пинокио Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pinokio/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 14:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пинокио Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pinokio/ 32 32 Отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“: 60 дизајнери го слават Џепето, првиот италијански дизајнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-najdragiot-pinokio-60-dizajneri-go-slavat-dhepeto-prviot-italijanski-dizajner/ Thu, 14 Mar 2024 14:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=754788

Амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје, во соработка со Националната галерија на Македонија, организираа прослава на Денот на италијанскиот дизајн.

Во рамките на тридневната програма, денеска во галеријата „Чифте-амам“ беше отворена изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“. Поставката ќе може да се погледне во наредните две недели, до 28 март.
Во објектот е презентирана изложба по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио – приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот.

Во соработка со италијанската амбасада, изложбата на музејот за дизајн АДИ од Милано, пред македонската публика ќе го претстави дизајнерскиот проект „Најдрагиот Пинокио, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“, куриран од Џулио Јакети.

Годишнината, според зборовите на претседателот Лучијано Галимберти, „е повод да се прослави ремек-делото на италијанската литература, со цел да се зајакне мултидисциплинарноста на дизајнот како наследство на културното богатство способно да поставува прашања во нашите секојдневни активности“.

Срцето на „Најмилиот Пинокио“ се 60 дизајнерски проекти од 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, специјално создадени за изложбата. Тоа се различни изрази на чувствата и работата на толку многу италијански дизајнери: зголемен, калеидоскопски, изненадувачки изглед, способен да ја раскаже приказната за способноста на италијанскиот дизајн да создава безвременски слики и предмети, прославувајќи го на тој начин митот за Џепето, првиот италијански дизајнер, вели Џулио Јакети.

Низ медиумскиот простор на публиката со задоволство се обраќа кураторот на изложбата.

Јас сум Лука Мадонини и сум еден од 60-те дизајнери вклучени во изложбата „Најмилиот Пинокио“. Соработувајќи со главниот куратор на изложбата Џулио Јакети, имав и задоволство и чест да бидам сведок на сите креативни фази на оваа изложба, која е создадена со цел да се прослави 140-годишнината од раѓањето на Пинокио, една од најпознатите италијански икони во светот. Тоа секако е прослава на ликот на Пинокио, но и на Џепето, неговиот творец, кој знаел максимално да го искористи едноставното парче отпадно дрво, работејќи со одземање и доаѓајќи до апсолутна формална синтеза: цилиндар, сфера, конусот на капата и секако зашилено испакнување, односно да се добие сè од ништо и да се најде вредност дури и во тривијално парче остаток од дрво. За да ја покажат оваа аналогија, безброј дизајнери во текот на годините го презедоа предизвикот да ја реинтерпретираат фигурата на Пинокио, секогаш одржувајќи го формалниот архетип – вели Мадонини.

Зборувајќи за изложбата, Џулио Јакети предложи во музејот за дизајн АДИ да се вклучат 60 италијански дизајнери, поточно 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, повикани да дизајнираат своја лична реинтерпретација на најпознатата кукла во светот. Резултатот е збирка што ги раскажува сложеноста на приказната на Пинокио и нејзините многубројни авантури и аспекти.
Станува збор за инклузивна изложба, погодна и за деца и за возрасни, полна со изненадувања, способна да предизвика насмевка и во исто време да ве натера да размислувате.

Се надевам дека ќе уживате и ќе дозволите да бидете пренесени во магичниот свет на Пинокио – порача Лука Мадонини.

На отворањето на изложбата ќе се обратат амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, директорката на галеријата Дита Старова Ќерими и кокураторот и дизајнер Лука Мандонини.

The post Отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“: 60 дизајнери го слават Џепето, првиот италијански дизајнер appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје, во соработка со Националната галерија на Македонија, организираа прослава на Денот на италијанскиот дизајн. Во рамките на тридневната програма, денеска во галеријата „Чифте-амам“ беше отворена изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“. Поставката ќе може да се погледне во наредните две недели, до 28 март. Во објектот е презентирана изложба по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио – приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот.   Во соработка со италијанската амбасада, изложбата на музејот за дизајн АДИ од Милано, пред македонската публика ќе го претстави дизајнерскиот проект „Најдрагиот Пинокио, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“, куриран од Џулио Јакети. Годишнината, според зборовите на претседателот Лучијано Галимберти, „е повод да се прослави ремек-делото на италијанската литература, со цел да се зајакне мултидисциплинарноста на дизајнот како наследство на културното богатство способно да поставува прашања во нашите секојдневни активности“.
Срцето на „Најмилиот Пинокио“ се 60 дизајнерски проекти од 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, специјално создадени за изложбата. Тоа се различни изрази на чувствата и работата на толку многу италијански дизајнери: зголемен, калеидоскопски, изненадувачки изглед, способен да ја раскаже приказната за способноста на италијанскиот дизајн да создава безвременски слики и предмети, прославувајќи го на тој начин митот за Џепето, првиот италијански дизајнер, вели Џулио Јакети.
Низ медиумскиот простор на публиката со задоволство се обраќа кураторот на изложбата.
Јас сум Лука Мадонини и сум еден од 60-те дизајнери вклучени во изложбата „Најмилиот Пинокио“. Соработувајќи со главниот куратор на изложбата Џулио Јакети, имав и задоволство и чест да бидам сведок на сите креативни фази на оваа изложба, која е создадена со цел да се прослави 140-годишнината од раѓањето на Пинокио, една од најпознатите италијански икони во светот. Тоа секако е прослава на ликот на Пинокио, но и на Џепето, неговиот творец, кој знаел максимално да го искористи едноставното парче отпадно дрво, работејќи со одземање и доаѓајќи до апсолутна формална синтеза: цилиндар, сфера, конусот на капата и секако зашилено испакнување, односно да се добие сè од ништо и да се најде вредност дури и во тривијално парче остаток од дрво. За да ја покажат оваа аналогија, безброј дизајнери во текот на годините го презедоа предизвикот да ја реинтерпретираат фигурата на Пинокио, секогаш одржувајќи го формалниот архетип – вели Мадонини.
Зборувајќи за изложбата, Џулио Јакети предложи во музејот за дизајн АДИ да се вклучат 60 италијански дизајнери, поточно 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, повикани да дизајнираат своја лична реинтерпретација на најпознатата кукла во светот. Резултатот е збирка што ги раскажува сложеноста на приказната на Пинокио и нејзините многубројни авантури и аспекти. Станува збор за инклузивна изложба, погодна и за деца и за возрасни, полна со изненадувања, способна да предизвика насмевка и во исто време да ве натера да размислувате.
Се надевам дека ќе уживате и ќе дозволите да бидете пренесени во магичниот свет на Пинокио – порача Лука Мадонини.
На отворањето на изложбата ќе се обратат амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, директорката на галеријата Дита Старова Ќерими и кокураторот и дизајнер Лука Мандонини.

