пилот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pilot/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пилот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pilot/ 32 32 Пилот на турска авиокомпанија почина за време на лет над САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pilot-na-turska-aviokompanija-pochina-za-vreme-na-let-nad-sad/ Wed, 09 Oct 2024 11:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=824614

Пилотот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс почина за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекина патувањето и авионот слета во Њујорк, соопшти компанијата.

Ербасот 350 полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави Туркиш ерлајнс.

Обидот за прва помош бил неуспешен.

The post Пилот на турска авиокомпанија почина за време на лет над САД appeared first on Република.

]]>

Пилотот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс почина за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекина патувањето и авионот слета во Њујорк, соопшти компанијата. Ербасот 350 полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави Туркиш ерлајнс. Обидот за прва помош бил неуспешен.

The post Пилот на турска авиокомпанија почина за време на лет над САД appeared first on Република.

]]>
Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-dade-soglasnost-dvajtsata-penzionirani-piloti-na-er-traktori-ke-se-vkluchat-vo-gasene-pozhari/ Thu, 11 Jul 2024 16:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=795909

Центарот за управување со кризи извести дека на денешната седница, Владата дала согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори.

Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина) а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење- велат од ЦУК

The post Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи извести дека на денешната седница, Владата дала согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори. Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина) а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење- велат од ЦУК

The post Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари appeared first on Република.

]]>
Нови детали: Пребеганиот руски пилот се пијанчел и се дрогирал со пари од Украинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-detali-prebeganiot-ruski-pilot-se-pijanchel-i-se-drogiral-so-pari-od-ukraintsite/ Fri, 23 Feb 2024 19:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=747398

Пилотот, кој добил  500.000 долари од Украина по пребегнувањето од Русија во август, беше пронајден мртов на паркингот на станбен комплекс во населбата Виљахоса во Аликанте, Шпанија во подземен паркинг.

Шпанската полиција сега истражува дали руската мафија и разузнавачките служби го извршиле атентатот откако дознале за неговата локација преку неговата наводна употреба на дрога, плаќање на проститутки и улични тепачки.

Кузминов им ја „дал“ својата локација на убијците кога  и се јавил на поранешната девојка да го посети во Аликанте.

Живеејќи под нов идентитет во Шпанија - и со пари од Украинците по неговото бегство - тој почнал да гради нов живот за себе ослободен од ужасите на војната. Но, се верува дека ја направил фаталната грешка што ја контактирал поранешната девојка и ја поканил на својата нова адреса.

Убиениот пилот-дезертер, Максим Кузминов, влегол во Шпанија под името на 33-годишниот Игор Шевченко со украински пасош издаден на 22 септември 2023 година. Тоа предизвика конфузија во шпанските медиуми околу идентитетот на ликвидираниот човек, затоа што на местото на убиството биле пронајдени неговите лажни документи, со новото име.

The post Нови детали: Пребеганиот руски пилот се пијанчел и се дрогирал со пари од Украинците appeared first on Република.

]]>

Пилотот, кој добил  500.000 долари од Украина по пребегнувањето од Русија во август, беше пронајден мртов на паркингот на станбен комплекс во населбата Виљахоса во Аликанте, Шпанија во подземен паркинг. Шпанската полиција сега истражува дали руската мафија и разузнавачките служби го извршиле атентатот откако дознале за неговата локација преку неговата наводна употреба на дрога, плаќање на проститутки и улични тепачки. Кузминов им ја „дал“ својата локација на убијците кога  и се јавил на поранешната девојка да го посети во Аликанте. Живеејќи под нов идентитет во Шпанија - и со пари од Украинците по неговото бегство - тој почнал да гради нов живот за себе ослободен од ужасите на војната. Но, се верува дека ја направил фаталната грешка што ја контактирал поранешната девојка и ја поканил на својата нова адреса. Убиениот пилот-дезертер, Максим Кузминов, влегол во Шпанија под името на 33-годишниот Игор Шевченко со украински пасош издаден на 22 септември 2023 година. Тоа предизвика конфузија во шпанските медиуми околу идентитетот на ликвидираниот човек, затоа што на местото на убиството биле пронајдени неговите лажни документи, со новото име.

The post Нови детали: Пребеганиот руски пилот се пијанчел и се дрогирал со пари од Украинците appeared first on Република.

