нивна наплата во наредниот период, со што е овозможена имотна корист на поединци за извршени неосновани исплати на пензии.

ДЗР за ова препорачува одговорните лица на Фондот да преземат активности и контролни мерки за навремено откривање и постапување по утврдени неосновано исплатени пензии, како и да ги преземаат сите потребни правни дејства за наплата на побарувањата по штети.

Од извештајот можат да се забележат и други неправилности. Имено, зголемените приходи на Фондот не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО, се вели во ревизорскиот извештај.

Во извештајот ревизорите изразиле мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година.

Констатираат и слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката.

А токму тоа придонесува за зголемување на ризикот од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право.

Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.

Извор: Фактор

The post Фондот за пензиско и инвалидско осигурување исплаќал пензии на починати appeared first on Република.

]]>

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и натаму продолжува да исплатува пензии на починати лица, поради што оваа важна финансиска институција за државата, и натаму трпи огромни финансиски штети. Од друга страна, Фондот нема доволно контролни механизми како тоа да го спречи, ниту присилни механизми како да си ги наплати штетите настанати по овој основ. Ова го покажала ревизијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2020 година, која била правена лани од мај до септември, при што Државниот завод за ревизија ги „чешлал“ финансиските извештаи на ПИОМ, утврдувајќи серија пропусти. Државните ревизори во својот конечен извештај навеле дека финансиските извештаи се одговорност на раководството на Фондот за ПИОМ, кој бил застапуван од Шаип Зенељи, директор од крајот на ноември 2018 година до ноември 2020 година, како и Билјана Јовановска, директор од крајот на ноември 2020 година.
„Оваа одговорност вклучува дизајнирање, имплементација и одржување на интерна контрола која што е релевантна за подготвување и објективно презентирање на финансиските извештаи, кои се ослободени од материјално погрешни прикажувања, без разлика дали се резултат на измами или грешки, избор и примена на соодветни сметководствени политики, како и правење на сметководствени проценки кои што се разумни во околностите. Раководството на субјектот е исто така одговорно за осигурување дека активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“, се вели во објаснувањето од ДЗР.
Од Фондот, сега поранешната директорка Јовановска доставила забелешки на извештајот, кои ДЗР ги ставиле во прилог на својот конечен извештај. Што е она што го констатирале ревизорите за пензиите на починатите лица? Оттаму не даваат прецизен податок колку точно пари се исплатиле на починати лица во 2020 година, но кажуваат колку изнесуваат побарувањата од граѓани по основ на извршени претплати на пензии, и колку од нив се спорни и сомнителни побарувања. Односно, во извештајот е наведено дека Фондот има штети по основ на претплати на пензии од 3,7 милиони евра, а од нив 2,6 милиони евра се спорни и сомнителни побарувања. Ако е за утеха, сумата е намалена за 3,5 отсто во однос на 2019 година.
„Со извршениот увид во деловните книги кои се однесуваат на побарувањата од граѓани по основ на надомест на штети за извршени претплати на пензии, ревизијата ги констатира следните состојби: по основ на штети за претплати на пензии, искажани се побарувања од граѓани – во вкупен износ од 228.470 илјади денари (3,7 милиони евра – н.з.), од кои како сомнителни и спорни побарувања во износ од 160.337 илјади денари (2,6 милиони евра – н.з.), што е намалување од 3,5 отсто во однос на 2019 година, кога вкупниот износ на побарувања по овој основ изнесува 236.701 илјада денари (3,85 милиони евра – н.з.)“, се вели во извештајот од ДЗР.
Оттаму наведуваат дека на оваа позиција се искажуваат побарувањата за штети од граѓани по основ на исплатени пензии на починати корисници, времени пензии, семејни пензии или друг вид на неосновани исплати на пензии. Дека овој проблем се провлекува со години, покажува и фактот кој може да се види од извештајот, а тоа е дека Фондот се уште не може да си ги земе парите од стари вакви случаи кои се провлекуваат од поодамна, уште од 2012 година. Банките не соработувале со Фондот, односно не му ги враќале средствата, па тој напомош ја повикал Финансиската полиција, но се уште не се знае дали таа воопшто постапила по неговото барање.
„Во текот на 2020 година, од страна на одделението за исплата на пензиски примања креирани се 22 предмети за надомест на штети од корисници по основ на повеќе или неосновано исплатени пензии, во вкупен износ од 5.620 илјади денари (91 илјади евра –н.з) и искажани се побарувања по основ претплата на пензии во износ од 6.907 илјади денари (112 илјади евра –н.з.), кои произлегуваат од 2012 година и се однесуваат на дозначени пензии до банките, за кои не бил извршен поврат на средствата од трансакциските сметки на починати корисници. Фондот доставил писмени барања до банките во 2012 и 2013 година за поврат на средствата, но поради нивно непостапување, податоците ги доставил и до Управата за финансиска полиција. До денот на ревизијата, Фондот нема информации за преземени активности од страна на Управата“, се вели во извештајот на ДЗР.
Ревизорите нагласуваат дека овие состојби не се во согласност со Законот за ПИО, а континуираното креирање на предмети за штети од граѓани и нискиот процент на наплата на овие побарувања упатува на неизвесност за нивна наплата во наредниот период, со што е овозможена имотна корист на поединци за извршени неосновани исплати на пензии. ДЗР за ова препорачува одговорните лица на Фондот да преземат активности и контролни мерки за навремено откривање и постапување по утврдени неосновано исплатени пензии, како и да ги преземаат сите потребни правни дејства за наплата на побарувањата по штети.
Од извештајот можат да се забележат и други неправилности. Имено, зголемените приходи на Фондот не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО, се вели во ревизорскиот извештај.
Во извештајот ревизорите изразиле мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година. Констатираат и слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката. А токму тоа придонесува за зголемување на ризикот од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право. Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.
Извор: Фактор

