пилешко месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pileshko-meso/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 20:23:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пилешко месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pileshko-meso/ 32 32 Пилешко месо на унгарски начин https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pileshko-meso-na-ungarski-nachin/ Mon, 30 Sep 2024 20:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=821183

Дознајте како Унгарците го приготвуваат пилешкото месо и уживајте во вкусот

Состојки:
1 кг пилешко месо
150-200 г димена сланина
2 главици кромид
2 моркова
3 пиперки
400-500 г домат
100 мл бело вино
200 мл вода
зачини (сол, сув зачин, лута или слатка зачинска пиперка, бибер)

Приготвување:
Наредете го пилешкото месо во сад, зачинете и втријте ги зачините во месото, па тргнете го на страна. Пропржете сланина, извадете ја од тавчето, па во истата маснотија пропржете кромид и морков и додајте сечкани пиперки и домат. Динстајте, па зачинете и додајте го пилешкото. Додајте бело вино и вода, па поклопете. Динстајте околу половина час и додајте ја сланината. Оставете да се крчка околу 10 минути, па додајте свеж магдонос.

The post Пилешко месо на унгарски начин appeared first on Република.

]]>

Дознајте како Унгарците го приготвуваат пилешкото месо и уживајте во вкусот Состојки: 1 кг пилешко месо 150-200 г димена сланина 2 главици кромид 2 моркова 3 пиперки 400-500 г домат 100 мл бело вино 200 мл вода зачини (сол, сув зачин, лута или слатка зачинска пиперка, бибер) Приготвување: Наредете го пилешкото месо во сад, зачинете и втријте ги зачините во месото, па тргнете го на страна. Пропржете сланина, извадете ја од тавчето, па во истата маснотија пропржете кромид и морков и додајте сечкани пиперки и домат. Динстајте, па зачинете и додајте го пилешкото. Додајте бело вино и вода, па поклопете. Динстајте околу половина час и додајте ја сланината. Оставете да се крчка околу 10 минути, па додајте свеж магдонос.

The post Пилешко месо на унгарски начин appeared first on Република.

]]>
Пилешко во рерна по врвен рецепт, отсега натаму ќе го подготвувате само на овој начин https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pileshko-vo-rerna-po-vrven-retsept-otsega-natamu-ke-go-podgotvuvate-samo-na-ovoj-nachin/ Sun, 02 Jun 2024 08:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=784031

Состојки:
1 голема пиле
100 мл мајонез
2 лажици пасирани домати
2 супени лажици гранули лук
малку пиперка
масло
сол

Подготовка:
Малку обработете го пилешкото со нож и пресечете го на половина од долната страна каде што е белото месо. Добро посолете го. Истурете мајонез во сад, додадете пасирани домати, бибер, чешниња лук, масло и измешајте сè. Пилешкото премачкајте го убаво од сите страни. Пилешкото најдобро се пече на решетка каде што може убаво да се исцеди.

Покријте со алуминиумска фолија и држете го целото време на печење. Се пече на 220 степени околу час и десет минути (1.15) додека убаво не порумени. Како прилог, можете да го користите она што го имате при рака или она што го сака вашето домаќинство.

The post Пилешко во рерна по врвен рецепт, отсега натаму ќе го подготвувате само на овој начин appeared first on Република.

]]>

Состојки: 1 голема пиле 100 мл мајонез 2 лажици пасирани домати 2 супени лажици гранули лук малку пиперка масло сол Подготовка: Малку обработете го пилешкото со нож и пресечете го на половина од долната страна каде што е белото месо. Добро посолете го. Истурете мајонез во сад, додадете пасирани домати, бибер, чешниња лук, масло и измешајте сè. Пилешкото премачкајте го убаво од сите страни. Пилешкото најдобро се пече на решетка каде што може убаво да се исцеди. Покријте со алуминиумска фолија и држете го целото време на печење. Се пече на 220 степени околу час и десет минути (1.15) додека убаво не порумени. Како прилог, можете да го користите она што го имате при рака или она што го сака вашето домаќинство.

The post Пилешко во рерна по врвен рецепт, отсега натаму ќе го подготвувате само на овој начин appeared first on Република.

]]>
Славески: Со илјада денари сега купуваме три, наместо четири килограми пилешко, затоа СДСМ да не се фали со просечната плата од 40 илјади денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-so-iljada-denari-sega-kupuvame-tri-namesto-chetiri-kilogrami-pileshko-zatoa-sdsm-da-ne-se-fali-so-prosechnata-plata-od-40-iljadi-denari/ Sat, 24 Feb 2024 17:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=747929

Професорот и познат економист Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е за фалење фактот што просечната плата достигнала 40.000 денари не значи ништо во поглед на фактот што драстично е намалена куповната моќ. Тој на социјалната мрежа Икс напиша дека СДСМ го урнисала денарот со огромна инфлација:

„СДСМ се фали дека со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40.000 денари. Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25%, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 г. со 1.000 денари сме можеле да купиме 4 килограми пилешко, во декември 2023 г. со истата илјадарка можевме да купиме само 3 кг пилешко. Ако, не дај Боже, СДСМ продолжи со истите политики, нé чека ова“, напиша Славески.

