пилоти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piloti/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Apr 2024 09:46:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пилоти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/piloti/ 32 32 Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ostanavme-so-samo-eden-pilot-na-avionite-za-gasnene-na-pozhar/ Sat, 13 Apr 2024 09:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=765651

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи.

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, Беким Максути, посочува дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, бидејќи минатата година во борбата со пожарите првпат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на ДЗС.

Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот, вели Максути.

Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува до прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.

Доколку како раководство не си подадеме рака дека ова треба многу брзо и сериозно да го решиме, за кратко време ќе го доведеме во прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување, затоа што сепак Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме, истакнува Максути.

Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Обуката и финансиските предизвици проблем за регрутација и задржување на пилотите

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Air Tractor“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот, доколку, финансискиот дел за дообуката го покрива Дирекцијата.

Авионите модел „Air Tractor“, што се користат во ДЗС важат за најкомплицираните за управување, посочува Максути, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Air Tractor“.

Минатата година изгубивме уште двајца пилоти кои не положија, односно не ги исполнија критериумите што беа побарани, без разлика што двајцата се искусни пилоти и летале со други авиони многу долго, но кога се работи за ваков тип на летало, сепак е предизвик, вели Максути.

Појаснува дека сертификатот се добива од оператор, овластен од производителот на леталото, како и од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), за која, Максути, вели има строги критериуми и дека во текот на една година може да се случи неколку пати да ги изменат директивите кон земјите, кои пак, се обврзани да ги исполнат и почитуваат.

Во врска со критериумите што треба да се исполнат за да се стане пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот појаснува дека потребни се најмалку 500 часови летање, како и сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат.

Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Добивањето на сертификатот, вели Максути, влече финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува. Укажува дека има дисбаланс во вреднувањето на нивниот труд.

– Се поставува прашањето дали некој е спремен да вложи од 8 до 12 илјади евра за да го добие истиот сертификат, за кој никој не му гарантира потоа дека ќе заврши и ќе стане пилот на едно од најсложените летала „Air Tractor“, доколку неговата професија не се плаќа исто како другите пилотски професии во државата. Имаме дисбаланс како се вреднува нивниот труд. Ние имаме направено доста напори да го решиме ова прашање, но за жал немаме конкретен одговор дека тоа брзо ќе се реши, вели Максути.

Од друга страна, посочува дека одржувањето и осигурувањето на трите авиони за кои станува сѐ поизвесно дека два од нив ќе нема кој да ги управува, влечат финансиски импликации.

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Порамнување на платите – клучен фактор за евентуално решавање на проблемот

Друг проблем што го посочува Максути се неколкуте обиди да се порамнат платите и вели тука можеби е настанат најголемиот проблем. Истакнува дека неопходно е платата на вработените пилоти во ДЗС, да биде еднаква со пилотите во МВР и Министерството за одбрана.

Едно време истите пилоти беа најслабо платени, па со некои измени стигнаа да бидат најдобро платени. После тоа, пилотите вработени во Министерство за внатрешни работи и Министертство за одбрана ги надминаа за два пати. Моменталната состојба е таква што платата на пилот кој работи во Министерството за одбрана е два до два и пол пати повисока од пилот кој работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Се поставува прашањето колку летаат тие, а колку часови летаат вработените во ДЗС, бидејќи навистина се борат со пожарите цело лето и сето тоа со себе на некој начин е предизвик, вели Максути.

Посочи дека во неколку наврати се обратиле и до Владата, но конкретен одговор сѐ уште не добиле. Последниот заклучок е дека треба да се позајмат пилоти од Министерството за одбрана, за кои, вели Максути, се јавува проблем затоа што тие немаат цивилни дозволи што ги издава Агенцијата за цивилно воздухопловство, бидејќи како што посочува, пилотите на хеликоптер, не се исти со пилотите на авион.