The post Фондот за пензиско и инвалидско осигурување исплаќал пензии на починати appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzr-zgolemenite-prihodi-na-fondot-za-pio-ne-se-dovolni-za-pokrivanje-na-deficitot-za-isplata-na-socijalni-beneficii-za-2020-godina/ Wed, 16 Mar 2022 12:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=473779

Зголемените приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО.

Ова го посочува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што го објави денеска.

Во извештајот ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година.

Констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката. Тоа, како што посочуваат во извештајот, придонесува за зголемување на ризикот од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право.

Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.

The post ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година appeared first on Република.

]]>

Зголемените приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО. Ова го посочува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што го објави денеска. Во извештајот ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година. Констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката. Тоа, како што посочуваат во извештајот, придонесува за зголемување на ризикот од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право. Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.

The post ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година appeared first on Република.

]]>
Со албанска музика рокната на најјако Алтернатива го прослави заземањето на ПИОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-albanska-muzika-roknata-na-najjako-alternativa-go-proslavi-zazemanjeto-na-piom/ Thu, 24 Feb 2022 15:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=463110

Каде се парите и фондовите, таму се и апетитите на Албанците. Тие тактички бараат и се шират во сите државни и општествени пори, а СДСМ алчен за власт отстапува. Веќе не е важно дали премиерот бил Албанец или Македонец, кога за тесните интереси на врвот на една партија, со државните добра целосно управуваат Албанците.

И ако до скоро СДСМ ѝ ги задоволуваше потребите на ДУИ, деновиве своите 5 минути ги доживува Алтернатива. Вработени во ПИОМ кои од оправдани причини сакаат да останат аннимни сведочат за „Република“ дека доаѓањето на Дритан Беџети на чело на оваа институција било прославено со гласна албанска музика. Или кажано со воен речник, како заземање туѓа територија.

Не дојде сам, донесе екипа од дваесетина свои луѓе, сите мажи и сите Албанци со несоодветно или речиси никакво образование. Овде по канцелариите се прославува со музика. Никој ништо не работи, а ние сме под страшен притисок, со закани и уцени. Се силат, и вистина - никој ништо не им може, велат вработени во ПИОМ за Република.

Дека станува за голема победа и „освојување“ на Пензискиот фонд може да се види и од Фејсбук профилот на Фатон Сељами, член на Советот на општина Тетово, кој со гордост му честита на Беџети и му посакува среќа.

Од друга страна, Билјана Јовановска е долгогодишен истакнат и истурен член на СДСМ. Таа беше и активен учесник во Шарената револуција, а ја обвинуваше и поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ дека со години трпела притисок. Така што жртвувањето на кадар како Јовановска и триумфалното заземање на нејзиното место од страната на Алтернатива може да се протолкува и како демонстрација на моќ и надвласт над партијата која го има премиерот, а загубила се друго.

 

The post Со албанска музика рокната на најјако Алтернатива го прослави заземањето на ПИОМ appeared first on Република.

