пијано Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijano/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијано Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijano/ 32 32 Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/solistichki-kontsert-na-pijanistkata-duna-ivanova-vo-viena/ Tue, 18 Jun 2024 08:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=788606

Македонската пијанистка Дуња Иванова, овој понеделник, на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.

На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска.

Дуња Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска.

Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010).

Дуња Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Дуња Иванова, овој понеделник, на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена. На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска. Дуња Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска. Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010). Дуња Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>
Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-polskata-kultura-preku-zvutsite-na-pijano-i-flejta/ Sat, 15 Jun 2024 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=787743

„По патеката на полскиот соноризам“ е насловен концертот на пијанистката Емилиа Каролина Ситарз и флејтистката Ева Либшен преку кој вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе презентираат полски ремек дела од 20 и 21 век.

Покрај музичкиот настап, Центарот за култура соопшти дека двете уметници ќе одржат работилница и предавање во соработка со Средното музичко училиште од Струга.

Емилиа Каролина Ситарз е пијанист, уметнички директор на фестивалот Квадрофоник и серијата СРЦА - Концерти за истражување, едукатор. Иницијатор е на едукативната програма за деца со попреченост и од спектарот на аутизам, добитник на најважните полски културни награди, како што се Koryfeusz, Paszport Polityki, Fryderyk, Złota Płyta, Folkowy Fonogram Roku.

Со флејтистката Ева Либшен, таа формирала дуо што изведува современа музика. Во 2024 година, тие заеднички добија грант од Министерството за култура и национално наследство во категоријата „Промоција на полската култура во странство“.

Ева Либшен е една од водечките експоненти на современата флејта во Полска, која има изведено широк опсег на репертоар, вклучително и музика на врвната модерна техника на флејта. Фокусирана на камерна музика, таа се појави со многу групи и ансамбли специјализирани за нова музика. Изведува и промовира музика од бројни полски композитори, а многу од тие дела се нарачани и напишани за неа. сс/хс/

 

The post Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта appeared first on Република.

]]>

„По патеката на полскиот соноризам“ е насловен концертот на пијанистката Емилиа Каролина Ситарз и флејтистката Ева Либшен преку кој вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе презентираат полски ремек дела од 20 и 21 век. Покрај музичкиот настап, Центарот за култура соопшти дека двете уметници ќе одржат работилница и предавање во соработка со Средното музичко училиште од Струга. Емилиа Каролина Ситарз е пијанист, уметнички директор на фестивалот Квадрофоник и серијата СРЦА - Концерти за истражување, едукатор. Иницијатор е на едукативната програма за деца со попреченост и од спектарот на аутизам, добитник на најважните полски културни награди, како што се Koryfeusz, Paszport Polityki, Fryderyk, Złota Płyta, Folkowy Fonogram Roku. Со флејтистката Ева Либшен, таа формирала дуо што изведува современа музика. Во 2024 година, тие заеднички добија грант од Министерството за култура и национално наследство во категоријата „Промоција на полската култура во странство“. Ева Либшен е една од водечките експоненти на современата флејта во Полска, која има изведено широк опсег на репертоар, вклучително и музика на врвната модерна техника на флејта. Фокусирана на камерна музика, таа се појави со многу групи и ансамбли специјализирани за нова музика. Изведува и промовира музика од бројни полски композитори, а многу од тие дела се нарачани и напишани за неа. сс/хс/  

The post Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта appeared first on Република.

]]>
„Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-lira-kontsert-na-aleksandra-kotsevska-metsosopran-i-gligor-gelebeshev-pijano/ Tue, 24 Oct 2023 08:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=694074

Вторник, 24 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот

КОНЦЕРТ НА

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА - мецосопран
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ - пијано

За програмата
Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен - Санс и Саверио Маркаданте.

За уметниците
Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум.

Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

The post „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано appeared first on Република.

]]>

Вторник, 24 октомври Музеј на македонската борба, 20 часот КОНЦЕРТ НА АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА - мецосопран ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ - пијано За програмата Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен - Санс и Саверио Маркаданте. За уметниците Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум. Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

The post „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано appeared first on Република.

