Петровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petrovska/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 12:17:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petrovska/ 32 32 Петровска: МО не ја исклучува можноста да прими на лекување војници од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-mo-ne-ja-iskluchuva-mozhnosta-da-primi-na-lekuvane-vojnitsi-od-ukraina/ Sat, 09 Mar 2024 12:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=753000

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина.

– Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе бидат вклучени повеќе институции, но како МО сме подготвени позитивно да одговориме на таквите барања, рече Петровска.

Министерката за одбрана, коментирајќи ја последната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, потсети дека земјава ја поддржува Украина и нејзината борба, но оти нема испраќање војници на украинско тло.

– Тоа воопшто не е дискутирано, на последниот министерски состанок во Брисел воопшто не беше разговарано за испраќање војници. Меѓутоа, поддршка во други форми – да, рече министерката Петровска.

The post Петровска: МО не ја исклучува можноста да прими на лекување војници од Украина appeared first on Република.

]]>

Македонија нема да го враќа задолжителното служење воен рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nema-da-go-vraka-zadolzhitelnoto-sluzhene-voen-rok/ Fri, 16 Feb 2024 14:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=744916

Земјава обврската ја укина во 2005 година, а дали задолжително ќе се служи војска или не, е национално прашање и тука нема правило во рамките на НАТО Алијансата, вели министерката и додава дека сегашниот закон предвидува доброволно служење, но сепак интересот кај младите е многу мал.

Меѓутоа и не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно тоа ќе значи дека на сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен како што се размислувањата, идеите…, младите од 18 години нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес. Така што тоа се во денешно време, кога знаете како младите жедни би рекла или да научат нешто повеќе или да заработат, прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право мислам дека повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата, вели Славјанка Петровска – Министерка за одбрана.

Петровска во Брисел учествуваше на министерски состанок на НАТО, во време кога најголем дел од земјите члнеки се преокупирани со пораките од поранешен претседател на САД Доналд Трамп, дека ако повтроно биде избран „би дозволил од Русија да биде нападната членка на НАТО која не издвојува над 2 проценти од своето БДП,“.. Македонија годинава прв пат ќе ја исполни оваа квота, а Петровска вели дека Алијансата почива на правилото сите држави членки да се заедно и да се штитат меѓусебно.

Главната опасност за земјава и според НАТО, и според Петровска, доаѓа од хибридните закани, особено во перидот на изборите. Таа посочи дека целта на овие влијанија е поткопување на институциите и довербата во нив, како и влијание врз одредени процеси..

The post Македонија нема да го враќа задолжителното служење воен рок appeared first on Република.

]]>

Земјава обврската ја укина во 2005 година, а дали задолжително ќе се служи војска или не, е национално прашање и тука нема правило во рамките на НАТО Алијансата, вели министерката и додава дека сегашниот закон предвидува доброволно служење, но сепак интересот кај младите е многу мал.
Меѓутоа и не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно тоа ќе значи дека на сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен како што се размислувањата, идеите…, младите од 18 години нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес. Така што тоа се во денешно време, кога знаете како младите жедни би рекла или да научат нешто повеќе или да заработат, прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право мислам дека повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата, вели Славјанка Петровска – Министерка за одбрана.
Петровска во Брисел учествуваше на министерски состанок на НАТО, во време кога најголем дел од земјите члнеки се преокупирани со пораките од поранешен претседател на САД Доналд Трамп, дека ако повтроно биде избран „би дозволил од Русија да биде нападната членка на НАТО која не издвојува над 2 проценти од своето БДП,“.. Македонија годинава прв пат ќе ја исполни оваа квота, а Петровска вели дека Алијансата почива на правилото сите држави членки да се заедно и да се штитат меѓусебно. Главната опасност за земјава и според НАТО, и според Петровска, доаѓа од хибридните закани, особено во перидот на изборите. Таа посочи дека целта на овие влијанија е поткопување на институциите и довербата во нив, како и влијание врз одредени процеси..

The post Македонија нема да го враќа задолжителното служење воен рок appeared first on Република.

