Петриње Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petrinje/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 18:27:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петриње Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petrinje/ 32 32 Сопругот е осомничен за убиството на Гордана од Петриња, ја задавил со голи раце https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/soprugot-e-osomnichen-za-ubistvoto-na-gordana-od-petrina-ja-zadavil-so-goli-ratse/ Thu, 30 Nov 2023 18:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=718123

Половина година по убиството на Гордана Ч. (45), која наводно била убиена со голи раце од нејзиниот сопруг Роберт Ч. (52) од Петриња, жупаниското државно обвинителство во Сисак поднесе обвинителен акт против мажот.

Тој се товари за тешко убиство што го извршил на 17 мај годинава во нивниот семеен дом.

Во обвинителниот акт, државното обвинителство предложи мажот да остане во истражен затвор поради ризик од повторување на делото.

Обвинителниот совет го прифати предлогот и 52-годишникот сепак ќе остане во затвор, а доколку судот ја докаже вината му се закануваат девет години затвор.

Роберт работеше во Германија и дојде во Петриња на одмор. Гордана не се дружеше премногу, ја гледавме само кога одела во град. Пред нив во куќата живееше нејзиниот брат, а со Роберт не сме се виделе три години“, велат соседите за „Јутарњи лист“.

The post Сопругот е осомничен за убиството на Гордана од Петриња, ја задавил со голи раце appeared first on Република.

]]>

Половина година по убиството на Гордана Ч. (45), која наводно била убиена со голи раце од нејзиниот сопруг Роберт Ч. (52) од Петриња, жупаниското државно обвинителство во Сисак поднесе обвинителен акт против мажот. Тој се товари за тешко убиство што го извршил на 17 мај годинава во нивниот семеен дом. Во обвинителниот акт, државното обвинителство предложи мажот да остане во истражен затвор поради ризик од повторување на делото. Обвинителниот совет го прифати предлогот и 52-годишникот сепак ќе остане во затвор, а доколку судот ја докаже вината му се закануваат девет години затвор.
Роберт работеше во Германија и дојде во Петриња на одмор. Гордана не се дружеше премногу, ја гледавме само кога одела во град. Пред нив во куќата живееше нејзиниот брат, а со Роберт не сме се виделе три години“, велат соседите за „Јутарњи лист“.
 
The post Сопругот е осомничен за убиството на Гордана од Петриња, ја задавил со голи раце appeared first on Република.

]]>
Усташки графити исцртани на православната црква во Петриња https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ustashki-grafiti-iscrtani-na-pravoslavnata-crkva-vo-petrinja/ Wed, 04 May 2022 16:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=497631

Ноќта меѓу 2 и 3 мај непознати сторители го осквернавиле храмот на Свети Спиридон Чудотворец во Петриње, Хрватска, исцртувајќи усташки симболи на дури три места.

На вратата, прозорецот и ѕидот на недовршената православна црква, непознати сторители ноќта меѓу 2 и 3 мај напишале усташки симболи во форма на буквата „У“. Петринскиот парох Саша Умичевиќ ја информира јавноста за овој говор на омраза и ја повика полицијата да спроведе истрага.

Овој случај, кој има нескриена и директна порака до припадниците на српската национална заедница, е пријавен во надлежната полициска управа во Петриња, по што припадниците на оваа организациона единица извршиле истрага и направиле пријава за овој немил настан. Се надеваме дека сторителите на овој антицивилизациски чин ќе бидат пронајдени и кривично гонет, со цел јасно да се каже дека ваквите и слични дела инспирирани од омраза не се огледало на мултиетничкото општество во кое живееме и никогаш не треба да станат правило на однесување - вели свештеникот Умичевиќ.

Изградбата на православниот храм во Петриња почнала во 2018 година, а првата литургија во овој храм се служела на крајот на 2021 година. Првиот храм на Свети Спиридон бил изграден во 1785 година во самиот центар на градот, но усташите го срушиле во 1941 година.

The post Усташки графити исцртани на православната црква во Петриња appeared first on Република.

]]>

Ноќта меѓу 2 и 3 мај непознати сторители го осквернавиле храмот на Свети Спиридон Чудотворец во Петриње, Хрватска, исцртувајќи усташки симболи на дури три места. На вратата, прозорецот и ѕидот на недовршената православна црква, непознати сторители ноќта меѓу 2 и 3 мај напишале усташки симболи во форма на буквата „У“. Петринскиот парох Саша Умичевиќ ја информира јавноста за овој говор на омраза и ја повика полицијата да спроведе истрага.