пијани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijani/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 17:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijani/ 32 32 МВР со детали: Малолетниците раскажале за алкохолот, лековите и повредите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-maloletnitsite-raskazhale-za-alkoholot-lekovite-i-povredite/ Sat, 13 Jul 2024 17:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=796474

СВР Скопје целосно го расчисти кривично правниот настан од вчера (12.07.2024) кога во куќа во Скопје беа пронајдени четири малолетни лица, од кои две во бессознание, кои со возило на Итна медицинска помош веднаш беа пренесени на Клиниката за токсикологија.

Од страна на полициски службеници на СВР Скопје веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба.

Притоа, од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење.

Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта на 11.07.2024, пристигнале на наведената адреса, во куќа во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а куќата е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.

Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти.

Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале, и при тоа се здобиле со повреди.

Д.Ѓ. е лишен од слобода и со него е извршен разговор во кој ги потврди исказите од малолетните лица.

Од страна на полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје, против Д.Ѓ. е поднесена кривична пријава во брза постапка, за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ по чл.217 ст.1, а во врска со кривично дело “производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст.1 од КЗ.

Д.Ѓ. (1984) е изведен пред Судија на претходна постапка.

The post МВР со детали: Малолетниците раскажале за алкохолот, лековите и повредите appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје целосно го расчисти кривично правниот настан од вчера (12.07.2024) кога во куќа во Скопје беа пронајдени четири малолетни лица, од кои две во бессознание, кои со возило на Итна медицинска помош веднаш беа пренесени на Клиниката за токсикологија. Од страна на полициски службеници на СВР Скопје веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба. Притоа, од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење. Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта на 11.07.2024, пристигнале на наведената адреса, во куќа во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а куќата е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот. Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти. Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале, и при тоа се здобиле со повреди. Д.Ѓ. е лишен од слобода и со него е извршен разговор во кој ги потврди исказите од малолетните лица. Од страна на полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје, против Д.Ѓ. е поднесена кривична пријава во брза постапка, за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ по чл.217 ст.1, а во врска со кривично дело “производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст.1 од КЗ. Д.Ѓ. (1984) е изведен пред Судија на претходна постапка.

The post МВР со детали: Малолетниците раскажале за алкохолот, лековите и повредите appeared first on Република.

]]>
Родители се јавувале на Брза помош како да постапуваат со децата кои им биле пијани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/roditeli-se-javuvale-na-brza-pomosh-kako-da-postapuvaat-so-detsata-koi-im-bile-pijani/ Sun, 01 Jan 2023 11:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=592487

Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќе имала 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, изјави за МИА Милица Бубало, раководителка на Службата за итна помош.

Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирале и за шест сообраќајки.

Родителите кои се се обратиле во Службата за итна помош за деца во алкохолизирана состојба добиле совети.

 

The post Родители се јавувале на Брза помош како да постапуваат со децата кои им биле пијани appeared first on Република.

]]>

Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќе имала 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, изјави за МИА Милица Бубало, раководителка на Службата за итна помош. Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирале и за шест сообраќајки. Родителите кои се се обратиле во Службата за итна помош за деца во алкохолизирана состојба добиле совети.  

The post Родители се јавувале на Брза помош како да постапуваат со децата кои им биле пијани appeared first on Република.

]]>
МВР: 11 возачи управувале возило под дејство на алкохол на територија на СВР Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-11-vozachi-upravuvale-vozilo-pod-dejstvo-na-alkohol-na-teritorija-na-svr-bitola/ Sun, 23 Jan 2022 09:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=448287

Полициски службеници од СВР Битола на (22/23.01.2022) од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

The post МВР: 11 возачи управувале возило под дејство на алкохол на територија на СВР Битола appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Битола на (22/23.01.2022) од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

The post МВР: 11 возачи управувале возило под дејство на алкохол на територија на СВР Битола appeared first on Република.

]]>
Во Скопје 47 казни за брзо возење, низ државата казнети 106 пијани возачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-skopje-47-kazni-za-brzo-vozenje-niz-drzavata-kazneti-106-pijani-vozachi/ Sun, 09 Jan 2022 09:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=442114

Полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 141 мерка, меѓу кои 47 се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 за возење без возачка дозвола, а шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Исто така, изречени се девет мерки за возење под дејство на алкохол, шест за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикл, како и четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Како што информира МВР, изминатата вечер (08/09.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, при што казнети се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола, 19 на територијата на СВР Охрид, 15 на територија на СВР Штип...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

The post Во Скопје 47 казни за брзо возење, низ државата казнети 106 пијани возачи appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 141 мерка, меѓу кои 47 се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 за возење без возачка дозвола, а шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. Исто така, изречени се девет мерки за возење под дејство на алкохол, шест за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикл, како и четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Како што информира МВР, изминатата вечер (08/09.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, при што казнети се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола, 19 на територијата на СВР Охрид, 15 на територија на СВР Штип... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

The post Во Скопје 47 казни за брзо возење, низ државата казнети 106 пијани возачи appeared first on Република.

]]>