]]>
Петровска: Јадранската повелба се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-jadranskata-povelba-se-pokazha-kako-uspeshen-mehanizam-za-sorabotka-megu-zemjite-chlenki/ Thu, 16 Nov 2023 09:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=702059

Нашата одговорност денеска е да продолжиме со поддршка на патот на останатите земји аспиранти од регионот кон европската и евроатланската перспектива и да обезбедиме недвосмислена насока во развојот на поцврста безбедносна и одбранбена интеракција, оспособена да одговори на новите предизвици што се надвиснуваат над нашиот регион и пошироко, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На денешното отворање на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба, што се одржува во Скопје, министерката Петровска истакна дека во изминатите две децении, како што рече, повелбата се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки.

- Со овој дух мора да продолжиме напред и на тој начин оваа повелба да остане симбол на доверба, просперитет и сложност на сите нејзини земји членки, како и на регионалната заедница, истакна министерката.

Дополни дека за тоа е потребна не е само колективната мудрост, туку и колективната посветеност за поттикнување на безбедност, стабилност и соработката.

- Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи. Во овие предизвикувачки времиња императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност, рече министерката.

На состанокот, освен министерката Петровска како предводник на македонската делегација и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер, ќе учествуваат и министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Краповиќ, заменикот-министер за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ, раководителот за меѓународна безбедносна и одбранбена соработка во хрватското Министерство за одбрана, Игор Габриќ, додека од земјите набљудувачи на состанокот ќе учествуваат министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, државниот секретар во Министерство за одбрана на Србија, Немања Старовиќ и заменик-генералниот директор во Министерство за одбрана на Словенија, Аљоша Селан.

САД – Јадранската повелба е основана на 2 мај 2003 година во Тирана како Иницијатива за соработка во одбраната во А-3 контекст (Албанија, Хрватска, Македонија). За време на македонското претседавање со Јадранската повелба, на маргините на 63-то Генерално Собрание на ОН, одржано на 25 септември 2008 година во Њујорк беше донесена одлука за упатување покана за членство на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Јадранската група, како поттик за нивното забрзано движење по патот на евроатлантските интеграции.

Јадранската повелба е базирана на заедничката визија за стабилност во Југоисточна Европа и полноправно членство во евроатлантските интеграции. Албанија и Хрватска во 2008 година, Црна Гора во 2017 година и Македонија во 2020 година, како резултат и напорите за развој и достигнување на НАТО стандардите, станаа рамноправни членки на НАТО Алијансата.

The post Петровска: Јадранската повелба се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки appeared first on Република.

]]>

Нашата одговорност денеска е да продолжиме со поддршка на патот на останатите земји аспиранти од регионот кон европската и евроатланската перспектива и да обезбедиме недвосмислена насока во развојот на поцврста безбедносна и одбранбена интеракција, оспособена да одговори на новите предизвици што се надвиснуваат над нашиот регион и пошироко, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска. На денешното отворање на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба, што се одржува во Скопје, министерката Петровска истакна дека во изминатите две децении, како што рече, повелбата се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки. - Со овој дух мора да продолжиме напред и на тој начин оваа повелба да остане симбол на доверба, просперитет и сложност на сите нејзини земји членки, како и на регионалната заедница, истакна министерката. Дополни дека за тоа е потребна не е само колективната мудрост, туку и колективната посветеност за поттикнување на безбедност, стабилност и соработката. - Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи. Во овие предизвикувачки времиња императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност, рече министерката. На состанокот, освен министерката Петровска како предводник на македонската делегација и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер, ќе учествуваат и министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Краповиќ, заменикот-министер за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ, раководителот за меѓународна безбедносна и одбранбена соработка во хрватското Министерство за одбрана, Игор Габриќ, додека од земјите набљудувачи на состанокот ќе учествуваат министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, државниот секретар во Министерство за одбрана на Србија, Немања Старовиќ и заменик-генералниот директор во Министерство за одбрана на Словенија, Аљоша Селан. САД – Јадранската повелба е основана на 2 мај 2003 година во Тирана како Иницијатива за соработка во одбраната во А-3 контекст (Албанија, Хрватска, Македонија). За време на македонското претседавање со Јадранската повелба, на маргините на 63-то Генерално Собрание на ОН, одржано на 25 септември 2008 година во Њујорк беше донесена одлука за упатување покана за членство на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Јадранската група, како поттик за нивното забрзано движење по патот на евроатлантските интеграции. Јадранската повелба е базирана на заедничката визија за стабилност во Југоисточна Европа и полноправно членство во евроатлантските интеграции. Албанија и Хрватска во 2008 година, Црна Гора во 2017 година и Македонија во 2020 година, како резултат и напорите за развој и достигнување на НАТО стандардите, станаа рамноправни членки на НАТО Алијансата.