]]>
Дезертерот Кузминов се пијанчел и урлал по Шпанија, еве како го пронашле Русите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dezerterot-kuzminov-se-pijanchel-i-urlal-po-shpanija-eve-kako-go-pronashle-rusite/ Wed, 21 Feb 2024 09:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=746427

Рускиот дезертер Максим Кузминов, пилот кој пред околу шест месеци киднапираше хеликоптер на руските вооружени сили во 2023 година, беше брутално убиен во шпанската провинција Аликанте.

„Билд“ пишува дека Кузминов за својот чин и предавањето на воен хеликоптер Ми-8 со полна борбена опрема од Украинците добил 460.000 евра, но истовремено си потпишал и смртна казна.

https://republika.mk/vesti/svet/ruski-dezerter-pronajden-mrtov-vo-shpanija-ukraina-mu-platila-500-000-dolari-za-potegot/

Како што потврдиле од украинските разузнавачки служби, Кузминов избегал со парите, но наместо да живее под радарот во Шпанија, сам ги донел убијците пред својата врата.

Наводно, тој продолжил да одржува контакти со пријателите и семејството, а со неговото однесување често го привлекувал вниманието кон себе. Често го гледале како урла и се пијанчи, а наводно често пијан се фалел како им помогнал на Украинците.

Меѓутоа, Русите му влегле во трага дури кога ја повикал поранешната девојка. Набрзо го пронашле, го застрелале со 12 истрели и го прегазиле со автомобил.

Телото на Кузминов беше пронајдено минатиот вторник во гаража изрешетана со куршуми.

The post Дезертерот Кузминов се пијанчел и урлал по Шпанија, еве како го пронашле Русите appeared first on Република.

]]>

Рускиот дезертер Максим Кузминов, пилот кој пред околу шест месеци киднапираше хеликоптер на руските вооружени сили во 2023 година, беше брутално убиен во шпанската провинција Аликанте. „Билд“ пишува дека Кузминов за својот чин и предавањето на воен хеликоптер Ми-8 со полна борбена опрема од Украинците добил 460.000 евра, но истовремено си потпишал и смртна казна. https://republika.mk/vesti/svet/ruski-dezerter-pronajden-mrtov-vo-shpanija-ukraina-mu-platila-500-000-dolari-za-potegot/ Како што потврдиле од украинските разузнавачки служби, Кузминов избегал со парите, но наместо да живее под радарот во Шпанија, сам ги донел убијците пред својата врата. Наводно, тој продолжил да одржува контакти со пријателите и семејството, а со неговото однесување често го привлекувал вниманието кон себе. Често го гледале како урла и се пијанчи, а наводно често пијан се фалел како им помогнал на Украинците. Меѓутоа, Русите му влегле во трага дури кога ја повикал поранешната девојка. Набрзо го пронашле, го застрелале со 12 истрели и го прегазиле со автомобил. Телото на Кузминов беше пронајдено минатиот вторник во гаража изрешетана со куршуми.

The post Дезертерот Кузминов се пијанчел и урлал по Шпанија, еве како го пронашле Русите appeared first on Република.

]]>
Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pilot-na-boing-upadot-vo-kontrola-na-letane-e-teroristichki-akt/ Sat, 06 Jan 2024 21:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=730547

Луѓето што работат во контролата на летање, дури и да имаат недоразбирања меѓу себе, не смеат да ги покажуваат додека се на работа, бидејќи работат во стерилна средина која се снима и аудио и визуелно, изјави за Телма Венко Биковски, капетан на „боинг 737“ и инструктор и испитувач.

Никој од надвор не смеел да присуствува во местото каде контролорите ја работеле својата работа – вели пилотот и додава дека тоа би било како куп бактерии и вируси да влезат во операциона сала додека се врши операција врз пациент.

Во моментот кога во М-НАВ се случил упадот, над небото имало 28 летови под нивна контрола.

Тоа е чист терористички акт, каде лица од надвор влегуваат таму каде што не им е местото и ја реметат работата. Доколку во право време не издадете правилна команда додека одговарате за животите на стотици луѓе, може да дојде до несреќа. Во авијацијата постои еден назив кој гласи „стерилитет“. Стерилен кокпит или стерилна соба. Од она што го работам, кога ќе тргнеме во снижување, во пилотската кабина е пропишано да мора да владее стерилна средина, значи не се разговараат приватни работи, туку сме насочени само на тоа што го работиме – додава Биковски.

