ПИ-ар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pi-ar/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 17:28:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПИ-ар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pi-ar/ 32 32 Нема да се офајди само внукот на Адеми: За декемврискиот совет на ОБСЕ, „солена“ сума на пари ќе одат и кај омилената ПИ-АР агенција на власта – „Рејтинг“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-ofajdi-samo-vnukot-na-ademi-za-dekemvriskiot-sovet-na-obse-solena-suma-na-pari-ke-odat-i-kaj-omilenata-pi-ar-agentsija-na-vlasta-rejting/ Sat, 26 Aug 2023 17:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=676149

Поставување на знамиња и опрема, мајстори кои иако е сабота се во и околу ВИП Арената Борис Трајковски… Работна атмосфера за подготовка за декемврискиот министерски совет на ОБСЕ што таму ќе се одржи, а за што се искеширани 1,8 милиони евра народни пари. И покрај скандалозните информации дека овие пари легнуваат на сметката на фирма во сопственост на внукот на поранешниот министер од ДУИ Абдулаким Адеми, Елмедин, очигледно е дека Адеми не го засега, а исто така ниту некој од владата. Нема реакција ни од СДСМ ниту од Ковачевски, објавува „Алфа“.

Во меѓувреме, се појави и договор што го склучило Министерството за надворешни работи со пиар агенцијата, омилена на власта, „Рејтинг“. Таа добива 100 илјади евра за да ја организира и ја промовира конференцијата. Нејасно е зошто кога во и во Министерството има служба за односи со јавност, но и Владата има вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели.

Улогата на Македнија како претседавач на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 ќе ја чини државата фрапантни пет милиони евра пари на народот. За овие пари одлука донела Владата на седница. Претходно, како што информираше министерот на Османи на почетокот на годинава, од Министерството за надворешни биле побарани и повеќе, дури осум милиони евра.

Од доделените пет милиони, речиси два милиона одат за маси, столчиња, опрема и ентериер кои се потребни за еднодневната конференција. Никој не открива што ќе се случи со оваа опрема откако нема да биде потребна.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ademi-dobi-nad-112-milioni-denari-od-mnr-za-adaptatsija-na-sala-za-nastan-na-obse/

Се уште не е познати за што се потребни останатите три милиони евра. Од најавите на министерот Бујар Османи познато е дека Министерството за надворешни работи треба да обезбеди и 70 возила за превоз на учесниците на конференцијата во државава. Сепак станува збор за организирање на возила, а не на авиони, ако судиме според сумата што ја извлекло министерството.

The post Нема да се офајди само внукот на Адеми: За декемврискиот совет на ОБСЕ, „солена“ сума на пари ќе одат и кај омилената ПИ-АР агенција на власта – „Рејтинг“ appeared first on Република.

]]>

Поставување на знамиња и опрема, мајстори кои иако е сабота се во и околу ВИП Арената Борис Трајковски… Работна атмосфера за подготовка за декемврискиот министерски совет на ОБСЕ што таму ќе се одржи, а за што се искеширани 1,8 милиони евра народни пари. И покрај скандалозните информации дека овие пари легнуваат на сметката на фирма во сопственост на внукот на поранешниот министер од ДУИ Абдулаким Адеми, Елмедин, очигледно е дека Адеми не го засега, а исто така ниту некој од владата. Нема реакција ни од СДСМ ниту од Ковачевски, објавува „Алфа“. Во меѓувреме, се појави и договор што го склучило Министерството за надворешни работи со пиар агенцијата, омилена на власта, „Рејтинг“. Таа добива 100 илјади евра за да ја организира и ја промовира конференцијата. Нејасно е зошто кога во и во Министерството има служба за односи со јавност, но и Владата има вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели. Улогата на Македнија како претседавач на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 ќе ја чини државата фрапантни пет милиони евра пари на народот. За овие пари одлука донела Владата на седница. Претходно, како што информираше министерот на Османи на почетокот на годинава, од Министерството за надворешни биле побарани и повеќе, дури осум милиони евра. Од доделените пет милиони, речиси два милиона одат за маси, столчиња, опрема и ентериер кои се потребни за еднодневната конференција. Никој не открива што ќе се случи со оваа опрема откако нема да биде потребна. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ademi-dobi-nad-112-milioni-denari-od-mnr-za-adaptatsija-na-sala-za-nastan-na-obse/ Се уште не е познати за што се потребни останатите три милиони евра. Од најавите на министерот Бујар Османи познато е дека Министерството за надворешни работи треба да обезбеди и 70 возила за превоз на учесниците на конференцијата во државава. Сепак станува збор за организирање на возила, а не на авиони, ако судиме според сумата што ја извлекло министерството.

