Пилешко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pileshko/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 14:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пилешко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pileshko/ 32 32 Пилешко со компири и павлака https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pileshko-so-kompiri-i-pavlaka/ Thu, 30 Nov 2023 14:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=718061

По овој рецепт подгответе го највкусното пилешко од рерна.

СОСТОЈКИ:

5 компири

800 гр пилешко филе

2 јајца

200 мл павлака за готвење

150 гр тврдо сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите сварете ги, а месото исечкајте го на коцки, па пржете околу 10 минути. Зачинете со сол и бибер. Исечете ги компирите по желба, па ставете ги во тепсија и одозгора додајте го месото.

Изматете ги јајцата со павлаката за готвење и зачинете. Прелијте ги месото и компирот, па сето тоа посипете го со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.

The post Пилешко со компири и павлака appeared first on Република.

]]>

По овој рецепт подгответе го највкусното пилешко од рерна.

СОСТОЈКИ:

5 компири 800 гр пилешко филе 2 јајца 200 мл павлака за готвење 150 гр тврдо сирење НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите сварете ги, а месото исечкајте го на коцки, па пржете околу 10 минути. Зачинете со сол и бибер. Исечете ги компирите по желба, па ставете ги во тепсија и одозгора додајте го месото. Изматете ги јајцата со павлаката за готвење и зачинете. Прелијте ги месото и компирот, па сето тоа посипете го со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.    

The post Пилешко со компири и павлака appeared first on Република.

]]>
Во САД почнува продажба на пилешко од лабораторија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-pochnuva-prodazba-na-pileshko-od-laboratorija/ Fri, 18 Nov 2022 10:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=575308

По одлука на американската Администрација за храна и лекови, компанијата „Апсајд фудс“ (Upside Foods) наскоро ќе може да продава пилешко произведено од животински клетки и одгледувано во биореактори.

Остануваат само два помали регулаторни чекори пред месото произведено на овој начин, без убивање животни, да биде достапно за јавноста. Производните капацитети на „Апсајд фудс“ мора да бидат подложени на дополнителна проверка од Министерството за земјоделство, а крајниот производ ќе мора да има етикета за потврдена извршена проверка пред месото да излезе на пазарот. Ова месо засега и натаму ќе биде наменето за тесен круг ексклузивни ресторани во САД.

The post Во САД почнува продажба на пилешко од лабораторија appeared first on Република.

]]>

По одлука на американската Администрација за храна и лекови, компанијата „Апсајд фудс“ (Upside Foods) наскоро ќе може да продава пилешко произведено од животински клетки и одгледувано во биореактори. Остануваат само два помали регулаторни чекори пред месото произведено на овој начин, без убивање животни, да биде достапно за јавноста. Производните капацитети на „Апсајд фудс“ мора да бидат подложени на дополнителна проверка од Министерството за земјоделство, а крајниот производ ќе мора да има етикета за потврдена извршена проверка пред месото да излезе на пазарот. Ова месо засега и натаму ќе биде наменето за тесен круг ексклузивни ресторани во САД.

The post Во САД почнува продажба на пилешко од лабораторија appeared first on Република.

]]>
Владата на Србија ги „одмрзна“ цените на млекото: Нови цени на шеќерот и пилешкото https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-srbija-gi-odmrzna-cenite-na-mlekoto-novi-ceni-na-shekjerot-i-pileshkoto/ Fri, 30 Sep 2022 07:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=555848

Владата на Србија на денешната седница ја „одмрзна“ цената на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст, која до денеска беше ограничена на 128,99 динари.

Со новата уредба за цената на основните прехранбени производи, ќе се укине ценовното ограничување на UHT млекото со 2,8 отсто млечни масти, но маржата на целото UHT млеко ќе биде 10 отсто, дознава Euronews.rs.

До 31 октомври се продолжува и забраната за извоз на млеко. Новата највисока цена на кристалниот шеќер ќе биде 109,99 динари за килограм. Се менува и цената на свежото пилешко месо, па килограм во иднина ќе чини 319 динари.

Потврдено е дека регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати ќе се продолжи до 31 октомври, а одлуката за забрана за извоз на дизел ќе биде укината.

Да потсетиме, Владата на Србија со уредба од 6 септември ја пропиша максималната малопродажна цена на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст на 128,99 динари.

Со истиот пропис беше изменета и намалена максималната трговска маржа за сите видови UHT млеко од 12 на 5 отсто. Со истата одлука беше воведена и забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи до 30 септември.

The post Владата на Србија ги „одмрзна“ цените на млекото: Нови цени на шеќерот и пилешкото appeared first on Република.

]]>

Владата на Србија на денешната седница ја „одмрзна“ цената на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст, која до денеска беше ограничена на 128,99 динари. Со новата уредба за цената на основните прехранбени производи, ќе се укине ценовното ограничување на UHT млекото со 2,8 отсто млечни масти, но маржата на целото UHT млеко ќе биде 10 отсто, дознава Euronews.rs. До 31 октомври се продолжува и забраната за извоз на млеко. Новата највисока цена на кристалниот шеќер ќе биде 109,99 динари за килограм. Се менува и цената на свежото пилешко месо, па килограм во иднина ќе чини 319 динари. Потврдено е дека регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати ќе се продолжи до 31 октомври, а одлуката за забрана за извоз на дизел ќе биде укината. Да потсетиме, Владата на Србија со уредба од 6 септември ја пропиша максималната малопродажна цена на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст на 128,99 динари. Со истиот пропис беше изменета и намалена максималната трговска маржа за сите видови UHT млеко од 12 на 5 отсто. Со истата одлука беше воведена и забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи до 30 септември.  

The post Владата на Србија ги „одмрзна“ цените на млекото: Нови цени на шеќерот и пилешкото appeared first on Република.

]]>
Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум https://arhiva3.republika.mk/vesti/mnogu-sol-go-skratuva-zivotot-pechivata-konzerviraniot-zelenchuk-i-gotovite-pileshki-obroci-se-vinovnici-za-prekumerniot-vnes-na-natrium/ Mon, 29 Aug 2022 12:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=545262

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.

Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.

Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal).

Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот.

Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести.

Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.

Потребни се повеќе докази, особено од клиничките испитувања, пред јавноста да може да преземе какви било мерки. Сепак, нашите наоди се во согласност со претходните истражувања што постојано укажуваат дека високиот внес на сол е негативно поврзан со различни здравствени исходи како хипертензија и кардиоваскуларни болести, додаде д-р Чи.

Готовата и преработената храна често содржи сол за вкус или за конзервирање. Според Управата за храна и лекови на САД, на пр., повеќе од 70 отсто од солта што Американците ја внесуваат, е додадена сол во преработената храна.

Иако повеќето мои пациенти не додаваат сол во храната, не сфаќаат дека печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се меѓу најлошите виновници за прекумерниот внес на натриум, вели д-р Стивен Јурашек, од Харвард.

Карли Ноулс, регистрирана диететичарка, препорачува да се готви дома, каде што се има поголема контрола врз соленоста и подготовката на оброците, читањето состојки на купените производи, како и околу зачините со можност без сол. Според неа, така има поголема можност за подобро обработена и поздрава храна.

The post Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум appeared first on Република.

]]>

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.
Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.
Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal). Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот. Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести. Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.