На прашањето дали овој инцидент може да доведе до последици по довербата во македонската авијација и навигација, тој одговара потврдно.

The post Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт appeared first on Република.

]]>

Луѓето што работат во контролата на летање, дури и да имаат недоразбирања меѓу себе, не смеат да ги покажуваат додека се на работа, бидејќи работат во стерилна средина која се снима и аудио и визуелно, изјави за Телма Венко Биковски, капетан на „боинг 737“ и инструктор и испитувач.
Никој од надвор не смеел да присуствува во местото каде контролорите ја работеле својата работа – вели пилотот и додава дека тоа би било како куп бактерии и вируси да влезат во операциона сала додека се врши операција врз пациент.
Во моментот кога во М-НАВ се случил упадот, над небото имало 28 летови под нивна контрола.
Тоа е чист терористички акт, каде лица од надвор влегуваат таму каде што не им е местото и ја реметат работата. Доколку во право време не издадете правилна команда додека одговарате за животите на стотици луѓе, може да дојде до несреќа. Во авијацијата постои еден назив кој гласи „стерилитет“. Стерилен кокпит или стерилна соба. Од она што го работам, кога ќе тргнеме во снижување, во пилотската кабина е пропишано да мора да владее стерилна средина, значи не се разговараат приватни работи, туку сме насочени само на тоа што го работиме – додава Биковски.
На прашањето дали овој инцидент може да доведе до последици по довербата во македонската авијација и навигација, тој одговара потврдно.

The post Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт appeared first on Република.

]]>
Уапсен пилот на „Алјаска ерлајнс“ откако се обидел намерно да ги исклучи моторите на авионот во лет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-pilot-na-aljaska-erlajns-otkako-se-obidel-namerno-da-gi-iskluchi-motorite-na-avionot-vo-let/ Tue, 24 Oct 2023 12:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=694552

Пилот на авиокомпанијата „Алјаска ерлјанс“ кој не бил на должност, но седел на резервното седиште во пилотската кабина синоќа бил уапсен по основано сомнение обид за убиство, откако наводно се обидел да ја оневозможи работата на моторите за време на регионален лет, јавија дел од американските медиуми.

Летот 2059 на Алјаска, реализиран од „Хорајзон ер“ бил пренасочен за Портленд, Орегон, откако пилот кој не бил на должност „безуспешно се обидел да ја наруши работата на моторите“ за време на лет од Сиетл до Сан Франциско, јавија од компанијата.

Капетанот на Хорајзон и првиот офицер брзо реагирале и го осигурале авионот, енергијата во моторите не била запрена, укажаа од компанијата.

Џозеф. Д. Емерсон бил уапсен од полицијата во Портленд без инциденти веднаш откако авионот слетал. Претходно за време на летот, првиот офицер и капетанот го спровеле и го заклучиле во задниот дел на авионот.

Емерсон треба да се појави пред судија в среда. Адвокатот на пилотот не бил достапен за коментари, јавуваат американските медиуми.

Се дознава дека за време на летот тој се обидел да ги исклучи моторите на авионот преку системот за гасење пожар.

Тој систем се вклучува со рачка во форма на букавата Т. Ако рачката е целосно свртена, вентил во крилото на авионот го затвора притокот на гориво до моторот. Пилотите на Хорајзон реагирале брзо и ги ресетирале рачките.

Во авионот се наоѓале околу 80 патници и членови на екипажот.

Пилотот кој е во затвор, се соочува со обид за убиство под 83 точки, како и обвиненија за непромислено изложување на опасност и загрозување на воздухоплов, јавија од канцеларијата на шерифот на округот Мултноман.

Од авиокомпанијата укажаа дека Емерсон бил нивни капетан од 2019 година, но тој работел како пилот за неколку компании повеќе од 20 години и успешно ги добивал задолжителните медицински сертификати.

Од Федералната воздухопловна администрација во писмо до американските авиокомпании синоќа повикаа на зголемена будност кај авиопревозниците и екипажите и укажаа дека инцидентот „не е никако поврзан со тековните светски настани“

The post Уапсен пилот на „Алјаска ерлајнс“ откако се обидел намерно да ги исклучи моторите на авионот во лет appeared first on Република.

