пијан возач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijan-vozach/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 14:07:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијан возач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pijan-vozach/ 32 32 Маж од Лесковац возел со 4,05 промили алкохол во крвта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazh-od-leskovats-vozel-so-4-05-promili-alkohol-vo-krvta/ Tue, 05 Nov 2024 14:07:23 +0000 https://republika.mk/?p=834407

46-годишен маж од Лесковац е исклучен од сообраќај кога било утврдено дека имал дури 4,05 промили алкохол во телото додека седел зад воланот на „пежо“.

Од полицијата во Лесковац наведуваат дека со тестирање му го утврдиле нивото на алкохол во крвта и затоа го исклучиле 46-годишникот од сообраќај, пренесуваат „Јужне вести“.

Возачот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

 

The post Маж од Лесковац возел со 4,05 промили алкохол во крвта appeared first on Република.

]]>

46-годишен маж од Лесковац е исклучен од сообраќај кога било утврдено дека имал дури 4,05 промили алкохол во телото додека седел зад воланот на „пежо“.

Од полицијата во Лесковац наведуваат дека со тестирање му го утврдиле нивото на алкохол во крвта и затоа го исклучиле 46-годишникот од сообраќај, пренесуваат „Јужне вести“.

Возачот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

 

The post Маж од Лесковац возел со 4,05 промили алкохол во крвта appeared first on Република.

]]>
Пијан возач во Петровец фатен со 3,7 промили алкохол во крвта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pijan-vozach-vo-petrovets-faten-so-3-7-promili-alkohol-vo-krvta/ Sun, 14 Jan 2024 13:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=732904

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спровела акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје при што вкупно се санкционирани 19 возачи.

Кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи известува дека продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци.

The post Пијан возач во Петровец фатен со 3,7 промили алкохол во крвта appeared first on Република.

]]>

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спровела акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје при што вкупно се санкционирани 19 возачи. Кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи известува дека продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци.

The post Пијан возач во Петровец фатен со 3,7 промили алкохол во крвта appeared first on Република.

]]>
45-годишник со 3.53 промили алкохол се онесвестил на лентата за престигнување на автопатот Гевгелија – Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/45-godishnik-so-3-53-promili-alkohol-se-onesvestil-na-lentata-za-prestignuvane-na-avtopatot-gevgelija-demir-kapija/ Tue, 31 Oct 2023 12:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=696672

Четириесет и пет годишен валандовчанец синоќа бил уапсен откако со автомобил застанал на лента за престигнување на автопатот Гевгелија – Демир Капија. Тој бил во неконтактибилна состојба, а Итната медицинска помош констатирала дека имал 3.53 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

На 30 октомври, во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот, велат од полицијата.

Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post 45-годишник со 3.53 промили алкохол се онесвестил на лентата за престигнување на автопатот Гевгелија – Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Четириесет и пет годишен валандовчанец синоќа бил уапсен откако со автомобил застанал на лента за престигнување на автопатот Гевгелија – Демир Капија. Тој бил во неконтактибилна состојба, а Итната медицинска помош констатирала дека имал 3.53 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
На 30 октомври, во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот, велат од полицијата.
Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post 45-годишник со 3.53 промили алкохол се онесвестил на лентата за престигнување на автопатот Гевгелија – Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Загина неколку моменти по оваа фотографија, зетот се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zagina-nekolku-momenti-po-ovaa-fotografija-zetot-se-bori-za-zhivot/ Tue, 02 May 2023 08:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=635963

Само неколку моменти по свадбената церемонија, невеста загина во судир на автомобил управуван од пијана возачка и возило за голф. Несреќата се случила на пат во Јужна Каролина додека таа и нејзиниот сопруг го напуштале местото каде што го кажале судбоносното „да“, објавија властите во понеделникот, пишува The Guardian.

Загина Саманта Милер (34) од Шарлот, Северна Каролина, а уште тројца во возилото се тешко повредени, меѓу кои и нејзиниот сопруг Арик Хачинсон, кој се наоѓа во критична состојба во болница. Мајката на младоженецот, Анет Хачинсон, апелира за помош преку GoFundMe за да собере пари за погребот на нејзината снаа и за медицинските сметки на нејзиниот син.