The post Петровска: Јадранската повелба се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки appeared first on Република.

]]>
Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-gi-poseti-pripadnitsite-na-armijata-del-od-silite-na-nato-vo-bugarija/ Sat, 30 Sep 2023 14:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=686625

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија.

Посетата, како што соопшти Министерството за правда, е во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата.

Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО.

-Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата, рече министерката Петровска.

Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело.

-Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка, подвлече министерката.

Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО.

-Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг, рече бугарскиот министер.

Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот, посочуваат од македонското Министерство за одбрана.

Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија

The post Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија. Посетата, како што соопшти Министерството за правда, е во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата. Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО. -Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата, рече министерката Петровска. Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело. -Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка, подвлече министерката. Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО. -Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг, рече бугарскиот министер. Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот, посочуваат од македонското Министерство за одбрана. Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија

The post Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-neodamna-proteranite-ruski-diplomati-se-obidele-da-se-vmeshaat-vo-starteshkite-natsionalni-interesi-na-drzhavata/ Tue, 26 Sep 2023 10:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=685289

 Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.

Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно - разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава. Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава, изјави министерката.

Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни,  тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно -  разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, увери Петровска.

Неодамна Министерството за надворешни работи на Македонија потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), беше наведено во соопштението на Министерството.

The post Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата appeared first on Република.

]]>

 Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава. Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.
Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно - разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава. Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава, изјави министерката.
Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.
Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни,  тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно -  разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, увери Петровска.
Неодамна Министерството за надворешни работи на Македонија потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.
На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), беше наведено во соопштението на Министерството.

The post Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата appeared first on Република.

]]>
Петровска: Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-sto-vojnitsi-najrano-utre-ke-zaminat-za-slovenija/ Tue, 08 Aug 2023 09:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=669895

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за упатување на сто војници од различен состав во Словенија, кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава и тие ќе заминат најрано утре наутро, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак.

Нагласувајќи оти оваа трагедија во Словенија изминатите денови се користела за различни на видови шпекулации, изнесувања лаги и невистини во македонската јавност дека помошта доцни Петровска вели дека не сакале да прават пи-ар маркетинг од тоа.

Меѓутоа еве дозволете да известам како течеше. Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите стапивме во контакт и јас со мојот колега, премиерот, претседателот на државата и сите министри и ја понудивме нашата несебична поддршка. Од нивна страна ни беше одговорено дека штом ја направат анализата за тоа што им е потребно дека ќе бидат доставени барања и тие во текот на вчерашниот ден претпладне преку механизмот за помош и поддршка во вакви кризни ситуации и на НАТО и на ЕУ беа доставени барања. Затоа и веднаш вчера изреагиравме, претседателот на државата во координација со началникот на Генералштабот и со мене, се разбира. Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме одлуката за упатување на сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава, рече Петровска.

Министерката вели дека војниците се подготвени да заминат уште денеска.

Во текот на попладнето заедно со началникот на Генерал-штабот ќе ги посетиме за да се увериме дека се подготвени и најрано утре наутро ќе заминат, а денеска во 12 часот на седница на Влада ќе ја донесеме и одлуката која што е формалниот дел од процедурата, вели Петровска.