]]>

Каде се парите и фондовите, таму се и апетитите на Албанците. Тие тактички бараат и се шират во сите државни и општествени пори, а СДСМ алчен за власт отстапува. Веќе не е важно дали премиерот бил Албанец или Македонец, кога за тесните интереси на врвот на една партија, со државните добра целосно управуваат Албанците. И ако до скоро СДСМ ѝ ги задоволуваше потребите на ДУИ, деновиве своите 5 минути ги доживува Алтернатива. Вработени во ПИОМ кои од оправдани причини сакаат да останат аннимни сведочат за „Република“ дека доаѓањето на Дритан Беџети на чело на оваа институција било прославено со гласна албанска музика. Или кажано со воен речник, како заземање туѓа територија.
Не дојде сам, донесе екипа од дваесетина свои луѓе, сите мажи и сите Албанци со несоодветно или речиси никакво образование. Овде по канцелариите се прославува со музика. Никој ништо не работи, а ние сме под страшен притисок, со закани и уцени. Се силат, и вистина - никој ништо не им може, велат вработени во ПИОМ за Република.
Дека станува за голема победа и „освојување“ на Пензискиот фонд може да се види и од Фејсбук профилот на Фатон Сељами, член на Советот на општина Тетово, кој со гордост му честита на Беџети и му посакува среќа. Од друга страна, Билјана Јовановска е долгогодишен истакнат и истурен член на СДСМ. Таа беше и активен учесник во Шарената револуција, а ја обвинуваше и поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ дека со години трпела притисок. Така што жртвувањето на кадар како Јовановска и триумфалното заземање на нејзиното место од страната на Алтернатива може да се протолкува и како демонстрација на моќ и надвласт над партијата која го има премиерот, а загубила се друго.  

The post Со албанска музика рокната на најјако Алтернатива го прослави заземањето на ПИОМ appeared first on Република.

]]>
Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/biljana-jovanovska-razreshena-od-direktorskata-funkcija-vo-penziskiot-fond/ Fri, 18 Feb 2022 16:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=460561

Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на  Македонија, Билјана Јовановска.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот коалициски партнер во Владата.

Јовановска треба да ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, одлука која поминала на седница на Управниот одбор на Фондот, но, таа треба да биде потврдена од Владата.

The post Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на  Македонија, Билјана Јовановска. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот коалициски партнер во Владата. Јовановска треба да ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, одлука која поминала на седница на Управниот одбор на Фондот, но, таа треба да биде потврдена од Владата.

The post Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд appeared first on Република.

]]>
Разрешена директорката на ПИОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/razreshena-direktorkata-na-piom/ Fri, 18 Feb 2022 13:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=460493

Разрешена е директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурувањена Македонија,  Билјана Јовановска, објави Телма.

Според информации на телевизијата Управниот одбор во текот на денешниот ден донел ваква одлука, а на нејзино место информации ќе биде поставен директор од партијата Алтернатива.

Неофицијално, Јовановска ќе ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, но дури откако Владата ќе ја потврди одлуката.

The post Разрешена директорката на ПИОМ appeared first on Република.

]]>

Разрешена е директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурувањена Македонија,  Билјана Јовановска, објави Телма. Според информации на телевизијата Управниот одбор во текот на денешниот ден донел ваква одлука, а на нејзино место информации ќе биде поставен директор од партијата Алтернатива. Неофицијално, Јовановска ќе ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, но дури откако Владата ќе ја потврди одлуката.

The post Разрешена директорката на ПИОМ appeared first on Република.

]]>
Благодарност од Заев во заминување: Станка Трајкова незаконски назначена во Управниот одбор на ПИОМ?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blagodarnost-od-zaev-vo-zaminuvanje-stanka-trajkova-nezakonski-naznachena-vo-upravniot-odbor-na-piom/ Tue, 11 Jan 2022 15:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=443253

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Станка Трајкова е исбрана за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување.

Трајкова доаѓа во ПИОМ во време кога нејзината ќерка Марија Белева е вратена во администрација на Фондот, што претставува прекршување на членот 158 од Законот на ПИОМ, чијшто автор е и самата Трајкова.

На овој начин Заев на заминување ѝ се заблагодарил за верноста, коментира опозицијата.

The post Благодарност од Заев во заминување: Станка Трајкова незаконски назначена во Управниот одбор на ПИОМ?! appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Станка Трајкова е исбрана за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување. Трајкова доаѓа во ПИОМ во време кога нејзината ќерка Марија Белева е вратена во администрација на Фондот, што претставува прекршување на членот 158 од Законот на ПИОМ, чијшто автор е и самата Трајкова. На овој начин Заев на заминување ѝ се заблагодарил за верноста, коментира опозицијата.

The post Благодарност од Заев во заминување: Станка Трајкова незаконски назначена во Управниот одбор на ПИОМ?! appeared first on Република.

]]>