]]>
Концерт на Арсениј Ангелески на пијано во Музејот на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-arsenij-angeleski-na-pijano-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Fri, 21 Oct 2022 07:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=563877

Во сабота, 22 октомври, во Музеј на македонската борба во 20 часот ќе се одржи концерт на пијанистот Арсениј Ангелески, добитник на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“, во рамки на Фестивалот „Златна лира“.

Фестивалот „Златна лира“ традиционално секоја година својот концертен подиум го отстапува на младите музички надежи кои со својот талент, елен и посветеност кон изучувањето и изведбата на музичката уметност придонесуваат кон неопходниот развој и растеж на музичката сцена во нашата држава. Дополнително, СМУМ преку своите редовни активности уште повеќе ги мотивира и поттикнува младите музичари да работат на надградување на своите знаења и вештини во изведбата на музичката уметност.

Таква е и наградата која СМУМ ја доделува за најдобар музичар во рамките на годишниот натпревар „Охридски бисери“, која годинава му беше доделена на младиот талентиран пијанист, ученик во средното музичко училиште во Битола, Арсениј Ангелески. Оваа вечер, талентираниот млад пијанист ќе изведе рецитал со дела од Бетовен, Шопен, Лист и Скрјабин.

Арсениј Ангелески е роден во 2005 година во Прилеп каде го завршува нижото музичко образование во ООМУ „Ордан Михајлоски - Оцка“ (класа на Христина Никоска - Тасеска). Денес е ученик во трета година во Државното средно музичко училиште во Битола, во класата на проф. Татјана Божиновска.

Во својата досегашна едукација е добитник на повеќе од триесетина специјални и први награди на државни и меѓународни музички натпревари во нашата земја и надвор од нејзините граници (Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Хрватска). Во 2022 настапи како солист со оркестарот на Државното музичко училиште во Битола, по повод 75 годишнината од формирањето на ДМУ Битола.

Ангелески учествувал на повеќе семинари по пијано кај истакнати пијанисти и педагози, меѓу кои : Ана Гацева, Карл Андреас Коли (Швајцарија), Рустан Рахмедов (Турција), Катарина Крпан (Хрватска), Дино Имери. Во 2015 година учествуваше на летниот музички семинар во Врање, Србија под менторство на проф. Зоран Имшировиќ (Унгарија), Масако Сакаи (Јапонија). Во 2022 учествуваше на семинарот во Грожњан, Хрватска, под раководство на Катарина Крпан (Хрватска), Владимир Крпан (Хрватска), Драгомир Братиќ (Србија) и Даниел Ото (Хрватска).

Влезот на концертот е слободен.

The post Концерт на Арсениј Ангелески на пијано во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Во сабота, 22 октомври, во Музеј на македонската борба во 20 часот ќе се одржи концерт на пијанистот Арсениј Ангелески, добитник на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“, во рамки на Фестивалот „Златна лира“. Фестивалот „Златна лира“ традиционално секоја година својот концертен подиум го отстапува на младите музички надежи кои со својот талент, елен и посветеност кон изучувањето и изведбата на музичката уметност придонесуваат кон неопходниот развој и растеж на музичката сцена во нашата држава. Дополнително, СМУМ преку своите редовни активности уште повеќе ги мотивира и поттикнува младите музичари да работат на надградување на своите знаења и вештини во изведбата на музичката уметност. Таква е и наградата која СМУМ ја доделува за најдобар музичар во рамките на годишниот натпревар „Охридски бисери“, која годинава му беше доделена на младиот талентиран пијанист, ученик во средното музичко училиште во Битола, Арсениј Ангелески. Оваа вечер, талентираниот млад пијанист ќе изведе рецитал со дела од Бетовен, Шопен, Лист и Скрјабин. Арсениј Ангелески е роден во 2005 година во Прилеп каде го завршува нижото музичко образование во ООМУ „Ордан Михајлоски - Оцка“ (класа на Христина Никоска - Тасеска). Денес е ученик во трета година во Државното средно музичко училиште во Битола, во класата на проф. Татјана Божиновска. Во својата досегашна едукација е добитник на повеќе од триесетина специјални и први награди на државни и меѓународни музички натпревари во нашата земја и надвор од нејзините граници (Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Хрватска). Во 2022 настапи како солист со оркестарот на Државното музичко училиште во Битола, по повод 75 годишнината од формирањето на ДМУ Битола. Ангелески учествувал на повеќе семинари по пијано кај истакнати пијанисти и педагози, меѓу кои : Ана Гацева, Карл Андреас Коли (Швајцарија), Рустан Рахмедов (Турција), Катарина Крпан (Хрватска), Дино Имери. Во 2015 година учествуваше на летниот музички семинар во Врање, Србија под менторство на проф. Зоран Имшировиќ (Унгарија), Масако Сакаи (Јапонија). Во 2022 учествуваше на семинарот во Грожњан, Хрватска, под раководство на Катарина Крпан (Хрватска), Владимир Крпан (Хрватска), Драгомир Братиќ (Србија) и Даниел Ото (Хрватска). Влезот на концертот е слободен.