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме. Само како една информација, во барањето е наведено дека вкупно се бараат 200 војници, а Република Македонија испраќа 50 проценти од побарувањата, додава Петровска.

За благодарноста што вчера Словенија ја упати до земјите кои и помогнале преку фотографија, на која не беше и Македонија, Петровска рече дека процесот тече и додаде дека во наредниот период сигурно и нашето знаме ќе биде на таа фотографија.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени

The post Петровска: Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за упатување на сто војници од различен состав во Словенија, кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава и тие ќе заминат најрано утре наутро, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак. Нагласувајќи оти оваа трагедија во Словенија изминатите денови се користела за различни на видови шпекулации, изнесувања лаги и невистини во македонската јавност дека помошта доцни Петровска вели дека не сакале да прават пи-ар маркетинг од тоа.
Меѓутоа еве дозволете да известам како течеше. Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите стапивме во контакт и јас со мојот колега, премиерот, претседателот на државата и сите министри и ја понудивме нашата несебична поддршка. Од нивна страна ни беше одговорено дека штом ја направат анализата за тоа што им е потребно дека ќе бидат доставени барања и тие во текот на вчерашниот ден претпладне преку механизмот за помош и поддршка во вакви кризни ситуации и на НАТО и на ЕУ беа доставени барања. Затоа и веднаш вчера изреагиравме, претседателот на државата во координација со началникот на Генералштабот и со мене, се разбира. Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме одлуката за упатување на сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава, рече Петровска.
Министерката вели дека војниците се подготвени да заминат уште денеска.
Во текот на попладнето заедно со началникот на Генерал-штабот ќе ги посетиме за да се увериме дека се подготвени и најрано утре наутро ќе заминат, а денеска во 12 часот на седница на Влада ќе ја донесеме и одлуката која што е формалниот дел од процедурата, вели Петровска.
Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.
Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме. Само како една информација, во барањето е наведено дека вкупно се бараат 200 војници, а Република Македонија испраќа 50 проценти од побарувањата, додава Петровска.
За благодарноста што вчера Словенија ја упати до земјите кои и помогнале преку фотографија, на која не беше и Македонија, Петровска рече дека процесот тече и додаде дека во наредниот период сигурно и нашето знаме ќе биде на таа фотографија. Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра. Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени

The post Петровска: Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Ако Петровска немала хациенда тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-ako-petrovska-nemala-hatsienda-togash-zoshto-vo-2019-ima-neplatena-smetka-za-struja-od-10-000-evra/ Tue, 20 Jun 2023 18:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=653491

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку социјалните мрежи и се обрати на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја повика да одговори зошто ако го продала имотот во 2009 година тогаш во 2019 година има неплатена сметка за струја на име на нејзиниот татко во износ од 10.000 евра.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се' повеќе.
Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда.
Ок.
Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта?
Зарем на земјиште (нива) без изграден објект - хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи?
Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен.
*Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка.
Еве ја сметката, јавен интерес е, нека види јавноста па нека демантира почитуваната, вели Ковачки.

The post Ковачки: Ако Петровска немала хациенда тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра?! appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку социјалните мрежи и се обрати на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја повика да одговори зошто ако го продала имотот во 2009 година тогаш во 2019 година има неплатена сметка за струја на име на нејзиниот татко во износ од 10.000 евра.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се' повеќе. Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда. Ок. Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта? Зарем на земјиште (нива) без изграден објект - хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи? Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен. *Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка. Еве ја сметката, јавен интерес е, нека види јавноста па нека демантира почитуваната, вели Ковачки.
 
The post Ковачки: Ако Петровска немала хациенда тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра?! appeared first on Република.

]]>
Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт нè направи посилни и побезбедни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-partnerstvoto-so-natsionalnata-garda-na-vermont-ne-napravi-posilni-i-pobezbedni/ Fri, 09 Jun 2023 09:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=649539

Во присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во Берлингтон свечено беше одбележа 30-годишнината од партнерството меѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт.

