Петре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 06:56:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre/ 32 32 Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raskazot-na-tomislav-osmanli-od-knigata-za-petre-objaven-vo-hrvatska-srbija-i-grtsija/ Thu, 18 Jul 2024 06:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=797880

Расказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски.

Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива на авторката и уредничка Оливера Ќорвезироска и на книгоиздателството „Арс Ламина“ од Скопје, се специјално напишани за ова чествување со антологијата „Книга за Петре“, неодамна објавена и промовирана во МАНУ од академиците Влада Урошевиќ и Венко Андоновски.

Расказот „Удвојувања“ веднаш по неговата објава на македонски, деновиве доживува објави на грчки јазик во елитната ревија за култура и општествени прашања „ Ένεκεν“ од Солун, во српскиот литературен портал„Sinhro“ https://sinhro.rs/tomislav-osmanli-udvajanje-prica/ како и во подеднакво угледниот хрватски портал „Tris” https://tris.com.hr/2024/07/prica-tomislava-osmanlija-visestruko-nagradivanog-makedonskog-pisca-udvajanja-udvostrucenja/ со седиште во Шибеник. Преводите на трите јазици ги реализира самиот автор на расказот, наведува авторот.

„Удвојување“ е сторија за крајната отуѓеност на малиот човек и запоставениот граѓанин, административниот работник пред пензија Петар Петров кој, притиснат од сѐ поотуѓеното општество во кое и тој и сличните на него изгубиле секакво значење, одлучува да изведе еден особен, дискретен протест. И оваа проза му припаѓа на жанрот кој нашиот автор одамна го именуваше „капричо“ во кој клуч се напишани расказите од неговите збирки „Каприча – елегии и гротески, апсурди во проза“ и „Парадоксикон – 12 прози кај комични, таму и тажни за вчудовиденост, сатиричноста, сарказмот, очудноста, за гротеската, фарсата и за парадоксите што не престануваат да нѐ населуваат“ за која инаку Томислав Османли го доби Рациновото признание за 2020 година.

Брзиот одзив на регионалните списанија во објавата на новата творба на македонскиот писател е потврда дека и оваа ангажирана проза на Османли има не само домашно и локално, туку и општо знаење. Трите објави едновремено се и творечко потсетување на книжевниот лик на Петре М. Андреевски, еден од најзначајните македонски и бившо југословенски книжевни дејци.

Во спомнатите три книжевни медиуми, како и во повеќе други регионални и меѓународни списанија, портали и весници, Османли е повеќекратно објавуван автор.

The post Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција appeared first on Република.

]]>

Расказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски. Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива на авторката и уредничка Оливера Ќорвезироска и на книгоиздателството „Арс Ламина“ од Скопје, се специјално напишани за ова чествување со антологијата „Книга за Петре“, неодамна објавена и промовирана во МАНУ од академиците Влада Урошевиќ и Венко Андоновски.
Расказот „Удвојувања“ веднаш по неговата објава на македонски, деновиве доживува објави на грчки јазик во елитната ревија за култура и општествени прашања „ Ένεκεν“ од Солун, во српскиот литературен портал„Sinhro“ https://sinhro.rs/tomislav-osmanli-udvajanje-prica/ како и во подеднакво угледниот хрватски портал „Tris” https://tris.com.hr/2024/07/prica-tomislava-osmanlija-visestruko-nagradivanog-makedonskog-pisca-udvajanja-udvostrucenja/ со седиште во Шибеник. Преводите на трите јазици ги реализира самиот автор на расказот, наведува авторот.
„Удвојување“ е сторија за крајната отуѓеност на малиот човек и запоставениот граѓанин, административниот работник пред пензија Петар Петров кој, притиснат од сѐ поотуѓеното општество во кое и тој и сличните на него изгубиле секакво значење, одлучува да изведе еден особен, дискретен протест. И оваа проза му припаѓа на жанрот кој нашиот автор одамна го именуваше „капричо“ во кој клуч се напишани расказите од неговите збирки „Каприча – елегии и гротески, апсурди во проза“ и „Парадоксикон – 12 прози кај комични, таму и тажни за вчудовиденост, сатиричноста, сарказмот, очудноста, за гротеската, фарсата и за парадоксите што не престануваат да нѐ населуваат“ за која инаку Томислав Османли го доби Рациновото признание за 2020 година. Брзиот одзив на регионалните списанија во објавата на новата творба на македонскиот писател е потврда дека и оваа ангажирана проза на Османли има не само домашно и локално, туку и општо знаење. Трите објави едновремено се и творечко потсетување на книжевниот лик на Петре М. Андреевски, еден од најзначајните македонски и бившо југословенски книжевни дејци. Во спомнатите три книжевни медиуми, како и во повеќе други регионални и меѓународни списанија, портали и весници, Османли е повеќекратно објавуван автор.

The post Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција appeared first on Република.

]]>