The post Концерт на Арсениј Ангелески на пијано во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>
Ема е целосно слепа, а од второ одделение свири пијано: Сега оваа 27-годишна девојка е вистински виртуоз со безброј настапи и концерти https://arhiva3.republika.mk/zivot/ema-e-celosno-slepa-a-od-vtoro-oddelenie-sviri-pijano-sega-ovaa-27-godishna-devojka-e-vistinski-virtuoz-so-bezbroj-nastapi-i-koncerti/ Tue, 11 Oct 2022 15:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=559741

Ема Ананиевска, е девојка која, иако целосно слепа, од второ одделение се дружи со пијаното. Од тогаш до денес, Ема е вистински виртуоз на овој инструмент, а кога таа свири, под нејзините прсти пијаното добива сосема нова смисла. 

Со вакви зборови, „Криејтив војс“ ја почнува сторијата за оваа, сега 27-годишна девојка, која и покрај физичкиот хендикеп и целосното слепило, не си дозволила да се откаже од својата искрена љубов кон пијаното.

Во второ одделение се запишав во музичко и на почетокот немав баш претстава што е тоа. Повеќе беше иницијатива на моите родители, бидејќи почувствувале дека имам некаков сенс, па ајде да видиме како ќе ми оди. Се сеќавам дека кога на тестирањето ме прашаа зошто се запишувам тука, им реков дека сакам да бидам пејачка, а не свирачка, хахаха… Потоа се одлучив за пијаното бидејќи беше единствениот инструмент за кој имав претстава како изгледа, но никогаш не се покајав за изборот - вели Ема за тоа како почнала „љубовна приказна“ меѓу неа и пијаното.

Таа не дозволила физичкото слепилото да и’ ги затвори внатрешните, очите на духот. Тој внатрешен вид и’ овозможил денес, на 27 години, да може да се пофали со хартија на која пишува „дипломиран пијанист“, но и со нешто за кое секоја хартија е скромна да го собере - безброј настапи и концерти, помеѓу кои и оној во Москва - една од престолнините помеѓу чии ѕидини низ вековите твореле некои од најголемите пијанисти.

Сепак, на патот кон овој успех не била поштедена од предизвици.

Во процесот на совладувањето на пијано техниката не сум имала проблеми, бидејќи тоа е нешто што или ќе го совладаш или нема, нема врска со видот. Сепак, најголемата пречка ми бил процесот на читање партитури, бидејќи немав соодветна литература ниту на Брајово писмо ниту, пак, некаков програм кој би ми олеснил, па моравме да плаќаме дополнителни часови. Особено на факултет, бидејќи и самата наставна програма беше многу пообемна.

 

Низ целото образование сум се соочувала со доста проблеми. Сепак, голем дел од наставниците и професорите сакале да помогнат и да излезат в пресрет. Имало и од оние другите, но не го сфаќам тоа лично, едноставно такви биле. Но, и што се однесува до оние кои сакале да помогнат, на кои им благодарам, сепак, таа помош не била доволна за едно дете со целосно оштетен вид.