Во огласот е објавена фотографија на која младенците трчаат под прскалките непосредно пред несреќата во која нивната кола за голф се преврте неколку пати. Покрај таа фотографија, таа објави и фотографија од нејзиниот син кој во болница закрепнува од повреда на мозокот и бројни скршеници.

Податоците од автомобилот кој осомничената Џејми Ли Комороски го изнајмила, покажуваат дека таа возела 105 км/ч, и покрај ограничувањето на островот од 40 км/ч, и само кратко закочила пред да удри во колата за голф околу 22 часот во Фоли Бич, велат истражителите. Возилото голф имало запалени светла и дозвола да се управува и ноќе.

Комороски (25) доби кривична пријава за убиство од невнимание и уште три други обвиненија за возење под дејство на алкохол. Таа остана во притвор во затворот во Чарлстон во понеделникот попладне и се соочува со затворска казна до 25 години.

The post Загина неколку моменти по оваа фотографија, зетот се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Само неколку моменти по свадбената церемонија, невеста загина во судир на автомобил управуван од пијана возачка и возило за голф. Несреќата се случила на пат во Јужна Каролина додека таа и нејзиниот сопруг го напуштале местото каде што го кажале судбоносното „да“, објавија властите во понеделникот, пишува The Guardian. Загина Саманта Милер (34) од Шарлот, Северна Каролина, а уште тројца во возилото се тешко повредени, меѓу кои и нејзиниот сопруг Арик Хачинсон, кој се наоѓа во критична состојба во болница. Мајката на младоженецот, Анет Хачинсон, апелира за помош преку GoFundMe за да собере пари за погребот на нејзината снаа и за медицинските сметки на нејзиниот син. Во огласот е објавена фотографија на која младенците трчаат под прскалките непосредно пред несреќата во која нивната кола за голф се преврте неколку пати. Покрај таа фотографија, таа објави и фотографија од нејзиниот син кој во болница закрепнува од повреда на мозокот и бројни скршеници. Податоците од автомобилот кој осомничената Џејми Ли Комороски го изнајмила, покажуваат дека таа возела 105 км/ч, и покрај ограничувањето на островот од 40 км/ч, и само кратко закочила пред да удри во колата за голф околу 22 часот во Фоли Бич, велат истражителите. Возилото голф имало запалени светла и дозвола да се управува и ноќе. Комороски (25) доби кривична пријава за убиство од невнимание и уште три други обвиненија за возење под дејство на алкохол. Таа остана во притвор во затворот во Чарлстон во понеделникот попладне и се соочува со затворска казна до 25 години.

The post Загина неколку моменти по оваа фотографија, зетот се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Имал пиено, па возел на средината на патот: Обвинение против возач за судирот на Ѓавато https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/imal-pieno-pa-vozel-na-sredinata-na-patot-obvinenie-protiv-vozach-za-sudirot-na-gavato/ Mon, 24 Apr 2023 17:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=633692

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопштија оттаму, во врска со тешката сообраќајка кај Ѓавато во која загина 57-годишна жена возач.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-teshka-nesreka-kaj-gavato-zagina-zhena/

Осомничениот, на 23 април, како учесник во сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, управувал автомобил „Mерцедес“ со ресенски регистарски таблички во насока од Битола кон Ресен. Но, притоа не се придржувал кон одредбите за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возилото го управувал со недозволено количество на алкохол од 0,67 промили алкохол во крвта. Освен ова, тој не го држел автомобилот во движење блиску до десниот раб на коловозот.

 

Кога дошол на критичното место, на околу 700 метри од местото викано „Кај чешмите“, со возилото преминал преку надолжната средишна неиспрекината линија на левата коловозна лента, гледано во насока на неговото движење. Во таа коловозна лента во спротивна насока, движејќи се од Ресен кон Битола, наидувало возило „Сеат Ароса“ со ресенски регистарски таблички во кое имало две лица.

 

При судар на двете возила оштетената – возач на автомобилот „Сеат Ароса“ се здобила со тешка телесна повреда од која веднаш починала, додека нејзиниот совозач се здобил со телесна повреда, се вели во соопштението на ОЈО Битола.