The post Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, Беким Максути, посочува дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, бидејќи минатата година во борбата со пожарите првпат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на ДЗС.
Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот, вели Максути.
Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува до прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.
Доколку како раководство не си подадеме рака дека ова треба многу брзо и сериозно да го решиме, за кратко време ќе го доведеме во прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување, затоа што сепак Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме, истакнува Максути.
Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Обуката и финансиските предизвици проблем за регрутација и задржување на пилотите

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Air Tractor“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот, доколку, финансискиот дел за дообуката го покрива Дирекцијата. Авионите модел „Air Tractor“, што се користат во ДЗС важат за најкомплицираните за управување, посочува Максути, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Air Tractor“. Минатата година изгубивме уште двајца пилоти кои не положија, односно не ги исполнија критериумите што беа побарани, без разлика што двајцата се искусни пилоти и летале со други авиони многу долго, но кога се работи за ваков тип на летало, сепак е предизвик, вели Максути. Појаснува дека сертификатот се добива од оператор, овластен од производителот на леталото, како и од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), за која, Максути, вели има строги критериуми и дека во текот на една година може да се случи неколку пати да ги изменат директивите кон земјите, кои пак, се обврзани да ги исполнат и почитуваат. Во врска со критериумите што треба да се исполнат за да се стане пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот појаснува дека потребни се најмалку 500 часови летање, како и сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат.
Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)
Добивањето на сертификатот, вели Максути, влече финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува. Укажува дека има дисбаланс во вреднувањето на нивниот труд.
– Се поставува прашањето дали некој е спремен да вложи од 8 до 12 илјади евра за да го добие истиот сертификат, за кој никој не му гарантира потоа дека ќе заврши и ќе стане пилот на едно од најсложените летала „Air Tractor“, доколку неговата професија не се плаќа исто како другите пилотски професии во државата. Имаме дисбаланс како се вреднува нивниот труд. Ние имаме направено доста напори да го решиме ова прашање, но за жал немаме конкретен одговор дека тоа брзо ќе се реши, вели Максути.
Од друга страна, посочува дека одржувањето и осигурувањето на трите авиони за кои станува сѐ поизвесно дека два од нив ќе нема кој да ги управува, влечат финансиски импликации.
Фото: Дирекција за заштита и спасување

Порамнување на платите – клучен фактор за евентуално решавање на проблемот

Друг проблем што го посочува Максути се неколкуте обиди да се порамнат платите и вели тука можеби е настанат најголемиот проблем. Истакнува дека неопходно е платата на вработените пилоти во ДЗС, да биде еднаква со пилотите во МВР и Министерството за одбрана.
Едно време истите пилоти беа најслабо платени, па со некои измени стигнаа да бидат најдобро платени. После тоа, пилотите вработени во Министерство за внатрешни работи и Министертство за одбрана ги надминаа за два пати. Моменталната состојба е таква што платата на пилот кој работи во Министерството за одбрана е два до два и пол пати повисока од пилот кој работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Се поставува прашањето колку летаат тие, а колку часови летаат вработените во ДЗС, бидејќи навистина се борат со пожарите цело лето и сето тоа со себе на некој начин е предизвик, вели Максути.
Посочи дека во неколку наврати се обратиле и до Владата, но конкретен одговор сѐ уште не добиле. Последниот заклучок е дека треба да се позајмат пилоти од Министерството за одбрана, за кои, вели Максути, се јавува проблем затоа што тие немаат цивилни дозволи што ги издава Агенцијата за цивилно воздухопловство, бидејќи како што посочува, пилотите на хеликоптер, не се исти со пилотите на авион.

The post Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар appeared first on Република.

]]>
Западот не може да се договори за обука на украински пилоти на Ф-16 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadot-ne-mozhe-da-se-dogovori-za-obuka-na-ukrainski-piloti-na-f-16/ Wed, 26 Jul 2023 17:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=665606

Планот за обука на украински пилоти да управуваат со западните борбени авиони Ф-16 допрва треба да биде договорен, и покрај најавите на САД дека обуките би можеле да почнат во наредните недели.