Гледајќи наназад, во изминатите три децении, се потсетуваме на безброј поединци кои се посветија на оваа соработка со својата стручност и експертиза. Се восхитувам на визионерите, одлучноста и силната верба во ова партнерство, кое станува уште посилно. Пред неколку децении се боревме со внатрешни кризи. Денеска сме земја членка на НАТО. Пред неколку години баравме итна помош. Денес Македонија повеќе не е дел од проблемот, таа е дел од решението. Преку ова партнерство градиме сопствени национални капацитети, ги подобруваме нашите процедури, ја модернизираме нашата Армија, но најважното е што изградивме многу силно пријателство, изјави Петровска пред присутните на свечениот прием по повод 30-годишниот јубилеј.

Началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, како што наведуваат од Министерството за одбрана, порача дека изминатите три децении беа одбележани од одлична соработка, меѓусебно разбирање и размена на идеи и искуства. Националната гарда на Вермонт, порача генералот Ѓурчиновски, е повеќе од партнер на Армијата.

На свеченоста се обрати и командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Најт кој истакна дека најважниот дел од партнерството се пријателствата и дека со нетрпение ги очекува следните 30 години во кои ова партнерство ќе го достигне својот целосен потенцијал.

Во текот на вчерашниот ден, Петровска ја посети и Воздухопловната база на Националната гарда на Вермонт, како и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде оствари средба со директорката на Центарот, Ерика Борнеман.

Во текот на денот ќе биде одржана свечена церемонија и прием од страна на гувернерот на Вермонт, Фил Скот, каде со министерката Петровска ќе потпишат заедничка изјава за 30-годишното партнерство. Воедно, Петровска ќе го посети и воениот универзитет „Норвич“ која е најстарата приватна воена академија во САД и каде македонските питомци имаа шанса да го надградат своето знаење. Во „Норвич“, Петровска ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот, генерал мајор Марк Анарумо, со кого ќе биде разгледана можноста за продолжување на соработка. Петровска ќе го посети и сквадронот за сајбер операции и баталјонот за информатички операции. мс/сп/

The post Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт нè направи посилни и побезбедни appeared first on Република.

]]>

Во присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во Берлингтон свечено беше одбележа 30-годишнината од партнерството меѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт.
Гледајќи наназад, во изминатите три децении, се потсетуваме на безброј поединци кои се посветија на оваа соработка со својата стручност и експертиза. Се восхитувам на визионерите, одлучноста и силната верба во ова партнерство, кое станува уште посилно. Пред неколку децении се боревме со внатрешни кризи. Денеска сме земја членка на НАТО. Пред неколку години баравме итна помош. Денес Македонија повеќе не е дел од проблемот, таа е дел од решението. Преку ова партнерство градиме сопствени национални капацитети, ги подобруваме нашите процедури, ја модернизираме нашата Армија, но најважното е што изградивме многу силно пријателство, изјави Петровска пред присутните на свечениот прием по повод 30-годишниот јубилеј.
Началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, како што наведуваат од Министерството за одбрана, порача дека изминатите три децении беа одбележани од одлична соработка, меѓусебно разбирање и размена на идеи и искуства. Националната гарда на Вермонт, порача генералот Ѓурчиновски, е повеќе од партнер на Армијата. На свеченоста се обрати и командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Најт кој истакна дека најважниот дел од партнерството се пријателствата и дека со нетрпение ги очекува следните 30 години во кои ова партнерство ќе го достигне својот целосен потенцијал. Во текот на вчерашниот ден, Петровска ја посети и Воздухопловната база на Националната гарда на Вермонт, како и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде оствари средба со директорката на Центарот, Ерика Борнеман. Во текот на денот ќе биде одржана свечена церемонија и прием од страна на гувернерот на Вермонт, Фил Скот, каде со министерката Петровска ќе потпишат заедничка изјава за 30-годишното партнерство. Воедно, Петровска ќе го посети и воениот универзитет „Норвич“ која е најстарата приватна воена академија во САД и каде македонските питомци имаа шанса да го надградат своето знаење. Во „Норвич“, Петровска ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот, генерал мајор Марк Анарумо, со кого ќе биде разгледана можноста за продолжување на соработка. Петровска ќе го посети и сквадронот за сајбер операции и баталјонот за информатички операции. мс/сп/

The post Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт нè направи посилни и побезбедни appeared first on Република.

