пикадо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pikado/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 07:28:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пикадо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pikado/ 32 32 Герасимовски играше домино и пикадо со пензионерите од Капиштец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-igrashe-domino-i-pikado-so-penzionerite-od-kapishtets/ Thu, 30 Mar 2023 07:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=625320

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во посета на пензионерите од пензионерски клуб „Невена Георгиева Дуња“ близу Заводот за вработување во Капиштец. Оттаму ги потсети повозрасните жители на општината да не забораваат да аплицираат за бесплатните стоматолошки услуги, како и проектите „Нега на  стари лица во домашни услови“ каде пензионерите добиваат домашна нега од физиотерапевти, негуватели, социолози и психолози два дена во неделата и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“ наменет за лицата со Алцхајмер и деменција.

„Она што како општина го ветувавме и во предизборието се реализира. 90 домаќинства се посетуваат од страна на наши обучени тимови, физиотерапевти, социјални работници коишто им помагаат на нашите повозрасни сожители. Започна и проектот во кој наши тимови на луѓе ги посетуваат повозрасните лица од центар којшто се соочуваат со Алцхајмерова болест и деменција и им помагаат на семејствата“, рече Герасимовски пред пензионерите.

Општина Центар на барање на пензионерите отвори и три нови пензионерски клубови во населба Крњево и близу Универзалната сала. Дополнително во време на криза општината издвои 330.000 денари финансиска поддршка на повозрасните жители во социјален ризик. Општина Центар продолжува да вложува во проекти кои ги олеснуваат пензионерските денови и длабоката старост.

The post Герасимовски играше домино и пикадо со пензионерите од Капиштец appeared first on Република.

]]>

Награда на СП во пикадо половина милион фунти https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-na-sp-vo-pikado-polovina-milion-funti/ Wed, 04 Jan 2023 14:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=593644

Многумина веројатно не ни знаат дека пикадото не е само хоби за кафулиња и пабови, туку дека е сериозен, професионален спорт, но реакцијата на навивачите за време на финалето на Светското првенство е сосема нереална.

Англичанецот Мајкл Смит стана светски шампион во пикадо, откако го победи Мајкл ван Гервен од Холандија во финалето на Светското првенство.

Така Смит се искачи на врвот на ВТА-листата, но заработи и неверојатни 500.000 фунти, кои беа наменети за шампионот.

Поразениот Ван Гервен доби „само“ 200.000 фунти, а последната битка беше спектакуларна.

Смит победи со резултат 7:4, а се одигра и најдобрата „нога“ во историјата на овој спорт.

Новиот светски првак го заврши со најмал можен број фрлања, а пред него беше неговиот ривал.

Реакцијата на публиката е апсолутно неверојатна, па дури може да се каже дека на многу фудбалски стадиони ретко може да се види вакво нешто.

The post Награда на СП во пикадо половина милион фунти appeared first on Република.

]]>

Многумина веројатно не ни знаат дека пикадото не е само хоби за кафулиња и пабови, туку дека е сериозен, професионален спорт, но реакцијата на навивачите за време на финалето на Светското првенство е сосема нереална. Англичанецот Мајкл Смит стана светски шампион во пикадо, откако го победи Мајкл ван Гервен од Холандија во финалето на Светското првенство. Така Смит се искачи на врвот на ВТА-листата, но заработи и неверојатни 500.000 фунти, кои беа наменети за шампионот. Поразениот Ван Гервен доби „само“ 200.000 фунти, а последната битка беше спектакуларна. Смит победи со резултат 7:4, а се одигра и најдобрата „нога“ во историјата на овој спорт. Новиот светски првак го заврши со најмал можен број фрлања, а пред него беше неговиот ривал. Реакцијата на публиката е апсолутно неверојатна, па дури може да се каже дека на многу фудбалски стадиони ретко може да се види вакво нешто.

The post Награда на СП во пикадо половина милион фунти appeared first on Република.

]]>