Како што пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори, идејата за испраќање украински војници и пилоти во воената воздухопловна база во Аризона не добила голема поддршка.

Според соговорниците на весникот, самите авиони ќе пристигнат во Украина не порано од идната пролет.

Веројатно ќе научиме некои пилоти да летаат до крајот на годината, но тешко дека вистински Ф-16 во украински бои ќе се појави пред пролетта, вели изворот на „Политико“.

The post Западот не може да се договори за обука на украински пилоти на Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Планот за обука на украински пилоти да управуваат со западните борбени авиони Ф-16 допрва треба да биде договорен, и покрај најавите на САД дека обуките би можеле да почнат во наредните недели. Како што пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори, идејата за испраќање украински војници и пилоти во воената воздухопловна база во Аризона не добила голема поддршка. Според соговорниците на весникот, самите авиони ќе пристигнат во Украина не порано од идната пролет.
Веројатно ќе научиме некои пилоти да летаат до крајот на годината, но тешко дека вистински Ф-16 во украински бои ќе се појави пред пролетта, вели изворот на „Политико“.

The post Западот не може да се договори за обука на украински пилоти на Ф-16 appeared first on Република.

]]>
Загинале двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaginale-dvajtsata-piloti-od-kanaderot-shto-se-urna-na-grchkiot-ostrov-evija/ Tue, 25 Jul 2023 18:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=665236

Двајцата пилоти, на возраст од 27 и 34 години загинале откако кусо пред 15 часот по локално време се урна Канадерот со кој го гаснеа пожарот во близина на Каристос на грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштијадека за време на воздушно гаснење на пожарот на Евија, во 14:52 часот, се урнал авионот CL-215 и загинаа пилотот и копилотот.

https://republika.mk/vesti/balkan/objaven-momentot-od-urivaneto-na-kanader-dodeka-go-gasneshe-pozharot-na-grchkiot-ostrov-evija/

The post Загинале двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>

Двајцата пилоти, на возраст од 27 и 34 години загинале откако кусо пред 15 часот по локално време се урна Канадерот со кој го гаснеа пожарот во близина на Каристос на грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштијадека за време на воздушно гаснење на пожарот на Евија, во 14:52 часот, се урнал авионот CL-215 и загинаа пилотот и копилотот. https://republika.mk/vesti/balkan/objaven-momentot-od-urivaneto-na-kanader-dodeka-go-gasneshe-pozharot-na-grchkiot-ostrov-evija/

The post Загинале двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>
Украина планира да испрати десетици пилоти на обука за Ф-16 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-planira-da-isprati-desetitsi-piloti-na-obuka-za-f-16/ Fri, 16 Jun 2023 07:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=651965

Украина планира да испрати „неколку десетици“ борбени пилоти на обука за летање со американски борбени авиони Ф-16, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.

Се прави сè за да започне што е можно поскоро, изјави Ихнат за украинската национална телевизија, додавајќи дека пилотите избрани за обуката ќе имаат борбено искуство.

Тоа не е тренинг, тоа е преквалификација, појасни Ихнат.

Украина, која ја започна долгоочекуваната контраофанзива, постојано повторува дека и се потребни нови западни авиони за успешно да се спротивстави на руската воздушна доминација.

Членките на НАТО, Холандија и Данска ги предводат напорите на меѓународната коалиција за обука на пилоти и персонал за поддршка, одржување на авионите, како и снабдување на Украина со Ф-16.

Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен неодамна соопшти дека обуката на украинските пилоти за летање со Ф-16 може да започне уште ова лето.

Таа рече дека целта ќе биде програмата за обука да биде целосно оперативна во рок од шест месеци. Данска, каде што има симулатори за летање, е можна локација за програмата.

