Пич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pich/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Mar 2023 10:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pich/ 32 32 Османи – Лорд Пич: Македонија е извозник на стабилност во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-lord-pich-severna-makedonija-e-izvoznik-na-stabilnost-vo-regionot/ Tue, 07 Mar 2023 10:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=616798

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари средба со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

 

На средбата се разменија мислења за текот на преговорите со ЕУ и домашните процеси во овој контекст, при што Лорд Пич ја повтори неопходноста од заокружување на уставните измени со цел трасирање на евроинтеграцискиот пат на земјава со забрзана динамика. Министерот Османи се заблагодари за конзистентната британска поддршка на овој план, дополнително подвлекувајќи го високиот степен на соработка меѓу двете земји сојузнички во рамки на НАТО.

 

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи го запозна соговорникот со актуелностите во однос на нашето претседавање со ОБСЕ, реализираните и идните планирани активности низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина се истакнува како прв и врвен приоритет.

 

На средбата стана збор и за регионалната динамика, при што соговорниците беа согласни дека Македонија е перцепирана како земја извозник на стабилност во регионот, меѓу другото и преку претседавањето со две важни регионални иницијативи оваа година, САД-Јадранската повелба (А5и Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Двајцата соговорници го поздравија напредокот постигнат во Брисел за нормализација на односите Косово-Србија, што претставува значаен чекор од интерес за целиот регион на ЗБ. Министерот Османи потенцира дека Македонија, како директен сосед на двете земји, ги охрабрува сите решенија кои обезбедуваат стабилност и ЕУ перспектива за целиот регион.

 

 

The post Османи – Лорд Пич: Македонија е извозник на стабилност во регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари средба со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

 

На средбата се разменија мислења за текот на преговорите со ЕУ и домашните процеси во овој контекст, при што Лорд Пич ја повтори неопходноста од заокружување на уставните измени со цел трасирање на евроинтеграцискиот пат на земјава со забрзана динамика. Министерот Османи се заблагодари за конзистентната британска поддршка на овој план, дополнително подвлекувајќи го високиот степен на соработка меѓу двете земји сојузнички во рамки на НАТО.

 

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи го запозна соговорникот со актуелностите во однос на нашето претседавање со ОБСЕ, реализираните и идните планирани активности низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина се истакнува како прв и врвен приоритет.

 

На средбата стана збор и за регионалната динамика, при што соговорниците беа согласни дека Македонија е перцепирана како земја извозник на стабилност во регионот, меѓу другото и преку претседавањето со две важни регионални иницијативи оваа година, САД-Јадранската повелба (А5и Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Двајцата соговорници го поздравија напредокот постигнат во Брисел за нормализација на односите Косово-Србија, што претставува значаен чекор од интерес за целиот регион на ЗБ. Министерот Османи потенцира дека Македонија, како директен сосед на двете земји, ги охрабрува сите решенија кои обезбедуваат стабилност и ЕУ перспектива за целиот регион.

 

 

The post Османи – Лорд Пич: Македонија е извозник на стабилност во регионот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Пич: Македонија ќе продолжи да биде фактор на стабилност во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pich-severna-makedonija-ke-prodolzhi-da-bide-faktor-na-stabilnost-vo-regionot/ Mon, 06 Mar 2023 18:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=616551

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека ангажманот на Обединетото Кралство на Западниот Балкан и промовирањето на прашањата за регионалната безбедност се резултат на блиските пријателски односи на двете земји, сојузнички членки на НАТО. Премиерот Ковачевски се заблагодари за поддршката која Македонија ја добива од Обединетото Кралство во интеграциските и реформските процеси.

На состанокот беше истакната поддршката за процесите кои се дел од евроинтеграцискиот пат на земјата. Прогресот во евроинтеграциите беше посочен како клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот. Во тој контекст нагласена е и потребата од конструктивност на сите политички субјекти во земјата на сметка на блокадите и деструктивноста.

Поддршката беше насочена и за Македонија како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа. Во таа насока, поздравени се политиките на Владата како фактор за безбедноста и на регионот но и за Европа. Нагласено е значењето за поставеноста на надворешната политика на Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава во регионалната стабилност.

The post Ковачевски – Пич: Македонија ќе продолжи да биде фактор на стабилност во регионот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон. Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека ангажманот на Обединетото Кралство на Западниот Балкан и промовирањето на прашањата за регионалната безбедност се резултат на блиските пријателски односи на двете земји, сојузнички членки на НАТО. Премиерот Ковачевски се заблагодари за поддршката која Македонија ја добива од Обединетото Кралство во интеграциските и реформските процеси. На состанокот беше истакната поддршката за процесите кои се дел од евроинтеграцискиот пат на земјата. Прогресот во евроинтеграциите беше посочен како клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот. Во тој контекст нагласена е и потребата од конструктивност на сите политички субјекти во земјата на сметка на блокадите и деструктивноста. Поддршката беше насочена и за Македонија како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа. Во таа насока, поздравени се политиките на Владата како фактор за безбедноста и на регионот но и за Европа. Нагласено е значењето за поставеноста на надворешната политика на Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава во регионалната стабилност.

The post Ковачевски – Пич: Македонија ќе продолжи да биде фактор на стабилност во регионот appeared first on Република.

]]>
Османи-Пич: Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-pich-obedinetoto-kralstvo-kje-prodolzi-silno-da-ja-poddrzuva-evropskata-integracija-na-severna-makedonija/ Thu, 27 Oct 2022 11:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=566308

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денес оствари средба со Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.

 

Османи на средбата го поздрави интензивниот ангажман на Пич во регионот на Западниот Балкан, што е потврда за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на нашиот Регион.

