пиење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pienje/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 20:47:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pienje/ 32 32 Правилно подгответе се за пиење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pravilno-podgotvete-se-za-piene/ Sun, 31 Dec 2023 12:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=728166

За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија.

1. Морате да ги знаете своите граници

Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но, добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со консумирањето алкохол и пробајте што помалку и побавно да пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлакот.

2. Немојте да пиете на празен желудник

Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно – убиствен мамурлак. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво јадете нешто. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи дејствувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави дејствувањето на пијанство.

3. Немојте да мешате алкохолни пијалаци

Мешањето различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид пијалак цела ноќ, наместо да пиете сѐ што ќе ви дојде при рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте сѐ што содржи меурчиња, како различни вина кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалаци.

4. Пијте вода

Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро дејствува на желудникот и го ублажува дејствувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и по пијанството.

5. Јадете

На забавата сигурно ќе има некоја храна, па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибира алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и кикиритки, пуканки или чипс.

Ако по лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените по целовечерната забава.

 

The post Правилно подгответе се за пиење appeared first on Република.

]]>

За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија. 1. Морате да ги знаете своите граници Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но, добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со консумирањето алкохол и пробајте што помалку и побавно да пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлакот. 2. Немојте да пиете на празен желудник Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно – убиствен мамурлак. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво јадете нешто. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи дејствувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави дејствувањето на пијанство. 3. Немојте да мешате алкохолни пијалаци Мешањето различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид пијалак цела ноќ, наместо да пиете сѐ што ќе ви дојде при рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте сѐ што содржи меурчиња, како различни вина кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалаци. 4. Пијте вода Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро дејствува на желудникот и го ублажува дејствувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и по пијанството. 5. Јадете На забавата сигурно ќе има некоја храна, па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибира алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и кикиритки, пуканки или чипс. Ако по лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените по целовечерната забава.  

The post Правилно подгответе се за пиење appeared first on Република.

]]>
Сега и научно докажано: Ако таткото пие алкохол непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштети на бебето https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/sega-i-nauchno-dokazhano-ako-tatkoto-pie-alkohol-neposredno-pred-zachnuvaneto-mozhe-seriozno-da-mu-nashteti-na-bebeto/ Sat, 18 Nov 2023 10:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=702808

Навиките за обилно пиење алкохол кај таткото непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштетат на бебето, посочува ново научно истражување на Универзитетот „А енд М“ во Тексас.

Aмериканските научници откриле дека обилното пиење алкохол во месеците пред зачнувањето може да влијае на очите, главата, устата и вилицата на бебето. Причината за тоа е можниот синдром наречен нарушување на феталниот алкохолен спектар (ФАСД), што влијае на растот на бебето во матката. Претходни истражувања покажаа и дека кај мајките пиењето алкохол може да доведе до пократок и закривен нос кај децата, и потврдија дека тие појави се поврзуваат и со лошите навики на пиење кај татковците.

Во случаите кога таткото конзумирал алкохол, видовме длабока промена во лицето на бебето. Хроничната изложеност на мажите на алкохол (дефинирана како консумирање повеќе од пет пијалаци во четири часа) може да предизвика основни дефекти на ФАСД, вели авторот на новите испитувања, професорот Мајкл Голдинг, развоен физиолог во „А енд М“.

Истражувањето покажало дека кај децата на мажите кои пиеле, има поголема веројатност да се родат со помали очи, „сплескано“ лице, помала уста и помала или деформирана вилица.

Друга одлика е што ушите на малечкото понекогаш се поставени пониско во споредба со бебињата чии татковци не пиеле многу, а тоа го оштетува и мозокот. Имено, се јавува и поголема можност од микрокефалија (неразвиеност на главата и мозокот), како и помала родилна тежина. А, сѐ тоа, како веројатност се влошува колку што машкиот родител консумира повеќе алкохол, велат научниците.

The post Сега и научно докажано: Ако таткото пие алкохол непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштети на бебето appeared first on Република.

]]>

Навиките за обилно пиење алкохол кај таткото непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштетат на бебето, посочува ново научно истражување на Универзитетот „А енд М“ во Тексас. Aмериканските научници откриле дека обилното пиење алкохол во месеците пред зачнувањето може да влијае на очите, главата, устата и вилицата на бебето. Причината за тоа е можниот синдром наречен нарушување на феталниот алкохолен спектар (ФАСД), што влијае на растот на бебето во матката. Претходни истражувања покажаа и дека кај мајките пиењето алкохол може да доведе до пократок и закривен нос кај децата, и потврдија дека тие појави се поврзуваат и со лошите навики на пиење кај татковците.
Во случаите кога таткото конзумирал алкохол, видовме длабока промена во лицето на бебето. Хроничната изложеност на мажите на алкохол (дефинирана како консумирање повеќе од пет пијалаци во четири часа) може да предизвика основни дефекти на ФАСД, вели авторот на новите испитувања, професорот Мајкл Голдинг, развоен физиолог во „А енд М“.
Истражувањето покажало дека кај децата на мажите кои пиеле, има поголема веројатност да се родат со помали очи, „сплескано“ лице, помала уста и помала или деформирана вилица. Друга одлика е што ушите на малечкото понекогаш се поставени пониско во споредба со бебињата чии татковци не пиеле многу, а тоа го оштетува и мозокот. Имено, се јавува и поголема можност од микрокефалија (неразвиеност на главата и мозокот), како и помала родилна тежина. А, сѐ тоа, како веројатност се влошува колку што машкиот родител консумира повеќе алкохол, велат научниците.

The post Сега и научно докажано: Ако таткото пие алкохол непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштети на бебето appeared first on Република.

]]>
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vodata-vo-skopje-e-kvalitetna-i-bezbedna-za-pienje-2/ Mon, 19 Dec 2022 13:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=587674

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.12.2022 до 16.12.2022 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

The post Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење appeared first on Република.

]]>

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.12.2022 до 16.12.2022 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

The post Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење appeared first on Република.

]]>
Водата во Штип не е за пиење и готвење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vodata-vo-shtip-ne-e-za-pienje-i-gotvenje/ Thu, 17 Feb 2022 14:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=459932

Надлежните институции информираат дека водата во Штип не треба да се користи ниту за пиење ниту за готвење.

Поради прилагодување на параметрите на SCADA системот во делот на хлорирање на водата ги известуваме граѓаните на Општина Штип дека наредниот период до наше следно известување водата од дистрибутивниот систем не треба да се користи за пиење и готвење и истата да се користи само за техничка употреба, се вели во соопштението на надлежните институции.

The post Водата во Штип не е за пиење и готвење appeared first on Република.

]]>

Надлежните институции информираат дека водата во Штип не треба да се користи ниту за пиење ниту за готвење.
Поради прилагодување на параметрите на SCADA системот во делот на хлорирање на водата ги известуваме граѓаните на Општина Штип дека наредниот период до наше следно известување водата од дистрибутивниот систем не треба да се користи за пиење и готвење и истата да се користи само за техничка употреба, се вели во соопштението на надлежните институции.

The post Водата во Штип не е за пиење и готвење appeared first on Република.

]]>