]]>

Пилот на авиокомпанијата „Алјаска ерлјанс“ кој не бил на должност, но седел на резервното седиште во пилотската кабина синоќа бил уапсен по основано сомнение обид за убиство, откако наводно се обидел да ја оневозможи работата на моторите за време на регионален лет, јавија дел од американските медиуми. Летот 2059 на Алјаска, реализиран од „Хорајзон ер“ бил пренасочен за Портленд, Орегон, откако пилот кој не бил на должност „безуспешно се обидел да ја наруши работата на моторите“ за време на лет од Сиетл до Сан Франциско, јавија од компанијата. Капетанот на Хорајзон и првиот офицер брзо реагирале и го осигурале авионот, енергијата во моторите не била запрена, укажаа од компанијата. Џозеф. Д. Емерсон бил уапсен од полицијата во Портленд без инциденти веднаш откако авионот слетал. Претходно за време на летот, првиот офицер и капетанот го спровеле и го заклучиле во задниот дел на авионот. Емерсон треба да се појави пред судија в среда. Адвокатот на пилотот не бил достапен за коментари, јавуваат американските медиуми. Се дознава дека за време на летот тој се обидел да ги исклучи моторите на авионот преку системот за гасење пожар.
Тој систем се вклучува со рачка во форма на букавата Т. Ако рачката е целосно свртена, вентил во крилото на авионот го затвора притокот на гориво до моторот. Пилотите на Хорајзон реагирале брзо и ги ресетирале рачките.
Во авионот се наоѓале околу 80 патници и членови на екипажот. Пилотот кој е во затвор, се соочува со обид за убиство под 83 точки, како и обвиненија за непромислено изложување на опасност и загрозување на воздухоплов, јавија од канцеларијата на шерифот на округот Мултноман. Од авиокомпанијата укажаа дека Емерсон бил нивни капетан од 2019 година, но тој работел како пилот за неколку компании повеќе од 20 години и успешно ги добивал задолжителните медицински сертификати. Од Федералната воздухопловна администрација во писмо до американските авиокомпании синоќа повикаа на зголемена будност кај авиопревозниците и екипажите и укажаа дека инцидентот „не е никако поврзан со тековните светски настани“

The post Уапсен пилот на „Алјаска ерлајнс“ откако се обидел намерно да ги исклучи моторите на авионот во лет appeared first on Република.

]]>
Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-teloto-na-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ Fri, 29 Sep 2023 10:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=686322

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.

Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

The post Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија. Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

The post Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>
Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион што се урна вчера https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-na-grchkiot-voen-avion-shto-se-urna-vchera/ Tue, 31 Jan 2023 09:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=602886

Потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што вчера се урна во Јонското море, траеше во текот на ноќта, а продолжува и денеска, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“.

Несреќата се случи вчера наутро, од засега непознати причини, а животот го загуби 29-годишниот копилот, чие тело беше пронајдено вчера.

Во потрагата по 31-годишниот пилот, според „ЕРТ“, во текот на ноќта учествувале еден авион Ц-130, хеликоптери Супер пума и С-70, како и пловни средства на грчката крајбрежна служба.

Авионот полетал во 10.15 часот од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, а се урнал 15 минути подоцна, 25 наутички милји јужно од аеродромот за време на едукативен лет.

The post Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион што се урна вчера appeared first on Република.

]]>

Потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што вчера се урна во Јонското море, траеше во текот на ноќта, а продолжува и денеска, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“. Несреќата се случи вчера наутро, од засега непознати причини, а животот го загуби 29-годишниот копилот, чие тело беше пронајдено вчера. Во потрагата по 31-годишниот пилот, според „ЕРТ“, во текот на ноќта учествувале еден авион Ц-130, хеликоптери Супер пума и С-70, како и пловни средства на грчката крајбрежна служба. Авионот полетал во 10.15 часот од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, а се урнал 15 минути подоцна, 25 наутички милји јужно од аеродромот за време на едукативен лет.

The post Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион што се урна вчера appeared first on Република.

]]>
Загинал пилот потполковник на украинското воздухопловство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaginal-pilot-potpolkovnik-na-ukrainskoto-vozduhoplovstvo/ Mon, 12 Dec 2022 22:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=584951

Украински извори јавуваат дека на 11 декември во областа на Артемовск (Бахмут) бил соборен ловец на украинските воздухопловни сили, пилотиран од воен пилот од втора класа, потполковник Максим Федоров.

Загинатиот украински пилот бил родум од Полтава и во последните години служел во 831-та тактичка авијациска бригада на украинските воздухопловни сили (лоцирана во Миргород).

The post Загинал пилот потполковник на украинското воздухопловство appeared first on Република.

