пијано дуо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijano-duo/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 08:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијано дуо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijano-duo/ 32 32 Koнцерт – Пијано дуо Мимоза Ќека и Јована Трајчева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-pijano-duo-mimoza-keka-i-jovana-trajcheva/ Sat, 02 Nov 2024 08:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=833377

Пијано дуото Мимоза Ќека и Јована Трајчева вечерва во 19:19 часот ќе одржат концерт во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Пијанистките ќе изведат дела од Астор Пјацола, Јоханес Брамс и Џорџ Гершвин.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева заедно настапуваат од 2018 година. Тие остваруваат успешни проекти како хуманитарниот концерт „Есенска бајка“ за СОС Детско Село, концертните турнеи „Пијанистички звуци“ и серијалот „Празнична рапсодија“ во Филхармонија. Во 2023 година настапија со концерт за две пијана „ФИДАН“ како дел од сезоната на Националната филхармонија.

Мимоза Ќека е македонска пијанистка со меѓународна кариера, посветена на класичната музика, предавањето и музичкото истражување. Нејзиниот репертоар вклучува дела од барок до современа музика, а во 2022 година го издала својот соло албум „Non-Fungible“ со дела од Бах, Скрјабин и Барбер. Во 2021 година Мимоза ја одбранила својата докторска дисертација на тема „Употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката изведба“, истражувајќи нови методи за анализа на музичките изведби што претставува значаен придонес во музичката наука. Студирала под водство на маестра Лилја Зилберштајн, со која го стекнала магистерскиот степен. Низ годините, таа настапувала на престижни фестивали како Охридско лето, Siena Summer Festival, Франкофонски Фестивал Солеј, Златна Лира, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, а под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го има изведено Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од К. Сен Санс. Концертирала и во градови ширум светот, меѓу кои Париз, Рим, Бристол, Милано, Прага, Трст, Сиена, Скопје, Њујорк и Истанбул. Нејзиното учество во проектот TEME и усовршувањето на Академијата „Киџана“ во Сиена, Италија, дополнително ја збогатиле нејзината кариера.

Јована Трајчева започнала со музичко образование на седумгодишна возраст во класата на проф. Кармен Костова, а го завршила во класата на реномираниот руски педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2015 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, а во 2017 година го стекнала магистерскиот степен по музичка интерпретација со истата професорка. Јована успешно настапува на фестивали како Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva и Есенски Музички Свечености, а остварува и солистички концерти во македонските градови Скопје, Охрид и Тетово. Особено значаен е нејзиниот рецитал во црквата „Св. Софија“ во Охрид во 2017 година. Надвор од Македонија, Јована настапува во Рим, Ибица, Милано и во Cite des Arts во Париз, а има соработувано и со Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Од 2015 година, Јована е активно вклучена во педагогијата, работејќи како професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. 

The post Koнцерт – Пијано дуо Мимоза Ќека и Јована Трајчева appeared first on Република.

]]>

Концерт на пијано дуо на „Денови на македонска музика” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijano-duo-na-denovi-na-makedonska-muzika/ Sun, 15 Sep 2024 18:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=816588

Во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика”, кој со есенското издание продолжува традицијата што успешно се воспоставува во последните години, СОКОМ го најавува концертот на пијано дуото во вторник во 20 часот во состав Јасмина Трајческа (Македонија) и Ловорка Немеш Дулар (Словенија), пренесува „Плусинфо“.

На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022).

Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори.

Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика”, е слободен.

The post Концерт на пијано дуо на „Денови на македонска музика” appeared first on Република.

]]>

Во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика”, кој со есенското издание продолжува традицијата што успешно се воспоставува во последните години, СОКОМ го најавува концертот на пијано дуото во вторник во 20 часот во состав Јасмина Трајческа (Македонија) и Ловорка Немеш Дулар (Словенија), пренесува „Плусинфо“. На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022). Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори. Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика”, е слободен.

The post Концерт на пијано дуо на „Денови на македонска музика” appeared first on Република.

]]>
Пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pijano-duoto-dezombre-lekler-vo-ramki-na-frantsuskata-vecher-na-ohridsko-leto/ Thu, 03 Aug 2023 08:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=668157

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер.

Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба.

Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре е посветена и на педагогијата и е носител на Државна диплома за педагошка работа по пијано со деца.

Леклер учел пијано со Катрин Колард пред да започне да студира на Парискиот конзерваториум каде се здобива со дипломи по пијано, музичка анализа и камерна музика. Солистичката кариера го носи во 43 земји во светот низ кои  настапува со оркестри како „Камерата“ при Берлинската филхармонија, Оркестарот на Чешкото радио, Националниот оркестар на Тајланд, солистите на Парискиот оркестар, квартетот „Талих“ и гудачкиот квинтет на Берлинската филхармонија.

Тој е член на Здружението на автори во Франција и како дел од него продуцира повеќе проекти кои за своја инспирација имаат историски настани како на пример: егзилот на Наполеон на островот Света Елена или Големата војна во кои соработува со актерот Франсис Устер, или пак Бахманија, Бетовенманија и Дебисиманија за две пијана заедно со Жан-Франсоа Цигел.

Леклер е професор по пијано на Градскиот конзерваториум во Париз, а истовремено е и уметнички раководител на Фестивалот за класична музика „Нансифонија“ во градот Нанси, како и на меѓународните академии во Париз.

На прогрмата на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот се дела на Форе, Дебиси, Равел, Леклер, Пуланк.

The post Пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер.
Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба.
Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре е посветена и на педагогијата и е носител на Државна диплома за педагошка работа по пијано со деца. Леклер учел пијано со Катрин Колард пред да започне да студира на Парискиот конзерваториум каде се здобива со дипломи по пијано, музичка анализа и камерна музика. Солистичката кариера го носи во 43 земји во светот низ кои  настапува со оркестри како „Камерата“ при Берлинската филхармонија, Оркестарот на Чешкото радио, Националниот оркестар на Тајланд, солистите на Парискиот оркестар, квартетот „Талих“ и гудачкиот квинтет на Берлинската филхармонија.
Тој е член на Здружението на автори во Франција и како дел од него продуцира повеќе проекти кои за своја инспирација имаат историски настани како на пример: егзилот на Наполеон на островот Света Елена или Големата војна во кои соработува со актерот Франсис Устер, или пак Бахманија, Бетовенманија и Дебисиманија за две пијана заедно со Жан-Франсоа Цигел. Леклер е професор по пијано на Градскиот конзерваториум во Париз, а истовремено е и уметнички раководител на Фестивалот за класична музика „Нансифонија“ во градот Нанси, како и на меѓународните академии во Париз. На прогрмата на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот се дела на Форе, Дебиси, Равел, Леклер, Пуланк.

The post Пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
„Празнична рапсодија 3“- новогодишен концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praznichna-rapsodija-3-novogodishen-koncert-na-pijano-duo-mimoza-i-jovana/ Sat, 17 Dec 2022 07:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=586728

Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишниот концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована – „Празнична рапсодија 3“.

Како што е најавено, пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар.

Инаку, Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија.

The post „Празнична рапсодија 3“- новогодишен концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована appeared first on Република.

]]>

Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишниот концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована – „Празнична рапсодија 3“. Како што е најавено, пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар. Инаку, Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија.  

The post „Празнична рапсодија 3“- новогодишен концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована appeared first on Република.

]]>