]]>
Во живо: Прес-конференција на министерките Петровска и Танер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-ministerkite-petrovska-i-taner/ Mon, 24 Apr 2023 13:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=633604

Прес-конференција на министерките за одбрана на Македонија и Австрија, Славјанка Петровска и Клаудија Танер.

The post Во живо: Прес-конференција на министерките Петровска и Танер appeared first on Република.

Ковачки до Петровска: Министерке, зошто криете апсење на оперативци во Косово и дали истражувале шверц од припадници на мисијата таму? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-petrovska-ministerke-zoshto-kriete-apsene-na-operativtsi-vo-kosovo-i-dali-istrazhuvale-shverts-od-pripadnitsi-na-misijata-tamu/ Sat, 25 Mar 2023 12:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=623582

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска, на како што вели, нејзините обиди за негова лична дискредитација.

-Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие. Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно. Второ, за тоа дека сте сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и’ на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?, прашува Ковачки.

Пратеникот ја праша министерката и кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, таа или некој друг.

-До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви ја покрива Вашата неспособност.

Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата. (?!)

Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?

До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар?

Брука.

Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска.

** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети?, стои во објавата на Ковачки на Фејсбук.

The post Ковачки до Петровска: Министерке, зошто криете апсење на оперативци во Косово и дали истражувале шверц од припадници на мисијата таму? appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска, на како што вели, нејзините обиди за негова лична дискредитација. -Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие. Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно. Второ, за тоа дека сте сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и’ на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?, прашува Ковачки.
Пратеникот ја праша министерката и кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, таа или некој друг.
-До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви ја покрива Вашата неспособност. Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата. (?!) Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?
До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар? Брука. Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска. ** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети?, стои во објавата на Ковачки на Фејсбук.

The post Ковачки до Петровска: Министерке, зошто криете апсење на оперативци во Косово и дали истражувале шверц од припадници на мисијата таму? appeared first on Република.

]]>
Петровска на состанок со синдикатите: Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-na-sostanok-so-sindikatite-od-noemvri-pripadnicite-na-armijata-kje-dobijat-pokachuvanje-na-platata-od-2-000-denari/ Wed, 26 Oct 2022 07:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=565694

Во рамките на воспоставениот дијалог на министерката Славјанка Петровска со синдикатите во Министерството и Армијата, вчера во Министерството за одбрана се одржа средба на министерката Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата на која беше потврдено дека припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари. Тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.

Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет”, рече министерката.

Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата за која министерката Петровска и претставниците на Синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата.

На средбата на која со министерката Петровска и претставниците на синдикатите разговараа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски и советникот на премиерот за одбрана, Драган Василевски, беше потврдена заедничката заложба за понатамошно периодично зголемување на платите што ќе допринесе за понатамошно зголемување на стандардот на припадниците на Армијата.

The post Петровска на состанок со синдикатите: Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари appeared first on Република.

]]>

Во рамките на воспоставениот дијалог на министерката Славјанка Петровска со синдикатите во Министерството и Армијата, вчера во Министерството за одбрана се одржа средба на министерката Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата на која беше потврдено дека припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари. Тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.
Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет”, рече министерката.
Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата за која министерката Петровска и претставниците на Синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата. На средбата на која со министерката Петровска и претставниците на синдикатите разговараа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски и советникот на премиерот за одбрана, Драган Василевски, беше потврдена заедничката заложба за понатамошно периодично зголемување на платите што ќе допринесе за понатамошно зголемување на стандардот на припадниците на Армијата.

The post Петровска на состанок со синдикатите: Oд ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на платата од 2.000 денари appeared first on Република.

