Петроф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petrof/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 07:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петроф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petrof/ 32 32 Националната опера и балет доби концертен клавир „Петроф“, донација од амбасадата на Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-opera-i-balet-dobi-kontserten-klavir-petrof-donatsija-od-ambasadata-na-cheshka/ Wed, 25 Oct 2023 07:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=694715

Националната опера и балет (НОБ) доби концертен клавир од брендот „петроф“, донација од Чешката амбасада во Македонија. Донацијата вечерва ја предаде Зузана Петрофова, директорка на чешката фабрика за концертни пијана „Петроф“ и внука на основачот, на денот кога се прославува Националниот ден на Чешка.

На настанот, освен Зузана Петрофова, присустуваа и бројни гости од дипломатскиот кор и од културниот и бизнис секторот во земјава, а овој чин на зацврстување на односите во културата го поздрави заменик-министерот за култура, Даим Лучи.

Тој истакна дека со амабасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва се согласни дека соработката што се негува во културата е вистинско богатство, но има уште многу можности кои не се искористени.

Новото концертно пијано ќе го збогати звукот и ќе го подобри квалитетот на изведбите во оваа музичко-сценска установа. Верувам дека тоа ќе ги мотивира и уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката.

Уверен сум дека вечерва ќе имаме одличен музички настан со двете реномирани чешки пијанистки, со надеж дека што поскоро на сцената на Националната опера и балет да ги видиме заедно и македонските и чешките уметници, истакна Лучи.

Заменик-министерот за култура потенцираше дека вечерашниот настан, поддржан од Министерството за култура и од Националната опера и балет со директорот Васо Ристов, е уште една потврда дека уметноста и културата секогаш се вистинскиот чекор кон просперитетна иднина.

Пијаното е донација иницирана од Чешка, во која свој удел имаат и компании од Македонија. Овој модел на соработка отвора нови можности за подигнување на квалитетот во изведбите и на новите копродукциски соработки.

[caption id="attachment_694718" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за култура[/caption]

Присутните го проследија настапот на чешките пијанисти Ема Једличка Гогова и Ина Асламас-Дуо Асламас-Гогова.

The post Националната опера и балет доби концертен клавир „Петроф“, донација од амбасадата на Чешка appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет (НОБ) доби концертен клавир од брендот „петроф“, донација од Чешката амбасада во Македонија. Донацијата вечерва ја предаде Зузана Петрофова, директорка на чешката фабрика за концертни пијана „Петроф“ и внука на основачот, на денот кога се прославува Националниот ден на Чешка. На настанот, освен Зузана Петрофова, присустуваа и бројни гости од дипломатскиот кор и од културниот и бизнис секторот во земјава, а овој чин на зацврстување на односите во културата го поздрави заменик-министерот за култура, Даим Лучи. Тој истакна дека со амабасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва се согласни дека соработката што се негува во културата е вистинско богатство, но има уште многу можности кои не се искористени.
Новото концертно пијано ќе го збогати звукот и ќе го подобри квалитетот на изведбите во оваа музичко-сценска установа. Верувам дека тоа ќе ги мотивира и уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката. Уверен сум дека вечерва ќе имаме одличен музички настан со двете реномирани чешки пијанистки, со надеж дека што поскоро на сцената на Националната опера и балет да ги видиме заедно и македонските и чешките уметници, истакна Лучи.
Заменик-министерот за култура потенцираше дека вечерашниот настан, поддржан од Министерството за култура и од Националната опера и балет со директорот Васо Ристов, е уште една потврда дека уметноста и културата секогаш се вистинскиот чекор кон просперитетна иднина. Пијаното е донација иницирана од Чешка, во која свој удел имаат и компании од Македонија. Овој модел на соработка отвора нови можности за подигнување на квалитетот во изведбите и на новите копродукциски соработки. [caption id="attachment_694718" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за култура[/caption] Присутните го проследија настапот на чешките пијанисти Ема Једличка Гогова и Ина Асламас-Дуо Асламас-Гогова.

The post Националната опера и балет доби концертен клавир „Петроф“, донација од амбасадата на Чешка appeared first on Република.

]]>