]]>

Украински извори јавуваат дека на 11 декември во областа на Артемовск (Бахмут) бил соборен ловец на украинските воздухопловни сили, пилотиран од воен пилот од втора класа, потполковник Максим Федоров. Загинатиот украински пилот бил родум од Полтава и во последните години служел во 831-та тактичка авијациска бригада на украинските воздухопловни сили (лоцирана во Миргород).

The post Загинал пилот потполковник на украинското воздухопловство appeared first on Република.

]]>
Пилот и копилот се степале за време на лет на „Ер Франс“, стјуардесите ги разделувале, а летот продолжил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pilot-i-kopilot-se-stepale-za-vreme-na-let-na-er-frans-stjuardesite-gi-razdeluvale-a-letot-prodolzil/ Mon, 29 Aug 2022 08:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=545169

Двајца пилоти на „Ер Франс“ се суспендирани по физичка пресметка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави претставник на француската авиокомпанија.

Летот продолжи и авионот безбедно слета, а спорот не влијаеше на остатокот од летот - соопшти официјалниот претставник на компанијата, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата за безбедност.

Швајцарскиот весник „Трибјун“ објави дека пилотот и копилотот се скарале веднаш по полетувањето и се фатиле за јаките откако едниот очигледно го удрил другиот.

Кабинскиот екипаж интервенирал, а еден член на екипажот го поминал летот во кокпитот со пилотите, се вели во извештајот.

„Ер Франс“ соопшти дека спроведува безбедносна ревизија како одговор на инцидентот.

Авиокомпанијата соопшти дека нејзината флота реализира илјадници летови дневно, а во извештајот се наведени само четири такви безбедносни инциденти.

The post Пилот и копилот се степале за време на лет на „Ер Франс“, стјуардесите ги разделувале, а летот продолжил appeared first on Република.

]]>

Двајца пилоти на „Ер Франс“ се суспендирани по физичка пресметка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави претставник на француската авиокомпанија.
Летот продолжи и авионот безбедно слета, а спорот не влијаеше на остатокот од летот - соопшти официјалниот претставник на компанијата, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата за безбедност.
Швајцарскиот весник „Трибјун“ објави дека пилотот и копилотот се скарале веднаш по полетувањето и се фатиле за јаките откако едниот очигледно го удрил другиот. Кабинскиот екипаж интервенирал, а еден член на екипажот го поминал летот во кокпитот со пилотите, се вели во извештајот. „Ер Франс“ соопшти дека спроведува безбедносна ревизија како одговор на инцидентот. Авиокомпанијата соопшти дека нејзината флота реализира илјадници летови дневно, а во извештајот се наведени само четири такви безбедносни инциденти.

The post Пилот и копилот се степале за време на лет на „Ер Франс“, стјуардесите ги разделувале, а летот продолжил appeared first on Република.

]]>
Ја задавил додека спиела: Грчки пилот призна дека ја убил својата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ja-zadavil-dodeka-spiela-grchki-pilot-prizna-deka-ja-ubil-svojata-sopruga/ Tue, 17 May 2022 07:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=503189

Пилотот на хеликоптер од Грција е виновен за убиството на неговата сопруга Керолин Крауч, одлучи судот во Атина.

Гркот Бабис Анагностопулос (34) го призна убиството во јуни минатата година, само неколку недели откако телото на неговата сопруга беше пронајдено во неговата куќа на периферијата на Атина, пишува Би-Би-Си. Керолин имаше само 20 години.

Пилотот тврдел дека во неговата куќа се случила кражба и дека неговата сопруга била жртва на насилни провалници. Но, на мобилните телефони и паметниот часовник на парот се пронајдени докази кои ја побиваат приказната на пилотот.

Судот утврди дека убиството го извршил со умисла. Покрај сопругата, го убил и нивното куче.

Анагностопулос бил уапсен по комеморацијата за Керолин во близина на нејзината семејна куќа на егејскиот остров Алонисос. Иако Керолин е родена во Велика Британија, детството го поминала во Грција.

За време на комеморацијата, Анагностопулос ја прегрнал мајката на неговата покојна сопруга. Обвинителите рекоа дека Анагностопулос ја задавил Керолин додека таа спиела. Полицијата соопшти дека пилотот го признал убиството по осум часа испрашување.