 

Ова важи за сите видови попреченост - наставникот/професорот во редовно училиште не може доволно да му се посвети на тоа дете колку што му е потребно. Мене практично, образовни асистенти ми беа дома моите родители - учеа со мене, ми читаа, работев со нив и пишував домашни… Сметам дека во 21. век, за една развиена држава или држава која стреми кон тоа, вакво нешто е недозволиво. Не секој родител тоа може да си го дозволи, а и не е негова работа - вели Ема.

Таа вели дека тука има проблем во поставеноста на системот дури и кога се прават обиди да се помогне. Конкретно, Ема истакнува дека во државава не јасно определена разликата помеѓу образовните и личните асистенти, кои се лица кои треба да им помогнат на лицата со попреченост.

Личниот е пред се’ тука да му помогне на детето во однос на мобилност, социјализација, дружење итн., додека образовниот асистент мора да исполнува одредени критериуми и да има пред се’ соодветно образование. Исто така, мора да постојат и обуки за наставниот кадар кои нема да траат пет дена како што траат. Што се однесува до средношколците, сметам дека е страшно што средното образование е задолжително, а овие деца се оставени сами на себе – како што бев и јас. Нам ни беа потребни 20 години да се поместиме од мртва точка, а јас се надевам дека нема да ни требаат уште толку за работите да бидат решени до барем некое нормално, основно и културно ниво - вели Ема.

Повеќе на: „Криејтив војс“.

The post Ема е целосно слепа, а од второ одделение свири пијано: Сега оваа 27-годишна девојка е вистински виртуоз со безброј настапи и концерти appeared first on Република.

]]>

Ема Ананиевска, е девојка која, иако целосно слепа, од второ одделение се дружи со пијаното. Од тогаш до денес, Ема е вистински виртуоз на овој инструмент, а кога таа свири, под нејзините прсти пијаното добива сосема нова смисла. 
Со вакви зборови, „Криејтив војс“ ја почнува сторијата за оваа, сега 27-годишна девојка, која и покрај физичкиот хендикеп и целосното слепило, не си дозволила да се откаже од својата искрена љубов кон пијаното.
Во второ одделение се запишав во музичко и на почетокот немав баш претстава што е тоа. Повеќе беше иницијатива на моите родители, бидејќи почувствувале дека имам некаков сенс, па ајде да видиме како ќе ми оди. Се сеќавам дека кога на тестирањето ме прашаа зошто се запишувам тука, им реков дека сакам да бидам пејачка, а не свирачка, хахаха… Потоа се одлучив за пијаното бидејќи беше единствениот инструмент за кој имав претстава како изгледа, но никогаш не се покајав за изборот - вели Ема за тоа како почнала „љубовна приказна“ меѓу неа и пијаното.
Таа не дозволила физичкото слепилото да и’ ги затвори внатрешните, очите на духот. Тој внатрешен вид и’ овозможил денес, на 27 години, да може да се пофали со хартија на која пишува „дипломиран пијанист“, но и со нешто за кое секоја хартија е скромна да го собере - безброј настапи и концерти, помеѓу кои и оној во Москва - една од престолнините помеѓу чии ѕидини низ вековите твореле некои од најголемите пијанисти. Сепак, на патот кон овој успех не била поштедена од предизвици.
Во процесот на совладувањето на пијано техниката не сум имала проблеми, бидејќи тоа е нешто што или ќе го совладаш или нема, нема врска со видот. Сепак, најголемата пречка ми бил процесот на читање партитури, бидејќи немав соодветна литература ниту на Брајово писмо ниту, пак, некаков програм кој би ми олеснил, па моравме да плаќаме дополнителни часови. Особено на факултет, бидејќи и самата наставна програма беше многу пообемна.   Низ целото образование сум се соочувала со доста проблеми. Сепак, голем дел од наставниците и професорите сакале да помогнат и да излезат в пресрет. Имало и од оние другите, но не го сфаќам тоа лично, едноставно такви биле. Но, и што се однесува до оние кои сакале да помогнат, на кои им благодарам, сепак, таа помош не била доволна за едно дете со целосно оштетен вид.   Ова важи за сите видови попреченост - наставникот/професорот во редовно училиште не може доволно да му се посвети на тоа дете колку што му е потребно. Мене практично, образовни асистенти ми беа дома моите родители - учеа со мене, ми читаа, работев со нив и пишував домашни… Сметам дека во 21. век, за една развиена држава или држава која стреми кон тоа, вакво нешто е недозволиво. Не секој родител тоа може да си го дозволи, а и не е негова работа - вели Ема.
Таа вели дека тука има проблем во поставеноста на системот дури и кога се прават обиди да се помогне. Конкретно, Ема истакнува дека во државава не јасно определена разликата помеѓу образовните и личните асистенти, кои се лица кои треба да им помогнат на лицата со попреченост.
Личниот е пред се’ тука да му помогне на детето во однос на мобилност, социјализација, дружење итн., додека образовниот асистент мора да исполнува одредени критериуми и да има пред се’ соодветно образование. Исто така, мора да постојат и обуки за наставниот кадар кои нема да траат пет дена како што траат. Што се однесува до средношколците, сметам дека е страшно што средното образование е задолжително, а овие деца се оставени сами на себе – како што бев и јас. Нам ни беа потребни 20 години да се поместиме од мртва точка, а јас се надевам дека нема да ни требаат уште толку за работите да бидат решени до барем некое нормално, основно и културно ниво - вели Ема.
Повеќе на: „Криејтив војс“.