 

The post Славески: Со илјада денари сега купуваме три, наместо четири килограми пилешко, затоа СДСМ да не се фали со просечната плата од 40 илјади денари appeared first on Република.

]]>

Професорот и познат економист Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е за фалење фактот што просечната плата достигнала 40.000 денари не значи ништо во поглед на фактот што драстично е намалена куповната моќ. Тој на социјалната мрежа Икс напиша дека СДСМ го урнисала денарот со огромна инфлација:
„СДСМ се фали дека со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40.000 денари. Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25%, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 г. со 1.000 денари сме можеле да купиме 4 килограми пилешко, во декември 2023 г. со истата илјадарка можевме да купиме само 3 кг пилешко. Ако, не дај Боже, СДСМ продолжи со истите политики, нé чека ова“, напиша Славески.
 

The post Славески: Со илјада денари сега купуваме три, наместо четири килограми пилешко, затоа СДСМ да не се фали со просечната плата од 40 илјади денари appeared first on Република.

]]>
Најмалку 134 случаи на салмонел од пилешко месо од Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-134-sluchai-na-salmonel-od-pileshko-meso-od-polska/ Wed, 30 Aug 2023 17:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=677362

Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани помеѓу јануари и август 2023 година.

Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко.

Пред две недели, австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност помеѓу болестите на салмонела и пилешкото месо со потекло од Полска. Според ДПА, речиси сите оние кои се разболеле во Австрија, непосредно претходно јаделе пилешко. Понатамошните истраги открија дека сите погодени ресторани користеле пилешко за ражничи увезени од Полска.

The post Најмалку 134 случаи на салмонел од пилешко месо од Полска appeared first on Република.

]]>

Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани помеѓу јануари и август 2023 година. Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко. Пред две недели, австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност помеѓу болестите на салмонела и пилешкото месо со потекло од Полска. Според ДПА, речиси сите оние кои се разболеле во Австрија, непосредно претходно јаделе пилешко. Понатамошните истраги открија дека сите погодени ресторани користеле пилешко за ражничи увезени од Полска.

The post Најмалку 134 случаи на салмонел од пилешко месо од Полска appeared first on Република.

]]>
По Сингапур и САД одобруваат продажба на месо одгледувано во лабораторија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-singapur-i-sad-odobruvaat-prodazhba-na-meso-odgleduvano-vo-laboratorija/ Thu, 22 Jun 2023 08:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=653920

Соединетите Американски Држави се втората земја во светот, по Сингапур, која дозволи продажба на месо одгледано во лабораторија.

Две компании, Upside Foods и Good Meat, соопштија дека добиле конечно одобрение од американското Министерство за земјоделство за продажба на месо одгледано во лабораторија, што го отвора патот за првата продажба на производот во земјата.

Ова се првите компании кои го завршија процесот на одобрување за таканареченото култивирано месо, кое се добива од примерок од клетки од добиток кои потоа се хранат и одгледуваат во челични буриња. Управата за храна и лекови (ФДА) веќе утврдила дека храната е безбедна за консумирање.

„Ова одобрување суштински ќе го промени начинот на кој месото доаѓа на нашата трпеза“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на Upside Foods.

„Тоа е огромен чекор напред кон поодржлива иднина – онаа што го зачувува изборот и животот.“

The post По Сингапур и САД одобруваат продажба на месо одгледувано во лабораторија appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави се втората земја во светот, по Сингапур, која дозволи продажба на месо одгледано во лабораторија. Две компании, Upside Foods и Good Meat, соопштија дека добиле конечно одобрение од американското Министерство за земјоделство за продажба на месо одгледано во лабораторија, што го отвора патот за првата продажба на производот во земјата. Ова се првите компании кои го завршија процесот на одобрување за таканареченото култивирано месо, кое се добива од примерок од клетки од добиток кои потоа се хранат и одгледуваат во челични буриња. Управата за храна и лекови (ФДА) веќе утврдила дека храната е безбедна за консумирање.
„Ова одобрување суштински ќе го промени начинот на кој месото доаѓа на нашата трпеза“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на Upside Foods.
„Тоа е огромен чекор напред кон поодржлива иднина – онаа што го зачувува изборот и животот.“

The post По Сингапур и САД одобруваат продажба на месо одгледувано во лабораторија appeared first on Република.

]]>