Надлежниот јавен обвинител уште при извршениот увид на лице место даде наредба за обдукција на телото на починатата и други наредби потребни за обезбедување на трагите и доказите.

Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците и можност да го повтори кривичното дело.

The post Имал пиено, па возел на средината на патот: Обвинение против возач за судирот на Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопштија оттаму, во врска со тешката сообраќајка кај Ѓавато во која загина 57-годишна жена возач. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-teshka-nesreka-kaj-gavato-zagina-zhena/
Осомничениот, на 23 април, како учесник во сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, управувал автомобил „Mерцедес“ со ресенски регистарски таблички во насока од Битола кон Ресен. Но, притоа не се придржувал кон одредбите за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возилото го управувал со недозволено количество на алкохол од 0,67 промили алкохол во крвта. Освен ова, тој не го држел автомобилот во движење блиску до десниот раб на коловозот.   Кога дошол на критичното место, на околу 700 метри од местото викано „Кај чешмите“, со возилото преминал преку надолжната средишна неиспрекината линија на левата коловозна лента, гледано во насока на неговото движење. Во таа коловозна лента во спротивна насока, движејќи се од Ресен кон Битола, наидувало возило „Сеат Ароса“ со ресенски регистарски таблички во кое имало две лица.   При судар на двете возила оштетената – возач на автомобилот „Сеат Ароса“ се здобила со тешка телесна повреда од која веднаш починала, додека нејзиниот совозач се здобил со телесна повреда, се вели во соопштението на ОЈО Битола.
Надлежниот јавен обвинител уште при извршениот увид на лице место даде наредба за обдукција на телото на починатата и други наредби потребни за обезбедување на трагите и доказите. Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците и можност да го повтори кривичното дело.

The post Имал пиено, па возел на средината на патот: Обвинение против возач за судирот на Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Над 500 пијани возачи во Тетовско во само една година https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nad-500-pijani-vozachi-vo-tetovsko-vo-samo-edna-godina/ Fri, 20 Jan 2023 10:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=599036

Полициски службеници на СВР Тетово во текот на минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно санкционирале 505 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол или 37 повеќе во споредба со претходната година.

Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, во кои се предвидени парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираноста.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува и им укажува на возачите да се воздржат од консумирање алкохолни пијалаци доколку планираат да управуваат моторни возила или ако веќе консумирале да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на младите и недоволно искусни возачи-почетници, но и воопшто. Лани поради вакви или други пропусти и недостатоци биле исклучени и 453 возачи- почетници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Глобата за оние кои одбиле да се алкотестираат изнесува 500 евра во денарска противвредност.

The post Над 500 пијани возачи во Тетовско во само една година appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово во текот на минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно санкционирале 505 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол или 37 повеќе во споредба со претходната година. Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, во кои се предвидени парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираноста.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува и им укажува на возачите да се воздржат од консумирање алкохолни пијалаци доколку планираат да управуваат моторни возила или ако веќе консумирале да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на младите и недоволно искусни возачи-почетници, но и воопшто. Лани поради вакви или други пропусти и недостатоци биле исклучени и 453 возачи- почетници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Глобата за оние кои одбиле да се алкотестираат изнесува 500 евра во денарска противвредност.

The post Над 500 пијани возачи во Тетовско во само една година appeared first on Република.

]]>
Оваа пијана будала возела низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ovaa-pijana-budala-vozela-niz-skopje/ Sun, 09 Oct 2022 17:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=559146

Санкциониран возач со 4.14 промили алкохол.

Во текот на викендот (08/09.10.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата на еден од санкционираните возачи во општина Илинден му биле измерени 4.14 промили алкохол во организмот.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

The post Оваа пијана будала возела низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Санкциониран возач со 4.14 промили алкохол. Во текот на викендот (08/09.10.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата на еден од санкционираните возачи во општина Илинден му биле измерени 4.14 промили алкохол во организмот. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

The post Оваа пијана будала возела низ Скопје appeared first on Република.

]]>