The post Ема е целосно слепа, а од второ одделение свири пијано: Сега оваа 27-годишна девојка е вистински виртуоз со безброј настапи и концерти appeared first on Република.

]]>
Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pijanistkata-mimoza-kjeka-objavi-album-so-dela-od-barber-bah-i-skrjabin/ Fri, 11 Mar 2022 16:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=471430

Новиот албум од класичната музика на пијанистиката Мимоза Ќека со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин  е веќе достапен за слушање на платформите Јутјуб, Спотифај, Епл музик, Дизери Амазон мјузик.

Албумот носи наслов „Non-Fungible Scriabin Barber Bach“ и е прва соло албумска објава на пијанистката. Тој обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа класична музика на 20-тиот век.

Во албумот се содржани две пијано-сонати и токата, а Сонатата оп. 26 од американскиот композитор Самуел Барбер е премиерно изведена и снимена на просторот на Република Македонија.

Мимоза Ќека почнува да учи пијано на петгодишна возраст, додипломските студии по пијано ги завршува во класата на проф. Тодор Светиев при Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност.

Настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Есенски Музички свечености, Денови на македонска музика, „Festival international de piano Jeunes Talents“ во Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика во Италија, Солеј – Фестивал на Франкофонијата во Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели во Париз, како и во склоп на концертната сезона на „Bristol Music Club“ во Обединето Кралство.

Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс.

Настапува и во камерни состави, со ансамблот „ConTempora“, дуо пијано, а остварува и пијано соработка. Мимоза Ќека е ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје како поканет уметник – стручњак од практика и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија.

The post Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин appeared first on Република.

]]>

Новиот албум од класичната музика на пијанистиката Мимоза Ќека со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин  е веќе достапен за слушање на платформите Јутјуб, Спотифај, Епл музик, Дизери Амазон мјузик. Албумот носи наслов „Non-Fungible Scriabin Barber Bach“ и е прва соло албумска објава на пијанистката. Тој обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа класична музика на 20-тиот век. Во албумот се содржани две пијано-сонати и токата, а Сонатата оп. 26 од американскиот композитор Самуел Барбер е премиерно изведена и снимена на просторот на Република Македонија. Мимоза Ќека почнува да учи пијано на петгодишна возраст, додипломските студии по пијано ги завршува во класата на проф. Тодор Светиев при Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност. Настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Есенски Музички свечености, Денови на македонска музика, „Festival international de piano Jeunes Talents“ во Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика во Италија, Солеј – Фестивал на Франкофонијата во Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели во Париз, како и во склоп на концертната сезона на „Bristol Music Club“ во Обединето Кралство. Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс. Настапува и во камерни состави, со ансамблот „ConTempora“, дуо пијано, а остварува и пијано соработка. Мимоза Ќека е ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје како поканет уметник – стручњак од практика и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија.

The post Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин appeared first on Република.

]]>