The post Отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“: 60 дизајнери го слават Џепето, првиот италијански дизајнер appeared first on Република.

]]>
Со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ денеска се отвораат „Денови на италијански дизајн во Скопје“: Признанието „Ordine della Stella d’Italia“ за Дита Старова Ќерими https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-najdragiot-pinokio-deneska-se-otvoraat-denovi-na-italijanski-dizajn-vo-skopje-priznanieto-ordine-della-stella-d-italia-za-dita-starova-kerimi/ Thu, 14 Mar 2024 08:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=753933

Во четврток (14.03) во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“ со што почнуваат Деновите на италијански дизајн во Скопје, а истиот ден во Сули ан, ќе се одржи макстер-клас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови, како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.

Изложбата на ADI Design Museum, е посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“, и содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата, кои ја потврдуваат способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети и го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер.

Темата на годинешното издание е: „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ со настани со кои се промовираат уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизајн.

Во Чифте амам на свеченото отворање на изложбата, Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во Скопје ќе ја одликува Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија,  со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на италијанскиот министер за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Дита Старова Ќерими (1984) е академски сликар, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, а во моментов е директорка на Националната галерија, која со бројните врвни изложби ја раздвижи културната сцена дома и ја врати публиката.

The post Со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ денеска се отвораат „Денови на италијански дизајн во Скопје“: Признанието „Ordine della Stella d’Italia“ за Дита Старова Ќерими appeared first on Република.

Оскаровецот Том Хенкс во улогата на Ѓепето во „Пинокио“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/oskarovecot-tom-henks-vo-ulogata-na-gjepeto-vo-pinokio/ Wed, 01 Jun 2022 10:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=509706

„Дизни“ објави нов трејлер за филмот „Пинокио“, а Том Хенкс изгледа непрепознатливо во улогата на мајсторот Ѓепето.

https://www.youtube.com/watch?v=yf9zZGNkYA8

Холивудскиот актер изгледа сосем поинаку додека го глуми италијански столар, создавајќи го Пинокио од дрво, а потоа посакувајќи куклата да оживее во вистинско момче.

Филмот е во режија на Роберт Земекис и ја следи оригиналната класична приказна за дрвената кукла која е во мисија да стане човек, обидувајќи се да докаже дека е храбар, искрен и несебичен.

Во останатите улоги, покрај Хенкс, се појавуваат Лук Еванс, Џозеф Гордон-Левит и други. Филмот ќе биде достапен на Disney Plus на 8 септември.

View this post on Instagram

A post shared by Disney+ (@disneyplus)

The post Оскаровецот Том Хенкс во улогата на Ѓепето во „Пинокио“ appeared first on Република.

]]>

„Дизни“ објави нов трејлер за филмот „Пинокио“, а Том Хенкс изгледа непрепознатливо во улогата на мајсторот Ѓепето. https://www.youtube.com/watch?v=yf9zZGNkYA8 Холивудскиот актер изгледа сосем поинаку додека го глуми италијански столар, создавајќи го Пинокио од дрво, а потоа посакувајќи куклата да оживее во вистинско момче. Филмот е во режија на Роберт Земекис и ја следи оригиналната класична приказна за дрвената кукла која е во мисија да стане човек, обидувајќи се да докаже дека е храбар, искрен и несебичен. Во останатите улоги, покрај Хенкс, се појавуваат Лук Еванс, Џозеф Гордон-Левит и други. Филмот ќе биде достапен на Disney Plus на 8 септември.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Disney+ (@disneyplus)

The post Оскаровецот Том Хенкс во улогата на Ѓепето во „Пинокио“ appeared first on Република.

]]>