The post Нема да се офајди само внукот на Адеми: За декемврискиот совет на ОБСЕ, „солена“ сума на пари ќе одат и кај омилената ПИ-АР агенција на власта – „Рејтинг“ appeared first on Република.

]]>
Суштински проблем во моментов во Македонија се двајца Израелци кои се занимаваат со ПИ-АР, тврди Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/voeni-blogeri-prognoziraat-najmalku-13-ruski-vojnitsi-zaginale-za-vreme-na-buntot-na-vagner/ Sun, 25 Jun 2023 20:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=655045

ВМРО-ДПМНЕ достави четири предлози за решение на проблемот, последните два беа доставени на лидерската средба. До денес СДС нема кажано кој од двата предлози се прифатливи. Веројатно ниеден од двата не е прифатлив, штом молчат до денес, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување во „Тема на денот“ на централниот Дневник на Сител телевизија.

Николоски истакна дека со тоа од власта јасно покажуваат дека го злоупотребуваат процесот за политички поени, а во однос на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска изјави дека неговиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ секој ден ѕвонел во ВМРО-ДПМНЕ за да разговара за уставните измени, ги нарече бурлески изјави испод секое достојно човечко ниво кои не заслужуваат никаков коментар.

Баравме ВМРО-ДПМНЕ да стане дел од преговарачките тимови уште пред да постои францускиот предлог, беше одбиено. Сега велиме еве ви два предлози, одберете еден кој што мислите дека треба да се реализира, бегаат и од тоа, рече Николоски.

Во однос на последната анкета објавена вчера и денес на МКД.мк, која што покажува двојан предност на ВМРО-ДПМНЕ пред владејачката СДС, Николоски посочи дека единствено решение се изборите и за релаксација на состојбите во државата и за деполаризација на политичката сцена.

Апсолутно, изборите се решение и за целосна релаксација на состојбите во Македонија, од една страна и од друга страна за деполаризација, затоа што е крајно поларизирана политичката сцена. Мора да се случат избори со цел, народот да го каже сопственото мислење. Во некои други држави кон кои што стреми Македонија, кога ќе се појават вакви анкети, власта сама поднесува оставка. Еве Шпанија е последен пример и бара да кажат граѓаните што мислат. Во Македонија, кога власта ќе види вакви анкети, гледа ден повеќе да остане на власт. Иако и тука има еден парадокс, а тоа е дека СДС ги негира анкетите и вели дека се нарачани, а Артан Груби ги промовира анкетите, затоа што на ДУИ им одговараат, што покажува дека оваа влада нема компактност, нема синергија, туку напротив се ловат само интересите на оние кои што се членови на владата, но ја држи Македонија во заложништво. Во овој момент и за борба со организираниот криминал и корупција и воведување на функционална правна држава, и за решенија на проблемите со Европската Унија, затао што не се само со Бугарија, потребни се предвремени парламентарни избори, со цел да се направи еден ресет на општеството и граѓаните да кажат кој, каде и зошто треба да биде. После тоа да се формира стабилна влада и да се решаваат проблемите, всушност, затоа и постои демократијата, за да се прават демократски тестови на избори“, истакна Николоски.

Тој додаде дека една година помина и една годи се злоупотребува процесот за уставни измени за политички цели, да се направи една поларизација на проевропски и антиевропски страни, но суштината се сведува на тоа дека власта година дена манипулира.

Еден од суштинските проблеми во моментов на македонската политичка сцена се двајца господа кои се занимаваат со ПИ-АР и по потекло се од Израел.  Едниот води ПИ-АР во владата и на СДС, а другиот на ДУИ и единствената лекција која што ја научиле во ПИ-АР-от е поларизација и целото општество го водат кон поларизација. Таа поларизација ќе ги уништи владејачките партии. Ми е страв дека толку ќе внесе поларизација во општеството, што ќе се потребни години за да се релаксираа целиот политички спектрум, затоа што преку глава им е на луѓето од црни вести, истакна Николоски.