]]>
Петровска: Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ministerstvoto-za-odbrana-stana-lider-vo-politiki-na-rodova-ednakvost-vo-makedonija/ Sat, 15 Oct 2022 08:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=561376

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видео обраќање се обрати на панел дискусија насловена „Улогата на жените за време на криза”, на меѓународната конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика”.

Министерката во обраќањето се осврна на важноста на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325, Жени, мир и безбедност и истакна дека кризата во Украина треба да ни биде потсетник за вклучување на жените во сите области за превенција на конфликти и градење на мирот. Без вклученост на жените, потенцираше, не може да биде постигнат одржлив мир и безбедност. Петровска се осврна и на постигнувањата во Министерството за одбрана.

Денес сум горда на она што го постигнавме во изминатиов период, Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија, а родовата перспектива е интегрирана во стратешките документи на министерството за одбрана и Армијата. Особено сум среќна поради тоа што не само што преземаме институционални мерки и чекори за да ја интегрираме родовата перспектива, туку и поттикнуваме активности на регионално ниво, рече Петровска.

Министерката истакна дека исклучителна вредност во модерните демократии е вклученост на жените во одбраната, во работните процеси и на соодветни позиции вклучувајќи ги лидерските, менаџерски позиции, и позициите за донесување одлуки и општествата каде што жените и девојките не се почитувани, ценети и не им се дадени еднакви можности се општества кои не е способни за развој.

Одговорноста за интеграција на родовата перспектива и родовата еднаквост лежи во сите, промена на размислувањата и промена на традиционалните норми кои ги маргинализираат жените е колективна одговорност. За една жена да биде успешна најважно е да има позитивни примери, да биде одлучна и инспирирана. Затоа ни требаат жени кои ќе бидат пример и ќе ги охрабруваат жените и девојките во нашата земја и во светот, заклучи министерката за одбрана Петровска.

The post Петровска: Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видео обраќање се обрати на панел дискусија насловена „Улогата на жените за време на криза”, на меѓународната конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика”. Министерката во обраќањето се осврна на важноста на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325, Жени, мир и безбедност и истакна дека кризата во Украина треба да ни биде потсетник за вклучување на жените во сите области за превенција на конфликти и градење на мирот. Без вклученост на жените, потенцираше, не може да биде постигнат одржлив мир и безбедност. Петровска се осврна и на постигнувањата во Министерството за одбрана.
Денес сум горда на она што го постигнавме во изминатиов период, Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија, а родовата перспектива е интегрирана во стратешките документи на министерството за одбрана и Армијата. Особено сум среќна поради тоа што не само што преземаме институционални мерки и чекори за да ја интегрираме родовата перспектива, туку и поттикнуваме активности на регионално ниво, рече Петровска.
Министерката истакна дека исклучителна вредност во модерните демократии е вклученост на жените во одбраната, во работните процеси и на соодветни позиции вклучувајќи ги лидерските, менаџерски позиции, и позициите за донесување одлуки и општествата каде што жените и девојките не се почитувани, ценети и не им се дадени еднакви можности се општества кои не е способни за развој.
Одговорноста за интеграција на родовата перспектива и родовата еднаквост лежи во сите, промена на размислувањата и промена на традиционалните норми кои ги маргинализираат жените е колективна одговорност. За една жена да биде успешна најважно е да има позитивни примери, да биде одлучна и инспирирана. Затоа ни требаат жени кои ќе бидат пример и ќе ги охрабруваат жените и девојките во нашата земја и во светот, заклучи министерката за одбрана Петровска.

The post Петровска: Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија appeared first on Република.

]]>
Петровска: Да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-da-ja-shirime-megjusebnata-pochit-chovechnosta-i-dobrata-misla/ Mon, 02 May 2022 14:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=496356

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на сите припадници од исламска вероисповед.

Нека е честит Рамазан Бајрам! На сите верници од исламска вероисповест им го честитам овој голем верски празник. Во духот на празникот да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла, наведува Петровска во честитката.

Министерката Петровска на сите верници им посакува здравје, спокој, благодет и неизмерна среќа.