Тој првично тврдел дека разбојниците влегле во нивната куќа и го врзале, но подоцна во полиција признал дека во последните месеци често се карал со сопругата. Паметниот часовник на 20-годишната девојка покажа дека нејзиното срце сè уште чукало во моментот кога Анагностопулос тврдеше дека е убиена од разбојници.

Мобилниот телефон на пилотот го покажал неговото движење кобниот ден и било докажано дека се движел низ куќата додека рекол дека е врзан. Дека неговата приказна била лажна покажало и времето кога биле отстранети картичките со податоци од безбедносната камера дома. И тоа било во спротивност со приказната на пилотот.

Судот допрва треба да донесе конечна пресуда и да соопшти каква казна ќе треба да одлежи пилотот.

The post Ја задавил додека спиела: Грчки пилот призна дека ја убил својата сопруга appeared first on Република.

]]>

Пилотот на хеликоптер од Грција е виновен за убиството на неговата сопруга Керолин Крауч, одлучи судот во Атина. Гркот Бабис Анагностопулос (34) го призна убиството во јуни минатата година, само неколку недели откако телото на неговата сопруга беше пронајдено во неговата куќа на периферијата на Атина, пишува Би-Би-Си. Керолин имаше само 20 години. Пилотот тврдел дека во неговата куќа се случила кражба и дека неговата сопруга била жртва на насилни провалници. Но, на мобилните телефони и паметниот часовник на парот се пронајдени докази кои ја побиваат приказната на пилотот. Судот утврди дека убиството го извршил со умисла. Покрај сопругата, го убил и нивното куче. Анагностопулос бил уапсен по комеморацијата за Керолин во близина на нејзината семејна куќа на егејскиот остров Алонисос. Иако Керолин е родена во Велика Британија, детството го поминала во Грција. За време на комеморацијата, Анагностопулос ја прегрнал мајката на неговата покојна сопруга. Обвинителите рекоа дека Анагностопулос ја задавил Керолин додека таа спиела. Полицијата соопшти дека пилотот го признал убиството по осум часа испрашување. Тој првично тврдел дека разбојниците влегле во нивната куќа и го врзале, но подоцна во полиција признал дека во последните месеци често се карал со сопругата. Паметниот часовник на 20-годишната девојка покажа дека нејзиното срце сè уште чукало во моментот кога Анагностопулос тврдеше дека е убиена од разбојници. Мобилниот телефон на пилотот го покажал неговото движење кобниот ден и било докажано дека се движел низ куќата додека рекол дека е врзан. Дека неговата приказна била лажна покажало и времето кога биле отстранети картичките со податоци од безбедносната камера дома. И тоа било во спротивност со приказната на пилотот. Судот допрва треба да донесе конечна пресуда и да соопшти каква казна ќе треба да одлежи пилотот.

The post Ја задавил додека спиела: Грчки пилот призна дека ја убил својата сопруга appeared first on Република.

]]>
Загинал еден од најодликуваните украински пилоти при изведување борбена задача https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaginal-eden-od-najodlikuvanite-ukrainski-piloti-pri-izveduvanje-borbena-zadacha/ Tue, 10 May 2022 13:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=500516

Украинската армија добила силен удар со загинувањето на полковникот Игор Беџај, кој беше еден од најодликуваните пилоти во украинските воздухопловни сили.

Поморски офицер, заменик командант на морнарицата за воздухопловство, полковник Игор Беџај, загина при извршување на задачата - соопшти директорот на фондацијата „Врати се жив“, Тарас Чмут.

Пилотот загинал при извршување на борбена мисија, како дел од екипажот на поморски хеликоптер, МИ-14.

Првично нема податоци на која локација на фронтот загинал полковникот Беџај.

The post Загинал еден од најодликуваните украински пилоти при изведување борбена задача appeared first on Република.

]]>

Украинската армија добила силен удар со загинувањето на полковникот Игор Беџај, кој беше еден од најодликуваните пилоти во украинските воздухопловни сили.
Поморски офицер, заменик командант на морнарицата за воздухопловство, полковник Игор Беџај, загина при извршување на задачата - соопшти директорот на фондацијата „Врати се жив“, Тарас Чмут.
Пилотот загинал при извршување на борбена мисија, како дел од екипажот на поморски хеликоптер, МИ-14. Првично нема податоци на која локација на фронтот загинал полковникот Беџај.

The post Загинал еден од најодликуваните украински пилоти при изведување борбена задача appeared first on Република.

]]>