Дополни дека утре заедно со претседателот Христијан Мицкоски одат на средби во Брисел во организација на Европската Народна партија и фондацијата Конрад Аденауер, каде што ќе имаат средба со преседателот на најмоќната партија во Европа, Европската народна партија и со нејзини претставници, како и средби во Европската комисија и Европскиот совет, каде што ги претстават позициите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што ќе понудат и решенија затоа што Македонија во партнесртво со Европската Унија може да реши многу проблеми.

На пример, една работа која што сакаме да ја апелираме до Европската Унија е економски да се позанимава со државата. На Македонија и се потребни конкретни економски чекори, на пример може да се реализираат проекти од инфраструктурен карктер со владата и со општините, може да се пуши некоја кредитна линија за малите и средни претпријатија, може да се работи на развој на брза пруга од Солун до Ниш, затоа што Ниш-Белград-Будимпешта-Виена се работи, како Макеоднија би станала центар на поврзувањето на потегот север-југ. Така што, ова се работи стартешки кои што сакаме да ги зборуваме со партнерите од Европска унија кој што не можеме сами како држава да гиреализираме. Се надевам ќе имаме плодни два дена средби, после кои што ќе излезиме со резултати во јавноста, објасни потпретседателот Николоски.

The post Суштински проблем во моментов во Македонија се двајца Израелци кои се занимаваат со ПИ-АР, тврди Николоски appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ достави четири предлози за решение на проблемот, последните два беа доставени на лидерската средба. До денес СДС нема кажано кој од двата предлози се прифатливи. Веројатно ниеден од двата не е прифатлив, штом молчат до денес, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување во „Тема на денот“ на централниот Дневник на Сител телевизија. Николоски истакна дека со тоа од власта јасно покажуваат дека го злоупотребуваат процесот за политички поени, а во однос на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска изјави дека неговиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ секој ден ѕвонел во ВМРО-ДПМНЕ за да разговара за уставните измени, ги нарече бурлески изјави испод секое достојно човечко ниво кои не заслужуваат никаков коментар.
Баравме ВМРО-ДПМНЕ да стане дел од преговарачките тимови уште пред да постои францускиот предлог, беше одбиено. Сега велиме еве ви два предлози, одберете еден кој што мислите дека треба да се реализира, бегаат и од тоа, рече Николоски.
Во однос на последната анкета објавена вчера и денес на МКД.мк, која што покажува двојан предност на ВМРО-ДПМНЕ пред владејачката СДС, Николоски посочи дека единствено решение се изборите и за релаксација на состојбите во државата и за деполаризација на политичката сцена. Апсолутно, изборите се решение и за целосна релаксација на состојбите во Македонија, од една страна и од друга страна за деполаризација, затоа што е крајно поларизирана политичката сцена. Мора да се случат избори со цел, народот да го каже сопственото мислење. Во некои други држави кон кои што стреми Македонија, кога ќе се појават вакви анкети, власта сама поднесува оставка. Еве Шпанија е последен пример и бара да кажат граѓаните што мислат. Во Македонија, кога власта ќе види вакви анкети, гледа ден повеќе да остане на власт. Иако и тука има еден парадокс, а тоа е дека СДС ги негира анкетите и вели дека се нарачани, а Артан Груби ги промовира анкетите, затоа што на ДУИ им одговараат, што покажува дека оваа влада нема компактност, нема синергија, туку напротив се ловат само интересите на оние кои што се членови на владата, но ја држи Македонија во заложништво. Во овој момент и за борба со организираниот криминал и корупција и воведување на функционална правна држава, и за решенија на проблемите со Европската Унија, затао што не се само со Бугарија, потребни се предвремени парламентарни избори, со цел да се направи еден ресет на општеството и граѓаните да кажат кој, каде и зошто треба да биде. После тоа да се формира стабилна влада и да се решаваат проблемите, всушност, затоа и постои демократијата, за да се прават демократски тестови на избори“, истакна Николоски. Тој додаде дека една година помина и една годи се злоупотребува процесот за уставни измени за политички цели, да се направи една поларизација на проевропски и антиевропски страни, но суштината се сведува на тоа дека власта година дена манипулира.
Еден од суштинските проблеми во моментов на македонската политичка сцена се двајца господа кои се занимаваат со ПИ-АР и по потекло се од Израел.  Едниот води ПИ-АР во владата и на СДС, а другиот на ДУИ и единствената лекција која што ја научиле во ПИ-АР-от е поларизација и целото општество го водат кон поларизација. Таа поларизација ќе ги уништи владејачките партии. Ми е страв дека толку ќе внесе поларизација во општеството, што ќе се потребни години за да се релаксираа целиот политички спектрум, затоа што преку глава им е на луѓето од црни вести, истакна Николоски.
Дополни дека утре заедно со претседателот Христијан Мицкоски одат на средби во Брисел во организација на Европската Народна партија и фондацијата Конрад Аденауер, каде што ќе имаат средба со преседателот на најмоќната партија во Европа, Европската народна партија и со нејзини претставници, како и средби во Европската комисија и Европскиот совет, каде што ги претстават позициите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што ќе понудат и решенија затоа што Македонија во партнесртво со Европската Унија може да реши многу проблеми.
На пример, една работа која што сакаме да ја апелираме до Европската Унија е економски да се позанимава со државата. На Македонија и се потребни конкретни економски чекори, на пример може да се реализираат проекти од инфраструктурен карктер со владата и со општините, може да се пуши некоја кредитна линија за малите и средни претпријатија, може да се работи на развој на брза пруга од Солун до Ниш, затоа што Ниш-Белград-Будимпешта-Виена се работи, како Макеоднија би станала центар на поврзувањето на потегот север-југ. Така што, ова се работи стартешки кои што сакаме да ги зборуваме со партнерите од Европска унија кој што не можеме сами како држава да гиреализираме. Се надевам ќе имаме плодни два дена средби, после кои што ќе излезиме со резултати во јавноста, објасни потпретседателот Николоски.