The post Петровска: Да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла appeared first on Република.

Петровска: Преспанскиот договор нема да се менува и при промена на власта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-prespanskiot-dogovor-nema-da-se-menuva-i-pri-promena-na-vlasta-vo-makedonija/ Sun, 10 Apr 2022 20:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=486389

Министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека Преспанскиот договор, со кој соседот на Грција беше прекрстен со додавање на „Северна“ во името, нема да се менува и при промена на власта во Македонија.

Овој договор беше означен како едно од најзначајните достигнувања на Балканот во изминатите децении и јас сум убедена дека, настрана политиката, сите политички партии, кога ќе бидат во позиција да ја претставуваат владата и државата, ќе се држат до договореното и потпишаното, изјави таа за грчкиот весник „Катимерини“ на економскиот форум „Делфи“.

Зборувајќи за македонското членство во НАТО што го овозможи токму договорот од Нивици, Петровска смета дека тоа претставува штит против ширењето на украинската криза во Западен Балкан.

Гледајќи од денешна перспектива, членството во НАТО за земјите од Балканот е, сосема веројатно, најдобриот начин да се гарантира дека нестабилностите во Источна Европа нема да се прелеат во нашиот регион“, рече таа, нагласувајќи дека членството на Македонија во НАТО „е од корист за Алијансата како целина, за поединечните сојузници, но најмногу за мирот, безбедноста и стабилноста на земјата и регионот.

Петровска, исто така, истакна дека сите сојузници на НАТО се согласни оти Алијансата мора да го засили своето присуство на источното крило.

Тоа е неопходно и барано од новата безбедносна ситуација на европскиот континент“, додаде таа, истакнувајќи дека зајакнатото пријателство со Грција по потпишувањето на договорот од Преспа отворило неограничени можности за соработка, особено во областа на одбраната.

Одговорноста за безбедноста на нашето небо ја префрливме на сојузник, но тоа го направивме со чиста совест, уверени во капацитетот на вооружените сили на Грција и подготвеноста за заштита на соседната сојузничка земја, нагласи Петровска во интервјуто за „Катимерини“.

The post Петровска: Преспанскиот договор нема да се менува и при промена на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека Преспанскиот договор, со кој соседот на Грција беше прекрстен со додавање на „Северна“ во името, нема да се менува и при промена на власта во Македонија.
Овој договор беше означен како едно од најзначајните достигнувања на Балканот во изминатите децении и јас сум убедена дека, настрана политиката, сите политички партии, кога ќе бидат во позиција да ја претставуваат владата и државата, ќе се држат до договореното и потпишаното, изјави таа за грчкиот весник „Катимерини“ на економскиот форум „Делфи“.
Зборувајќи за македонското членство во НАТО што го овозможи токму договорот од Нивици, Петровска смета дека тоа претставува штит против ширењето на украинската криза во Западен Балкан.
Гледајќи од денешна перспектива, членството во НАТО за земјите од Балканот е, сосема веројатно, најдобриот начин да се гарантира дека нестабилностите во Источна Европа нема да се прелеат во нашиот регион“, рече таа, нагласувајќи дека членството на Македонија во НАТО „е од корист за Алијансата како целина, за поединечните сојузници, но најмногу за мирот, безбедноста и стабилноста на земјата и регионот.
Петровска, исто така, истакна дека сите сојузници на НАТО се согласни оти Алијансата мора да го засили своето присуство на источното крило.
Тоа е неопходно и барано од новата безбедносна ситуација на европскиот континент“, додаде таа, истакнувајќи дека зајакнатото пријателство со Грција по потпишувањето на договорот од Преспа отворило неограничени можности за соработка, особено во областа на одбраната. Одговорноста за безбедноста на нашето небо ја префрливме на сојузник, но тоа го направивме со чиста совест, уверени во капацитетот на вооружените сили на Грција и подготвеноста за заштита на соседната сојузничка земја, нагласи Петровска во интервјуто за „Катимерини“.  

The post Петровска: Преспанскиот договор нема да се менува и при промена на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>