The post Украина планира да испрати десетици пилоти на обука за Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Украина планира да испрати „неколку десетици“ борбени пилоти на обука за летање со американски борбени авиони Ф-16, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат. Се прави сè за да започне што е можно поскоро, изјави Ихнат за украинската национална телевизија, додавајќи дека пилотите избрани за обуката ќе имаат борбено искуство. Тоа не е тренинг, тоа е преквалификација, појасни Ихнат. Украина, која ја започна долгоочекуваната контраофанзива, постојано повторува дека и се потребни нови западни авиони за успешно да се спротивстави на руската воздушна доминација. Членките на НАТО, Холандија и Данска ги предводат напорите на меѓународната коалиција за обука на пилоти и персонал за поддршка, одржување на авионите, како и снабдување на Украина со Ф-16. Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен неодамна соопшти дека обуката на украинските пилоти за летање со Ф-16 може да започне уште ова лето. Таа рече дека целта ќе биде програмата за обука да биде целосно оперативна во рок од шест месеци. Данска, каде што има симулатори за летање, е можна локација за програмата.

The post Украина планира да испрати десетици пилоти на обука за Ф-16 appeared first on Република.

]]>
Откако САД одобрија: Данска ќе обучува украински пилоти за авионите Ф-16 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-sad-odobrija-danska-ke-obuchuva-ukrainski-piloti-za-avionite-f-16/ Fri, 19 May 2023 19:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=642799

Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство.

Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, соопшти дека таквата одлука доаѓа откако официјален Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.

Нашата земја сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави Поулсен, кој е вршител на должноста министер за одбрана на Данска.

Претходно Велика Британија го поздрави потегот на САД за дозвола на обука на пилоти за тој тип авиони.

Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер

Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.

The post Откако САД одобрија: Данска ќе обучува украински пилоти за авионите Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство. Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, соопшти дека таквата одлука доаѓа откако официјален Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.
Нашата земја сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави Поулсен, кој е вршител на должноста министер за одбрана на Данска.
Претходно Велика Британија го поздрави потегот на САД за дозвола на обука на пилоти за тој тип авиони. Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер
Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.

The post Откако САД одобрија: Данска ќе обучува украински пилоти за авионите Ф-16 appeared first on Република.

]]>
Изгледаат како супермодели, а ги нарекуваат Путинови ангели на смртта: 16 девојки, војни пилоти, влегуваат во војна со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izgledaat-kako-supermodeli-a-gi-narekuvaat-putinovi-angeli-na-smrtta-16-devojki-vojni-piloti-vleguvaat-vo-vojna-so-ukraina/ Wed, 02 Nov 2022 08:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=568562

Руската војска оформи единица составена од жени пилоти кои се обучени за управување со стратешко нуклеарно оружје.

Владимир Путин ги претстави таканаречените Ангели на смртта, штотуку дипломирани војни пилоти- жени кои сега се дел од руското воздухопловство. Пилотките се претставени за време на викендот, на војна парада во Краснодар, откако се квалификуваа за Вишата школа на војното воздухопловство Серов.

Според пишувањата на британските медиуми, кои тврдат дека имаат информации од Русија, новомобилизираните пилоти се обучуваат за користење на нуклеарните бомбардери и транспортни авиони.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рекол дека жените пилоти ја продолжуваат традицијата, која некогаш жените пилоти ја имале во Советскиот сојуз. Имено, Сталин дозволувал жени да управуваат со авионите и да се борат во текот на Втората светска војна, а 23 од нив станаа херои на Советскиот сојуз.

The post Изгледаат како супермодели, а ги нарекуваат Путинови ангели на смртта: 16 девојки, војни пилоти, влегуваат во војна со Украина appeared first on Република.

