Петта авенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petta-avenija/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 08:17:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петта авенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petta-avenija/ 32 32 Каде се парите? Македонија требаше да земе четири милиони долари од резиденцијата на Тито во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kade-se-parite-makedonija-trebashe-da-zeme-chetiri-milioni-dolari-od-rezidentsijata-na-tito-vo-nujork/ Mon, 08 Jul 2024 08:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=794438

Деновиве е актуелна преписката меѓу амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчовски и Министерството за надворешни работи.

Постојат сомневања дека амбасадорот ги злоупотребил парите што Македонија ги добиваше како сукцесија од имотот што припаѓаше на поранешна Југославија.

И резиденцијата што ја користела поренешна Југославија и лидерот Јосип Броз Тито беше предмет на сукцесија.

Станот се наоѓа на Петта авенија на источната страна на Менхетен.Изградена е во 1905 година и била дизајнирана од истата фирма што ја изградила познатата станица Гранд Централ. Има 32 соби, осум бањи и два лифта. СФРЈ ја купиla во 1946 година, веднаш по Втората светска војна.

Во пентхаусот од 1.800 квадратни метри, во прозорците што гледаат кон Централ Парк, беше поставено непробојно стакло, а задниот е обезбеден со кафез Фарадеј за да се спречи прислушувањето.

За време на Студената војна, југословенскиот водач Јосип Броз Тито се засолнил на оваа адреса по неуспешниот обид за атентат во хотелот Валдорф Асторија во 1963 година, кога бил во посета на Америка на покана на Џон Кенеди.

Скалите и подот се покриени со бел мермер, а таваните специјално украсени, а на ѕидовите има мурали. Оградата на скалите е направена од ковано железо, а дрвените рамки  се носени специјално од Франција.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/frchovski-ke-gi-vrati-parite-shto-gi-zel-za-avio-bileti/

The post Каде се парите? Македонија требаше да земе четири милиони долари од резиденцијата на Тито во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Деновиве е актуелна преписката меѓу амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчовски и Министерството за надворешни работи. Постојат сомневања дека амбасадорот ги злоупотребил парите што Македонија ги добиваше како сукцесија од имотот што припаѓаше на поранешна Југославија. И резиденцијата што ја користела поренешна Југославија и лидерот Јосип Броз Тито беше предмет на сукцесија. Станот се наоѓа на Петта авенија на источната страна на Менхетен.Изградена е во 1905 година и била дизајнирана од истата фирма што ја изградила познатата станица Гранд Централ. Има 32 соби, осум бањи и два лифта. СФРЈ ја купиla во 1946 година, веднаш по Втората светска војна. Во пентхаусот од 1.800 квадратни метри, во прозорците што гледаат кон Централ Парк, беше поставено непробојно стакло, а задниот е обезбеден со кафез Фарадеј за да се спречи прислушувањето. За време на Студената војна, југословенскиот водач Јосип Броз Тито се засолнил на оваа адреса по неуспешниот обид за атентат во хотелот Валдорф Асторија во 1963 година, кога бил во посета на Америка на покана на Џон Кенеди. Скалите и подот се покриени со бел мермер, а таваните специјално украсени, а на ѕидовите има мурали. Оградата на скалите е направена од ковано железо, а дрвените рамки  се носени специјално од Франција.
 
https://republika.mk/vesti/makedonija/frchovski-ke-gi-vrati-parite-shto-gi-zel-za-avio-bileti/

The post Каде се парите? Македонија требаше да земе четири милиони долари од резиденцијата на Тито во Њујорк appeared first on Република.

]]>