 

Министерот го запозна специјалниот пратеник Пич со процесот на отпочнувањето на преговорите со Европската унија и отворањето на процесот на скрининг, уверувајќи дека истиот ќе придонесе за неизбежен напредок во евроинтеграциите, преку стабилен прогрес во имплементацијата на ЕУ реформите во земјата.

 

Двајцата соговорници се осврнаа на успешната соработка меѓу двете земји и во други области од взаемен интерес. Обединетото Кралство продолжува да биденашиот втор најголем трговски партнери еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја.

 

Специјалниот претставник Пич, од своја страна, увери дека Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија и процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан, со цел надминување на сите ризици и последици, предизвикани со војната во Украина. Ја поздрави улогата и цврстата посветеност на Македонија како сојузник во НАТОво насока на зачувување на глобалниот мир и безбедност.

The post Османи-Пич: Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денес оствари средба со Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.   Османи на средбата го поздрави интензивниот ангажман на Пич во регионот на Западниот Балкан, што е потврда за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на нашиот Регион.   Министерот го запозна специјалниот пратеник Пич со процесот на отпочнувањето на преговорите со Европската унија и отворањето на процесот на скрининг, уверувајќи дека истиот ќе придонесе за неизбежен напредок во евроинтеграциите, преку стабилен прогрес во имплементацијата на ЕУ реформите во земјата.   Двајцата соговорници се осврнаа на успешната соработка меѓу двете земји и во други области од взаемен интерес. Обединетото Кралство продолжува да биденашиот втор најголем трговски партнери еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја.   Специјалниот претставник Пич, од своја страна, увери дека Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија и процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан, со цел надминување на сите ризици и последици, предизвикани со војната во Украина. Ја поздрави улогата и цврстата посветеност на Македонија како сојузник во НАТОво насока на зачувување на глобалниот мир и безбедност.

The post Османи-Пич: Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Пич: Македонија придонесува во регионалната и европската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pich-severna-makedonija-pridonesuva-vo-regionalnata-i-evropskata-stabilnost/ Thu, 27 Oct 2022 10:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=566279

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

На состанокот е разговарано за актуелни прашања во регионален и глобален контекст, во насока на стабилноста и мирот во Европа и во светот.

Во таа насока, поздравени се одлуките на Владата што го овозможија почетокот на преговорите и напредокот во евроинтегративниот процес како стратешка цел на Македонија, а од важност за стабилноста и безбедноста и на регионот и на Европската Унија.

Нагласена е потребата за фокус на сите политички субјекти во земјава кон политиките на решенија, наместо политиките на блокади и продуцирање недоразбирања, посебно со земање предвид на актуелниот глобален безбедносен политички контекст.

Притоа, оценета е како значајна поставеноста на надворешната политика на Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава, преку политиките на пријателство и дијалог, во регионалната стабилност.

Воедно се изразени честитки за потпишаниот договор ФРОНТЕКС, вчера во Скопје, на чист македонски јазик, со што се потврдени признавањето и почитта кон македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од Европската Унија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за сета поддршка од Обединетото Кралство, којашто е од исклучително значење во демократските, интеграциските, реформските и сите други процеси, значајни за граѓаните на нашата држава.

Обединетото Кралство, како што е соопштено, е голем стратешки партнер и пријател на  Македонија и во таа насока продолжува да се унапредува соработката.

Оценета е како важна соработката помеѓу Македонија и Обединетото Кралство во рамки на членството во НАТО, со изразена определба за натамошно унапредување.

На средбата е разговарано и за предизвиците во енергетската област, како последица од војната во Украина и се разгледани можности за одржливи решенија на овој план, како во нашата држава, така и околу таквата потреба и на другите држави од Европа.

The post Ковачевски – Пич: Македонија придонесува во регионалната и европската стабилност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон. На состанокот е разговарано за актуелни прашања во регионален и глобален контекст, во насока на стабилноста и мирот во Европа и во светот. Во таа насока, поздравени се одлуките на Владата што го овозможија почетокот на преговорите и напредокот во евроинтегративниот процес како стратешка цел на Македонија, а од важност за стабилноста и безбедноста и на регионот и на Европската Унија. Нагласена е потребата за фокус на сите политички субјекти во земјава кон политиките на решенија, наместо политиките на блокади и продуцирање недоразбирања, посебно со земање предвид на актуелниот глобален безбедносен политички контекст. Притоа, оценета е како значајна поставеноста на надворешната политика на Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава, преку политиките на пријателство и дијалог, во регионалната стабилност. Воедно се изразени честитки за потпишаниот договор ФРОНТЕКС, вчера во Скопје, на чист македонски јазик, со што се потврдени признавањето и почитта кон македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од Европската Унија. Премиерот Ковачевски се заблагодари за сета поддршка од Обединетото Кралство, којашто е од исклучително значење во демократските, интеграциските, реформските и сите други процеси, значајни за граѓаните на нашата држава. Обединетото Кралство, како што е соопштено, е голем стратешки партнер и пријател на  Македонија и во таа насока продолжува да се унапредува соработката. Оценета е како важна соработката помеѓу Македонија и Обединетото Кралство во рамки на членството во НАТО, со изразена определба за натамошно унапредување. На средбата е разговарано и за предизвиците во енергетската област, како последица од војната во Украина и се разгледани можности за одржливи решенија на овој план, како во нашата држава, така и околу таквата потреба и на другите држави од Европа.

The post Ковачевски – Пич: Македонија придонесува во регионалната и европската стабилност appeared first on Република.

]]>