]]>

Руската војска оформи единица составена од жени пилоти кои се обучени за управување со стратешко нуклеарно оружје. Владимир Путин ги претстави таканаречените Ангели на смртта, штотуку дипломирани војни пилоти- жени кои сега се дел од руското воздухопловство. Пилотките се претставени за време на викендот, на војна парада во Краснодар, откако се квалификуваа за Вишата школа на војното воздухопловство Серов. Според пишувањата на британските медиуми, кои тврдат дека имаат информации од Русија, новомобилизираните пилоти се обучуваат за користење на нуклеарните бомбардери и транспортни авиони. Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рекол дека жените пилоти ја продолжуваат традицијата, која некогаш жените пилоти ја имале во Советскиот сојуз. Имено, Сталин дозволувал жени да управуваат со авионите и да се борат во текот на Втората светска војна, а 23 од нив станаа херои на Советскиот сојуз.

The post Изгледаат како супермодели, а ги нарекуваат Путинови ангели на смртта: 16 девојки, војни пилоти, влегуваат во војна со Украина appeared first on Република.

]]>
Авионите ќе останат приземјени: Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionite-kje-ostanat-prizemjeni-pilotite-na-lufthanza-utre-kje-shtrajkuvaat/ Thu, 01 Sep 2022 08:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=546292

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството.

Од нивниот синдикат, „Vereinigung Cockpit (ВЦ)“, соопштија дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на „Луфтханза“ од Германија.

ВЦ, за повеќе од 5.000 пилоти, бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.

The post Авионите ќе останат приземјени: Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат appeared first on Република.

]]>

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството. Од нивниот синдикат, „Vereinigung Cockpit (ВЦ)“, соопштија дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на „Луфтханза“ од Германија. ВЦ, за повеќе од 5.000 пилоти, бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.

The post Авионите ќе останат приземјени: Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат appeared first on Република.

]]>
Руски војници ги спасиле украинските пилоти од соборените хеликоптери во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-vojnici-gi-spasile-ukrainskite-piloti-od-soborenite-helikopteri-vo-mariupol/ Sat, 09 Apr 2022 18:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=485981

Руски медиуми соопштија дека руските војници ги спасиле украинските пилоти на соборените хеликоптери Ми-8 додека се обидувале да ги евакуираат водачите на екстремистичкиот баталјон „Азов“ од Мариупол.

Како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, на 5 април руската армија собори два хеликоптери Ми-8 на украинската армија кои се обидоа да се пробијат до градот од морето во обид да ги евакуираат водачите на „Азов“.

Екипажот на еден хеликоптер го сочинувале пилотот Дмитриј Бурлаков и пилотот-стрелец Иван Гавриленко, кои преживеале благодарение на припадниците на руската армија кои ги префрлиле во воената болница во Мариупол.

Им благодарам многу. Ме собраа од хеликоптерот додека лежев. Не ме оставија да умрам - вели Бурлаков.

И Гавриленко им се заблагодарува на руските војници што му го спасиле животот.

Според лекарите, Бурлаков бил во многу тешка состојба, но му била укажана стручна помош и неговата состојба сега е стабилна.

The post Руски војници ги спасиле украинските пилоти од соборените хеликоптери во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Руски медиуми соопштија дека руските војници ги спасиле украинските пилоти на соборените хеликоптери Ми-8 додека се обидувале да ги евакуираат водачите на екстремистичкиот баталјон „Азов“ од Мариупол. Како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, на 5 април руската армија собори два хеликоптери Ми-8 на украинската армија кои се обидоа да се пробијат до градот од морето во обид да ги евакуираат водачите на „Азов“. Екипажот на еден хеликоптер го сочинувале пилотот Дмитриј Бурлаков и пилотот-стрелец Иван Гавриленко, кои преживеале благодарение на припадниците на руската армија кои ги префрлиле во воената болница во Мариупол.
Им благодарам многу. Ме собраа од хеликоптерот додека лежев. Не ме оставија да умрам - вели Бурлаков.
И Гавриленко им се заблагодарува на руските војници што му го спасиле животот. Според лекарите, Бурлаков бил во многу тешка состојба, но му била укажана стручна помош и неговата состојба сега е стабилна.

The post Руски војници ги спасиле украинските пилоти од соборените хеликоптери во Мариупол appeared first on Република.

]]>