The post Суштински проблем во моментов во Македонија се двајца Израелци кои се занимаваат со ПИ-АР, тврди Николоски appeared first on Република.

]]>
Мицковски до Ковачевски: Џабе ви е ПР-от кога не можете една работа дома да средите за народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-do-kovachevski-dhabe-vi-e-pr-ot-koga-ne-mozhete-edna-rabota-doma-da-sredite-za-narodot/ Wed, 01 Mar 2023 10:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=614592

Џабе ви е ПР-от, особено личен, кога не можете една работа дома да средите за народот, државата или градот, му порача активистот Ивор Мицковски на власта, особено на премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ги парите кои тој ги потрошил на реклами и спонзорирани објави на социјалните мрежи.

Премиерот вика не биле државни пари 30+ илјади € фрлени на инста и фејсбук.
Тоа е тешко за верување кога уште плаќаат армија ботови преку скриени договори, кога вработуваат свои фотографи и пиаровци за да ги поклопат медиумските објави.
Ко оној идиотон од Струмица што правеше керефеки и се маскираше во Тито покрај Хитлер, Сталин и Гедафи, а еден дожд го поплави целиот град.
Поуката е дека џабе ви е ПР-от, особено личен, кога не можете една работа дома да средите за народот, државата или градот, вели тој.

The post Мицковски до Ковачевски: Џабе ви е ПР-от кога не можете една работа дома да средите за народот appeared first on Република.

]]>

Џабе ви е ПР-от, особено личен, кога не можете една работа дома да средите за народот, државата или градот, му порача активистот Ивор Мицковски на власта, особено на премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ги парите кои тој ги потрошил на реклами и спонзорирани објави на социјалните мрежи.
Премиерот вика не биле државни пари 30+ илјади € фрлени на инста и фејсбук. Тоа е тешко за верување кога уште плаќаат армија ботови преку скриени договори, кога вработуваат свои фотографи и пиаровци за да ги поклопат медиумските објави. Ко оној идиотон од Струмица што правеше керефеки и се маскираше во Тито покрај Хитлер, Сталин и Гедафи, а еден дожд го поплави целиот град. Поуката е дека џабе ви е ПР-от, особено личен, кога не можете една работа дома да средите за народот, државата или градот, вели тој.

The post Мицковски до Ковачевски: Џабе ви е ПР-от кога не можете една работа дома да средите за народот appeared first on Република.

]]>